Никогаш не треба да ги осудуваме тие кои на таков начин си го одземале животот. Јас сум била во неколку ситуации на работ да извршам самоубиство но не сум го направила тоа бидејќи сум била исплашена. Во секој случај, не можете да знаете во кој степен на безизлезност и очај се наоѓале. Кога ќе чујам дека некој си го одземал животот на таков начин, навистина ми е жал што не успеал да прејде преку проблемите и да го согледа животот од друг аспект.
Ееее,сега нема потреба од контрадикции очигледно секој различно го сфаќа чинот. Никогаш не би направила,иако некогаш ми доаѓало да си кажам не ми се живее.Сепак имав многу тешки животни моменти,и стварно доаѓав до моменти кога не ми се живееше.Ама пак се борев.Што ќе направев пример да потклекнев?Ќе ги доуништев моите,и така уништени...тоа би било неблагодарност и себичност...од моја страна.Сепак ,заедно се бориме... Но,не секој има сили,и не секој иста психа.Затоа велам,никогаш никој не осудувај!Не сме Господ да судиме.
имало моменти коа сум помислила на самоубиство ама имам фамилија и пријатели кој ќе ги упропастам после тоа,не треба да мислиш само на себе и да мислиш дека единствено решение да се спасиш од проблемите е да се самоубиеш.Секогаш треба да видиш што носи новото утро новиот ден и што те очекува во иднина секако ако смртта не те спречи ама не и ти да ја предизвикаш,мислам дека човек без оглед на се сам не треба да крева рака на себе прво добро размисли за луѓето што те сакаат а потоа нормално и за иднината
Точно така Pelikuna, сосема се согласувам со тебе. Имам оставено мислење во темата „Помислувам на самоубиство“ и воопшто не го менувам таквиот став. Никогаш не би го направила тоа, јас сум личност, со јака страна на своето ЈАС, која го цени животот и знаам дека после секој пад има издигнување, знам дека ако ја изгубам битката не сум ја изгубила и војната...Стојам цврсто на нозе А тие кои си го одзеле животот на ваков начин единствено што биле е слабаци. Друго не можам да кажам
Колку да бил голем и тежок проблемот на крај ќе се најде некое решение, ни најмалку не го оправдувам самоубиството.. Пред 3-4 години помислував на тоа и тоа за некои банални работи што сега ми е навистина смешно на овие години иако ги немам многу ЗНАМ дека моите родители имаат право кога ќе ми кажат дека вистинските проблеми сеуште не сум ги почуствувала..
Сум помислила на тоа но никогаш не сум имала храброст да го направам можеби затоа што и покрај проблемот кој во тој момент ми се чинел дека е без решение сеуште во мене сум имала трошка надеж дека животот е сепак убав и дека вреди да се бориш и да продолжиш да живееш. Луѓето кои го напуштаат овој свет поради сопствена желба се кукавици.Секој проблем има решение иако лично на мене секој разочарување ми претставува крај на светот но кога ќе помине време сфаќам дека сум се нервирала за глупости и дека секоја несреќа поминува. Сметам дека проблемите постојат за да ги решаваме и за да не прават посилни а не да бегаме од нив напуштајки го овој свет,иако звучи како клише но така е.Многу пати не го цениме доволно сопствениот живот а тој вреди повеќе од се. И кога си тажен а сакаш да умреш,помисли на оној кој умира а сака да живее.
Епа си вртам јас онака по тв и гледам обид за самоубиство со предозирање со апчиња и си викам НЕНОРМАЛНА СТВАР..па решив да ви пишам што мислам јас..самоубиството никогаш нема да го разберам,не знам што мислат ако се самоубијат ќе се ослободат од сета вина болка или само ќе наштетат на себе и целата фамилија...ама кога ќе слушнам бомбаш самоубиец направил вака или онака тогаш викам ако му се умира нека иде сам да се убие,нека се разнесе со тоа бомбата а не други невини да умираат..но не дај Боже,луѓе сме се ќе слушнеш и видиш така да нека бега лошото подалеку од нас
Ги следам коментарите на оваа тема доста долго. За жал, многумина од вас имале идеи да се самоубијат. Гледам некои сепак, помислувале на најблиските и тоа била причината да не го сторат кобниот чин. Ама, би сакала да ги слушнам вашите коментари, како би се чувствувале ако, недај боже, некој ваш близок го стори тоа.Тој што решил да си го уништи животот си го уништил. а имал ли право да им го уништи смисолот за живот на неговите најблиски?! Имал ли право да им нанесе толкава болка и срам?! Зошто ги создавал своите деца ако немал сила да биде со нив до крајот што Господ го одредил за сите, па и за него?! Носам голема болка и по 3 год. од ваков трагичен настан. Сакам, ама не можам да го простам тоа што мене и на моите деца им го нанесе една себична личност. Сакам, ама и колку и да се трудам не можам да разберам дека родител може таква болка да им нанесе на своите деца. Сакам да заборавам дека некогаш воопшто постоел, ама не можам да заборавам 30 поминати години од животот. Сакам, ама не можам да преминам преку тоа што кога барав помош од неговите се тргаа настарана, знам се плашеа некој од нив да не настрада, а сега се однесуваат како ние да не постоиме и го идеализираат самоубиецот кој постојано ги навредуваше, физички ги напаѓаше и од него не смееја слободно да живеат. Сакам никогаш никој да не помисли на самоубиство, а не да го стори. Нема погрдо нешто од тоа, нема прошка за тоа.., само болка, очај, лутина и гнев...
Едно прашање? Колку ви се големи проблемите и кои ви се причините зошто сте посегнале и помислиле на тоа?
Па да сум го сторила тоа причината за проблемите секако беа семејни, бев мала 1година средно се изнапив секакви апчиња ... за среќа интервенираа моите одма ама затоа последиците и сега ги чуствувам на мои 20 години и би советувала никој никад и во никаква ситуација да не посегне за својотр живот. Мене навистина ми се промени животот од тогаш, да и научив многу нешта ама затоа и ден денес трпам здравствени последици ... Секој проблем има решение, и се е за причина и се што ни се случува е само да се зајакнеме... Затоа не подлегнувајте на вакви работи ... Уште од старт само помислите дека за се има решение и НОВО УТРО - НОВ ДЕН-НОВ ЖИВОТ-НОВИ МОЖНОСТИ драги мои уит лове
Демек малтретирањето,немањето никого на светот,тепаните,злоставувањето е доволна причина за да си посегнеш по својот живот
Да бидам искрен,пред една година помислив на самоубиство,и никогаш повеќе... Зошто? Поради константно исмејување,и задавање душевна болка. Но,пак ќе речам,тоа беше одамна,пред да сфатам дека никој нема право да ме навредува,понижува,омаловажува. Тоа ми беже и најголемата грешка во мојот живот. Spoiler
Искрено сум помислила на самоубиство и тоа неколку пати.. Еднаш и пробав.. но не успеав да направам ништо.. бидејќи немав храброст да си ги пресечам вените. Сфатив дека никој не е вреден да си го погубам животот по него. Тој што ми го дал животот тој и ќе ми го земе.
Thumbs Up за ова. Инаку за мене самоубитсво не претставува уништување, туку комплетно губење на својот живот. Со тоа само би го уништиле животот на оние кои сакаат да живеат.(најблиските, фамилијата, пријателите итн.) Како вие би се чувствувале (не дај Боже) ако некој близок го направи тоа?-Тие што сакаат да се самоубијат пред тоа нека си го постават ова прашање.
последниве месеци имам постојано такви мисли, си замислувам како се фрлам од зграда , тешко ми е да ги избркам скроз. не знам со кого да разговарам засто не сакам некој да ме жали. никој не може да претпостави, едноставно секогаш сум насмеана и ширам позитивна енергија а во душава како да не ми се живее, пред некој месец бев решена дека ќе го направам тоа само ко да го чекав правиот ден, а потоа еден колега ми раскажа за ќерка му која го сторила истото и како да ме освести. сега повторно психата ми е со такви мисли , некој ден не , некој ден се борам во себе, можеби ќе ми биде полесно овде што пишувам бидејки не можам на никој околу мене да кажам, а имам деца, најголема причина за живот, знам, но ете ко некој ѓавол да ми влегол и постојано се борам со тие мисли
Sweet E вака ќе добиеш од мене!Те карам и тоа многу. Ниедна причина не е доволна за да го сториш тоа. Сакаш да испаднеш себична кон децата?Сакаш утре не да те жалат што си се самоубила,туку да бидат гневни што имале мајка која не ги сакала доволно за да се бори за нив?Зошто во нивните очи таква ќе испаднеш. Незнам која ти е причината ,но на секој му се случуваат подеми и падови,секој некогаш си рекол-Сакам да умрам.Таков е животот.Од лошо има полошо.Кај никој не е совршено.А сепак туркаме некако .Не заборавај дека животот е подарок.Се подарува еднаш,и се користи максимум. Душичке,јас имав многу темни моменти,многу паѓања во бездна, но помислата на љубовта на најблиските ме одржуваше и ми даваше сила.И мене ми изгледаше црн животот,но сепак некое жарче како да тлееше и внатрешно ми зборуваше-Би требало да биде ок.И полека се средуваат работите,да знаеш.Исто и кај мене.Малку по малку.Само едно нешто нема никогаш да го вратиш-моментот кога си одлучила да си го одземеш животот и да ги оставиш децата во црнина.За се друго има решение Немој вака те молам.Немој да си себична кон дечињата,зар тие невини,заслужиле мајка која има на ум да ги остави сами?
Сум помислила..сум била навредена, тажна и осамена..но и многу незрела.!! Самоубиството е нешто најлошо, нешто кое не го оправдувам, бидејќи она што нема да те убие ќе те направи посилен...Утре е нов ден, ново сонце. Животот е таков секојдневна борба, здодевен натпревар, ќе те осудуваат, ќе те плукаат..Но далеку од тоа дека треба да го извршиш ова. Всушност со тоа само ќе им направиш услуга на оние кои не те сакаат, а ќе ги уништиш оние кои те сакаат. Ако немаш причина за живот помисли дека има луѓе кои те сакаат, ќе ја најдеш причината, ако нема такви запомни дека Господ сакал да бидеш овде, а тоа значи дека тој ти го дал најскапоцениот подарок мислејќи дека заслужуваш и дека си доволно силен да победиш колку и да била тешка битката..Ова го научив, бидејќи многу е посебно кога ќе ги почувствуваш нештата на своја кожа..
Пред се според мене самоубиството е кукавичлук, немање храброст да сесеочи човек со реалноста, и проблемите. Сите наведувате како оправдување дека ете нетреба да го направите тоа заради оние што не сакаат, па јас се прашувам дали би биле во таква ситуација ако има барем и една особа која што не сака? До помислата за самоубиство доага кога немате подршка од никого а и немате храброст сами да се изборите со проблемите. Пред да се решите на тој челор треба да ги исцрпите сите можности кои ги дава животот, а потоа да мислите на другите, бидејки ако тие барем малку мислеле на вас немало да се доведете во таква ситуација. На самоубиство се решаваат пред се особи кои се отфрлени од семејството а потоа и од другите, бидејки ако барем во семејството имате хармонија тогаш се останато е лесно. Според мене самоубиството е личен став дали некој сака да продолжи со животот или несака, никој неможе да го разубеди оној што решил тоа да го направи тоа, а оној што јавно зборува за тоа всушност сака само да привлече внимание и сите да му се улизуваат итн. Бидејки ако некој има искрена намера тоа кего направи, ме изненади бројот на вас колку ве има со суицидни идеи или можеби тоа го кажувате онака колку да се каже нешто. Јас сум поминала преку многу премрежија но никогаш не сум помислила на такво нешто бидејки себеси се сметам за храбра особа која знае да се избори со се во животот, ако некогаш помислам на самоубиство тогаш и ке го направам тоа затоа што несакам да живеам како кукавица.