@edna_malecka душичке, ти пишаа и другите, сите те мислиме, пиши ни кога ќе завршиш со часовите. Се надевам дека си подобро. Гушки до тебе! За другите, доколку се најдете во ваква или слична ситуација, слободно пишете, не се срамете.
Дали има некој информација што се случи со @edna_malecka , се надевам дека е се во ред инаку од вчера се нема вклучено.
И јас почнав да се плашам. Како што можам да забележам таа секој ден била активна на форумот, но еве веќе 24 часа се нема вклучено. Се надевам дека се е во ред.
@edna_malecka Душичке, најпрвин се надевам дека си добро и дека не си направила нешто што не треба. Премлада си, животот е пред тебе, какви и проблеми да имаш сега, се ќе помине со тек на време! Силна си, ќе издржиш, за поубавите денови што следуваат. Верувај, ќе имаш многу причини за радување и смеење. Те молам консултирај се со стручно лице, нит е срамно, нит страшно, напротив после првиот разговор веднаш ќе се чувствуваш поопуштено. Верувај! Слободно можеш и мене да ми се обратиш во ЛП. Не си сама, види колку феминки те мислиме и те гушкаме!
И јас се загрижив сега за @edna_malecka Вчера не сум ни видела дека пишала во темава... Се надевам дека се' е во ред и дека ќе пише што побрзо. Сигурна сум дека сите овие пораки со поддршка барем малку ќе ја расположат. Да не мислиме веднаш на лоши нешта, можеби и' треба одмор од интернет, од социјални мрежи, па и од комуникација... Сите имаме потреба понекогаш да сме сами.
Да се надеваме прво на се да е во ред ..може да и е расипан тел или нема нет ...и мене ме чуди девојката беше активна и се шалевме на повеќе теми Господ да и помогне каде и да е
@edna_malecka Ставија ја раката на твоето срце. Можеш да го почувствуваш? Тоа се нарекува смисла. Жива си со некоја причина и затоа немој да се откажуваш! Единствената причина што ги спречува луѓето да извршат самоубиство е помислата на тоа колку прекрасен станува животот откако ќе поминат низ пеколот. Слободно пиши ми ти стојам на располагање како и сите останати, за секој проблем има решение!.
@edna_malecka пиши кога можеш те мислиме. И мене ме загрижува што ја нема, се надевам дека е добро. Ја мислам од вчера откако пиша. Тука сме сите, што и да ти треба пиши по ЛП.
Може да се најде некако малечка, да се стапи во контакт? Од мисли не ми излегува, само стискам рифреш да видам нов коментар. Обично е активна секој ден @cresa-jagoda
Па не знам дали некој ја познава од форумов на социјалните мрежи да се обиде да стапи во контакт со нејзе
Да но обично првите денови професорите не ни задаваат премногу домашни се земаат нови лекции и утре е сабота така да име доволно време да ги заврши обврските , но сепак се надевам дека е така како што велиш. А ако некој од форумот ја познава или ја има на социјалните мрежи нека ја исконтактира и нека не извести, да не ја мислиме.
Многу луѓе имале ваков период и јас исто.Но знаете што? Се најде чаре. Животот е преубав и прекраток да уживаме во сите убавини и слободата што ни ја дава.
Прво извинете што сум ве загрижила, немаше потреба од загрижување и цели тестаменти. Мене дома не ме сакаат вие воопшто нема потреба. Слободно можете да ме изигнорирате. Ќе си се искажам колку да ми олесни на душава. Тука сум, сеуште сум жива за жал. Вчера кога сите си легнаа се сечев по рацете. Плачев како ненормална мислев ќе ми поминат сите лоши чувства што ги имам. Но џабе, видов не видов тоа ми падна прво на памет. Долго време бев јака, храбра како камен. Се тешев си викав остави што зборуваат за тебе. Остави тие зборови не се за тебе. Тие зборови се за друго дете. Заборави. Еден ден ќе живееш во мир и спокој. Издржи. Така си се тешев и некако се смирував. Но сите тие зборови што ги слушав секојдневно почнаа да ми навлегуваат во петни жили. Дома кога е тишина сите тие зборови ми се навраќаат и треба некоја минута додека се нормализира. Ако ме имате читано во токсична врска знаете за што зборувам. Пред некој ден кажував дома дека сакам да си купам стан, кола. Небитно ми кажаа цени до плафон. Им викам не ми треба мене огромен стан. Сакам мало со 2 соби. Пак ми кажаа огромни евра што не им знам превод во денари. Им викам ќе се ранам со леб и паштета ама ќе си овозможам све. Почнаа да се смеат како ненормални, никогаш нема да сум успеала со овој мој памет. Немам преживеано ништо што има преживеано еден просечен тинејџер. Небитно тоа. Ви кажував во друга тема дека ако имам дечко ќе треба цел живот да се кријам. Почнав да се самокритикувам. Кој ќе ме сака така. Само нервози ќе има со мене како бившите што ги имав. Едниот беше со предобар карактер ми зафука шамар се тргнав од него. Другиот исто со предобар карактер, ми симнуваше ѕвезди од небо за на крај да ми раскине преку пораки за банална ствар. И секако дома не ни знаеа уопште дека иам дечко. Се криев пошто иам набиено страв до петни жили. Не се ни замарам. Што сака нека биде со мене. Здосаден ми е животов ваков никаков. Немам никаква волја за живот. Единствена ми е тоа што сакам да умрам. Порано форумов ме утешуваше премногу. Ве гледав како вистински другари. И сеуште е така. Но јас немам ништо што да споделам со вас освен негативни работи. Сакам да умрам. Како што сум голем верник ова што си ги исеков вените за мене е голем грев. Обид за самоубиство. Ќе горам директ во пеколот. Секогаш во црква во умот си кажувам молитва на крајот секогаш кажувам "нека биде волјата твоја". И еве негова е. Фала му. Ви благодарам за сѐ. Ве сакам.
Знам дека е тешко, но мораш да издржиш. Наскоро ќе бидеш полнолетна а и ќе почнуваш факултет. Не дека мора да се запишеш на факултет, но ете размислувај нешто во таа насока колку да ти се оттргнат мислите од негативното што ти се случува. Како си со обврски на школо? Дали можеш да си дозволиш да работиш нешто, еве и онлајн нека е? И тоа би ти била добра дистракција а воедно и пари ќе си заработиш. Искрено те немам читано во токсична врска (претпоставувам темата со родители), и ако навистина е неподносливо размисли пример за година-две ако можеш да најдеш цимери и да живееш со нив. За тоа, пак добро би ти дошло ако работиш. За дечковците, не наоѓај вина во себе. Првиот не би го ни коментирала затоа што воопшто нема ни ч од човек, се осудил да крене рака на тебе. Вториот, не бил за тебе. Верувај, ќе најдеш некој што ќе те сака. Сите заслужуваме љубов, и за секого постои некоја личност. Но, најпрво и најбитно е да си се сакаш самата себе. Може ќе ти треба време, но сакам да верувам дека ќе го постигнеш тоа. Не сакам многу детали да кажувам за себе на оваа тема, само можам да кажам дека те разбирам и знам како е. Не сме ги имале истите проблеми, ама на сличен начин сме се справиле, за жал. Најдобронамерен совет, побарај помош од стручно лице. Јас посетив, сега сум добро. Сфатив дека не било до мене, а тие кои што беа изворот на сета негативна енергија во мојот живот ги оставив уште во 2018-2019. Иако не те познавам, додуша никој не познавам на форумов, тука сум во било кое време за совет, на било кој и да му е потребен. Ако сакаш, слободно пиши ми.