Мислам дека акцентот треба да се стави на пријавен/непријавен, односно, со платени придонеси или диво, а не државно/приватно.
Се добива. Последен случај на пријателка мајка и. Почина жената. Девојката е 22 и студира. 4500 и е надоместокот. И пак ќе кажам не е лесно никому. Никој не е ни уназаден ни со предност. Сите СМЕ во иста каша. Надоместок за погреб никој не добива, има некој надместок ама мислам за пензионери дека е, не знам точно која група го добива. Зборот ми е дека е нереално да се очекува да се добие секаква можна бенефиција само ради тоа што се нема партнер, било да се разведени или едниот е починат.
Јас имав на пример пријателка која студираше и добиваше надоместок дур студираше. И на крајот државата ги натера да ги врати. Ај ако сакате вака дадете сума на овие надоместоци, колкави се тие надоместоци кои ги исплаќа државава за да може да се прехрани фамилија со еден родител и две деца и плус да плати сметки за вода, струја, да наполни фрижидер и.т.н.
Различни суми по различен основ. Никој не вика дека се големи. Дека се доволни за лагоден живот. Дека сите прашања животни ќе ти ги реши тој надоместок. Ама ни комплетните семејства немаат никаков предност во однос на решавање животни проблеми. Муабетот ми е, не е дека е лесно некому туку дека нечии очекувања се нереални.
Значи, јас кажав тоа што знам. Девојчето земаше и не врати ништо. Намерно го влечеше факултетот, за да зема подолго време надоместок. Нема што да давам сума на надоместоци, кога се знае дека сумите овде се бедни и во еднородителски и двородителски семејства. Може семејството да ги има и двајцата родители, па едниот да биде здравствено онеспособен за работа и кога да видиш и тие не се во позавидна ситуација од другиве со еден родител. Државава нема СТАНДАРД НА ЖИВОТ за никого. Тоа е реалноста. Жив или мртов, секако си беден овде. За државни надоместоци пак... безвредно е да се зборува.
Да речеме земаш ти 4500 денари надоместок и плус работиш за 200 евра а имаш две деца кои треба да ги прехраниш, облечеш, школуваш, да платиш храна, струја, вода и.т.н. е нормална норма за тебе тогаш не знам што да ти кажам искрено. Треба да пробаш па да видиш. Вака на празно зборување џабе е. Сите се во каша, тоа е точно ама не можеш да споредуваш фамилии кои се состојат од двајца родители со фамилии кои немаат родител и имаат минимални примања и недоволно средства за да обезбедат лагоден живот како што велиш ти. Добро си кажала ти што знаеш, во ред, јас прашав за сумите на надоместок колкави се.
Во однос на првата точка мислам дека е малку преамбициозно такво барање. Убаво би било, да, можеби и некаде далеку,во некоја земја е и изводливо...но мислам дека за почеток би требало да се фокусира кон некаков вид на прифатилишта и центри во кој би биле привремено сместени тие жени и деца. Привремено решение само, да, но доволно да се застане малку на нозе и да се добие време да се решаваат сите нови ситуации кои произглегуваат од разводот. Предноста при вработување да, но при исти квалификации. Двајца или повеќе кандидати кои имаат исти квалификации, од кои едниот е самохран, тој да го го добие работното место. Предност при запишување на дете во градинка. Знаејќи ја ситуацијата со добивање на место во истите, неопходно е да се ослободи место за да може родителот да работи. Потоа и ослободување од партиципацијата или барем големи олеснувања. Не сум за скратено работно време, барем не по плата за осум часа, но секако дека е потребно олеснување при добивање на слободни денови и боловања. Опцијата скратено работно време со плата за скратено работно време да постои.
Еве ако се двајца, едниот болен, без доволна старост за инвалидска пензија. Кај минималец, кај никаков надоместок за децата па уште и трошкови за болниот, А? Значи и од лошото полошо има. И пак ќе повторам, не е доволно, премалку е. Али и никој не зема повеќе.
Ти кажав колкави се за тие што знам. Истата сума и друг ја спомна. А ти што си мислиш, семејствата со двајца родители не живеат со 200 евра? Тогаш кај живееш ти?! Еве, јас сум ти пример. Дискусијата не мора да продолжува натму на таа тема оти е тоа вистина, а имам двајца родители. И не, НЕ Е НОРМАЛНО, ама е сечија судбина овде, а не само на самохрани семејства.
Моите искуства па велат дека и фамилии со 500 евра месечни примања не преживуваат како што треба. Ама фамилии со двајца родители кои се работоспособни не можеш да споредуваш фамилиии кои имаат еден работоспособен родител и тоа е факт.
Јас живеам во Македонија, благодарам на прашањето. Ти очигледно не живееш во Македонија. Да живееше во Македонија ќе знаеше дека фамилиите со двајца работоспособни родители имаат повеќе можност да стигнат до поголеми примања отколку фамилии со еден родител. Ете, тоа е разликата.
Колку е моментално алиментацијата за дете? Процент од плата е? Постои издршка на екс - брачен партнер?
Алиментацијата е мизерна. Во мое време додека бев мал мислам дека беше околу 3000 денари или така нешто. Сум заборавил бидејќи одамна работам искрено. За второво навистина не знам зошто јас припаѓам на друга категорија на самохрани родители.
Јас и брат ми зимаме пензија и двајцата, околу 10 000 и нешто. Не треба ништо да враќаме коа тоа е од пензијата на мајка ми што еден ден ќе требаше да ја зима ако беше жива.
Јас како дете на починат родител земав 1500 денари и брат ми 1500, заедно 3000. Под услов да студираш и до 26 год. Не знам од каде 4500 зема еден човек, ниту познавам ниту од овие што ги знам зема некој толку. И јас ги влечев постдипломските и магистратурата додека годишната граница ми ја премине бројката и ми се скрати и таа сума, зошто во таква финансиска криза во која бев и тие мочани 1500 ден ми беа потребни ко воздух. А денеска џабе ми цел факултет зошто живееме во мизерија од земја. Заштита на тие деца е и те како потребна и задолжителна. Ама овде ништо не функционира зошто сме шитхол-от во Европа.
Не порекнувам дека едните имаат поголеми потенцијални шанси за некој денар плус од другиве. Ама, многу околности има. Секој случај/семејство е засебен. А ако некој смета дека бенефициите на самохраните родители треба да се зголемат во земјава (посебно во однос на издршката при развод како што спомнав погоре), тогаш тоа сум јас.
Значи сега испадна дека имаат поголеми потенцијални шанси и не можат да се споредат. Ти благодарам на одговорот. Имај убав ден.
До бескрај може да се докажуваме. Секој за себе си знае како му е и колку му е тешко. Може полесно е коа си во пар од некој аспект ама рачунај човек плус е трошок плус. Секој со свои барања, захтеви, проблеми. Шо ако едниот зема и 1000е плата ако другиот е болен и месечно 800е одат за негово лекување.
Ти oд привилигирaнaтa групa си, зa мaкедoнци збoриме. 3000 ден пoрaнo кoгa си бил дете билo oтприликa 30 пoстo oд реaлнa прoсечнa плaтa @+++