Кои тие, и каде е таму? Ептен лош пристап кон твојот проблем, стварно ми е жал дека си поминала низ ова. И мило ми е дека пандемска година успеваш! Под претпоставка дека тие и таму е одреден терапевт, си размислила ли за одење кај друг? Комбинација на психијатар со терапевт- психолог можеби? Поддршка во вакво време ни треба на сите. Се најдобро.
Државна болница... Реално гледам дека сама можам да се справам имам пробано да ама полошо ми е се осеќам напнато како да морам да им кажам што ми е и подобро е вака кога си се справувам сама, требаше години за да научам како да се справувам при секој напад во секое време, сега е многу подобро. Благодарам, чувајте се сите
Навистина ми е жал. Сакам да ги држам на државна на високо зошто има квалитети навистина ама некогаш не се доволно заинтересирани и то е тажно. Ако имаш услови оди приватно. Божилак спаѓа под Психомедика и имам пријател многу задоволен од таму. Видов на профил дека ти пиши Битола зато давам вака специфично. Под Кеопс се наоѓа.
@Зегзи Што се случило се случило, добро што си извадила поука од тоа дека самоубиството не е решение. Поминало, се ќе биде во ред, биди силна. Ако не се чуствуваш пријатно да разговараш со психолог, разговарај со некој кој ти е близок, не чувај се во себе.
Последно бев онлајн со психолог од Скопје ама сега имам други трошоци и се обидувам што повеќе сама, заради пандемијава се е поскапо...
Мм, разбирам вервај. Жално е дека сите користат вака. Исто разговори.мк, блиска личност и доста квалитетна е таму и зато вервам и во нивниот квалитет.
И тоа беше проблем да разговарам. На сето ова му требаше време. Сега дури сфаќам што се ќе изгубев... Паа да реално се обидувам ама ќе успеам се надевам за брзо
Не е тоа начин ни решение, колку и да ти е тешко во моментов и да мислиш дека е без излез, верувај не е така. Се се решава и ќе помини!
Има лек. Не секогаш е лесен да се најде ама има. Најпрво појди на разговор со психолог. Секако ништо не губиш. Ако стагнираш сега, периодов, не значи дека така ќе остане стално. Промени постојано се случуваат, а ти секако дека ќе се прилагодиш. Психолог најдобро ќе ти помогне како да го направиш тоа. Дали имаш разговарано до сега со некој за тоа како се чувствуваш?
Животот секогаш заслужува шанса,ти заслужуваш шанса,не една туку многу шанси. Твојот живот е дар,ти си дар затоа чувај го дарот и немој сама да го уништиш. Бори се за него ќе успееш. Запомни ти си капетан на бродот,твојот брод(живот) Ќе помине бурата на немирното море,ќе огрее сонце и брановите ќе се смират,најважно е да издржиш до крајот. Како што кажа членката посети психолог,ќе ти помогне и олесни. Медитирај прави нешто што би те опуштило бар малку Биди јака и што и да е ќе помине (Извини за мрчењево)
Секој добар психолог би ти помогнал да ги погледнеш работите од друга перспектива. Некогаш за да излеземе од темно место, потребно е само да го "репрограмираме" мозокот и да ја смениме перцепцијата што ја имаме за работите. За тоа се стручни, да ти помогнат да го направиш тоа. Како реагираа? Претпоставувам не било стручно лице?
Еве јас, со искуство. Психолозите помагаат со разговор, полека насочвање на то ти шо не можиш да го видиш при бурна состојба, па полека, заедно, во темпо шо ти одговара да најдите решение. Ова на малку подолго, на кратко, да, психолозите помагаат со разговор и длабоко препорачувам ако се чувствуваш на начин на кој се чувствуваш. Ќе биди во ред, не е срамота да побараш помош. Имаш терапевти на приватно, терапевти кај кои можи да те прати матичен, исто и апликации како разговори.мк каде сама одбираш кај кој ќе одиш и се се одвива по телефон ( пишана форма последно ко проверив, со најава за телефонски). Се најдобро!
Super reagiraa, znaci ocekuvale takvo nesto od mene. Sekako soveti za toa deka treba da mislime pozitivno i deka se e minlivo i da zivotot e ubav takvi stvari...
Да, за жал тоа е типичен одговор што ќе го слушнеш од лаик. Знам дека делува крајно игнорантно таков одговор, ама не мора да значи дека не се грижат за тебе. Толку знаат. Затоа мој совет е да поразговараш со психолог. Да, ти кажувам од искуство, од некоја што сакала (и понекогаш уште сака) да се самоубие. Ама навистина ситуацијата се менува, колку и да не ти звучи веројатно тоа. Нема се да се промени магично преку ноќ, ама станува подобро со тек на време и соодветна терапија помага.