Ок фала, значи не е без ич. Исто и за разведените, алиментација (треба да) се плаќа од партнерот. Значи финансиски колку толку не е сам родителот. Освен во случаи каде едниот ниту плаќа ниту се интересира за децата, во тој случај не знам, не може да се издејствува да му се крати директно од сметка? Зар е оставено на негова добра волја дали ќе даде или не? Во Мк тешко е за сите, на таа невработеност и тие мали плати, еднакво жално е и за фамилии со двајца родители а една плата.
^На таков будала како мојот, ни полиција ни суд му може нешто. Плата нема, го тужат 20 страни истовремено, сметка во банка нема, место на живеење нема, тужиш а не тој наводно не постои. А олкав вол е, го знаат ама никој не може да го довлечка во суд. Па така на негова добра волја имам добивано пола кило јагоди, два-три портокали, еднаш и рака цреши ми донесе на голем одмор... За матура ми даде 300 денари, зимски чевли што се тоа, јакни и капути да не спомињаме, а па за поминорни алишта нема ни да спомнам, на детето НЕ МУ ТРЕБААТ алишта... Книги ете ми даде државата во четврта средно, другото поминало не е битно. И БАМ, 4 години студии и трошоци во друг град, ама тоа не се важи, алиментација се дава до 18 години, после мајката нека се снаоѓа. Како знак на ,,добра,, волја, исто морам да ги споменам и постојаните закани кои ми ги упатуваше на сите можни бази добри 20 години (имам 21 ), сите ,,незаборавни,, моменти кои ми ги приреди во детството и средношколските денови и јаготката на шлагот беше лани ова време кога од страв не испаднав од дома неколку денови, а да не почнувам пак во што се прошири и ескалираше сето тоа, ама хеј, што му е улогата на родителот освен да го ,,челичи,, своето дете? Па ќе си каснам од црешите зимоска ако ми е ладно и немам што да облечам, и ќе си мислам дека *тој чијашто титула нејќам да ја споменам* ме сака... па шо има веза шо ми е ладно... :geek: И после мајка ми не ме рани сама, а? Мислам, сва среќа е што е премажена и сега се' е океј, мене не ми треба ништо од него, ама да не беше? Да беше сама, да бевме јас и она? А што ги има уште најмалце 1,000 души како мене, чии што мајки немале таква среќа, а? Ами тие премажените со очув кој сака да ги избрка децата надвор? Ќе се зачудите што се нема по светов. Државава педофили и убијци затвора по 5-6 години, човек да отепаш ќе си минеш со ништо, а па ќе се замара со некој ако не плаќа алиментација или ако мава шамари или што ти знам што.... Пф. Страшно, страшно! Морееееее, да имаше како, се' ќе му земев што има, како куче да остане надвор, не од што сум лакома, ами да види како е да ти се врати лошото. Уфффф! п.с. Ништо лично ова спрема никој, многу фрустрации имам очигледно уште.
Пепелашке многу компетентна испадна, дури знаеш дека децата со самохрани родители се лигави. Во врска со твојот став или што и да е, погоре, сакав да те прашам, што треба да правиме сите ние доколку би, да речеме, биле незадоволни од брачниот живот? Да останеме во брак и ко тебе да правиме, да се е**ме со други, додека сопрузите не ни се дома? Па што е битно нели, важен е оргазмот и сексуалната задоволеност, не е битно ако бракот (не зборам за тебе туку општо) ни е катастрофа, важно е да не бидеме лигави нели и да се разведуваме, туку мора да останеме у брак, оти тоа парче хартија е најбитно во животот и во бракот нели. Па тоа што ќе си најдеме еб*ач за во слободно време и за да не задоволи, ќе го реши проблемот, нели? Ти се молам! Твои зборови се тоа, нАли Значи пак ќе кажам, никој не е компетентен да осудува, кој, зошто, кога и како се развел, и какво му е детето, и слично! А и сакав да те прашам, како си ти загрозена? Оти погоре рече дека во врска со самохраните родители ти си била загрозена? И што плаќаш ти, за хировите на самохраните родители? Исто мислам дека за лајк или слично, никој до сега не се е развел. Спојлер И да потенцирам, не сум самохран родител, само дискутирам на темата.
Сакав да прашам а и марама ми потврди дека кога е развод во прашање не се рачуна како самохран родител, затоа што другиот е тука, жив, и е одговорен за своите деца. А за тоа кој колку вистина е одговорен, јеби га, живот, судбина. На тие 1000 деца чиј еден од родителите не сака да се грижи има уште толку кои се без родители и се во дом, и има уште толку кои живеат со двајцата родители а се во далеку полоша ситуација, и финансиски и психички. Државата треба да е тука за социјална помош, детски додатоци, ова со алиментација построго да се регулира. Други поволности не знам какви очекувате, стан, работа? Па за тоа сите се борат цел живот, разведени или неразведени тоа е болка за сите. Мк е ова, со толкава невработеност привилегија некој да има затоа што бил разведен, не гледам логика.
^Бриџит во нашево скапано општество (читај Македонииче) исто ко да се самохрани родители иако се само разведени. Сите знаеме поранешните сопрузи колку и дали плаќаат алиментација. Блиски пријатели, мажот плаќа 4000ден за алиментација.Што се побогу 4000 една сметка не можеш да ја платиш со тие пари а не па дете да исчуваш. Друго како што е се со врски денес и судии и се 90 посто од нив ни пари плакаат ни очи им се виделе. Братучетка ми кога се разведе од маж и ,само за да не и ги земе децата бидејки тој најде некој судија пријател да му е, мораше цел стан што чичко ми им го купи, да му го остави и да почне од 0 само за да има раат со малите. Тој сега ем стан си ќари ем 5 банки алиментација нема дадено. Среќа се вработи она во многу јака фирма (уште пред да се разведат да не биде дека ради тоа била со повластувања) па е способна сама со една плата да исчува и да исшколува 2 деца па и стан помал уште еден со помош на чичко ми си купи за да не седи со старите заедно. Маж и веќе бивш има отворено некое сендвичарииче во близина на некое школо си го тера животот нит им се јавил на децата нит ги видел. Е па тоа ако не е самохан родител (иако и другиот е жив) не знам што е. Убаво кажа се и за сите е денес борба .Борба за работа борба за живот борба за леб на маса да ставиш. Ама ете во вакво нефункционално општество каде богатиот се повеке и повеке се богати а сиромавиот се повеке и повеке се сиромаши секој гледа да се снајде како може .Пак ке кажам тешко е на сите што се скроз сами оставени со децата а мизеруваат со плата од 200 евра или уште полошо неможат да најдат работа ни за тие 200 евра . Па уште некој како Пепелашка ке им соли памет како они и нивните деца биле размазени и распрдени зошто не останале во нефункционален брак .
Не можам да поверувам на очиве што читам!!!! Ти Пепелашке мајка си? Како бре не ти е срам, имаш ли ти совест и душа!? Би ти изнапишала толку многу работи, ама само ќе ти кажам дека си една голема ПРОСТАКУША.
Ќе се надоврзам на цитираново. Да има двајца родители, во мојот случај исто како да е починат. Четиринаесет години со месечна алиментација од 4000 денари, колку изнесува сумата? 672,000 денари. Ни банка од сумава зошто нема од каде, нема ништо епа драги мои и јас со факултет за да го издржувам моето дете работев се и сешто, па и станови чистев и како што вели Пепелашка не сме хендикепирани нормално, ако не сме способни за мајки зошто сме раѓале требало да абортираме.Тоа дете треба да се гледа, школува, учи јазик и да не набројувам. Благодарна сум само што имам кров над глава кај моите родители и ми помагаа со нивните пензиички.
Самохран родител, дури и “титулава“ е бедна, жална и нецелосна. Само хран, само одговорен, само исплашен, само надежен, само загрижен, само-СЕ родител. Знаете каков е денот на еден самохран родител? Среќен си наутро кога ќе го слушнеш алармот и ќе смогнеш сили да се измкнеш од кревет. Супер, нема да закасниме во школо (зошто во спротивно никој нема да разбере дека уморот е двојно поголем... а нема кој да те разбуди ако затаи техниката). Хаотично се спремаме за работа/школо, скенирам облека,хигиена - ок е ..трк до кола. Уфф фала богу нема заледени стакла (кога има само-СЕ родителот струга, струга погледнувајќи во саатот да не закасни). Запали од прва и тргаме, супер. Прва станица е школото. Те сакам најмногу ...чао. И јас тебе. Продолжува само-се родителот кон работното место. Таму сме сите рамнопрвани. Нема не можам, нема не сакам, нема уморна сум (и не треба да има). Завршува работниот ден... за кого како. Јас после работното време таксирам - час по ова, она, тренинг, роденден. Во меѓувреме пазарење (зошто нели самоХРАН), банка, забар ...се по нешто. А потоа учење, па час ѕиркам во книгите, час во тенџерето. Бури и олуи. И иако очите ми паѓаат седнувам и запишувам обврски за следниот ден ...и внимателно го местам алармот. И, и не се жалам на ништо од ова, а и не набројав се. Најтешко од се, ми носењето а одлуки - сама. Се трудам да не згрешам, да не попуштам, да не бидам строга, да правилно одлучам што да купам/не купам, пуштам/не пуштам, карам/простам, викам/молчам. Се трудам да детето да не почуствува дека ништо не е како порано... и успевам, зошто јас сум супер-СЕ родител.
Јас искрено на самохраните родители им се восхитувам нормално не на сите но на поголем број да зошто секогаш успеваат да направат стабилна личност од нивното дете и тоа сами.И секогаш тоа дете ги почитува духовните вредности 100 пати повеке од тоа другото дете кое е растено со 2 родитела и пак тоа истото ке плука по неговите родители еден ден нормално не зборувам за сите
http://plusinfo.mk/vest/69040/formirano-zdruzenieto-edna-moze-za-samohrani-majki Формирано здружението „Една може!“ за самохрани мајки „Една може!“ е здружение на еднородителски семејни заедници кое се формираше на 4 мај, после повеќе од една година дејствување како неформално грас рут движење. Здружението „Една може!“ – One can!, е доброволно, непрофитно, невладино, и непартиско здружение на граѓанки, самоиницијативно формирано со слободно здружување заради остварување на севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејни заедници и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права. „Различните аспекти на семејствување се актуелни и кај нас и низ светот а наша таргет група е еднородителскиот семеен живот. Препознавајќи ги структуралните и институционални недостатоци и ограничености, ние, самохраните мајки од земјава решивме да се обединиме и да се изборуваме за нашите потреби преку зајакнување на капацитетите за одржливост на нашите семејства детектирајќи ги клучните проблеми кои не заегаат сите нас, спроведувајќи истражувања и компаративни анализи со цел пофункционално секојдневие и унапредувајќи ги правата и индивидуални и групни. Ќе изнаоѓаме правни советни рамки за институционална вклученост, за воведување на специфични законски правни, социјални, работодавни, здравствени, образовни и социјални рамки согласно потребите на еднородителските семејни заедници. Нема да ги заборавиме и хенд ту хенд активностите кои и досега ги спроведувавме е се бориме за секој еден поедниец и ги повикуваме сите кои се чувствуваат засегнати да бидат дел од оваа наша животна битка. Имаме фејсбук група во која може да се пријавуваат и да станат дел од нашите заеднички радости и таги и борби. Ние, самохраните мајкишта имаме право да се слушне нашиот глас, и сакаме да споделиме со светот како се фаќаме во костец со секојдневието, сакаме да раскажеме како ни е, како живееме, со што се соочуваме, да детектираме каде ни се клучните проблеми и да се соочуваме со истите, да прилагодуваме и менуваме потреби, законски рамки, културни недостатоци, предрасуди, догми, заедно со институциите и општествово и секако со друштвената заедница“, велат од здружението.
За самохрана мајка е многу тешко мајка ми е самохрана мајка мене ме чува немаме никој што живее со нас ние сами сме во куќа татко ми почина кога имав 5годинки се раазболе ја носеа по лекари па потоа операција јас мала бев мајка ми ми правеше јадење сооо опњрација не седбување ме учеше заедно одевме да купам нешо за облека да не бидам исмејувана од страна на децата во основно.Заедно дочекавме полуматура и матура без тато ни беше тешко али неможеме назад да вратиме. И кај нас многу се краде мнг пати се обиделе да ни ја отклучаат вратата и пред еден месец ни ја отклучиа али влезната од ходник и тааа ја заклучуваме и неможеле да влезат во другите соби. Никад мајка ми не ме оделила од другите па дури и повеќе сум имала а живееме до 6000 секако другите штетад ама ние колку и да штедевме неможевме да уштедиме и првата година кога почина татко ми сме живееле со 1000денари па ни даваа нешто вујците чичковците и потоа ја зема пензијата мама. Горда сум на мајка ми понекад знам да избувнам иии мнг да ја повредам и потоа се каамГЛУУУУУУУПАААААААААВАААААА СУУУУУУУУУУМ!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Ама како и да е јас многу си ја сакам мајка ми мои другарки ја викаат мамоии малку сум љубоморна ко децана знам дека нема да ми ја земаат ама ете Те сакааааааааааам мааааааааамоооооо
Dali samohran roditel koj ima staretelstvo nad deteto vo slucaj na razvod ima pravo bez potpis na drugiot roditel da izvadi pasosh ili treba potpis od dvajca roditeli
Jaś milion pati sum zborela deka sum dete od razvedeni roditeli. Me izgledal tatko so celosno staratelstvo ete ziva zdrava prava so semejstvo sekogas so dignata glava i nikogas vo nieden moment ne dozvoliv vo zivotot da pokazam slabost. T.n. majka nema dadeno ni denar ni 0.50 deni a ne pak denar i nekako se boris so zivoto i svakas deka zivees so toa taka kako sto e i toa sto go imas. I iskinatite patiki ke stanat minato i gorcinata vo srceto ke se rastopi koga ke imas svoe cedo ama ne nemoze sekoj da e roditel. I jas sum bas del od onaa pogovorka rodime majko frlime na bunoste. Zivote fala sto tato mi e Tatko. Zivotot sekogas e vaga
Може, јас на ќерками лани летото и го обновив пасошот кога одевме грција (бидејќи се разведивме и адреса променив ) Не бараа потпис од бившиот сопруг бидејќи комплетно цело старателство е на мене , раскажав разведени сме, документите гледаа и не ме прашаа воопшто
Nema potreba taka jas nemozev da dobijam potpis pa gospodinot tatko go povika na razgovor vo socijalno , toj odbi pa socijalnoto dade soglasnost deka deteto koe ima 4 godini moze da dobie pasos .