Dobro a dali dokolku ja izgubam ovaa godina, narednata godina ako se uste studiram, mozam povtorno da podnesam za semejna penzija
Доволно е да запишеш година, да приложиш потврда дека си студент (имаше и тука некој рок за достава, до септември најдоцна мислам беше - ама пак препрашај си). Битно е да НЕ си пријавена од страна на работодавец (без разлика дали си на четири или осум часа). Маалски кафичи секако би ти излегле пресрет макар што тие не секогаш исплаќаат плата (често менуваат персонал). Пробај да најдеш работодавец со кого би се договорила да бидеш непријавена. Ако треба објасни си ја и ситуацијата, ќе се најде човек. Среќно!
Носи потврда од факултет секоја година и нема да имаш проблем. Работи некаде непријавена. А можеш и како вонреден студент да земаш пензија.
За да си вонредно услов е да си вработена или физички неспособна за да посетуваш предавања... Инаку ако добро памтам до 26 год е пензијата.
Така е. Јас не можев да присуствувам на предавања и се префрлив како вонреден студент. Бев и до Завод да ми дадат потврда дека не сум пријавена на работно место и како невработено лице. Важно е да не се прекинуваат студиите. Оти пензија јок. И одма треба да се запишеш на факултет.
Како се пресметува семејната пензија (на 2 деца и родител) за починат сопружник(35 годишен) со 6 години стаж? Колку изнесува детскиот додаток и кои олеснувања/права ги имам како самохран родител?
Сопружникот не зема пензија. Таа децата ја наследуваат. За да имаат право на пензија, починатиот родител треба да има минимум 15 години работен стаж.
Не. Стажот е помалку од 15 години. Најдобро да прашаш во ПИОМ. Можеби нешто е сменето. Јас додека земав пензија така беше.
https://www.mtsp.gov.mk/cesto-posta...a-penziskoto-i-invalidskoto-osiguruvanje.nspx Точка 9 и 10 не ги разбирам или на погрешно место гледам?
Се зависи од придонесите кои му ги плаќале. И од начинот на кој настапила смртта. За несреќен случај небитни се годините стаж.
Дали после Развод се соочувате со тешко запознавање на некој ? Некако мажите имаат друг пристап кон разведени жени?
Само во ПИОМ. Таму подготвуваат решенија за сумата на семејната пензија. Таму се носат сите потребни документи.
Девојки здраво, имам еден проблем, со мм не сме во добри односи, венчани сме, јас сум 8 месец трудна пред пораѓање, детето не го прифаќа никој, да се разведи не сака нема финансии, јас сум веќе 1 месец кај моите, овој не сака дс го прифати детето, дали после пораѓај можам да се пишам сама мајка? Доколку не се појави? Како оди тоа..