Колку си само во право за ова. Таткото на моја другарка нема денар дадено за неа и брат и. Зошто? Од инает кон мајка и. Повредено му било егото што жена му се развела од него. Безобразен. Што родител ќе беше. Да не се замара дали детето има што да јаде. А мајка и со мала плата. Срамота е жив родител да не се грижи за сопствените деца. Исто како да го немаш.
Инает ги фаќа. Или се под влијание на втората сопруга. Има и такви. Како може да дозволат некоја друга да им кажува за неговите деца. Идиоти. За таквите немам убави зборови. Мислат дека ако дале 3 000 денари алиментација се надминале себеси. А со тие пари што попрво да направиш. Ни за храна за детето не се доволни. А на службите им е гајле. Ќе ти речат - Тужи го.
Моја колешка редовно тужи 2 пати годишно и редовно добива. Ама раатот скроз го изгуби засекогаш. Не ми се јасни ни мене како спијат мирно. И втора жена да е и трета да е, таа нормална ли е за дете да не се грижи бе.. За сѐ имам разбирање во животот. И некој да згреши, и некој да прај нешо шо ете друг би го судел за тоа.. Ама за ова нема никогаш да имам разбирање.
А што да кажеме ние на кои едниот родител треба да ни го замени државата? Си кажувам дека 3 000 денари не вредат. Од искуство. Колку ли само мајки има кои немаат финансии да тужат. Секоја чест за оние кои се грижат за своите деца.
Уште како дете не можев да ги разберам таквите родители. Ако може така да се наречат. Да имаш родител...исто како да го немаш. А јас навистина немам родител. Да не ти е гајле за детето, да не му купиш подарок за роденден, да не се замараш дали има нешто да облече, дали има прибор за во школо, дали има играчки..... И сето тоа само за да тераш некому инает. Не ти давам пари за детето. Па тоа дете е и твое дете. Она сама сигурно не го направила. Понекогаш си размислувам дека се спасиле жените од такви скотови.
Апсолутно се спасиле. Таа како мајка ќе издржи дур порасне детето, ама животот мизерија, ради што!? Ради кој!? Се надевам кармата е свесна за ваквите луѓе.
Ќе им се врати сето тоа. Пример за другаркава. Мајка и е изнамачена жена. Сама изгледала две деца, со една мала плата. Заглавена во долгови. Со минимална помош од нејзините родители. Баба и дедо повеќе се замарале отколку нејзиниот татко. Таков родител не заслужува ни презимето да му го носиш, а ни татко да го наречеш. Имаат пари за кафани и за к*рви, а немаат за сопствените деца. Дно дна. Многу се револтирам од вакви приказни, иако во мојот случај не се работи за развод.
Дали знаете кои се условите за детски додаток за самохрани родители кога едниот родител е починат? И дали ако се одобри детски додаток се укинува семејната пензија?
Оди во центар за социјални грижи, ќе ти дадат барање за д.додаток, и ќе ти кажат што документи треба. Ако се децата во школо, и образовен додаток ги следува. Не се секирај пензијата не се укинува
Прв пат слушам за детски додаток. Јас земав семејна пензија. Таа следува ако одиш во школо. Барање за семејна пензија се поднесува во Фонд на ПИОМ.
Јас кога зимав пензија од татко ми, не смеев никакви други примања да зимам. Ниту кретид на факултет не смеев. За стипендија не знам, не прашував зошто немав успех. А една пензија што беше во тоа време, стартував со 2600. Со мајка технолошки. Распрашај се убаво.
Не, додаток смееш, баш јас имам во блиска околина, тазе случај, сеа поднесоја за додаток а има жената детенце од 1 година. Образовен додаток е новина за децата во школо
Imam problem ke ve zamolam za pomos, ako temata ne e soodvetna ke ve zamolam da go premestite postot. Imam problemi so mazot nasilen e, i ne dozvoluva da si otidam pa kamoli sin mi da go Zemam. Da napomenam deka sum vo stranstvo. Planiram da go zemam maliot 6 g. I da izbegam, pritoa da prijavam vo policija deka sum maltretirana i se vrakam nazad kaj roditelite, a deteto mora da dojde so mene. Ima li nekoj da mi kaze dali ke mi sozdade dopolnitelen problem policijata ili uste poloso i deteto da mi go zemi?
Prvo prijavi vo policija za maltretirajne i nasilstvo,stom si vo stranstvo ne vo Mk sekako ke bides poveke zastitena ..vo socijalnite sluzbi ke ti kazat sto i kako e pravilno,sekako nema da ve ostavat na milosta i nemilosta na nasilen maz. Soberi sili i napravi go prviot cekor ne molci pred nasilstvoto i zaradi tebe a najmnogu zaradi deteto.Nie sme so tebe i te .
Zdravo.. Me intersira kako samohrana majka koj prava gi imam vo drzavata i dali moze tatko to da go priznae a da ne sme registrirani