1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самохрани родители

Дискусија во 'Брак' започната од TinaK, 28 јануари 2010.

  1. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е самохран родител.
    Кога имав неполни 8 години почина татко ми. Имам и брат, тогаш тој имаше некои 13 години. Реално гледано, него многу потешко му падна загубата на татко ни. Едно беше поповрзан со него, друго му требаше како машки пример, трето беше поголем за да сфати што се случило, четврто беше во пубертет - триста промени на кои само тоа му беше кусо. Детето и денес има проблеми заради тоа.
    Иначе јас за чудо некое успеав лесно да ја пребродам смртта негова (барем тогаш така мислев дека е). Не дека немав стресови што ми донесоа гастритис, подоцна и проблеми со тироидната, ама за разлика од примери што сум ги гледала успеав да останам поприлично силна. Развив самоконтрола до степен да не заплачам. Не заплакав ни кога ми кажаа дека починал... и никогаш после тоа, многу ретко, и никогаш пред други. Толку го убив плачењето што подоцна имав проблеми кога сакав да се исплачам (задржувањето на емоциите и неможноста да се искажат е сериозен проблем).. среќа, сега е се добро. Не бев многу поврзана со него едноставно, а и немавме некој многу добар однос. Денес ми фали, како фигура татковска, ама сепак (нека е гревот на мене) не знам колку добро тој ќе ја исполнеше улогата.

    Дека ми фалел "татко" во животот сфатив многу доцна, кога почнав да градам сериозна врска, на некои 17 години. До тогаш мислев дека мајка ми е доволна и повеќе од тоа. Ама, на тие години почнуваш пореално да го согчедуваш светот, меѓузависноста на стварите, и ти стануваат јасни некои работи. Не дека почувствував некои страшни загуби што не ги надминав, туку само сфатив дека еден родител е еден родител, и никогаш не може да постигне колку двајца - малку болно но сепак, реално. Тоа не го оцрнува постигнувањето на мајка ми, ни нејзиниот труд или вредност.

    Е сега, за мајка ми. Како поминува време, се повеќе сфаќам колку е силна таа жена, со колку тежок предизвик се справувала и уште се справува, колкав терет носи, всушност. Порано мислев дека е супер родител, ја ценев и се тоа, ама тежината на задачите што ги има не ја сфаќав оти израснав со тоа и го гледав како нормално. Кога сфатив како одат работите во нормалните семејства, која е улогата на таткото суштински и практично, почнав да сфаќам колку мајка ми прави за да го одржи семејството, и мене и на брат ми ништо да не ни фали! Пополека се запрепастував од одговорноста, тежината на самохраната мајка, како до сега издржала, и често се прашував дали јас ќе успеам во тој предизвик да треба, чувај ме Боже. И сеуште откривам работи што не сум ги знаела и тек ке откривам кога ќе имам мои деца.

    Никогаш не сфатив како успева да се снајде во сите обврски... најмногу не можам да сфатам како носи сама одлуки?! И тоа толку важни одлуки! Има поддршка од нејзиното семејство, но сепак. Одговорноста е преголема, болката да немаш со кого да ја споделиш е преголема... Сите грешки да ги превземеш на свој грб е претешка работа. Сам да си ја чукаш главата за се - така тоа мајка ми го вели. Да знаеш дека (многу веројатно) сам ќе остариш.. Јас себе си не можам да се замислам во таа ситуација, барем не како успешен родител. За се се консултирам со дечкото и тоа ми е преголемо олеснување. А таа нема никого. Жал ми е премногу, но не можам да понудам ништо повеќе освен својата помош а тоа често не е доволно.

    Ме восхитува несебичноста со која мајките си ги сакаат децата. Уште ми е несфатлива... магична е ми се чини таа љубов нивна. Таа е таа што успева да ги истурка низ сите маки и страдања, низ сите расипани телевизори, пекања за компјутер и телефон, крвави колена, летни одмори, довлечкани овошја и зеленчук, испери, исуши, изми, испеглај, исчисти, зготви... непреспиеи ноќи покрај болнот чедо со утринско станување за на работа, броењето на денарчињата в новчаник, караниците со сите и одржувањето добри односи со истите, овозможување наследство, студирање, патувања, разговори, решавање сериозни проблеми од здравствени до љубовни, и се она што јас никогаш нема да го разберам дека се случувало дури мирно сум спиела.. Премногу работа за еден родител, за една душа. Тешко е. Всушност, не можам на потешко да се сетам моментално.

    Самохраните родители се суперхерои. И никој не може во потполност да ги разбере дури (не дај Боже) не искуси на своја кожа. Затоа, заслужуваат барем огромна почит, ако не друго...
    Благодарам на сите што прочитаа, и се извинувам за долгиот пост, ама јас навистина не знам да објаснувам вакви работи на кратко ;)
     
    На НаталиЛили, Belgin1, stetoskop и 14 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    МАКЕДОНКИ САМОХРАНИ МАЈКИ – НЕ САКАВ ПЕКОЛ, ОДБРАВ БЕДА И МИЛИОН ОСУДИ

    Доколку самохраните родители, особени оние младите, на секој можен начин се обидуваат да ги усогласат секојдневните обврски и што повеќе време да посветуваат на детето, често се соочуваат со осудување од страна на околината.
    Додека брзаат за на работа, го оставаат детето на училише и што ли уште не, секогаш се наоѓа некој што ќе каже „ Не мислел/а на време“.

    Нормално, луѓето често знаат да кажат и нешто за тоа како младите, самохрани родители не ги воспитуваат децата добро, премногу работат, па имаат малку време за своите деца, или дека се кариеристи… Притоа, нема да размислат пред да дофрлат, за тоа со какви проблеми се соочуваат младите и самохрани родители, и дека прават се за да ги изнесат децата на вистинскиот пат.

    Денес да се биде самохран родител, значи да се соочувате со многу предизвици. Начинот на кој ќе балансирате меѓу животот и работата како самохран родител многу зависи од поддршката која ја добивате – социјална и финансиска. Во секој случај морате да побарате помош од блиските, бидејќи само на тој начин ќе можете да му го олесните на детето прилагодувањето со новата ситуација.

    Јас сум самохрана мајка, а моето ангелче има девет и пол месеци. Да не ви раскажувам низ каков пекол поминав, затоа што тоа сега веќе и не е битно. Доволно е само да кажам дека истиот момент кога останав бремена, останав и сама, и без работа, и се ви е јасно. Како и да е, низ што се поминував, и се уште поминувам е најмалку битно. Битно ми е само моето ангелче, поради кое се уште сум жива, вели скопјанка

    Распуштеница“ многу грдо звучи.
    А, така не нарекуваат нас разведените и самохраните мајки. Никој не прашува дали јас сум херој што на свој грб носам две деца, ги школувам сама, ги носам на одмор сама, симнувам температура сама, заспивам со нив сама… ја раскажува за „Дневник“ Ружица П. од Скопје својата животна приказна.

    Платата ми е 12.300 денари. Би работела и уште една работа, но како ќе растат децата без родителска грижа и љубов. Морав да избирам меѓу беда и деца и пеколен брак, ќотек, ручек и деца. Ги спасив од татко насилник. Разочарана сум од општеството, немам никаква помош ниту од државата ниту од таткото, кој постојано лаже дека нема плата, а оди на скијање во странство и никој ништо не му може.

    Ана е мајка на десетгодишно девојче. Разведена е веќе пет години и нема никаков контакт со поранешниот сопруг. Дури и нејзината ќерка нема чести средби со татко си, освен за роденден и за поголемите празници, кога ја носи на ручек кај неговите родители. Вели дека финансиите се најголем проблем со кој се соочува по разводот, зашто со нејзината плата не може да ги намири сите трошоци за одгледување на детето. Згора на тоа, дополнителна мака ѝ задава неодговорното исплаќање на месечната обврска кон детето, која ја има поранешниот сопруг. Алиментацијата не ја исплаќал со месеци, а единственото што можела да го направи е да поведе судска постапка, за што исто така ѝ биле потребни пари, пишува Нова Македонија

    Скоро 12 год. бев самохрана мајка и морам да кажам дека тоа беа навистина напорни и тешки години…со оглед на тоа дека за се мораш сама да се снајдеш и во ниту еден момент никој од државните институции не најде засходно да помогне,не само мене туку на многу други самохрани родители на кои навистина им е потребна помош.Сега сум во брак 1год. животот потполно ми се смени,но годините зад мене и трагите што ги оставија на мене и на моето дете не верувам дека некогаш ке исчезнат, вели 40 годишна скопјанка

    Јас сум самохран родител веќе 3 години, навистина е тешко човек да се снајде во таква ситуација, но се се издржа и истрпи – причина се децата, вели Мики

    Емилија Максимовска, самохран родител на близнаци повеќе од година дена користи постојан паричен надомест. Таа објаснува дека нема кој да се грижи за нејзините децата за да се вработи

    Не бев запознаена дека ми следуваат пари од државата, бидејќи сум самохрана мајка. Откако наполнија децата шест месеци почнав да земам пари. Имам две машки близначиња и морам да се грижам за нив. Во брак никогаш не сум била. Земам 6500 денари и пола од парите ги трошам за млеко. Со остатокот го купувам потребното за децата. Многу е тешко. – раскажува Максимовска за Kumanovonews.

    Мојот проблем е што сум самохрана мајка на две малолетни деца со нерешено станбено прашање, живееме под кирија, во многу лоши, нехумани, услови, бидејќи не можам да си дозволам повисока парична сума за кирија.Молам за совет и идеја како да обезбедам покрив над глава!

    самохрана трудница уште малце и без покрив над глава поради неподршка од родителите и незнам како ке најдам крај со крај и премногу ми е тешко…, 23 годишна македонка



    Самохрани родители најчесто се жени, односно осум од десет родители што ја преземаат грижата за децата по разводот се мајките. Во најголем број случаи мажите стануваат самохрани родители само ако нивната сопруга почине. Како што бележи Државниот завод за статистика, во земјава е зголемен бројот на разводи и сѐ повеќе родители се соочуваат со проблеми во врска со плаќањето издршка за децата.

    Висината на алиментацијата се движи од 2.000 денари до 50.000 денари месечно, во зависност од висината на платата што ја има родителот што ја плаќа алиментацијата.
    Нема податоци за неплаќачите на алиментација

    Самохраните родители имаат право на надомест за најмногу три деца додека не наполнат три години.Истовремено добиваат и детски додаток.За мајка и дете износот на социјалната помош е 4600 денари, а ако се две деца 6600 денари.




    Жално

    Него вие што сте самохрани родители дали знаете колку паричен надомест ви следува и каде треба да се побара.
    Имам комшивка која е вработена ( се врати на работа со 2 месечно бебе) но не добива алиментација од бившиот маж.
    Детето и има веке 4 год, а касно разбрала дека и следува некоја помош од државата, односно дознала кога детето наполнило 3 год.
    Што може да стори за да ги добие тие пари?
    разведена е откако детето и наполни 5 месеци или 8 беше незнам сигурно.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
  3. STELLA-LUNA

    STELLA-LUNA Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Бидејќи кај нас со ниту еден закон самохраните родители не се заштитени би испратила еден јавен апел до тие што го ,,креираат законот".
    -Црвени,сини,жолти..која и боја да ја носите имате ли слух за НАС???!!!!
    Ниту претходната ниту сегашната власт не направија закон(ниту е донесен предлог)за да не заштитат.
    Не сте свесни низ што се поминуваме.Еден родител за да го изгледа своето дете поминува низ пекол.
    Ќе наведам само дел од пеколот кој за нас е живот па можеби таму некаде за сето ова ќе има слух.

    1.Стамбено обезбедување
    -Најголемиот проблем за нас.Ја немаме сите таа среќа да бидеме стамбено обезбедени.
    Пр.Ако еден од родителите сака да се разведе а притоа нема каде да живее државата не обезбедува ниту денар.
    Родителот треба да избере пекол да расте едно дето во средина која само по себе ќе донесе психичко растројство кај детето,гледајќи секојдневно семејство кое што не функционира во ред.Тие трауми од детството остануваат засекогаш.
    Но за жал да не останат на улица со дете често пати се одлучуваат да продолжат да живеат во тој пекол нанесувајќи си штета себеси а најмногу на своето дете.

    2.Вработување
    -Секоја Влада си ги вработува своите партиски војници а НИКОЈ не обрнува внимание на луѓето во најранливите категории.
    Слободно нека проба некој да живее со социјална помош од 2000 денари а притоа да ги подмири сите долгови.Невозможна мисија нели?
    Би било добро со закон да бидеме заштитени и за нас да има РАБОТА за да можиме и ние да функционираме нормално во ова општество.
    -Но дали е тоа возможно дали со една плата една мајка/татко ако е во оваа ситуација може ли да опстане?
    Знаејќи колку изгор изнесуваат кириите подмирувањето сметки храна...а со нашата просечна плата е исто така невозможно.
    Но за жал и за таа работа што секој еден треба да работи е невозможно да ја добиеме бидејќи јасно е како се вработува.
    А има доста луѓе кои се без работа и на своите деца не можат да му купат ниту едно млеко.

    3.Образование
    -Градинки-родителите не треба да плаќаат месечен износ ако спаѓаат во оваа категорија.
    За еден родител да работи бидејќи има доста случаеви кој што нема кој да им ги чува децата ги праќаат во градинка за да одат на работа.
    За некого тој износ што се плаќа за партиципација е ништо но за еден родител таа сума значи и тоа како.

    4.Работно време
    Приватниот и државниот сектор би требало да воведат скратено работно време.
    Еден родител треба да постигне се како двајца а притоа да биде беспрекорен работник и родител дома.Нема одмор никогаш.
    Знаат да бидат до тој степен ригорозни што имав случај каде што моето дете беше болно не ми одобрија ден за да го носам на доктор ми беше кажано да го донесам на работа.Немам никој,се разбира го однесов на болница бидејќи децата ни се на прво место.
    Следен ден добив отказ.
    Закон нема па останав и без тој еден и единствен приход.

    Има многу многу работи низ кои што еден самохран родител се бори за иднината на своето дете без никој државен орган да подаде рака.
    Ова е само дел низ тоа што поминуваме.
    А општеството?
    Како осудени како болни од чума сме прифатени.
    Жената неморална а мажот пропалица.
    Да не се лажеме секој сака да му расте детето со двајца родители но тие што ја немаме таа среќа осудени сме на пропаст.
    Најтешко е да неможеш да му обезбедиш на своето дете покрив над глава и парче леб и капак на се осудени обележани како да сме направиле кривично дело.
    Сите ќе напишат да јас ве поддржувам не ве осудувам.
    Но реалноста е друга.

    Родители-Напишете ги своите искуства да знаат како секој ден го живееме пеколот.

    Се надевам дека Конечно некој ќе има слух и за нас.

    Никој сам како поединец не може.Да се собериме сите заедно и да издејствуваме од предлог да премине во закон.

    Пишувајте идеи како да успееме за наше добро а најмногу за доброто на нашите деца.
     
    Последна измена од модератор: 27 јануари 2018
    На НаталиЛили, buba4e89, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Јас сум дете на самохран родител. Фала богу сега засега животот ми е подобар (зошто сум возрасен и работам) за разлика од минатото и знам како ви е, тие што имате мали деца. Оваа држава нема слух а нема исто така ниту една партија слух за самохраните родители. Знам јас лично што сум „кркал“ во државава и кога ќе ми продава некој приказни за патриотизам ми се лоши.

    Сеедно, тоа е мој личен став ама што и да направите ве поддржувам зошто знам каков ви е животот. :)
     
    На Troi, piglet1, malerozna и 6 други им се допаѓа ова.
  5. STELLA-LUNA

    STELLA-LUNA Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Толку години во нашава држава родители деца се соочуваат со овај проблем и никој не застана зад сето ова.
    Милиони здруженија за самохрани родители а благодет гледаат само основачите не и мнозинството.
    Не е решение ако некоја мајка и се помогне парично или со облека.
    Треба трајно да се реши ова.
    Ама тука сме и ние виновни што седиме со скрстени раце и чекаме проблемите сами од себе да се решат.Нема да се решат.
    Затоа пак ќе кажам што направија здруженијата сите овие години-Ништо !
    Доколку би имало закон тогаш сите ќе бидеме заштитени не само поединци...
     
    На malerozna и +++ им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Јас сфаќам дека ви е тешко, поготово што сами морате да го носете товарот на едно семејство ама морате и малце реални да ббидете во барањата.
    Ај точка по точка ќе образложам мое мислење
    1. Ретко кој е стамбено обезбеден. И пареви со еден вработен се туткаат со родителите на едниот. Па и со двајца вработени. Каде живеевте пред бракот таму ќе си се вратите. Не е лесно во заедница со родители, ама на улица не останувате и не трпите тортура од партнерот. Океј е привремено обезбедување на дом меѓутоа станбениот проблем го имаат 80% од луѓето.
    2. Се сложувам дека треба да се обезбеди пристојна работа, со која би подмириле трошкови за вас и вашите деца, меѓутоа толкав е стандардот, толку земаат сите. Треба задолжително во еднородителските семејства родителот да е вработен. Детето секако зема алиментација или пензија од другиот родител. Но имајте во предвид дека и 2родителските семејства работат за минималци, а тие не користат никаков додаток за дете пошто нели 2ца се. На сите им е тешко.
    3. Помала цена за градинките - да,меѓутоа не целосно бесплатно. Реално тоа дете јади таму, спие, користи средства за хигиена, тоа чини. Сето тоа јадење ако дома го купувате месечно ќе дадете сигурно повеќе пари.
    4.Флексибилност да, меѓутоа скратено работно време - не. Не е некој ,,црнец,, да работи 10 саата за вие да работете 6. Тешко е ама има и двородителски семејства кои немаат ничија помош. И тие не се пуштани од работа, и тие ги имаат истите тешкотии како и вие. СДК во тој поглед не сте само вие обезправени од работодавците.

    Знам дека ви е претешко, ама разработете ги убаво барањата, треба да се што е можно пореални. Што се однесува до мене треба социјални станови за сите, треба солидна плата за сите, флексибилност на работно време за сите родители на деца до одредена возраст
     
    На Troi, CameliaMiller, darcy и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Кoлку штo знaм при oглaси зa држaвнa рaбoтa сaмoхрaните рoдители имaaт преднoст, кoлку се пoчитувa тoa не знaм, верoјaтнo кoлку штo се пoчитувaaт прaвилa, зaкoни, сoцијaлнa зaштитa зa сите грaѓaни кoи не се oд привилигирaнaтa групa. Кoлку дa не е без ич. Стaнбенo прaшaње никoј немa дa ти реши, тoa реткo кaде гo имa, мoже дa се пoмoгне сo сoцијaлни стaнoви сo мaли квaдрaтури, пoнискa ценa и дoлг периoд нa oтплaќaње. Зa aлиментaцијa -дa се кoнтрoлирa и кaзнувa, не кaкo пoрaнo дa е мислoвнa именкa. Скрaтенo рaбoтнo време мoже дa имa oпцијa дури е дететo мaлo, зa пoнaтaму не гледaм пoтребa. Oднoснo гледaм aмa не е идеaлнo oпштествoтo и некoи рaбoти еднoстaвнo сaмите рoдители ќе мoрa дa ги нoсaт кaкo бреме.
     
    На CameliaMiller, Bozica1980 и irenna им се допаѓа ова.
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    @Sesil

    Во група на самохрани родители спаѓаат и тие на кои им починал партнерот или партнерката. Од каде тие алиментација?
    Фамилиите со двајца родители не можеш да ги ставиш на исто рамниште со тие деца кои имаат еден родител.
    Работава ти е, ги сфаќаш работите но не сакаш да ги сфатиш.
     
    На stetoskop, malerozna, makedonkamak и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тие децa не земaaт oд држaвaтa сумa дoдекa учaт и студирaaт?
     
    На Troi и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Тие имаат пензија од починатиот родител. 100%
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Ne e tocno, retko koj.
     
    На stetoskop и malerozna им се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ти самохран родител си? Не. Си осетила на сопствена кожа како е да е самохран родител во државава? Не.
    Ова се твои лични гледишта. Стави се малку под кожата на овие фамилии па тогаш ќе зборуваме.
     
    На stetoskop, buba4e89, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Eve jas, koga mi pocina edniot roditel ne dobive apsolutno nisto iako tatko mi rabotese privatno, a ne drzavno pa zatoa ne sleduvase nikakva penzija.
    I sto so takvite deca?
    Samohranite roditeli nemaat nikakva prednost, toa e samo zbor koj sto se spomnuva, a nikoj ne im ja dzva taa prednost ni za rabota ni za nisto.
    So majka mi ne ni davaa ni socijalna pomos ni nosto apsolutno nikakvanpomos od drzavata, majka mi morase sama da se snajde krsejku ja kicmata rabotejki.
     
    На malerozna и +++ им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    И пензијата не се добива бај д веј ако човекот е вработен и нема 50 години. И кога ќе се добие таа е претежно минималец.
     
    На stetoskop, malerozna и makedonkamak им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не реков дека е лесно. Дека ружи им цветаат ама немаат некоја предност и двородителските. Ете има фамилии кај што еден е вработен за минималец. Која предност ја имаат тие? Демек полесно е коа се 2ца.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Полесно е зошто тие двајца имаат шанса да најдат работа пак, иако е ретка во државава мизерна. А тие со починат родител малку потешко.
    Ете ти друго искуство горе, жената на пример не добила пензија од државата. Мојот родител доби ама знаеш кога?

    Кога наполни педесет години. Пред тоа не ја доби. И автоматски ја губиш ако си вработен.
     
    На stetoskop, buba4e89, malerozna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Не зборам за семејна пензија на брачниот другар при смрт на партнерот. Зборам за надместокот што се дава на детето/децата после смртта на родителот, а се дава надоместок тоа сигурно. Ако студира се продолжува и по 18тата, мах до 27 годишна возраст. Намерно деца што ги познавав ги влечеа факултетите со по 1 испит до крај ради надоместокот.
    Нема ни потреба да зема семејна пензија ако е работоспосебен.Кој оди во пензија во државава на 50? И познавам куп жени што на 50 земаа пензија од партнерот и работат непријавени, фактички со 2 плати се. Си го знам народот, знам какви сме сите, сите дупки во законот експресно се простудираат.
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Одат тие во пензија каде пензијата е иста со платата мизерна во државава. :)
    Ако ти земаш повисока плата не значи дека мнозинството зема исто плата колку тебе. Ако доволно си запознаена со народот ќе знаеше исто така дека народов работи и за 9000 денари како продавачки и продавачи.

    Тој надоместок што го зборуваш ти, дај да видиме колкав е, вака дај некоја сума да видиме за колкав надоместок се работи.
    Тоа се лично твои искуства со овие фамилии. Моите искуства се поинакви.
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Додека студираат децата со починат родител земаат пензија. Знам со сигурност од другарка (4-5000ден земаше).

    За вработување и те како треба да имаат предност.
    Скратено работно време, не гледам зошто? Со исклучок на денови кога детето е болно, па родителот треба да биде ослободен од работните обврски да го однесе на лекар.

    Станбено обзбедување - кога Македонија би била утопија па да обезбедува станови за повеќе категории, со оглед на висината на примањата кои ги имаат луѓето во државава.

    Пред се - да се зголеми сумата на издршката од страна на родителот кај кој не е детето и да се регулира законски ДА МОРА секој месец истиот да ја исплаќа предвидената сума. Во спротивно, лицето да си сноси соодветна казна без пардон.

    Сумата која сега е предвидена е СМЕШНА, а да не споменувам и дека ретко кој ја плаќа. Не може едниот родител да сноси финансиски се на своја грбача, а другиот да изигрува мангуп.
     
    На CameliaMiller, oblace1, malerozna и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Ne se dobiva NIKAKOV nadomestok koj te lazel vaka?
    Ti rekov nie nisto ne dobivme od drzavata ni denar, barem za pogreb da ni pomognaa nekako, oti znaes kolku se plaka eden pogreb?
    A togad bevme vo mnogu teska situacija sto ni pomognaa tetki i vujkovci fala bogu. Kaj nas i smrtta se plaka...
     
    На buba4e89 и malerozna им се допаѓа ова.