Мене ова во средно ми беше цела тема имав ако ми отвориш мислења а во основно имав среќа да имам супер клас уште живееме и само најдобро збориме еден за друг. Мене психологот ми кажа да станам бфф со тепачот што ме шутираше по земја во ходник и дека е до мене проблемот. Инаку бев и по вторпат од кога една соученичка јавно ми направи на нет проблеми и неколку мои другари и другарки и пишаа да не замара исто и јас, и после ме викнаа таа била дете на познати како можело така да и правам, била разгалена и да сме и ќутеле.
Многу ми е жал што било така како што било, се надевам сега си добра и биди среќна на сегашноста и иднината што ти претстои. Со среќа!
Оф бе златен, тоа е мирните си патиме но зошто да е така? Мене ме интересира пример да речеме еве да сме насилни и да убедиме некој да се утепа. Како после? Како спијат тие таквите како се гледаат во огледало, како ќе живеат знаејќи дека злобата нивна убила некого?
Баш напротив, треба да го искористат за мотивација дека после тоа што ќе го направат ништо не е исто поготово за нивните блиски. Дека тој нивен чекор променува многу животи и таа нивна одлука не е воопшто правилна. Кој би сакал неговите родители да живеат во болка секој ден и да се измачуваат?
Пробувам да сум ок, но имам трауми, ајде основно до некаде пак деца што се вика сме биле, пак е друго,ама психичка траума е полоша од се на светов, дајбоже никој да не осети навистина е гадно.
Сакав истово да го кажам, но зошто да ги фрла во депресија, ќе размислат дека ги сака некој и дека им вреди животот.Лугенца мои, мора да си даваме поддршка.
Не е мое мислење, туку е факт. И не ми се напрегај кога не си во право. Консултирај се со психолог, ќе ти каже што, е што не е во ред.
Те сфаќам на некој начин (емпатичен сум макар и вака виртуелно, пробувам да замислам и да почувствувам како си) ама верувај и самата ќе си помогниш остави зад себе, не го влечи со себе минатото. Застани пред огледало погледни се и речи си после такво искуство во средно, успеав! ( без разлика дали си на факултет, работиш или слично)!
Не сакам да се контрам со никој, ни па со постари поготово, секогаш имам почит ама не си најпаметна секогаш и во секоја тема да се цитираш ама баш со секој и да се објаснуваш. Плус и јас ко помала имав суицидални мисли и бев доста осамена и малтретирана во основно, па баш вакви работи ме издигнаа и мотивираа. Не планирам да коментирам веќе, членката ме сфати, разговарав со неа, ти се најде прозвана за џабе. Толку од мене на темава.
Како е факт ? И јас мислам дека таквите приказни во никој случај не би направиле полошо т.е не би биле тригер плус. Напротив, да чујат што би останало позади нив, тага, ужас и празнина. Да сфатат дека сепак прават разлика во нечиј живот и не се невидливи.
Мислев да не навлегвам тука, и' пишав ЛП, ама еве.. Исто како на бремени да им раскажуваш приказни за мртви бебиња и родилки! На еден само да му е тригер, премногу е!
Не се карајте! Давајте ги како примери, еве искрено мене ми олесна кога ми пишавте во инбокс, и кога видов дека ме поддржувате, кога видов дека знаете други примери што биле отфрлени или сакале да се самоубијат. Искрено ми дадовте посилна мотивација за живот, ве разбрав дека треба за пример да се спомива, баш би ги убедиле да не посегаат дека ќе остават последици и најважно дека не се сами!! Не се карајте! Еве нека биде како пример, дека на бремени им раскажуваш примери за други бремени што успеале, мене искрено со сите вас ми олесна муабетот, давјате шанса да се отвориме!
Баш тоа и ми беше поентата. Мило ми е што ме сфати. Не сакам повеќе да се објаснувам, се што пишав беше со позитивна и добра намера.
Верувај ми дека нема! Искрено еве јас кога читам дека некој сакал да се самоубие или поминал низ истото сфаќам дека успеал, дека сите можеме и дека не сме сами! Луге полошо е кога криете, знаете ли колку се каам што порано не се отворив туку собирав? Собирањето е лошо, слушајте паталец!