Не е тоа решение, јас разбирам дека имаш проблеми нно кај никој не е мед и млеко. Побарај психијатар , или пиши ми ЛП ако не ништо друго можам да те утешам со некој совет
Прво ќе отвориш компјутер, ќе нагодиш локација и ќе отвориш гугл да пребараш каде во близина имаш најблиску психијатриска ординација... Од кога ќе најдеш, ќе запишеш број и во прва можна прилика ќе се јавиш да закажеш термин... Нема да те убие 100%, ама ќе го убие она што те тера да мислиш дека самоубиство е решение.
Јас и да сакам ова да го направам не можам никако, ниту па сум имала храброст никогаш за вакво нешто. Јес ми доагало до степен да не ми се живее, не викам не, сум прошла низ многу работи тешки во животот, и упорно сум пагала многу пати исто..Сум се предавала, имала депресија, тешки периоди, али ете пробував секогаш на секој можен начин да издржам во сите бури најтешки што ми се случиле и што ми ги дал животот. Не сум знаела како и да си помогнам, али знам дека тоа да се самоубиеш не е решение никако..Едино во најтешките ситуации можеме највеке само самите да си помогнеме, али јас и тоа не го можев искрено..Бев слаба личност а никогаш не се знам ваква да сум била. Не памтам..Ама ете тешкиот живот и проблемите ме убија мене и беа појаки од мене..Само верба во господ имам и знам дека он е секогаш тука за мене да ми го покаже правиот пат
Дали вреди да се живее ваков празен живот? ниту друштво имам, ниту некогаш сум го имала, цел живот сум сама, дечко никогаш не сум имала, факултет се запишав беше лесно но не ми се учеше се отпишав, работа немам, животот ми е седење помеѓу четири ѕида и да почнам да зборам со некое машко не трае повеќе од 10дена плус кое машко сака ваква како мене , капак на сето тоа сум анксиозна, навистина не знам дали некој има попразен живот од мојот ако е ова воопшто живот, се срамам од самата себе јас сум ништо, колку пати се срамам од тоа да кажам дека никогаш сум немала дечко, немам ни храброст да си ги скратам маките што е најтрагичното
Колку и да изгледа црно во животот и се чувствувате осамени, не помислувајте да го направите тоа што зборувате. Еден ни е животот да пробаме да го живејме на ваков или таков начин. Не си сама еве пример Старк, па и некој друг ќе ти пише, поразговарај... Застани пред огледало и речи си од денеска ќе се сакам себе си и ќе вложам се во себе. Почни со основни работи и поставувај си цели, дневни, месечни годишни што сакаш да постигниш....
Зошто не пробаш да ја смениш состојбата на позитивно? Велиш животот ти е седење меѓу четири ѕида. Смени го тоа: активно барај работа, не само да велиш немам. Ако не сакаш факултет најди друго место каде што ќе вложуваш во себе. Тоа вложување не мора да е нешто големо, можи да биди читање книга, вежбање, трчање, нешто што ќе те исполнува. Делот со дечкото, не е најважно да го имаш, се' во свое време. А доколку си позитивна, доколку имаш хоби и активности за кои ќе разговараш, уште полесно ќе ти е да го најдиш, да имаш нешто заедничко со некој. Доколку одиш на места, побрзо ќе го запознаеш. Многу разбирам кога немате желба да станите од кревет и да превземите нешто, потешко е да се убедиш отколку да го завршиш. Ама кога проблемот е немање ова, немање она, решението е да станиш и да си го земиш тоа. Не ти пишувам само тебе, зборувам општо бидејќи и јас имав такви периоди. Зграбете ја секоја шанса која ви се пружи, па макар и со сила, еден ден промената сама ќе си дојди. И пак општо за сите: дечкото нека е последен на листата работи кои ме прават среќна.
Животот е една постојана борба, не постои совршен живот, верувајте, сите ние треба на сабајле да станеме и да го започенеме денот со нови сили без разлика како завршил претходниот. Позади завесите ништо не е така како што другите не перцепираат.
@Ugly Duckling ти благодарам за одвоеното време, се согласувам со се што напиша, ама некои работи требало така да бидат, одамна престанав да се надевам дека нешто убаво и на мене ќе ми се случи, можеби не заслужувам не знам, се навикнав на самотија , изгубив желба за се , ниту имам емоции за нешто, станав тотално рамнодушна на се што ми се случува, не сакам луѓе што се жалат, бидејќи јас самата во живо сум многи весела личност а секоја вечер плачам. Во однос на дечкото, јас се гледав со него, како што веќе напоменав ми е срам да кажам дека сум немала дечко, со него требаше да биде нешто, но како што напоменав доста ладно се однесував поради мојата анксиозност и панични напади, често и без причина понекогаш знам да плачам а за тоа со никој не сум зборувала, бидејќи знам дека ќе ме гледаат како луда, со години го имам овој проблем извинете на одземеното време, ви посакувам никогаш да не доживеете да немате желба ниту надеж за живот, без разлика колку и да се трудите да бидете сами покрај милијарди луѓе и никој да не може да ве сфати. Фала и на негативнните коментари, се извинувам уште еднаш
Секој заслужува нешто добро, ќе го доживееш и ти, кога најмалку очекуваш. До тогаш посвети се на себе, почни од некаде, поработи на тоа да си ја вратиш самодовербата, најди некое хоби. Првиот чекор секогаш е тежок ама после полесно е. Сум се борела против анксиозност, многу добро знам како ти е, не сум имала желба за живот ама успеав да се изборам. Еве не знам како ама успеав. Ако сакаш, пишај ми лп. ќе позбориме.
Во моментов сум на многу темно и хаотично место, ситуацијата со пандемијата си го одигра своето и ми ја влоши дополнително депресијата и анксиозноста.. Суицидните мисли ми се се почести но не сакам да се предадам, а истовремено сум толку преморена од борба. Се изморив и од животот кој го имам и давам се од себе, се трудам пренапорно да го сменам, да постигнам нешто од себе и да се издигнам, да бидам онаму каде што сакам. Но, тешко е без ничија поддршка, без ничие разбирање. Морам сама. Тенка е линијата од откажување, мислам дека потенка не ни била досега. Успат пораката од сликава сакав да ја споделам со оние што можеби се наоѓаат така доле и не гледаат излез.. Се надевам ќе успеам да се изборам, сама..
Здраво, дали има некој онлајн за муабет? Немам suicide thoughts ама на многу темно место сум ментално, немам со кого да зборам, го влечам ова со месеци и станува полошо секој ден. Help?
Сум била во ситуации каде што сум помислувала на самоубиство,но секогаш си велев кога е најтешко треба да се издржи, али за жал еве јас често се наогам во такви ситуации, и се прашувам ќе огрее ли сонцето и над мојата глава некогаш? Пиши ми слободно
Пиши ми. Ќе огрее, само биди трпелива. Се' ќе помине. Ќе живееш преубав живот. Овие лоши денови ќе останат во минатото.
Дечкиии фала ви на сите што пишавте. Само сакам да кажам дека ако некој поминува низ било каков период, значи било каков проблем и да има, овој форум е правата ствар, секогаш ама баш секогаш има некој на кој му е гајле, кој ќе ве ислуша и ќе ви помогне, само заради тоа што околниот свет можеби не ве сфаќа сериозно кога ќе кажете дека имате проблем или можеби не можете да искомуницирате и да побарате помош, не значи тоа е целосната реалност. И не постои мал или голем проблем. Океј е ако нешто доживуваме премногу емотивно. Многу кул луѓе запознав тука и фала ви уште еднаш, животи спасувате
Ги имав анксиозноста и депресијата,дури ми ги дијагностицираја и ми ги влепија в лице ти имаш ова ми рекоја сега сакаш сама да се справиш или помош да бараме. Како да не знаев што ми се случува како да отидов таму да ме жалат а не да ми помогнат. Си заминав од таму разочарана, не треба никакво очекување реално те прават ѓубре и што ако имаш депресија што ако се плашиш сама си правиш веќе 7-8 години. 4 пати имав обиди за самоубиство се што гледав е болката на моите родители. Никогаш нема да го оправдам тоа што сум го направила, и никогаш нема но тоа е момент на темнина момент без размислување без чувства. Откако започна пандемијава знаев што ќе се случува дома и сето тоа но можам да кажам дека веќе една година немам никаков обид, започнав да се борам со тие мисли. Само се плашам да не ме нападнат тие мисли пак...