1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Sarii51

    Sarii51 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум помислила на самоубиство ама никогаш сум немала храброст да го направам тоа и плус нешто внатре во мене ми викало немој, не е тоа начинот а и немам право на тоа господ ми го дал овој живот и не треба да си го одземам... но сега искрено се плашам почнав многу повеќе да размислувам после сите лоши работи што ми се случија и продолжуваат да се случуваат...
    Единствена личност за која ми е жал ако го направам тоа е баба ми, само тоа ме држеше можеби до сега ама веќе немам сила за ништо... Од кога сум родена цел живот ми е за никаде немам родители на кои можам да се потпрам верувајте на едниот воопшто ама воопшто не му е гајле за мене мислам дека ме мрази уште од кога сум се родила зашто не сака ни да комуницира со мене, никогаш не ме ни допрел не ме ни погалил, а за другиот родител, од пред неколку години изгубив сосема доверба и во него и по некое време помислив дека се смени му простив ама за жал не било така сум се излажала и тоа денес го дознав, денес ги открив сите лаги....
    Во животов со ништо не можам да успеам ни со работа ни со учење факултет...Немам ни другарки и буквално немам ни на кој да се пожалам со кој да зборам... Баба ми е стара и болна не сакам да ја загрижувам не можам ништо да и кажам... доволно ја повредија моите родители и морам се да кријам сега од неа и пак ке кажам единствената личност која можеби ме држи во живот но ако еден ден ја изгубам е тогаш сигурно ќе се самоубијам...
    Верувајте ништо не може да се поправи многу пати пробав и цел живот се борев ама ете не може пак е по старо секогаш...
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали си побарала помош? Депресијата и самоубиствените мисли обично се „во главата“ и не зависат директно од околностите во кои се наоѓаме. Има луѓе богати, ситуирани, здрави, со две раце, две нозе, па извршуваат самоубиство. Од друга страна има и луѓе сиромашни, сираци (без родители), со инвалидитет, па сепак живеат исполнет и среќен живот.
    Она што треба да го направиш ИТНО е да побараш помош од психијатар, бидејќи ова пред се е состојба на умот. Понекогаш силните депресивни мисли може да се и поради недостаток на некој хормон во главата (значи од хемиска природа), па може ќе треба и апчиња да пиеш. Пиши ми во порака од кај си, можам да те упатам кај добри и ефтини психијатри. Ако финансиите ти се проблем, воопшто не е проблем, целосно ќе ти бидат покриени! На сите некој некогаш ни помогнал, немој да се срамиш да побараш помош. И да, запомни дека психијатри и психолози не се само за ненормални луѓе, туку тие се во служба на сите луѓе.
    Не си ни прва, ни последна, што минувала низ ваков тунел. Колку повеќе соработуваш, толку побрзо ќе излезеш од него.
     
    На WildMk, AngIv, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  3. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Фокусирај се на твојата иднина, на работите што те прават среќна, и јас имам поминато низ многу лоши работи, без родителска љубов и ред други работи што и сега не престануваат да ми се случуваат. Некогаш викам дека никогаш нема да го постигнам тоа што го сонувам, но додека сонувам продолжувам со борба. За било каков проблем слободно можеш да ми пишиш лп. И запомни ништо не може да биде полошо од тоа да не се сакаш сама себеси.
    Лично јас @EvAngelos никогаш не би се осмелила да појдам на психолог, можеби не поминува, но не можам да бидам слободна во искажување.
     
    Последна измена: 15 декември 2018
    На rolulika и Rama им се допаѓа ова.
  4. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Мора да пресечеш и расчистиш со минатото со твоите родители што не те сакале и се.
    Ти дале живот биди им благодарна за тоа.
    Жива си и се будиш секој ден под закрила на баба ти, биди благодарна и за тоа.
    Уникатна си да знаеш, прочепкај малку низ мислите потсети се душата за што ти мечтае.
    Можеби убаво црташ, можеби си грижлива и добра како што се секираш за баба ти и нејзиното здравје, може тука можеш да се изразиш најдоборо.
    Експериментирај, проучувај, почни да се радуваш имаш право на тоа.
    Ќе откриеш нешто сосем ново за тебе.
    Може и самата да го правиш ова, не ти треба некој посебно, но можеш и со помош на други ако така сметаш дека е подобро. Кога и да сакаш пиши ми ЛП.
     
    На Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Колку си во право толку и не си за овој дел.
    Депресијата и самоубиствените мисли се комбинација од многу нешта, но за секој од нас различна е таа комбинација. Сепак се е состојба на умот и со малку поддршка се е можно, само да може да се најде начин да се допре до секој со вакви состојби на соодветен начин и најважно да има позитивен фидбек.
     
    На Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Посети психолог.Избриши го самоубиството од глава.Колку удари и да добиеш, мора да најдеш сила да станеш и да се исправиш.
    И јас дома се расправам со моите, и јас сум имала проблеми.Сите сме имале, замисли како им е на тие што на ладново живеат надвор и просат за леб?Замисли како им е на децата што никогаш не ги запознале своите родители?Замисли како им е на луѓето во Африка кои немаат основни средства за живот?Замисли како им е на луѓето кои работат во Кина, Индија за ситни пари?Дали тие луѓе треба да се откажат од животот и да се предадат?НЕ.Животот никому не може да му биде розев и сè да биде сервирано на дланка.Треба да се соочуваш со проблемите.Збори со твоите, почни да искачаш стекни нови пријателства.Сега не знам колкава си ама ако си средно/факс фокусирај се на учењето.Крени си ја малку самодовербата девојко..од учење и факултет лошо не можеш да видиш, нити од работа.
    Чим викаш дека немаш храброст да се самоубиеш нема да го направиш тоа, ама МОРАШ да стекнеш храброст да продолжиш понатаму.Да баталиш се, не е решение.Тоа е за кукавици, а верувам дека ти не си.
    Ако ти треба мотивација или совет пиши ми.И јас еден период се глупирав дека ќе се самоубијам бидејќи имав проблеми дома, се сечев се глупирав.Буквално го молев Господ да ме земе.И на крај сфатив дека не е решение.Седнав и разговарав со нив, и ден-денес се расправам со нив ама никогаш како тогаш бидејќи го надминав тоа. Мене ми имале кажано работи од типот на ,,после 18 не сакам да те видам” или ,,поубаво ни беше пред да се родиш” ама знам дека тоа било во афект и дека не го мислат тоа.Еден родител не може да го мрази своето дете безразлика на се.Кога ќе станеш мајка ќе сфатиш дека не може да има родител омраза према детето.Не се откажувај те молам.
     
    На Rama, Peperutce1115 и rolulika им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    А јас сакам да ти кажам дека се може да се поправи и за се постои решение. Разбирам дека имаш тежок и стресен период, но почекај малку, седни, размисли дали е навистина вредно сето тоа во замена за твојот живот? Убаво те советуваат, пронајди го тоа што го сакаш и фокусирај се на тоа, фокусирај се на работите што те прават среќна и исполнета, мисли позитивно. Знам дека не е лесно, но од некаде мора да се почне. Може и да побараш професионална помош, верувај со разговор ќе ти биде многу полесно. Јас верувам во тебе и знам дека сакаш и можеш да излезеш од оваа ситуација како победник. Сите сме со тебе. Исто и јас ти стојам на располагање, слободно можеш да ми пишеш во инбокс да си муабетиме. :hug:
     
    На Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Самоубиство. Храброст или кукавичлок?
    Јас немам храброст да се самоубијам, па колку сака тежок животот нека ми бил или биде.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Не е тоа храброст. Тоа е кукавичлук! Храбар човек ќе се избори со проблемите и ќе ги надмине. Само психички слабите луѓе, во случајов кукавиците би се одлучиле на ваков чекор.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Зависи од кој агол гледаш. Потребно е храброст за да се самоубиеш. Не е способен секој да се самоубие. Исто потребна е и храброст за да живееш и да се соочиш со се' што носи животот.
    Самоубиството е секогаш храбро. Ние велиме храброст кога војникот е сам подготвен да се соочи со смртта - значи да се занесува со залудна надеж - иако има некакви изгледи да преживее и „славата“ му е обезбедена. Но, самоубиецот прави нешто повеќе од самото соочување со смртта; тој ѝ се изложува и тоа со извесност на покуда, а не на слава. Ако тоа не е храброст, тогаш ќе мора да го промениме нашиот речник.
    Навистина, може да има повеќе храброст во живеењето отколку во умирањето - повеќе морална храброст отоколку физичка. Храброста на убијците, како и на пиратите, не е неспоива со себичното занемарување на правата и интересите на другите - со страшното оглушување за обврските и обѕирноста. Ме прашаа: „Мислиш ли дека не е кукавички човек да го остави своето семејство и да си го одземе животот затоа што воопшто не е задоволен од него?“ Не, не мислам; сметам дека тоа е себично и сурово. Зарем не е доволно да се каже толку за тоа? Мораме ли да го искривуваме вистинското значење на зборовите за посилно да го осудиме тој чин и неговиот извршител да го покриеме со поголем срам? Зборот има свое значење, и покрај дрдорењето на лексиколозите, тој не значи тоа што вие сакате да значи. „Кукавичлук“ значи страв од опасност, не избегнување на обрските. Писателот кој си дозволува толкава слобода во користењето на зборовите колку што добива од авторите на речникот и од одобрувањето на јавноста, е лош писател. Тој не може да остави впечаток на својот читател и од поголема корист би бил како продавач на панделки.
    Етиката на самоубиството не е едноставна работа; не можат да се тргнат настрана универзалните закони, но за секој случај треба да се суди, ако воопшто се просудува, со многу сознание за сите околности, вклучувајќи го менталниот и моралниот склоп на личноста која си го одзела животот - невозможни услови за просудување.
    Некои народи, како што биле старите Римјани и како што се модерните Јапонци, сметале и сметаат дека самоубиството во некои околности е чесно и задолжително; кај нас на него се гледа со неодобрување. Разумниот човек нема да обрнува многу внимание на таквите гледишта, освен кога другите се погодени, но при просудувањето за слабите извршители, треба да се земат предвид.
    Зошто го фалиме смелиот војник, морнар, пожарникар? Заради покорувањето на обврските? Никако; само тоа - без опасноста - ретко бидува забележано и никогаш не предизвикува одушевување. Го фалиме затоа што без страв се соочил со ризикот од таа трајна погибија - или она што го чувствуваме како такво - смртта. Но гледајте: војникот се соочува со опасноста од смрт; самоубиецот ја предизвикува самата смрт! Оној кој се занесува со залудна надеж може да остане непогоден од куршумот. Морнарот кој своеволно останува на бродот кој тоне може да биде избавен или исфрлен на брегот. Не е извесно дека ѕидот ќе се урне пред пожарникарот да се спушти од него. Но самоубиецот - тој има непријател кој никогаш не ја промашува целта, неговото море не исфрла ништо; ѕидот на кој тој се качува не ја издржува човечката тежина; и на крајот на краиштата, неговиот гроб е презрен
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Што!?

    Епа душо моја, ќе ставам прст на чело и ќе се прашам сама себе каде ми е грешката...мора и ти да носиш вина за толку неуспеси на толку полиња!?
     
    На Feminka22, candy.cane и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Самоубиство не е дело на кукавица, ни пак е нешто херојско да е најхрабро нешто шо сте направиле.

    Овие луѓе се во болка един излез од проблемите го гледаат така и ова е се до мајнсет на личноста, депресија, моментална состојба и општо кај секоја личност исти работи - делуваат различно. И не само тоа, туку можи и има други фактори кои му тежат, а не ги гледаме.

    И не е исправно да речиш дека немаш храброст да го напрајш тоа зошто не знај како би било примено од некој суицидален. Не е исправно да му набиваш вина дека е кукавица. Бар на темава пред да пуштите нешто прочитајте го три пати, едитирајте десет плус пати дур не добиете прифатлива форма.

    А, вие кои сте суицидални, жал ми е што се наоѓате во оваа состојба, но, ако сеуште немате побарано помош - побарајте! Се надевам се сеќавате на времиња каде бевте среќни и желно ги посакувате и сакам да ви кажам дека пак може да ги имате, само не се откажувајте и прв чекор за да бидете среќни е да прифатите дека имате проблем и да побарате помош, и после со помош на терапевт ќе се преродите во нови личности.

    Да, некој некогаш мора да го постави тоа прашање зошто најчесто ако сите се против тебе, најверојатно некој проблем е во тебе. Ама тој проблем можи да е депресија и е апсолутно грешно вака директно да му се обратиш на членка која јасно изрази суицид во мислење. И шо дека стави прст на чело и се задума малку, кога нешто ја боли? Кога бара помош? Можеби потрфла на сите полиња во вид на крик за помош.

    Ѝ се извинувам на членката шо ја земав како пример, ама ја земав само зошто ти ја цитираше.
     
    На sweet-cherry, Ketchup, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Не е ни кукавичлук, ни храброст. Којзнае колку некој стигнал во очајна состојба за да реши да си одземе живот. А зошто да е храброст, храброст е ако покрај се решиш да се бориш. Никој од нас нема совршен живот, секој се бори со нешто.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе како повозрасна жена, која просипува мудрости на една толку осетлива тема, каде се кажано налик твоето може да биде само тригер плус за чекорот самоубиство.
    Браво..
     
    На DAngel, Nausicaa, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.
  15. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    А што е со жртвувањето на сопствениот животот за некое добро?
    Најпрост пример: мајка умира за детето да и живее.
    И тоа е самоубиство.

    Верувам дека дел од вас, ако не книгата, тогаш барем сте го гледале филмот Me before you, со Емилија Кларк (Денерис од Game of thrones). Ако не сте го гледале, ѕирнете го, ќе го сфатите подобро чинот на самоубиство.
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Болна ми е темава и нема да дискутирам од која причина.
    Ама замисли човек кој се соочува со суицидни мисли или имал неуспешен обид сака да си помогне, оди на психолог и психологов во лице му се смешка како овој бил кукавица или дека сигурно сам си е крив за сe'. Или пак му вели следен пат кога ќе се самоубиваш најди некое подискретно место, да не вознемируваш луѓе наоколу.
    Човек што стигнал до тој степен ниту е храбар, ниту кукавица. Не сте во ничија кожа.
    И таквите луѓе можат да си помогнат себе и да почнат одново да живеат нормален живот. Не туку зборувајте за нив како да вас ќе ве убијат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Не можеме т.е. јас не можам и не сакам да ги величам личностите кои се одлучиле за ваков чекор. Со ова како да праќаш порака и да ги охрабруваш да се самоубиваат затоа што тоа било чин на херојство. Како можам да приметам на темава доаѓаат доста особи со самоубивачки ставови кои се двоумат што да направат понатаму .И доколку го прочитаат твојов пост ќе смеетат дека доколку одлучат да го направат тоа ќе излезат од целата ситуација храбри, а сигурно не ни е на крај памет да го го охрабруваме тоа нели?
    И која храброст ти се молам? Доколку некој останал без друштво или без дечкото или нз ти што и одлучи да се самоубие, тоа за тебе е храброст? Не другар. Тоа за мене е кукавичлук. Не способноста да се застане на свој нозе и да се проба да се реши проблемот и кога изгледа како крај на светот да е и како да нема решение.
    Денес многу млади лица се убиваат поради најбанални причини. Тоа не е храброст. И не треба баш на оваа тема тие особи да ги величаме и да им даваме потпора да го направат тоа. Сосема спротивно, треба доколку можеме да пробаме да им помогнеме да ја надминат кризата и да дочекаат подобро утре за себе .
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Незнам дали добро ме разбра. Никаде не го оправдав чинот на самоубоство. Само кажав дека и за да се самоубиеш е потребно храброст исто како што е потребно за да продолжиш да живееш со целиот товар што ти го задал животот на грб. Дури и напоменав дека самоубиството е себично и сурово кон семејството и луѓето што те сакаат. Ние не знаеме и не можеме ни да знаеме каква ни е иднината. Со тоа самоубијците губат и најмала и најголема среќа што би им ја донела иднината само за да избегаат од товарот на проблемите и сегашноста. А самоубиството е карта во еден правец. После него нема назад. И за тоа сите треба да сме свесни.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Мислам дека добро те разбрав. Сепак во твојот предходен пост ти пишуваше само примери како некои народи ги величаат самоубијците.
    Не е чин на херојство. Напротив, многу е лесно да го одбереш тој начин за да побегнеш од проблемите. Ќе го одберат за себе најлесниот начин за да се убијат.
    Не размислувајќи за причинетата болка на најблиските.
    Да е храброст тогаш би избрале да живеат со одлуките што ги донеле или ситуацијата во која да речеме праведно или не праведно се нашле и да се изборат за подобро утре. Ете тоа е храброст друже.

    Господ сигурно имал добра причина штом подарил живот некому. Треба да бидеме благодарни за тоа, а не да го зимаме здраво за готово.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Па тоа ти викам и јас. Од етички и религиозни причини е храбро да живееш.
    Во денешно време кога се се дозволува и легализира. Кога полот на детето не се определува со раѓањето туку со изборот кога ќе потпорасне, се дозволува да стапиш во брак со предмет (луѓе стапуваат во брак со своите секс кукли, со своите мртви дечковци/девојки, со растенија) и сето тоа е легално и одобрено од држава со закон....зошто те чуди што некој смета дека има потполно право да избере дали ќе живее или не?
    Јас не го одобрувам тоа. Не е потребно јас да дојдам тука и да ви го соопштам како божем вие тука паднати сте од Марс и не знаете што се случува по светот, немате интернет да прочитате па влијаам на тукашните потенцијални самоубијци да ги мотивовирам во намерите. Јас сигурно овие работи што се случуваат и дозволуваат во светот не ги дознав бидејќи сум истражувала за нив. Бомбардирана сум со информации како и сите други на светот, се и сешто се прикажува каде и да погледнеме. И сега јас некого ќе убедам да се самоубие? Па тргни од цртаните за деца, па од се после тоа што ни се сервира пред очи и процени кој негативно влијае и развива суицидни, насилни и незнам уште какви мисло и чувства кај луѓето.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.