Во случај на смрт, ти не земаш пари од државата, ти т.е. децата твои ја земаат семејната пензија, за која твојот маж работел најмалку 10 години (по автоматизам, држава или приватен газда плаќале придонеси, меѓу кои и оние за пензиски фонд). Ти ако веќе толку сакаш, земи ги парите од државата, па подари ги или донирај ги. На многу луѓе им треба помош, особено на оние родители кои собираат пари за операција или лечење, па твоите пари ке им бидат добредојдени. Ако ти не ја земеш таа пензија, државата нема да му ја додели на друг.
Со 100% сигурност следува пензија од починат родител до 18, односно 26 години ако детето студира. За тројца многу блиски знам. Еден земаше 9 000 (единствено дете, но таткото имаше подолг стаж, околу 20 години) и до дипломирање земаше пензија. Другите двајца исто, но земаа околу 6 000, браќа се. Тогаш минималецот на пензија беше околу 6000. Е сега. Гратис станови - не. Искрено, ќе се омажам и ќе се разведам како што кажа @Cka и засекогаш ќе бидам во врска со бившиот. Прифатни центри за оние кои немаат кај да одат - да. Ослободување од плаќање на разноразни придонеси и услуги - не. Ригорозност према родителот кој треба да плаќа алиментација - апсолутно. Ако не може да плаќа, игра жмурка, земи му се'. И куќа, и кола. И дај ги на бившата која е носител на старателството, односно на владеење додека да порасне детето. За живиот родител кој не го чува детето нема "милост". И неговата обврска према тоа дете е поголема од обврската на државата. Ова се однесува на самохрани родители кога се живи двајцата родители. Државата не треба гратис да дава, туку да затегне кај тој што е над законот. За оние кои чиј сопружник е починат. Попуст секаде - здравство, градинка... итн. Флексибилно работно време. Па и скратено. Пензија за децата без оглед дали работел починатиот. Децата не се виновни што не работел. И да не работел, минимална пензија. Нема логика на гратиси зошто е некој разведен. Во тој случај никој не би имал поента да биде во брак. Зошто да се малтретирам во брак да ѕидам, градам, плаќам, ако ми е бесплатно како разведена? И познавам таков пример од прва рака во развиена европска земја. "Бившите" сопружници се разведоа, таткото се пријави на друга адреса. И' плаќа алиментација, ама таа има безброј поволности како "самохрана". "Бившиот" си живее со неа и децата, најнормално семејство. Далеку од сиромашни се, двајцата со високи примања, над просекот. Ама зошто е таа нели "самохрана", заштедуваат квалитетен одмор годишно. И да бидеме искрени, кој не би играл така? Зар има некој луд да плаќа 30 години кредит за стан само затоа што е во брак? Инаку, околу бидувањето и маж и жена... Тоа пари не можат да го купат. Но и сме сведоци сите тука, дека џабе е да имаш сопружник, ако е болен или е алкохоличар на пример. Не само што не е од никаква помош, туку за првиот сама треба да најдеш пари за лекување, да си и маж и жена, да се грижиш за него како плус уште едно дете... а за вториот кај не можеш на крај да излезеш со тие 200 евра и сите обврски дома и надвор од дома, треба да се плашиш дека ќе те потепа и тебе и деца за ракиичка. На самохраните не им е лесно, не се оспорува тоа. Ама дека се пожртви во однос на останатите загрозени семејства, не се. Затоа е многу важно да се направи дистинкција помеѓу самохран родител кој заработува 500 евра месечно и друг кој заработува 200, помеѓу таков што има кров и таков што нема. Самото имање на партнер не значи по дифолт дека е "полесно". Посебно разведените ваљда треба тоа да го знаат.
Како може да им е тешко на оние што имаат високи промања. Едно е да имаш примања од 700 евра. Тоа не можам да го сфатам. А многу ги има такви. Што да кажат оние што работат за минимална плата? Само за сметки одат пари. Во тие случаи семејната пензија и тоа како е потребна. Тие пари ги трошата децата. Има многу што заради немање финансии не одат на факултет па со тоа им се губи правото на пензија. Никогаш не сум жалела дека ми требаат пари. Од платата на татко ми добро живеевме. Ама мајка ми не работеше за некој од државата да си ги лапне парите. Има голема разлика помеѓу самохрани разведени родители и самохрани родители како последица од смртен случај. Ова второво е многу поболно. Особено ако децата што останале без родител се мали. Тешко е сам да гледаш деца додека растат. Во тие моменти многу е потребен другиот партнер. Треба многу да се жртвуваш.
Тоа ми е муабетот. 1 родител со 500 евра примања е во предност пред 2 родители и двајцата со по 200 евра примања. И секако е голема разликата кај починат родител (државата треба да го замени) и жив родител (државата треба да го присили, во случај да не сака да си ги исполнува обврските).
Убава вест Спојлер: Интервју со Мила Ц http://www.fakulteti.mk/news/18-02-...vrabotenite_kje_dobijat_trajni_reshenija.aspx
Zdravo, znae li nekoj da mi kaze koga ke ja pustat postojanata paricna pomos(potocno za samohran roditel) blagodaram☺️
Ослободен си од плаќање партиципација за факултет само ако двајцата родители ти се починати. Пензија следува до 26 години за починат родител с потврда дека студираш.
@stetoskop деца со еден жив родител може да плаќаат пола партиципација. Ама доколку родителот зема мала плата. Не знам колкава треба да биде сумата. Зависи до факултетот. Јас плаќав пола партиципација. Ама треба молби и триста чуда.
Целта на темата ми е да размениме искуства на самохраните мајки и случките од животот. Колку и како сте прифатени од околината? Што кога продолжувате понатака со животот? Како е прифатено вашето дете од новиот партнер? Јас сум самохрана мајка на 3 месечно бебче, маж ми почина во сообраќајка. Со оглед на тоа што сум многу млада гледам да живеам колку што можам понормално највеќе заради детето, затоа и ме интересираат искуства на повозрасни.
A dobro, sto se slucuva so tie semejstva toest deca so eden picinat roditel koj cel zivot rabotel kako magare ama ete nema penzuja oti roditelot ne rabotel drzavno iako taa rabota koja ja rabotel bila sto pati poteska od taa drzavnata, iako ja krsel kicmata ko magare.... Za niv zakonski nema nikakva penzija....sto so vakvite semejstva....?
Мајка ми работеше приватно и на мене и сестра ми ни следуваше пензија. Ако се плаќани придонеси и ако родителот имал 15 години стаж, тогаш децата имаат право да наследат пензија. И јас се прашувам што со оние деца на кои не им следува пензија??? @detelinka123 татко ми е самохран родител. Напорно му беше да не изгледа мене и сестра ми. За мајка е тешко да изгледа деца, ама за татко е уште потешко. Не се прежени затоа што ние му бевме на прво место. Искрено, ако на мене ми се случи нешто такво (Не Дај Боже), не би се премажила. Не би сакала децата да имаат друг татко. Би имала дечко колку за дружба.
Здраво. Дипломиран студент сум а земам пензија со тоа што потврда приложив во септември, а дипломирав октомври. Потврдата важи за цела година. Сега во септември ке се запишам на 13ти,а пријавувањето е на 29ти август. На 5ти септември земам пензија. Значи на 13ти ке можам да доставам нова потврда. Дали би имала проблем со земањето пензија во септември? Знам дека доколку во октомври не приложам ке ми ја прекинат, еднаш на грешка адреса ги беа испратиле.... секогаш во септември приложувам... Ви благодарам
Охоо колку е полесно, доволно е што има две плати. Станува збор за Мк каде што татко плаќа алиментација највисока 3000 ден. Еден родител и да работи и да зима 20000 пак е малку. А колку не плаќаат алиментација. Целиот товар е на едниот родител. Со едно дете е тешко, а каму ли со две или повеќе. Самохраните родители треба да имаат некои привилегии особено оние кои имаат послаби примања. Партнер до себе значи многу. Но добро, вака теоретски сешто може да кажеме, се додека не влеземе во тие чевли. Ама никој такви чевли да не облече.
Ооо колку старо мислење. Ако е партнерот пијаница, наркоман, коцкар, насилник... па и ете, болен од тешка болест... како е полесно? Тоа е муабетот. Во теорија е полесно. Не е секогаш така... ако е некој со партнер не значи дека партнерски одгледува дете.
Во претходното мислење имам образложено. На истава страна е. Пијаницата/наркоманот, покрај своите, и парите на партнерката ќе ги троши за својата зависност. Болниот човек ќе има потреба од скапи лекарства. И јас мислев на финансискиот дел.
Некои станале самохрани родители,токму поради такви,какви што ги наброја,зар би седеле во таков брак.За болеста веќе е друга работа,не дај Боже,може било кој од семејството да го задеси,не мора партнерот.Јуле мислела за нормална ситуација,нормални луѓе,услови.