@edna_malecka и тоа и на истата возраст (ако си 17 ) и околу горе долу истите проблеми само што не превземав ништо ,освен можеби самоповредување ,ме цитираше мислам ти во справување со бесот за тоа.
Дали си размислила за заминување од Македонија(ако живееш овде)? Друго што ми падна во очи е последниот дел зошто толку сериозно ја сфаќаш верата? Религијата е случајна лотарија и не треба толку да се потресувате за неа општо. Води се по мотото да бидеш добра со сите кои заслужуваат и да имаш свои цели во животот. Моја најдобронамерна препорака ти е да заминеш од Македонија во првата шанса за стално.
Тоа е супер што е религиозна. И точно самоубиството е грев. Религијата не не учи на ништо лошо зашто да не ја сфаќа сериозно?
Во смисла да не се обвинува за тоа што си ги исекла вените и ќе "горела" во пеколот. За религијата имам пишувано повеќе во темата дали религијата е избор или наметнета да не одиме оф топик.
Го пишувате ова Да си заминеш од Македонија за стално како да ја праќате на продавница леб да купе. Абе луѓе кај живеете не ми е јасно.
Мало, блесаво сите имаме потреба некогаш да го исфрлиме негативното од нас, а на форумов е и полесно, не се знаеме кој сме, што сме, па и никој нема да замери (а и да замери ич пиииип да не ти чуе) Да решиме туѓ проблем не можеме, но може да понудиме рамо за плачење, поддршка, некој совет, насмевки, шеги да развеселиме некого. Не си сама! Тука сме, доколку ти треба разговор, имаш на кого да пишеш, колку-толку ќе ти олесни на душата. Те гушкам силно
Во првата прилика да си замине да не е толку лесно но зошто да не кога ќе наполни 18-19. И подобро за неа да има цел во животот на пример да сака да научи одреден јазик за да живее таму.
Не мора да се исели од државава. Мислиш таму ружи цветаат? И треба да си најде мал стан и работа тоа е се.
Те читам, како одминувам со читањето на твојов пост те гледам пред мене иако не те познавам, преубава, премила и толку паметна. Плус верник - најбитно! Го знаеш и Бог, па зарем ти треба нешто повеќе од тоа да се молиш? “Што и да побарате со верба во молитва ќе добиете” Барај од Господ со верба и верувај ми ќе ти биде дадено. Сум имала години во немир поминати и ќе ти кажам се е пролазно и на темнината ќе дојде светлина и едем денќе се сетиш на овој твој период а тогаш ќе си пресреќна и исполнета. Секој минал низ тешки периоди, што и да е, верувај ништо не е невозможно и Бог ќе ти даде се што бараш! Најди волја, излези со другарки, било што направи, повеќе мислите за самоубиство и сл ствари остави му ги на ѓаволот - ти не си тоа! И да не заборавам читај си Библија, се ќе помине ❤️
@edna_malecka тука сме со тебе сите! За шо и да треба слободно пиши лп. Веруваме во тебе малечка, само мора да веруваш барем трошка во тебе и сама. Сите сме поминале низ таков период. Ќе бидиш добро, ќе помине ова, се поминува. И тогаш те ќе бидиш мн поцврста, посилна и похрабра. Најди само една позитива, само една доволно е. Зарем не е доволно шо имаш шанса да го живееше овој живот? Верувај ќе биди подобро, знам дека не е лесно, сум била и јас на дно. Силна си, верувам дека ќе го надминеш ова, дај само малку верувај и ти во себе
И негативните работи се за споделување. Ги исфрлаш од себе и ти станува полесно. И моето сандаче е отворено за разговор, иако можеби не сум соодветната личност. Пишувај, не мора тука, каде било. Исфрли ја негативата од себе, ама не на себе. Верувам колку многу ти е тешко ама не си сама. Ти ветувам, еден ден ќе бидеш толку многу среќна и исполнета, ќе се смееш на сево ова и ќе си горда на себе. И најдобронамерен совет. Не брзај и не се концентрирај да фатиш дечко. Насочи го времето на учење и себенадградување, ем ќе се подослободиш од негативностите, ем ќе имаш повеќе знаење и искуство. Те гушкам силно
@edna_malecka Многу ми е жал за состојбата во која си, се надевам дека ќе ти помогниме. Прво да ти кажам дека и јас имав тежок момент во детството без надеж но се помина се осамостоив работа па дечко што ме цени сака се омажив и се стана поубаво, имај верба во Бог еден ден за маките што ги трпиш ќе те награди и ќе живееш среќни денови. Не знам колку години имаш, после полнолетство запослисе работи без разлика што и по некое време кредит и едно станче сама и тоа како ќе можиш да се издржуваш само упорност, позитивно. Се надевам и чекам добри вести од тебе, слободно контактирајме во порака.
Здраво, Некој ако размислува на самоубиство, може да разговара со мене. Сум поминал низ се и знам како е, и промената е тешка, но не е невозможна. Можам да помогнам со разговор и подршка. Животот е убав коклу и да знае понекогаш да биде тежок. Кога сум имал најтешки и најмрачни периоди луѓе најмногу ме избегнувале, и многу ретко или никогаш не сум добивал поддршка дури и кога сум барал од луѓе кои ми се најблиски. Ќе биде во ред. Јас сум сега среќен, а ќе бидам уште посреќен ако можам да помогнам барем на едно лице кое има вакви проблеми да му се врати желбата и енергијата за живот. Потребно е сите заедно да си помагаме еден на друг. Сметам дека нема ништо поубаво и поблагородно од тоа да му се врати желбата за живот на некој, Јас подавам рака со помош, затоа што знам како е, не сте сами, луѓето кој надминале самоубиствен период се претвораат во едни од најдобрите луѓе.
Често сум размислувала да се избришам себеси од постоење, ама мислам дека никогаш не сум западнала толку како сега. Иако мисливе ги немам долго време, за разлика од порано, кога со години ми шетаа самоубиствени мисли низ глава и си го замислував светот без мене, па дури и еднаш бев решена да го направам тоа, сепак овој период ми е најтежок од животот и не знам како да се соочам со тоа. Отфрлање, осаменост, немање мир, премногу луѓе што ми се мешаат во животот и ми солат памет, болест, ја изгубив личноста што 10 години ја сметав за сестра, го изгубив семејството, домот, а од мене се очекува да глумам дека сѐ е во ред, дека немам ниедна мака во животот, само затоа што носам уште еден живот??? А баш поради тоа не можам да глумам дека сѐ е во ред. Сакам да можев да се борам, да се изборам за него, ама не само рацете, цело тело ми е врзано. Не знам како да се борам, како да бидам силна за него.
Кога ќе дојде тој нов живот што го носиш ќе го промени и твојот свет, па и твојот живот ќе стане нов, за него ќе живееш, ќе дишеш и ќе се бориш. Ете можеби периодов ти е тежок и мрачен ама затоа Бог всадил во тебе нов живот, твое дете, ти треба да се грижиш за него и сега додека е во тебе, тој живот што го носиш треба да ти е единствен мотив и потпора во овој момент, се друго е небитно, и колку и да се давиш и да мислиш дека пропаѓаш сепак знаеш дека не си сама, во тебе има нешто што живее и расте, твојот свет го носиш во себе.
Ми треба некој за разговор, секако доколку сака. Пишувам во ова тема бидејќи многу често размислувам на самоубиство, а сакам да живеам, само сакам болката и страдањето да ми заврши, но не гледам излез. Се чувствувам безпомошна.