Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самохрани родители

Дискусија во 'Брак' започната од TinaK, 28 јануари 2010.

  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Во ова скапо време што носи премногу предизвици да останеш со титулата самохран родител е тек тогаш за мене си родител ! Да се трудиш да му бидеш и мајка и татко на детето,да ги гледаш сите неправди кои се случуваат а да незнаеш да им ги објасниш на своето дете е нај лошата работа,сакаш да му овозможиш нормален живот,да студира,да излегува,да биде најадено,облечено и ред други работи - е тоа е за мене борба,да го штедиш и последниот денар за да успееш во своите намери :bow: им симнувам капа луѓе без разлика дали се работи за самохран татко или самохрана мајка.
    а за тоа дали државата ги штити или им помага? мислам во никој случај го нема тоа,жално но вистинито
     
    На rose60, eliesaab и verica81 им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    тука јас ќе кажам нешто,мислам дека тужбите и не се некоја голема работа за да го добиеш тоа што ти следува,ти велиш време,нерви и пари,ама чекај малку,дали си се запрашала кога некој живее со самохран родител дали тој истиот има вишок пари да ги расфрла по судови и извршители,парите секако следуваат и треба да бидат дадени,но кога некој во вистинска смисла бил родител пример дојди овој месец еве ти пари за ова и ова,следниот да го наполни ќесето со јадење итн (мислам дека ме сваќаш што се обидувам да кажам) другата страна можеби немало ни да помисли да бара алиментација,но вака во тој случај ако се има средства до крај за она што ти следува
     
    На verica81 и Doozy им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.970
    Допаѓања:
    123.569
    Цигарче,се сложувам со тебе,тоа е голема жртва а успехот синоним за успешен родител.
    Во сета мака,да собереш храброст да се соочиш со загубата,а од друга страна децата.Да им останеш и мајка и татко.
    Јас не бев мала кога го изгубив татко ми,бев на факултет,сестра ми средно.Искрено,мајка ми не беше некој силен карактер,и со сестра ми се плашевме дека таа ќе потоне во депресија а јас и таа ќе се справуваме со сите маки кои следеа.
    И нормално мајка ми беше депресивна,само спиеше ос илните лекарства а јас и сестра ми со погледи полни солзи,немо се гледавме.Погледот кажуваше дека прогнозите испаднаа така.
    Но,тоа траеше некоја недела.Мајка ми,како да доби од некаде сила,и сите не/ги изненади.Стана и се соочи со сите предизвици.И ден денес се чудам од каде ја доби таа храброст и цврстина,најверојатно од преголемата болка но и преголемата љубов кон нас.Не дека и е лесно,и јас знам дека пред нас не покажува,можам само да си претпоставувам како и е нејзе :(
    Иако сеуште е заглавена со кредити,успеа да најде каква таква работа,да ја затвори фирмата од татко ми,да започне од почеток....Успеа да ме дошколува мене а еве уште некој месец и сестра ми.Скромен живот овие неколку години,не велам дека ништо не ни фалеше зошто ни фалеше.Секој денар беше планиран,па сите знаевме каде оди.За нас ништо не остануваше.Гардероба пак најмалку.Сметки и скромна трпеза.
    Најтешко е кога од многу ќе се симнеш на малку.На сите ни беше тешко тоа,и знаевме дека со загубата на тато,се ќе се смени.Но ете преживеавме :) А без мама ,немаше да успееме.
    За државата се изјаснив и не коментирам повеќе.
     
    На НаталиЛили, SummerGirl, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  4. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Во право си не велам не , ама ако мислиш дека незнам за што станува збор грешиш. Јас сум дете на самохран родител татко ми затоа што имаше страв да не му биде оцрнето името во странсво (за моја срека дека беше во странство ) плакаше алиментација , ама само додека мораше со закон од добра волја ништо не даде дури и мислеше дека многу дал не велам дека е малку ама во споредба како он живве тоа се трошки. Можда јас сум од посрекните (затоа што е во странство)не велам дека не . Во моето сосетство имаше слични пример. Мајката остана со детето таткото не плакаше алиментација го тужеше и доби тој ги плати трошците и за исвршител и суд и плус плати камата. Секако ако нема пари за храна дека нема на тужби да се трошат ама сутскиот систем и тука предвидел дека теретот паѓа на оној кој ке го изгуби спорот. Стравот од долго судење не треба да ги одвлекува лугето од барање на своите права , затоа и татковците не плакат алиментација затоа што сите ( невелам неоправдано далеку од тоа ) не тужат.
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BettyBoop65

    BettyBoop65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Мислам дека излишно е да се коментира, само тие што се во ситуација да бидат самохрани родители или деца со еден родител можат да ја разберат вистинската ситуација за тоа колку се мизерни и дали воопшто имаат некакни права самохраните родители и нивните деца. Јас сум ќерка на самохрана мајка имам и помала сестра, моментално сум студент. Земаме пензија од татко ми 6200 денари и плата од мајками 8000 ден која работи во текстилна фирма, се убива од работа оди по три смени. Други права? Нема никакви попусти, барем да имаше попуст во плаќањето на партиципација на факултет, но за жал нема ништо немаме никави права, во светот само колку се заштите самохраните родители и какви права имаат , а овде кај нас е жива мизерија и никој не се обидува да покрени постапка за да се заштитат самохраните родители.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.093
    Допаѓања:
    135.091
    Мислам дека самохраните мајки ако се вработат, за нив работодавецот 3 години не плаќа пезнсико и здравствено - државата плаќа за тоа. Во смисла, работотдавецот штеди 3 години и затоа би ја вработил неа отколку друга жена со исти квалификации.
    Во однос на алиментацијата - со правосилната пресуда одете на извршител и дајте му ја. Ке видите што ке се случи.
    ЗНам дека има и станови или некои слични попусти, ама за тоа некој друг може знае повеќе.
     
    На rose60 и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Дали јас не сум доволно информирана за моите права, но секаде каде што аплицирав за работно место со факултетот, секаде веќе имаше примено (уште пред огласот) и тоа дека сум самохрана мајка не играеше никаква улога. Примаа добро ситуирано кандидати од богати фамилии и дури ме советуваа дека џабе и да приговарам..............

    од кај животот си поиграл со нас, таму и државата си игра, плус и во средината сеуште постои тој став на дискриминација на самохраните мајки (да не ги набројувам сите знаеме многу добро како се класифицираат, а не се гледа што сами се борат и за егзистенција и за одгледување на детето, пошто реално алиментацијата ама баш за ништо не стигнува,а и сам/а едвај може да се стигне и да се обезбеди детето материјално и емоционално :(
     
  8. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нетреба самохраните родители да се третираат како хендиќепирани т.е лица со посебни потреби.
    1. Пре да родиш дете треба добро да размислиш дали си способна за улогата на мајка која нималку не е едноставна.
    2, имам впечаток дека денес многу лесно се решаваат женив за разод а со тоа го стекнуваат и статусот самохран родител а потоа кукаат како никој не им помага.
    Едно е ако почине зопругот кој единствено тој работел и во тој случај треба да и се помогне да добие работа, но доколку се развела поради некои нејзини хирови, или бира работа како да не ја најде, тогаш негледам причина зошто би имале предност во било што.
    Исто така доколку е вработена нема потреба да биде поинаку третирана од останатите бидејки има и многу семејства кои се со една плата а двајца родители.
    Така е некако многу ми се размазени овие самохрани мајки и мислат дека поради тоа светот треба да се врти околу нив, пред да родиш а особено пред да се разведеш добро размисли што значи мајчинство и живот без партнер. Ако мислиш дека не си способна тогаш не забременувај или исчисти се ако веќе се деси тоа и доколку се разведуваш ако не се чувствуваш доволно способна тогаш дозволи да се грижи за детето другиот родител.
     
  9. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    ЦЦ
    ЦЦЦ од вакви како тебе си патиме, со тие ваши старски и глупи размисливања, извини вака ама прост народ. Како прво никој небара спрема самохраните родители да се гледа како на хендикеп, како второ никој незнае што ке се случи понатака во бракот и зато ке дојде до развод, сигурно никој не се разведува од што му е убаво, а некој работи и те како не се трпат.И уште нешто никако не сме размазени, него сме силни жени кој се борат за својте права. А тоа ако се разведеш не значи дека незнаеш што е мајчинство, напротив тогаш свакаш, затоа што се бориш сама за своето дете да го изведе на еден прав пат. Никогаш до сега не сум коментирала на темава, и ако и јас сум самохрана мајка. Ама твојов коментар е толку прост што морав поздрав.
     
    На Mala_plava, ♡BuBaLe♡, Dennings и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.093
    Допаѓања:
    135.091
    Жени, не се раведувајте никако, трпете психички и физичко насилство, во спротивно ке биде прогласени за размазени жени.
    Права жена трпи сВе бре, и не се разведува никако. Ако си бремена, а те избркаат од работа, абортус. Како инаку, нема пари. Ако е веќе родено, во којтејнер, што има да молиш да ти го чува друг детето.

    Боже, спаси ме повеќе да не читам вакви глупости.

    За мене секогаш самохраните РОДИТЕЛИ не само мајки, ке останат силни луѓе кои сами, без поддршка од партнерот си ги исчувале децата.
     
    На НаталиЛили, kikin, ♡BuBaLe♡ и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Jас мислам дека пред да наречеш некој дека е третиран како хендиKепиран прво треба да го научиш значењето на тој збор а ако ништо повеке кога веќе го употребуваш во реченица барем да знаеш правилно да го напишеш.

    хендикепиран анг. handicap
    спречен, оневозможен;

    ставен во тешка положба.


    Друго многу битно а истовремено трагично е тоа што баш напротив денес многу тешко жените во главно ради финаниска зависност од мажот се одлучуваат на тој чекор развод,па се приморани да трпат секаков вид насилство и омаловажување. Баш напротив за пофалба се оние кои свесни за стегите кои ги наметнува општеството кон разведените жени,собрале храброст да стават крај на таков нефункционален брак и смогнале сила да се соочат со суровата реалност на денешницата,САМИ.

    Парови после 20 години брак се разведуваат ,кога се зимале на гравче сигурно не гледале дали ке им цветаат ружи до крај на живот или ке дојде до такви непремостливи разлики да не можат повеке да битисуваат со партнерот во иста просторија па да мораат да се разведат. А нормално во брачниот живот си доагаат и децата,ваљда нема до крај на живот ради страв од развод и страв да бидат самохрани родители да не ствараат потомство пошто некоја како тебе може да ги окарактеризира како размазени со хендиКеп.

    И не, не се третирани како хендикепирани тие личности без разлика дали се самохрани мајки или татковци баш напротив заслужуваат многу повеке отколку што ова општество им пружа. Не е лесно сам на едно дете да бидеш и мајка и татко,сам да водиш грижа за едно домакинство,сам да кубеш коса пред секоја сметка дали ке можеш да ја подмириш без да гладуваш до крајот на месецот. Ако ништо друго една поддршка и тапшање по рамо што многу значи ,тие го немаат .

    Еве за мене со хендиКеп се личностите како тебе кои имаат толку многу ограничено размислување полно со осуда па не можат да погледат подалеку од својот нос и да видат всушност некои категории на луге со каква мака го тераат секој нов ден.
     
    На ♡BuBaLe♡, Dennings, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Баш така девојки. Затоа и се навредив од нејзиниот коментар. Јас после неколку години тежок живот и брак, решив да ставам крај. Сега на 26 години сум самохрана мајка. И таа ке ми кажува дека разведените мајки не знаеле што е мајчинство. Знае ли таа што е мајчинство за разведена самохрана мајка. Да на најубавите години секој ден и секоја нок си ангажиран за грижата на едно дете. Забораваш на себе, забораваш дека имаш право да го живееш животот како сите останати. Не спиеш навечер кога е болно детето и сама се грижиш за него. Сабајлето никој не те прашува дали си наспан или не, мораш да станеш и да ги вршиш сите обрвски. Сама се грижиш за неговото воспитување. Заеш ли ти, колку мајки се откажале од љубовниот живот, за децата да не страдаат. Јас од сите стресови, добив и анксиозност, и со анксиозност и панични напади, го чувам моето дете, и да не можам да станам од кревет, станувам и одам ја носам во школо, и по лекари и секаде каде што треба. И затоа не осудувајте никого, ако не знаете низ што поминува.
     
    На НаталиЛили, SummerGirl, ♡BuBaLe♡ и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    А кој самохран родител бара да биде третиран како хендикепиран?
    Јас не сум сретнала таков случај до сега.

    Напротив, за таквите луѓе без разлика мајки или татковци имам високо мислење.
    На крај краева никој не може да зборува онака на празно, никој не ги знае причините зошто некој станал самохран родител. И никој не смее да си дава за право да се меша во туѓ живот.

    Сум сретнала само случаи каде што баш таквите родители се’ даваат за децата. И материјално и духовно. За да не се осети отсуството на едниот родител, во секојдневието, некој е и МАЈКА И ТАТКО. А тоа баш и не е лесно.

    И пак ќе речам, никој не е доволно компетентен да зборува за туѓите животи, па макар и генерално и општо да го зборува тоа!
    Секој сака хармонија и мир, меѓутоа не секогаш ни се остваруваат плановите. И уште поголема умешност и способност е да успееш сето тоа да го доловиш на детето и тоа САМ.

    На крај краева, подобро самохран родител во нормални услови и нормален живот, отколку двајца родители во нездрава средина!!!
     
    На ♡BuBaLe♡, okcenzi и eloves им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    97.039
    Ете луѓе, ете од вакви како Пепелашка-ва, жените седат и трпат и по 20 год., па и до крајот на животот нешто што не се трпи ни 20 дена.
    Ова пусто наше општество ќе не изеде, таа една искоментирала на форумов па ти се згадува од коментарот, а во реалноста врие од овакви... паметни нема да си гледаат за нив и со другите да не се закачаат!
     
    На ♡BuBaLe♡ и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Ајде да се согласам со вас дека не се хендикепирани и не бараат да се третираат така. Тогаш зошто го бараат тој посебен статус, зарем нетреба да ја делат судбината на сите останати.
    Се согласвам и дека никого нетреба да го интересираат причините за разводот, но зошто тогаш јас да плаќам за нечии туги грешки? Зошто да некоја биде вработена врз основа на статус самохрана мајка а не врз основа на квалитет?
    Тие се труделе на децата да им го надоместат едниот родител.
    Сето тоа е во ред, но доколку јас нетреба да плаќам за нивните размазени деца, нели тие немаат еден родител па се треба да им биде угодено, а децата на двајца родители кои немаат што да јадат и живеат во мизерни услови нема везе, а детето на самохрани мајки мора да има се, да му е угодено за да не се почитува поразлично од другите деца.
    Значи не се согласувам со никаков статус на овие луге, бидејки ниту се инвалиди, ниту се нешто поразлични од другите, апсолутно треба да бидат третирани еднакво како и другите. Зошто да има една мајка самохрана предност пред некој што и двајцата партнери се невработени а имаат и неколку деца?
    На крајот на краиштата на толку разводи денес не е можно ама баш секогаш самохраните да не се виновни? Верувајте денес има разводи заради лајк на фб, или заради СМС, или за банална кавга. Извинете ама јас немислам да плаќам за таквите нивни хирови, отварајте очи за кого се мажите наместо едвај да чекате да ве праша дали сакате да се омажите за него и да се утепате од плачење.
    Разбирам развод после 10-20 години се смениле лугето, ама после неколкуѕ месеци или годиниа-две?
    И, потоа од личен проблем станува проблем на сите нас.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А се смета за самохран родител ако се разведени и другиот плаќа алиментација?
    Мислев дека само оние на кој партнерот е починат, а во тој случај детето не добива нешто како пензија до крај на студии?
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Разведените луѓе не се самохрани родители, затоа што детето има и друг родител кој би требало да се грижи за него т.е има двајца родители кои се грижат за него без разлика кај кого е.
    Самохран родител е оној чиј парнер починал, па детето нема друг родител. Онаа жена која родила дете, а не знае кој е таткото или не е признаено од таткото.

    Инаку веќе 22 години како мајка ми е самохран родител, татко ми е толку години починат.
    Таа како самохран родител никогаш немала никакви привилегии, ниту пак ние како деца на самохран родител.

    Детето добива пензија ако родителот работел не сум сигурна точно колку години пред да почине. Но, ако мајката не е вработена има право таа да ја наследи пензијата до крај на животот со тоа што ја губи ако се вработи. Исто и за жената да добие пензија треба да има одредени години.
    Ние имавме семејна пензија, а мајка ми веќе беше вработена татко ми кога почина. И понудиле да ја ги спои годините стаж и да земе пензија, нели за да не чува, но среќа размисла дека така нема да сврзе крај со крај, па си останала на работа, а ние земавме пензија се додека студиравме.
     
    На SummerGirl, ♡BuBaLe♡, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Никаква помош од државата? Оти имам слушано за пензии на децата до одредена возраст или тоа зависи од други работи?
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Ако родителот што починал не работел тогаш не следува ништо за детето.
    Не знам точно од што зависеше детскиот додаток и дали воопшто сеуште го има. Ако не се лажам зависеше од месечните примања на самохраниот родител (нас и тоа не ни следуваше).

    Иако познавам жена на која мажот и се самоуби пред 10тина години и беа социјален случај. Ова зборам за во друг град, во Скопје до сега не сум слушнала нешто такво. Неа и помогна општината прилично, ја вработија, и помогнаа да купи стан по поволни услови т.е да го исплаќа не знам точно како. А еве сега и децата добија стипендии за студирање и после загарантирана работа.

    Да не делувам злобно, но конкретно на оваа жена бесењето на маж и е мислам најдоброто што и се случи зошто живееја со децата мизерен живот со него.
     
    На SummerGirl и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Земаат пензија децата од починат родител до 26 год под услов да се редовни студенти и да се невработени.Сеа не знам дли е тоа за сите или починатиот родител треба да бил врабетен со определен стаж за да моѓе да се наследи пензија.