Несвесно ги мотивираш со тоа што прикажуваш како некој некаде некогаш го сметал самоубиството за храбар чин. А на самоубијците што мислиш колку им треба? Мн малку душичке. Тоа дека се е дозволено на денешницава сите го знаеме, ама никој не земал да се убие поради тоа. Секоја особа која го направила тоа го направила во момент на слабост не размислувајќи дека за секој проблем постои решение и дека секогаш има некој што ќе го повреди многу па колку и невозможно да и изгледа тоа во моментот.
Личност со суицидни мисли која стасала до самоубиство верувајте нит мислела дали е храброст или кукавичлук. Посовесните носат оромна грижа на совест и затоа секогаш има големо извини кон блиските за болката која им ја нанесуваат со тој чин, извинување напишано како проштално писмо. Многу е важно на време да се примети до каде е психичката сосотојба на вакви личности и да се реагира на време, се друго од тоа е само што би било кога би било и зошто тој/таа направиле така а не вака.
Немат ден да не помислам на самоубиство многу сум разочаран во последно време јас немам причина за живот немам пријатели немам работа убава ме навредуваат за изгледот немам девојка никогаш не сум имал се прашувам за што постојам кога само ми е мака?? Вие како се предомислувате од тој чин јас само заради моите мајка ми и татко ми само нив ги имам немам пријатели сите ми завртеа грб а годините така ми врват..
Сам си го најде одговорот,сам си кажа дека се предомислуваш поради твоите родители,тоа е охрабрувачки чекор да излезеш од темнината во која што си,те молам продолжи да бидеш свесно насочен кон решавањето на се она што те довело дотука... На никој не ни е лесно,сите се бориме со сопствени демони,но самоубиството воопшто не е решение верувај...
Јас вака гледам. Самоубиството е кукавично од аспект дека може се да се реши и дека кукавички е само да си го одземеме животот и да си заминеме. Верувајте кога ќе дојде до самоубиство кај една личност никој не размислува дали ќе умре како кукавица или како ,,херој”. Барем јас така не размислував..
Мене 4 години ми викаа да се самоубијам и да не живеам искрено инатот и желбата за живот ми беше најголема сила и желбата за иднина со промена. Инаку ти ли си сакала да се самоубиеш?
Кој ти зборел да се самоубиеш бе како може некој да го каже тоа?? Иначе да.Ме дрмаше тогаш ептен пубертет
Оф бе мила моја соучениците мои, имам цела тема пишувано и тоа без детали, благо е тоа што го напишав спрема отровите. Секој ден беше- Ајде ластхоуп убиј се да те видат мртва твоите да им направиш услуга, ајде ластхоуп скокај, никој не те сака, ајде атер за ова она, секој ден цели 4 години. Инаку мој совет е да не го правите ни под разно тоа нешто, верувајте дека среќата на вашите непријатели ќе биде огроооооомна во споредба со тагата на вашите.
Ау какви идиоти Немам коментар за ова..мислам имам ама не би да ги пцујам овде. Инаку да.И од мене е истиот совет, колку и да е тешко САМОУБИСТВОТО НЕ Е РЕШЕНИЕ, верувајте ми.
Ако ништо друго барем од инат со последни сили живејте. Не знаете колку им е криво. Мила ако сакаш пиши ми во инбокс, можеш ли?
Ако можеш да 'собереш храброст' да си го одземеш животот (што е против основниот инстинкт на живите суштества-да преживеат), тогаш можеш да собереш храброст и да пробаш уште еднаш да смениш нешто во твојот живот. Нема живот кој 'не вреди'... без разлика како се чувствувате во моментот и без разлика што некој друг ви зборува
Мене ми викаа дека не ми вреди животот, и што е најлошо не сум во Македонија на студии и пак ми се вртат истите муабети во глава пак ми се враќаат спомени барем да можев да заборавам ама не бива не можам ни да спијам барем делумно да заборавев еден процент само пробав да сфатам дека не е во мене вината ама не поминува и не...
Хоуп, мило ми е што излегла како победник од тој мрачен дел од твојот живот, ама пристапот ти е многу погрешен. Си станала победник заради себе, не заради другите. Исто како што не го живееш својот живот за другите, така и не треба да донесуваш одлука да посегнеш по својот живот заради нив или да се откажеш од тој чекор, пак заради нив. Исклучиво заради себе. Знаеш и самата дека таквите трауми се зад тебе, прочитав живееш во странство, имаш добри луѓе околу тебе, кои ти мислат добро, искористи го секој ден да вложуваш во себе, да се надоградуваш, прави работи кои те прават среќна и те исполнуваат, работи кои не си можела да си ги дозволиш тука, и постепено мирот сам по себе ќе си дојде.
Ти благодарам и те разбирам, среќна сум што преживеав но тешко ми е што уште ме зборат и ме исмеваат, инаку и во Македонија имам многу другарки и другари од основно од пелени, од градинка од маало и од кај не од тренинзи, од кај баба ми и од град и излегувања но тоа што го претрпев беше гадно, дури си правам филмови дека сите ми се непријатели, уште ми се смеат уште кога се преселив збореа дека сум неспособна за мк и затоа бегам, не знам зашто така правеа секој ден цели 4 години како им се замараше со злоба не знам..
Јас не гледам никаква храброст во самоубиството (освен кога станува збор за жртвување на свој живот со цел да се спаси некој туѓ). Храброст е да се застане на нозе секогаш кога животот ќе нѐ турне, храброст е да се бориме и да не се предаваме. Сум имала проблеми и сеуште ги имам, но дефинитивно преубаво и моќно чувство е кога знаеш дека си способен за борба, дека си силен и победник. Еден ден ќе погледнеш зад себе и кога сѐ ќе биде само сенка на минатото, ќе бидеш благодарен на самиот себе што не си се откажал.
А дали познавате некој што извршил самоубиство? Што потоа со неговите? Јас таков не сум запознала, но имав другарка што почина од несреќен случај на работа, падна од високо и мајка и едвај жива остана од тага. На сите ни е до ден денес жал....многу ни фали.
Познавав. Неговите само физички постојат, другачие не, после тоа што се деси.. За муабетот од погоре Секакви луѓе има, ете имало и такви кои уживаат да омаловажуваат друг и да му нанесуваат бол. Колку повеќе гледаат дека тоа допира до тебе, толку повеќе си го хранат егото. Затоа ти викам, ти си во ново поглавје од твојот живот и мора да раскстиш со минатото. Сите сме минале низ булинг на еден или на друг начин, за една или за друга работа. Целата поента е како ти ќе се поставиш во таа ситуација. Веќе не си жртва и не се гледај така. Тие ако не си ти, ќе си најдат друга особа за да си ги прекријат сопствените фрустрации, малограѓанство и немањето сопствен живот. Гледај напред, работи на себе и се ќе биде ок.
Да ама они се правеа центарци, граѓани, не биле они малограѓани се вреѓаа ако тоа им го кажев. Но ти да видиш како на фб имаат скоро 5000 пријатели, како со сите се фини тоа чудо едно е. Пробувам да раскрстам но тешко ми оди на моменти дека сега сменета и свесна дека не е до мене ми е криво што им ќутев, ова најчесто ми се случува навечер сирота цимерка не знам како спие од мене се вртам атер за неа не седам на нет и не шетам по соба инаку не знам...
За забравање, нема да заборавиш. Работата е да научиш да живееш со тоа што го знаеш. Да научиш да не те 'боли' Тргни од тоа какво мислење имаш ти за тие кои тоа ти го зборувале? Ги цениш како луѓе? Мислам дека не.. А и не треба. А ако нив како луѓе не ги цениш, тогаш нема што да ги цениш ни нивните зборови и мислења. Следствено, знаеш што рекле, ама ништо не ти значи. Пошто се глупи ко тенџериња Ич да не ти е криво. Тоа што си ќутела тебе те прави многу поголем човек од нив.
Да ама они викаа дека се најпаметни, нив класната ги бранеше, они се меѓу себе пријатели, они викаат дека вредат и дека се нај, инаку пробувам да научам со тоа да живеам искрено пробувам да не боли криво ми е што не реагирав подобро, само едно од сите тие деца кое што беше неутрално ме виде во мк кога дојдов по документи и ми кажа дека нјаубаво сум направила и дека ќе сум имала најубава иднина, тоа дете беше едино што не ме ругаше ама не одеше воопшто на часови и бегаше, некако ме ублажи но траумиве не ми се лечат не ми е сеедно не знам како д акажам..