Погоре изнапишуваа коментари дека била трол и членката стави скриншот за да покаже дека и претходно барала помош и пишувала, што значи дека веројатно не е трол.
Подобро ќе бидам патетична отколку апатична. Самоубиството не е шала и се додека не се докаже дека девојката е сигурна ќе останам загрижена, па макар и некој како тебе да се прави паметен. Ова не е странски форум, и тука, а и секаде ваквите работи ТРЕБА да се сфатат сериозно!
Повратив и се напив седативи Не сакам тука да пишувам зошто осуди имам и не ви е верно тоа што го пишувам и не сакам да се докажувам Ако сакате пиеште ми порака
@Annahhh, ти повикуваш за помош, во спротивно немаше да пишеш на форумов, плус доволно си голема за да знаеш дека тоа што си го земала нема да го даде саканиот ефект. Оди сега кај некој од родителите, кажи што си сакала да направиш и побарајте помош. Јавете се во брза помош, точно ќе знаат каде да ве упатат. Тежок е патот кој е пред тебе ама ќе успееш. Ти сакаш да живееш!
Што се напи сега девојче? После толку аспирини, парацетамоли и кетонали едно повраќање не е доволно. Како се осеќаш? Со кого си дома?
Отворено ќе пишам тука, ако имаш потреба од помош @Annahhh, пиши ми. Не можам да направам ништо конкретно, но можам да те ислушам. Држи се. Се надевам дека ќе победи волјата за живот!
@Annahhh Ги прочитав сите твои мислења, не се плаши да го кажеш проблемот со кој се соочуваш. Сите што сме овде имаме некакви проблеми и водиме борби со животот м сметам дека не треба да помислуваш на самоубиство. Колку и да е тежок животот, ти треба да избереш да го живееш. Најлесно е да си го одземеш животот. Не знам колку години имаш ама сигурно си млада. Членките погоре те советуваа да се јавиш во брза помош и да им кажеш точно што си направила за да ти помогнат. Или ако си дома со родителите тогаш кажи им нив, тие сигурно ќе се јават во брза помош. Ако сакаш можеме и во порака да направиме муабет, и ако не ти е проблем можеш слободно да се отвориш ќе те ислушам и ќе ти дадам совет.
@Annahhh рече дека ќе збораш со мајка ти. Збораше ли? Диши длабоко, ако имаш некој дома обавезно кажи шо бидна и шо мисли имаш. Ако треба да одиш на лекар обавезно оди. Т немам читано претходни мислења ама дали посетуваш терапевт или психијатар? Ако не, закажи термин по итна постапка. Ако да, јави се. Сигурно број ти има оставено и тој број е баш за вакви ситуации. Во ситуацијава само диши многу длабоко и имај некој покрај тебе и дозволи некој да ти биди поткрепа. И оди на лекар иако поврати и иако велиш дека си подобро. Само за да се провериш.
Не знам дали е од Скопје членката но би можела да и препорачам добар психијатар, т.е приватна психијатриска ординација. Докторот е многу стручен и на моја другарка и помогна која беше речиси во иста ситуација малку е поскапо кај него бидејки се плаќа по број на сеанси одржани но мислам дека ќе и помогне и на неа. На Зелен Пазар страната од кај Гратска болница на самата автобуска станица се гледа табла и пишува психијатриска и невропсихијатриска ординација. На сликата се гледа точно каде има ординација.
Не знаев каде да пишам, па ми текна овде да се искажам. Веке цела година поминувам многу стресен период (семејни проблеми) веке 8 месеци живеам секој ден со страв, единствено нешто што ми поминува низ глаа е да се самоубијам, па така да се спасам од сите проб, немам сила веке да го издржам ова, буквално секој ден ми е хорор приказна, секоја вечер сум со солзи. Се срамам на некој да го споделам проблемов зошто мислам дека нема да ме разберат и од една страна ке ме набредуваат. Знам дека сум дојдена до степен да посетам психијатар, но не можам да им кажам на моите дома зошто се што ми се случува е поради нив. Плис хелп ми!
Не постои никогаш решение со самоубиство. Што и да е потруди се да останеш смирена. Раскажи ни што е тоа што те мачи. Нема да ти се смееме. Не сме толку сурови како што имаш замисла.Има премногу добри души на форумов што би те сослушале. Пиши ми во приватна порака ако сакаш. Ако сакаш и на друга феминка пиши и. Тука сме
Слободно пиши што те мачи, ќе се обидеме да ти дадеме совет и да ти помогнеме. Доколку не сакаш јавно, пиши ми ЛП. Само биди силна, што и да се случува, ќе помине, верувај ми. Сите сме имале тежок период каде сме мислеле дека нема излез. За се има решение.
Отвори си ја душата, не чувај во себе. Тука сме за совет, колку и да е тешко верувај самоубиство не е решение за ништо. Мораш да живееш и да се бориш со проблемите.
Пиши слободно овде, не си го заджувај тоа во себе. Ако не сакаш сите да читаат, пиши во ЛП, нема никаков проблем.