@edna_malecka, мила, и јас имав такви проблеми. Штом јас успеав да ги надминам, ќе успееш и ти. Млада си, животот е пред тебе. Разговарај овде со нас и полесно ќе ти биде. Можеш и мене да ми пишеш.
Пред се да ти кажам дека секој проблем има свое решение. Секоја тешка ситуација има излез. Но, дали си се советувала со терапевт? Ако не, тогаш обавезно да закажеш. Лошо од тоа ништо не може да излезе, може само да ти олесни.
Пробав да си го одземам животот и дури тогаш сфатив дека има личности на кои им значам и кои ме сакаат. Можеби не се многу, но доволни се. Знај дека и ти си му вредна на некого и само тој некој е битен. Не се откажувај и продолжи да живееш за него (за тој некој/а). Животот е навистина вредно нешто. Колку и да ти изгледа тешко во моментов, еден ден се' ќе биде само лошо минато. Фокусирај се на добрите работи. Го можеш ти тоа!
@edna_malecka Животот е дарба. Си била доволно среќна да се родиш, да дишеш и да живееш. Не се секирај, еден ден ќе умреш. И тогаш е готово, крај. Ништо што било веќе не е битно. Секој проблем или мисли што си ги имала веќе не постојат. Сите радости што си ги доживеала , ништо, ништо нема веќе засекогаш. Ти не постоиш. Ама сега си жива. И тие проблеми што ги имаш се решаваат. Ќе ги решиш и ќе продолжиш да си живееш и да му се радуваш на животот, бидејќи си ја имала таа среќа да се родиш за да искусуваш убави и лоши работи во животот. И кога ќе си ги надминеш сегашните проблеми, и утре ќе имаш и други. Ама ќе ти се случат и многу убави работи, сигурна сум. И за нив треба да се избориш да живееш. И друга работа, колку и да ти се чини можеби во моментов, ти не си сама на светов. Имаш барем еден човек во животот на кој што му значиш и те сака. Што се грижи за тебе и што ќе го скрши кога би знаел само какви мисли имаш, а воопшто не можам да замислам што ќе се случи ако навистина направиш такво нешто. Животот е тежок. Но поради луѓето околу нас и убавите работи што допрва не чекаат вреди да се бориме и да го живееме. Јас сум ти секогаш достапна за разговор, како и многу членки тука што се пријавија. Пиши.
Никако немој да се откажуваш од ништо и биди БОРЕЦ за себе си, знај дека за се има решение дај си време и слободно пиши ако ти треба разговор.
Така ти се чини. Сега се чувствуваш така, ама нема секогаш. Разговарај со психијатар. Има лек за се'. Сакам да ми реплицираш на постовите.
Не се лажеш кога си велиш дека ќе е подобро. Нема да веруваш да знаеш колку луѓе на форумов сме се чувствувале исто така. Ама стварно испаднало подобро. Исто нема да веруваш колку на форумов имаат проблеми со родителите, со семејството. Ама пак се наоѓа патот до среќата. Затоа што има помош, се надминува оваа состојба. Можеш да одиш на психотерапевт, на психијатар. Како што одиме на лекар за притисоци, шеќери, така и за вакви работи треба да бараме помош од лекар. И јас сум барала, и многу други. Нема потреба да си страдаш во тишина кога сите луѓе се бориме со слични работи и на сите ни е желба да сме среќни. Немој да мислиш дека е невозможно, кажи ни ситуација конкретно, ќе пробаме да најдеме решение. Ништо не е ненадминливо. Јасно ми е дека родителите се против одење на психијатар, против одење на психотерапевт, против пиење апчиња, јасно ми е дека некогаш не знаат да дадат соодветна поддршка. Ама тоа не значи дека никој не се грижи за тебе и дека не можеш да добиеш помош. Пиши ми ако сакаш, или овде или во порака, ќе најдеме терапевт со достапна цена. Тешко е во животот да станеш отпорен кога другите те повредуваат, особено кога доаѓа од најблиските, ама со тек на време ќе сфатиш дека се' што некој ти направил, било така заради нив, а не заради тебе. Некои луѓе се такви едноставно и тоа нема врска со тебе, тоа има врска само со нив. Со тек на време ќе сфатиш колку си вредна. Да можеш да видиш со мои очи колку си вредна, никогаш нема да помислиш на ова. Секој е вреден бескрајно многу. Немој да мислиш дека ако си 17 години, си премногу мала за промена. Се што си доживеала, може да се надмине. Верувај ми ♡ Пиши ни како си, се грижиме многу луѓе.
Девојче, можеби е клише, ама верувај дека за се постои решение, ниеден проблем не е нерешлив, верувај дека речиси секој човек во одреден момент од својот живот се почувствувал толку "долу" што посакал да крене раце од се... Ама не е тоа решението, животот е убав со сите свои подеми и падови, наше е да се бориме и да излеземе победници од секоја животна неправда. Те молам погледни добро околу себе, најди некоја најмала убавина во нешто околу себе, верувај дека не е се така црно, сега си во тинејџерски години кога си во експлозивна фаза од хормони, мислиш дека готово е се, дека тоа што го проживуваш моментално дека е крај на светот, ама верувај дека не е така, мило дете, бори се, бидејќи животот е постојана борба и постојано ни ја тестира силата и издржливоста, но исто така и не наградува со своите убавини... Не е срамота да ти оди лошо во животот, не е срамота да си губитник, ама жално е да не побараш помош и да не се избориш со своите демони, посебно кога се работи за кревка и млада личност како тебе, не си сама верувај, лично јас сум поминала низ се и сешто во животот, тој ме туркал милион пати на дното, ама јас уште толку пати станував, можеш и ти, само прво имај доверба во себеси... Тука сме сите ние за разговор
Малечко Тој свет на фантазија ќе ти се оствари, да знаеш. И пред мене многу ти пишале, верувај дека ќе биде подобро. Секој од нас барем еднаш се почувствувал така, ама од секаква ситуација секогаш има излез, колку тешко и да ти се чини. Животот не е лесен, ама е вреден за живеење. Сеуште си мала, те чекаат куп прекрасни работи во иднина. Ќе дојде ден кога ќе си најсреќна на свет и ќе се сетиш на овие мисли и ќе се изнасмееш сама на себе со гордост во себе дека си победила.
Ќе биде подобро, само мора да издржиш. Јас издржав и сега имам речиси се' што сакав тогаш. Се' помина. И најдолгата, најтемна ноќ завршува со изгрејсонце. Само имај верба.
edna_malecka кога јас на тоа помислив, размислував дека ај јас ќе си "решам" се, ама ти што ќе останат ќе им го уништам животот. Себично е, заради оние што остануваат. Или пак за нивни инает остануваш. Не си ти тоа, не и ти таа, ти си силна и носи си ги розовите очила. Сеуште можеш, сеуште имаш време, па така си и поубава и послатка.
@edna_malecka Прво ќе ти кажам дека не си сама, сите кои ти одговориле па и јас, сме биле во слична ситуација. Сум те читала и ќе ти кажам дека те разбирам. Работите не секогаш се движат во насоката и со брзината со која сакаме. Секогаш околу нас ќе има некој и нешто што не' нервира. Имам прочитано една мисла: "Во ред е да не е во ред". Знам дека ако ти кажам дека се' ќе биди во ред нема да ти олеснам, нема да ми веруваш, и јас не верував. Ама можам да ти кажам дека иако не се познаваме, тука на форумот секогаш ќе наидиш на некој што ќе те сослуша. Затоа, секогаш кога ќе ти треба тој некој слободно да ми пишиш, или на другите кои се понудија. Се сеќавам еднаш ми напиша дека во 2021-ва ќе полниш 18 години и дека ќе ни порасниш. Ќе порасниме заедно и еден ден ќе пишуваме во темите од 40ка. Млада си, духовита, емотивна, препаметна, секогаш ме расположуваш кога те читам. И силна си, мораш да бидиш. Те сакаме малечка.
Ќе издржиш. Тек сега ќе ти доаѓаат можностите и промените во животот, а ќе ги има многу. Не вреди никој толку за да се откажеш. Нема секогаш да се чувствуваш волку лошо. Има многу работи за кои вреди да живееш, кои ќе те исполнуваат, иако сега не ти изгледа така. Токсичната средина е тешко да се игнорира, ама еден ден ќе се осамостоиш и тогаш ќе ти бидат небитни. Може да се најде решение за секој проблем. Некогаш можеби е потребно малку повеќе време, ама дефинитивно се исплати. Гледај колку поддршка имаш тука на форумов. Секогаш ќе ти биде катче каде ќе можеш да си ги олесниш маките.
Модератор: @Tea678 ја банирав од темава. Не се дозволени такви коментари, во ваква чувствителна тема. Затоа доколку забележите нешто несоодветно од било кој друг член, ве замолувам да пријавите/да ме означите, за во најбрзо време да биде реагирано.
@edna_malecka ти кажаа многу и погоре, те молам побарај помош и не се предавај, сѐ ќе биди во ред. Не си сама.
@edna_malecka душо... Што и да се случува со тебе, знам дека постои решение. Млада си, цел живот е пред тебе, тек си 17 години. Ех, колку ти ги сакам годините да знаеш. Ништо на овој свет не вреди да се чувствуваш така како сега, никој и ништо. Ниту дечко, ниту другарки, камоли нешто трето. Сум била на твое место, сум имала црни мисли, исто како тебе сега, на крајот седнав и размислив, дозволив луѓето да ми помогнат, полека и сама почнав да застанувам на нозе и ме претвори во она што сум денес, силна личност. Знам дека можеш, знам. Ќе најдеме решение за се што те мачи овде на форумов, имаш подршка, не се мачи и не попуштај, ти си борец, и ќе успееш да излезеш од ова чувство. Никому не му е розево во животот, остави го на страна она што го гледаш по соц. мрежи, не е се ко што изгледа, секој си знае низ што поминува, немој да се залажуваш дека некому е мед и млеко? Глава горе, стегни заби, побарај помош од стручно лице, не е срамота, дружи се повеќе со луѓето овде, видиш дека не си сама. Океј е да имаш лош ден, дозволи си да имаш, ама нема секогаш да биде вака, како е денес, утре нема да биде исто.
Ја мислам @edna_malecka вчера кога пишала во темава, се исклучила и воопшто не се уклучила пак на форумов. Се надевам дека е добро и дека за брзо ќе се уклучи и ќе ни пише да не ја мислиме.