Еве и јас ти нудам разговор, пиши ми во лп. Инаку, треба да побараш и стручна помош. Излез и решение има, само понекогаш ни е потребна помош за да ги забележиме
На сите ви посакувам да бидете подобро, и пред сѐ, ви советувам да побарате стручна помош... Ако ви треба некаков разговор, во кризни моменти, пишете ми. Ќе разговараме, не сте сами и ќе ви биде подобро, сигурен сум. Верувајте во себеси и не ги сфаќајте вашите мисли пресериозно, мислите доаѓаат и си одат, вие останувате. Ве сакам сите!
Животот понекогаш не става на патеки на кои има мн искушенија, но верувај за се може да се најде решение колку и тоа да звучи лесно и клише. Размисли подобро. Престани да мислаш на проблемот а почни да го бараш решението. Престани да бидеш слаба.Самоубиството не е решение за ништо и за никого. Сум била на самото дно но секогаш сум барала начин да ги дофатам звездите. Само позитивно!
Не, не ги разбираш. Шо и да е, ќе помини само остани силна и издржи. Некогаш речи си до кога ќе ме тепа животот, дали ќе му здосади и живеј го животот на ваков или таков начин! Сум бил на дното... и подолу.
Зошто? Точно сите имаме периоди во животот кога работоте не одат како што сакаме ние, но и тоа треба да помине еднаш за секогаш. Само не го заборавај ова... Господ тебе ти подарил живот, од толку многу луге кои ги губат своите животи. Господ одлучил ти да се родиш и да живееш. Цени го тоа А и постои решение за секој проб. Посети психијатар можеби ке ти помогне на некој начин. Мислев да го направам тоа но на крај јас одлучив да бидам силна и да ги поминам сите тешкотии во животот...
Знам дека ти изгледа полесно. Ама не е. Некогаш е мачно да живееш, ама пак смртта значи крај на се'. Никогаш повеќе нема да ги видиш оние кои ги сакаш, никогаш повеќе нема да видиш изгрејсонце/зајдисонце, никогаш повеќе нема да водиш љубов, никогаш повеќе нема да пливаш во море, никогаш повеќе нема да се изнасмееш на глупоста на луѓето, никогаш повеќе нема да прочиташ книга/изгледаш филм/слушнеш песна, никогаш повеќе нема да се дотераш/нашминкаш, никогаш повеќе... Ништо. Не сакаш да е така, вервај ме. Иако на моменти сакаш да прекини се'. Во последниот момент, ќе ти биде жал оти е крај.
Сум помислувала на ова ,порано. А и сега понекогаш.... Ама секогаш баш секогаш си наоѓав причина за да се живее ... И секогаш има ,само треба да се размисли подобро
Што мислите, кој е најсигурен начин за самоубиство според вас? Ама 100% сигурен, каде што шансите за преживување се 0%, да не испадне после поголем проблем ако не успее.
Најсигурен начин ти е да посетиш психолог. Верувај, самоубиството не е решение. Можеш да ми пишеш ЛП, тука сум за разговор.
Замисли да е 100 посто успешно и „безболно“ за тебе. Што е со луѓето што те сакаат? Прашај се тие како ќе се чувствуваат. А сигурно има такви многу, сигурен сум.