1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самохрани родители

Дискусија во 'Брак' започната од TinaK, 28 јануари 2010.

  1. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    На закониве им се потребни сериозни реформи. Сериозно!

    Човек кој претставувал закана по животот на жена си која се уште во утробата го носи неговото дете не може утре да биде татко. Не се грижел за неа, ама ќе се грижел за детето. Ајде бе.
    На душа носите цели човечки животи вие социјалните работници. Животите на малите деца, бебиња, осудени да остваруваат видувања по секоја цена, со мајки-немајки, отсутни и незаинтересирани татковци. Срамота е што никој не се засегнал да се позанимава со ова прашање, со оваа неправда.

    Каков пример ќе дава тој за своето дете утре? На чија страна се социјалните работници воопшто? Како ќе ги поттикнете родителите да ја покренат свеста и да се намали бројката на жртви на насилство? Или треба да се случи насилство врз детето па потоа да се реагира? На кој начин се штитат детските права? Во присуство на бебето ја влечкал по паркет!! Ова "вришти" штитење на правата на "таткото".

    Колку се кадарни вработените во социјално?? Прашања кои ме мачат. Дали прават проценка/даваат соодветна психолошка поддршка при разговорот со родителите, дали вршат надзор врз видувањата и на кој начин се остваруваат тие, дали е етички коректен односот помеѓу родителот и детето? Се доверуваат бебиња на гледање насамо со родител кој нема никакво искуство од родителствување! Па згора на се кривично гонети. Што да се додаде!

    Барем убаво си рече членката. Во повеќето од случаите се работи само за одмаздување кон поранешниот партнер. Ништо од ова нема врска со децата. Само се гледа да се ослободи од случајот и да се премине на наредниот.
    Жртвата насилник, насилникот жртва. Каков пораз за општеството!
     
    На WildMk, lici1, Ole.grbeva и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Zibiribi

    Zibiribi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Dojdoa vcera socijalna rabotnicka i pravnik. Ubavo razgovaravme za se, me iznaprasaa 100 prasanja vo vrska so sluckata koga go imav prijaveno, i mi rekoa deka ke dobie 3 do 6 meseci zabrana za priblizuvanje. Posle toa ke mozel da go gleda deteto a posle godina dena i da go zema deteto.
     
    На Cecko85 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Вие од социјално ако и после сето ова опишано од жената, го проповедате цитираново не треба ни да постоите.

    Северна вечна да е :rock:
     
    На Curious cat, WildMk, anngelique и 12 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Што сакате зборете, таткото или мајката насилник имаат права врз детето, баш како што пишува @skokotlivka83 , и тоа не е само во МК така ами и во Европа. И во затвор да е, му го носат да го види.

    @skokotlivka83 Дали во МК е воведен семејниот Кодекс на ЕУ?
    Ако да, според него таткото го следуваат исти права како и мајката доколку плаќа алиментација. Ако не плаќа не го следува ништо. Исклучок е само ако таткото е насилник, како што е во случајов. Во таков случај му се забранува контакт со детето или му се дозволува но само во присуство на трети лица (социјални служби, роднини на детето по мајчина страна, педагог).

    @Zibiribi Ти се восхитувам на храброста, но не дозволувај некакви социјални да ти ветуваат кули и градови. Секогаш кога ќе направи таква сплетка, да го пријавиш! Не оди сама кај него со детето, викни некој со тебе. А и уште подобро ако не плаќа алиментација и немате судски ништо договорено кога и како смее да го гледа, не му го давај детето. Ако ептен сака да го види кажи му да де договорите судски за алиментација и начин на видување. Кога ќе помине таа половина година, нека дојде тој кај вас дома да го гледа детето. Но никако да не си тогаш сама!
     
    Последна измена: 20 јануари 2022
    На fana, Mikha4 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  5. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Не дека "социјалното "ги прави законите. И јас сум имала насилство, среќа во несреќа сум немала дете со тој човек. Ви кажувам по закон и искуство. И најголем насилник да е ,тој е татко. И 17.5 години да не го побара своето дете, пред навршување на 18 ако се појави, ги има сите права како и мајката.
     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Аха.
    И пример еве ти како соц работник (а и твоите колеги) а и судот, кога некој после 17.5 години се појави шо му велите?
    Аииии кјут супер :inlove: оди да го гушниш детето, добро што се појави браво.
    Многу ме интерсира.
     
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се објаснувам , по се изгледа не можеме да се најдеме. И јас сум против се за тоа што ти си против,но закон некој го направил уште во време на Тито. Никој до сега нема никаква иницијатива. И да, постои суд каде што секој може да по ама одземање на родителското право
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    @fana а знаете ли колку мајки лажат дека се малтретирани за да таткото го изгуби правото на видување? И пак не им успева. Дури и во Европа таткото законски го следува да се видува со детето дури плаќа алиментација.

    Да не е тој човек дете немало ни да има. Тој е исто родител колку и мајката. И родителите меѓу нив може да се тепаат колку сакаат, никој не смее да го оддели детето од другиот.

    Затоа пак, кога ќе порасне детето може само да даде изјава дека не сака повеќе да се гледа со таткото или мајката.

    Секое дете има право на мајка и татко.
     
    На zuto, lici1, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    @kikikikirika јас не зборувам за нормално разведени родители пошто таков не е случајот на членката. Тој е насилник. Не плаќа алиментација. Не купил буквално ништо за детето. Не сакал да се роди тоа дете и сега дека САМО се потпишал во матично дека му е татко ТРЕБА да има исти права како мајката?
    Не, не може да има исти права со мајката.
    Може само во Северната дупка.
    Нема сила што ќе ме убеди дека во било која европска држава во случајот од членката таткото МОРА да го гледа детето и има права исти како мајката.
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Единствено ако не плаќа алиментација може да му се одземат правата, мада и за тоа ако нема приходи пак не може да му забранат.

    Го поминав овој пат и тоа во Европска држава, бев сведок од страна на таткото, кај што мајката тврдеше дека има насилство. Судот целосно ги отфрли тие полициски извештаи, и да имало насилство, таткото има право да го гледа детето. Разликата е само што ако има насилство (дури и да е убиец таткото) , може судот да одлучи таткото да го гледа детето исклучиво во присуство на трети лица.

    Не може да одделите дете од татко, ако истиот тој татко покажува интерес за детето: сака да го гледа, да учествува во негова едукација и одгледување, да помага финансиски. . Уште па ако го признал детето, законски го следува СЕ ИСТО што и мајката. Ако таткото не покажува интерес, со години не го побара, тогаш може.Но пак мора да плаќа алиментација.

    Според ЕУ семеен кодекс, треба да има можности во домот на таткото/мајката за тоа. Како што пишала членката дека немале струја дома, тоа во ЕУ не би му го дозволиле. Доаѓа социјалното и гледа.

    Значи може да игра и на таа карта и во МК дека типов нема струја, нема услови за гледање дете. Поголеми се шансите да добие нешто отколку од обвинувањата за насилството. Судот и институциите гледаат во интерес на детето, се што може да докаже, а е против интерес на детето е добар напад врз таткото на суд.

    Ако не веруваш провери Семеен Кодекс на бугарски или хрватски (тие се во ЕУ) ќе видиш. Мислам дека и во МК не е многу различен законот, само дали се спроведува е друго прашање.
     
  11. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Кај нас и да не плаќа алиментација има право да го гледа детето, за жал. И пак ќе кажа како што и ти , возрасните може и очи да си вадат, но на детето да му се ускрати правото да има татко не може никој. И од пракса, бившите сопружници си лечат комплекси преку децата, и на крај тоа дете се влече по институции.
     
    На zuto, lici1, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anche1111

    Anche1111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Здраво едно прашање какви се правата за самохран родител зборувам за самохран родител чии татко на детето не го прифатил детето и си има заминато уште кога бев бремена а не ни бевме венчани, живеам кај моите, до пред месец дена си зимав породилно но сега не можам да работам бидејќи нема кој да го чува. Во градинка не не примаат бидејќи нема место и можеби би ми било од помош некака "помош" од државата.. Прашањето ми е како иде процедурата и се тоа, ви благодарам.
     
    На Cecko85 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Од државата можеш да земаш детски додаток, околу 1 000 ден се, оди поднеси си во центар за социјална работа. А има и Гарантирана Минимална Помош, само не знам кои услови треба да ги исполнуваш. Исто и некои општини даваат 7 000 ден еднократна парична помош секоја година до 18 год, прашај во твојата општина дали има таква опција. Прашај исто дали можеш да аплицираш за социјален стан. За друга помош не знам.
    Јас моментално сум невработена и баш тоа го мислев, како ќе појдам на работа кога него нема да го примаат во градинка...
     
  14. Anche1111

    Anche1111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ке се распрашам..не сум едицирана во некои работи и затоа и прашав тука..
    Сега со коронава за никаде е и со градинки и со све а приватна градинка не можам да си дозволам во никој случај..
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Сакам да прашам нешто се надевам дека ќе ми помогнете и упатите каде и што треба да се направи :)
    Ќе пробам да бидам кратка.
    Пред месец дена се разделив со вереникот затоа што ми кажа дека немало веќе љубов и дека ова дете не го сака. Бремена сум чекам да се породам за некој ден. Не избрка од куќата, среќа имам свој стан па имав кај да се вратам и секако ја добив подршката од моите родители. Накратко за нашата ситуација ме искористи да вложам се што имам во таа куќа да се среди, свадба не сакаше да закаже, закажа регистрација 1 недела пред да не избрка и не избрка 2 дена пред регистрација. Јас разговарав со адвокат рече можам да вратам само за тоа што е на мое име купено и имам доказ, но јас за скоро ништо немам зашто парите се извадени и така е се плаќано. И всушност сум искористена до крај и избркана без денар и без ништо за ова дете. Сакам да ве прашам дали може да му дозволат да го гледа ова дете иако не сака да се води како родител не го сака и не сакал денар да даде за него? И што ми следува како самохран родител за парична помош од државата?
    Се потрудив накратко да објаснам се, не сакав да ве вознемирувам со сктуацијата измеѓу нас што се случувало.
    Ви благодарам.
     
    На buba4e89, mira.mira, Hortenzija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Штом не сте стапиле во брак официјално, детето ќе се води дека има само еден родител во извод т.е тебе. Кога ќе извадиш извод оди во центар за социјална работа во твојот град, со лична карта, со извод од детето, трансакциска сметка, и не знам што документи беа потребни и аплицирај прво за еднократна парична помош за прво дете, после за детски додаток и за ГМП (гарантирана минимална помош) ако не си вработена (ако си вработена не знам дали ти следува гмп). Исто и од општина аплицирај за помош за прво дете, и за еднократна парична помош за самохран родител (овие не ги даваат сите општини, прашај си дали даваат, што како).
    Што и да ти треба, макар и да е само муабет, слободно пиши ми, :hug: скоро низ истото минав и јас, па еве сега сами раснеме, без татко му.
    Едит: не може со закон да го гледа бидејќи тој нема да се смета како негов родител.
     
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  17. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Ти следува еднократна помош од 5000 ден за прво дете од државата, и 5000 денари еднократна помош од општината. Кога ќе се породиш, со изводот и потврда за породување, одиш во општина мислам Распрашај се сега, дури не си породена, да си собериш документи. Што и да ти треба, слободно пиши ми за поддршка и ветер во грб сум тука. :hug: поубо да си сама со детето, отколку со него да те малтретира.

    Само ако докаже со ДНК тест дека му е татко, тогаш мислам дека може да го гледа. Вака не.
     
    На cresa-jagoda и Macufka* им се допаѓа ова.
  18. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Дај боже после се што направи никогаш да не го види. Денес бев до центар за соц.работа и ми рекоа прво породи се и така имаш уште некој ден па после дојди со твој извод и на бебето и ќе средиме. А сакав и до општина да отидам да прашам ама ми беше тешко веќе и не отидов. Здравје од понеделник.
     
    На cresa-jagoda и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Да и адвокатката ми рече ако направи ДНК тест и поднесе дека ке му дозволат да го гледа. Ама он се изјасни дека не го сака и не планира ни денар да дава за ова дете така да се надевам ќе не остави на мира. Барем ова дете да има мирен живот.
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, Ygritte и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Мајки денес поднесов документи за еднократна парична помош и за самохран родител што следува и ми рекоа дека сум вработена и дека платата ми била над минималната не ми следивало за санохран родител ништо освен тоа од општината 6000ден. Дали некој самохран родител е информиран нешто за ова ? Мене ми кажаа дека ми следува секој месец а сега овие ми викаат не ти следува ништо.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.