Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самохрани родители

Дискусија во 'Брак' започната од TinaK, 28 јануари 2010.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.915
    I ja go citav zakonot,i advokatot istoto mi go go objasni ...
    Postapkata e vo tek,cekam resenie za s.penzija.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Мислам дека не е лошо да се провери темава подобро и да се разгледаат мислењата од 2013, 2012 и.т.н. на одредени членови кои се потсмеваа тука. Едно зборувале тогаш, сега друго говорат. Очигледно е дека голем дел од нив сè уште појма си немаат многу работи и се губат во превод за многу работи. Па има и такви кои прашувале дали родителот плаќал алиментација. :)

    Темата ви е отворена и можете слободно да ја разгледате, да цитирам тука и да посочувам тука со прст директно не мислам.

    Само нели, на форумов е во „мода“ да се зборува сè и сешто само да се соберат лајкови.
     
    Последна измена: 29 јануари 2018
    На eli25, galapce, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Жално е што има многу самохрани родители( се повеќе) , што од разводи а незнам за вас ама имам многу од мојава блиска околина за жал починаа млади и оставија мали дечиња што нема ни да се сеќаваат на нив:(
    И зошто ниедна партија не ги става во план?
    Женава од моја фамилија (т.е млада жена од 28 год) со 2 год детенце е. Нејзе не ја следува пензија и дури после 2 год се вработи и во меѓувреме мораше да го продаде фамилијарниот бизнис од мaж и кој и те како одеше за да се снаоѓа место да го наследи детенцето :(
    Срам за државата , мизерија
     
    Последна измена: 29 јануари 2018
    На SummerGirl, LiliBoz, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  4. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Прво, не мора да има минимум 15 години стаж,туку најмалку 5. Второ,наследниците имаат загарантирана минимална пензија која во моментов изнесува околу 8500 ден. Доколку се пресмета семејна пензија пониска од овој износ,се исплаќа минималната.Сега доколку починатиот имал повеќе стаж и високи придонеси нормално ќе има висока пензија можеби и максимална. Значи на никој не му се исплаќа пензија од 2000-3000 денари.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и eli25 им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    Значи мене од Февруари 2012 до Февруари 2015 ми се исплаќаше нешто повеќе од 1500 денари.

    Значи, пензијата се пресметува според стажот и годините. Со тоа што мајка ми остана невработена неколку месеци пред татко ми да почине па на сите тројца ни следуваше тој надоместок односно неговата пензија. На решението пишуваше дека од пензијата по нешто повеќе од 1500 ден се за мене и брат ми. Како се надрасна старосната граница така ги кратеа.

    Во случај мајка ми да работеше, можеби надоместокот за мене и брат ми ќе беше и поголем и веројатно таа пензија ќе одеше на двајца место на тројца. Ако е така, ондак е крајно дискриминирачки.
     
    На SummerGirl, galapce, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Поентата ми беше дека тоа не се проблеми со кои се соочуваат исклучиво самохрани родители, туку повеќето жители на земјава, генерално.

    На пример, големи се шансите жена (без разлика дали е немажена, мажена или самохрана) да добие неумесни коментари и непристојни понуди на интервјуто за вработување или на работното место, сеедно. Што апсолутно, апсолутно не е во ред. И апсолутно претставува проблем кој државата треба да го реши – но сексуалното вознемирување не е проблем кој екслузивно се однесува на самохраните мајки.

    Истото важи и за бесправното отпуштање од работа – затоа што сум сигурен дека она што ѝ се случило на женава не е законски – исто како и проблемот со станбеното прашање. Сите овие работи се сериозни проблеми со кои државата треба да се позанимава многу сериозно, но не од аспект на ствари кои ги засегаат само самохраните родители, туку на нешто што претставува генерален проблем во општествово.

    Не спорам дека набројаните проблеми потешко ќе се одразат на самохран родител отколку на некој во брак – поентата ми беше дека кога ќе се решаваат истите, треба да се решаваат за сите жители на земјава (затоа што и ги засегаат сите), а не само за одредена група на луѓе.

    Проблеми кои исто така постојат, а се однесуваат исклучиво на самохраните родители се, на пример, поделбата на имотот после разводот и (не)плаќањето на алиментација од страна на таткото на детето – и ова се навистина озбилни работи (често предмет на малверзации) на кои државата би морала да обрне повеќе внимание.

    И да расчистиме, јас не сум од оние кои сметаат дека за да се реши еден проблем прво треба да се реши некој друг – не викам „Е како не, бездомни кучиња ќе згрижуваме, глеј колку бездомни луѓе има по улициве“ или „Е да бе, социјални станови на самохрани мајки ќе сме давале, види колку луѓе у брак немаат кај да живеат“.

    Не. Сите проблеми кои постојат во општествово се важни, имаат своја тежина и треба да се работи на решавање на сите – интензивно, паралелно и по можност, што побрзо и поефикасно.

    Апсолутно ја поддржувам иницијативата за давање поголеми права на самохраните родители и за носење закон за нивна заштита. И сум за тоа самохраните родители да се организираат и да си ги бараат правата – преку здруженија, организации и државни органи и институции. Зашто во државава ако сам не побараш, никој друг нема да се сети сам да ти даде нешто.

    Само сакав да посочам дека проблемите кои беа наведени во првичното мислење од кое произлезе целава дискусија се проблеми кои ги тангираат повеќе или помалку, сите жители на земјава, и кои, кога државните органи би функционирале нормално и законите би се почитувале доследно, не би ни постоеле – ниту за самохраните родители, ниту за било кој друг.
     
    На CameliaMiller, galapce, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Во врска со тие социјални станови кои ги даваше претходната власт би сакал да напишам нешто. Тоа што направија згради со цел да делат социјални станови за загрозените лица е за поздравување и тоа беше добро, ама не беше до крај изведено како што треба. Гневот на жената го разбирам донекаде. Работата е тоа што во оваа држава добија луѓе кои имаат куќи и друг имот социјални станови. И ние познаваме лично неколку случаи. Така да донекаде револтот на жената и барањето ѝ го разбирам зошто во државава станови добија и добиваат луѓе кои воопшто не треба да добијат стан. Ќе речете има комисија не е можно ова, она, во оваа држава сè е можно ако го имаш вистинскиот човек да ти ја заврши работата. И затоа ѝ го разбирам револтот и барањето за стан. Значи според мене требаше тие станови да се даваат на сите лица кои се загрозени а не на партиски војници и луѓе со среден имотен статус.

    Луѓе, многу работи се случуваат во државава за кои не сте свесни (ако ништо друго тие кои живеат надвор, без навреда).

    Тоа што има по десет души во една установа и седат и ништо не работат а јадат државни пари треба да ви е доволен показател за тоа дека во државава многу трули работи се случуваат.

    Правен систем реков, тука нема, без разлика тоа кој е на власт. Ние сме далеку од некаков си правен систем.

    А не беше редок и случајот да овие да бараат секс од жени за да им завршат работа. Ова говорам за тие кои беа задолжени за доделувања на станови и сл.
     
    На JuLleE, Someonespecial, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да испадне недоразбирање,но ќе се потрудам да појаснам.Тој надоместок е семејна пензија и изнесува 70% од износот на пресметаната пензија на починатиот.Секој нареден член добива плус 10% .Во Вашиот случај бидејќи мајката е невработена има право на семејна пензија и и припаѓа 70%+10% за едно дете+10% за уште едно дете.Значи вие сте примале 90%. А ова со надраснување на старосната граница не го разбирам,затоа што износот се намалува само доколку на некој член му престанува правото,односно престанал да се школува и со тоа пензијата се намалува за 10%. Доколку се школуваат децата имаат право на пензија до 26 години.
    Износот можеби бил помал но пак се исплаќала минималната пензија која во 2012 мислам била околу 6000 денари ,но не сум сигурна.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    36.613
    Пол:
    Женски
    Пензија се зема до најмногу 26 години, доколку детето студира. Се укинува доколку има прекин во студирањето. Ако завршиш средно и не се запишеш на факултет истата година, можеш да се простиш од пензија. Тие што примаат пензија не се ослободени од никакво плаќање, дури ако живиот rодител е невработен. Доколку децата се малолетни, пензијата стига на име на живиот родител. Доколку едно од децата е полнолетно, тогаш стига на негово име. Ако родителот е невработен, и он има право на пензија.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Јас го кажав истото,починатиот треба да има стаж од најмалку пет години за да може да се добие семејна пензија. Исто пишав дека користиш доколку се школуваш никако поинаку.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    36.613
    Пол:
    Женски
    Лошо е што децата во тој случај не се ослободени од плаќање за студирање. Ова во случаи доколку родителот е невработен или зема мала плата.
     
    На redmama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Најинтересно е на темава што има луѓе кои имаат примања до плафон (и цело време кукаат по темине како е животот тежок) ама кога станува збор за некој што земал мала пензија и тоа како самохран родител со истрауматизирани деца тоа е проблем, за повеќето. :)

    А мнозинството самохрани родители велат дека имаат мизерни примања.
     
    На SexiLy, zalosna, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски

    На решението стоеше и пензијата која би ја земал татко ми доколку дочекал пензија, ние земавме нешто повеќе од половина од таа цифра, но не 90%. Сеуште тврдам дека во наш случај имаше еден куп неправилности, ама немав каде да се обратам и жалам.
    Околу надраснувањето, тоа беше во мој случај, затоа така се изразив. Ја влечев магистратурата и 2 испита, ама плус и работев онлајн по цела ноќ и навистина и да сакав да завршам со факултет порано не можев, зошто бев преморена за било што друго.
    Брат ми од друга страна, имаше не памтам точно колку % попуст на факултетот каде јас студирав како второ дете. Но тоа беше политика на универзитетот. Сепак тој го прекина факултетот и надоместокот му прекина исто така.
     
    На SummerGirl, Someonespecial, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. redmama

    redmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    396
    Пол:
    Женски
    Законски толку ви следувало,значи во вашиот случај треба да е 90%.А зошто не било така и за неправилностите не би да навлегувам зашто знаеме како функционира се. Додека право на жалба сте имале на тоа решение доколку сте сметале дека постојат неправилности.
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    DAB6E861-DCC1-4CE5-B6A7-D16846DC0C2B.jpeg


    сепак даваат стан на самохрани мајки :)
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    Се се сака ако се може.
    Имав точно 14 години кога се вратив пак кај татко ми, мојте се разведени веќе 8 години. Татко ми спаѓаше тоа време во самохрани родители, никогаш не се потпре на државата да бара помош или да му смета нешто, секогаш можеше да пруже колку-толку. Има исто така многу самохрани родители што имаат повеќе деца, но има случаеви што сум видела премногу разгалени дечишта со еден родител, ако ви е тешко, не го навикнувајте тоа дете на пари, научите го да биде благодарно на колку-толку. Сепак ова е Македонија, во Германија се други условите, не можеме да ја споредеме оваа држава со другите, барем тоа го сфатете.
    А исто така и не можам да ги разберам оние самохрани родители, кој имаат пари и сепак тражат од државата само затоа што се самохрани со две деца, до толку ви се битни тие пари што не можете од свој џеб да одвоете за тоа дете па ви е потребна државата?
     
  17. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Ako ima pravo zosto da ne ??
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    И да би имала право, ако еден ден имам деца и останам самохран родител, пак не би ги земала тие пари.
     
  19. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Ok chupe ti ne bi ama zosto drugite sto sakaat i im sledovaat tie pari zosto da ne gi zemat?
     
    На Someonespecial, Lolipop23, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    36.613
    Пол:
    Женски
    После смртта на мајка ми, татко ми поднесе барање до Фондот на ПИОМ за да ни следува семејна пензија, Татко ми земаше голема плата и тие пари не ни вршеа никаква улога. Можеше и без нив. Ама зошто да ги остави парите други да си трошат? Барајте си ги правата.
     
    На mime87, CameliaMiller, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.