Ќе ти кажам само едно, колку ниско да сум тонела во животот секогаш се надевав на наредниот ден дека ќе донесе нешто ново, депресија поради факултет, понижување од блиски личности и сл, да мислиш дека немаш излез, ама несмееш така, имам читано коментари и твои совети низ форумов, не ти правам лице ама имаш оставено впечаток на личност која е надоградена и паметна, супер што имаш завршено и факултет, една мака помалку нели? Ако сакаш пиши ми во приватна порака што толку те мачи? Сите во живтот сме поминале низ пекол што се вели, и тој што ќе рече дека се му е убаво и рамно, лаже, цел живот е борба и предизвици колку сме јаки во слабите моменти, немој да се откажеш затоа што ова е само еден вид на тест! Од мое искуство ќе ти кажам дека и јас сум била во депресија, но никогаш не сум размислила да се самоубијам, што дошло ќе се реши, чекав една желба да ми се оствари со години, никогаш не ни мислев дека ќе успеам, немав поддршка од никој, туку полошо ми правеа, кога изгубив секаква надеж, мене ми се оствари и кога се се руши нешто сепак останува, не може се да е црно, верувај во чуда и во секој нареден ден....никогаш не знаеш! Од искуство ти кажувам. Поздрав
@Luciferovog zlo♧ , ти благодарам за поддршката пред се... Реално, никогаш не сум дошла до раб на самоубиство, не сум суицидална, туку само сум се нашла многу пати во истата тесна ситуација која се стеснува се повеќе како времето поминува и ми дошло преку глава, затоа што упорно и упорно се повторува, па сум се дрзнала да размислувам како да не постојам би било едино решение, оти мојата глава друго не можела да смисли (како што ни еден мозок преокупиран со негативни емоции не може да смисли ништо продуктивно). Ама ете, можда ми треба само малку поддршка, хрсброст и среќа за да успеам и да го скршам шаблонот без да повредам некој. Сеуште ништо не се променило, ама, надежта е тука. Што значи дека веќе сум далеку од помислата да сторам нешто страшно.. Те гушкам и фала за убавите зборови
@Tatjana95 Потполно те разбирам,до збор се што кажа во сите постови-ме опиша и мене и моите чувства и мисли... Добро е што сме свесни на некој начин,ама навистина е тешко кога си се поблиску до раб на карпа и те дели само еден чекор да скокнеш во море,и во последна секунда се освестуваш,и со последни делчиња од распрсканиот разум промислуваш дека ќе направиш голема грешка....ете таква е нашата секојдневна борба,ама ќе победиме!!! Луѓе,ве молам,значи ве молам,не посегнувајте по себе,не е тоа никакво решение,знам како е да си во постојана депресија,паника,да се бориш со сопствените демони и внатрешни гласови,ама не им потклекнувајте,не сте сами,ни единствени,колку и да ви изгледа страшно тоа низ што поминувате-верувајте дека ништо не е ненадминливо или нерешливо во овој факинг свет!!!
^ Да ве разведрам.... Подобро ми е, фала му на Бога. Вистина е дека се се решава. Вистина е дека понекогаш немаме сила ни разум да бараме решение, ама вистина е и дека штом сме живи, во нас лежи способност на која можеби и треба само малку време, или поттик, или личност, или дури само едно ново изгрејсонце, за да се разбуди. Вреди, секогаш вреди да почекате уште едно, две, пет, сто утра за да си ја вратите силата. Секогаш вреди да се обидете уште сто пати, не еднаш. Оти маката што ни ја задаваат сите обиди, не се ни споредува со среќата што ќе ја добиеме кога ќе успееме. Во секој момент од своето постоење, секој човек на светот има повеќе причини за да биде среќен и здоволен. Буквално - секој. А со чуството на среќа и благодарност за она што не опкружува, ќе оствариме уште повеќе нешта за кои ќе се радуваме и ќе бидеме благодарни. Ана Бучевич зборува многу добро за ова.. Нејзе ја посочувам како личност со најблизок јазик и менталитет до нашиот, инаку тоа не е нејзина лична филозофија, за тоа зборуваат многу луѓе, секаде во светот. Чувајте ми се и дишете длабоко... Светот е добро место за живеење. Запомнете, живеење...
А на пример што ако имате семејство што не ве подржува? Што ако цел град ве зборува и има муабети за вас? Што ако немате ни една другарка/другар? Што ако оценките во школо ви се слаби? Што ако сите ви се исмејуваат? Што ако сте изморени од се и немате повеќе надеж ниту волја за живот. Никогаш не осудувајте пред да го запознаете некој
Секогаш и за се постои решение во животот, а самоубиството не е едно од нив. Животот е еден, треба да се потрудиме да го искористиме најдоброто од него. Сите ние се соочуваме со проблеми, потешкотии и разни други животни неправди, но сето тоа треба да го искористиме како лекција како да бидиме подобри, поуспешни и поимуни на негативното влијание.
https://okno.mk/node/75118 Многу добро четиво, како и секогаш од Окно... „... Преживеав затоа што имав среќа – луѓето околу мене не го игнорираа она што го зборував и начинот на кој се однесував. Не ми велеа дека знаат како е, не живееја во заблуда дека е депресијата исто што и тешката тага. Мојата депресија никогаш не се манифестираше низ тага. Ме растажуваа ситуации што би растажиле и здрав човек. Мене депресијата ме тераше во страв, очај и разни други емоции што не можат да се опишат со еден збор. Не се убив затоа што најблиските ми повторуваа дека ме сакаат тогаш кога јас се мразев најмногу. Не се убив затоа што еден мој пријател, тогашен цимер, знаеше дека тоа што се карам со него и откачувам поради глупости – не сум јас. Знаеше дека е тоа болест и не крена раце од мене. Не се убив зашто за време на мојата депресија медиумите не пишуваа за самоубиствата вака како што пишуваат денес. Да пишуваа, нивните клик-бајт наслови сигурно ќе ме турнеа од врвот на солитерот во кој живеев. Не се убив затоа што тогаш кога ми беше најлошо, немав Твитер, место каде што луѓе со триесет и кусур илјади следбеници пишуваат дека е депресијата изговор на безвредни човечки битија, а не болест. И за тоа добиваат стотици лајкови. ...“
Само лош период е,ќе помине,не грижи се,очигледно си средношколка,сите на твои години сме минале низ булинг,намалена самодоверба,лоши оцени на школо,сме биле обземани од чувство дека никој не не сака и дека сме сами на овој свет. Те молам погледни подобро наоколу,точно е дека не е се розово,ама не е се ни црно....
Цел живот минував низ тоа, и сеуште минувам, татко ми ме подржува, мајка ми веќе 19 години пробува да направи копија нејзина од мене, не успева па зборува глупости „сожалувајќи се“, не знам девојче, искрено еден период се исеков, онака здраво (не ме осудувајте, ниту барам сожалување) зошо ми дојде преку к*р, но после тие линии, станав нешто што никогаш не можев да станам, почнав да се сакам, да работам на себе, и да знам која сум. Луѓе као луѓе, се можеш од нив да очекуваш, освен добро, тоа е тешко. Глава горе и исправено, секогаш постојат добри денови.
@RainBow членот подолго време вели дека сака да изврши самоубиство, ако ги имаш неговите приватни податоци алармирај во службите...... @ciudad_juarez те читав и во другите теми. Мој братучед остана без родителите, а нема ни брат ниту сестра. Притоа се скара и со роднините. Беше скроз сам, но никогаш не тргна по лош пат. Со тек на време работите почнаа да се средуваат. Се смири со роднините, а потоа најде и девојка. Сега живее со девојката. Не си единствен кој останал без родители. Колку и да ти изгледа тешко, работите ќе се променат. Ќе биде подобро.
Ti koja si da mi go odkrivas identitetot mene? Dali si normalna ostajte me namira? Ke ve tuzam ako mi gi otkrivate podatocite. Nemoj da me lazis deka imas rodnina bez roditeli da imase nemase da pisis vakvi raboti. Mislev ce pisi poraka nekoj sto isto si ima maka kako mene ne da mi pametuvaat nekoj sto ne osetile
Не реков да ти го откријат податоците јавно, туку некој да се алармира за твојата состојба. Подолго време пишуваш дека сакаш да извршиш самоубиство. Јас ти дадов совет, ти кажав низ што помина мојот братучед. Терај си....
jas si znam kako mi e uste da mi cepkate po podatocite mi trebi neka cepkaat po tvojte kazi dali sakas SAKAS da ti go hakni kompjuterot nekoj? ukluci go klikerot pred da pisis nesto sluzbite ke gi vikala taa sakas uste poloso da mi stani zivotot?
@ciudad_juarez верувам дека доби многу пораки од членови кои се загрижија и сакаат да ти помогнат. Еве и јас ти пишав, ама ти не враќаш на пораките. Како сакаш да ти помогнеме кога одбиваш да разговараш.
Извини. Јас сакав да ти помогнам. Видов дека подоло време се соочуваш со тој проблем. Ти напишав и погоре дека не си единствен кој поминал низ тоа. Од членовите на форумот очекувај совети како да ја надминеш ситуацијата и да добиеш поддршка за да продолжиш напред. Не се секирај со тек на време, ќе се средат работите.
Ако сакаш слободно пиши ми во порака,ке си муабетиме,и ке си се дружиме,не си сам,тука сме сите со тебе на форумов,иако е виртуелен свет,верувај се стекнуваат пријатели и тука.Ништо нема да направиш со тоа што ке си го одземеш животот верувај,животот има падови,и знам дека се многу тешки,но мора да стиснеме заби кога е најтешко,и да продолжиме напред,после дожд секога доаѓа сонце.