Па јас говорам за работоспособни родители. Зошто на тоа се засведе споредбата. Тоа е тоа, дека со 3000 денари тебе ќе ти се смени животот драстично. Треба да си ѝ благодарна на државата за мизерната алиментација.
Ама потенцијални. Еве напишала Сесилија погоре како може и да не се баш толку големи шансите како што си мислиш ти. Друго сценарио. Замисли само едниот да е алкохоличар или коцкар, па да дава за своите пороци три пати повеќе од тоа што заработува... Секој над својот гроб си плаче.
Зошто одите во крајности? Секој ли е во државава алкохоличар? Не. Тој алкохоличар сам си го направил тоа, никој не го терал да пие. И може да побара помош за проблемот.
Па не е спорно дека има и Македонци кои се ист случај. Другарка моја со брат и' добиваат исто околу 10 000 денари месечно од пензијата на татко им. Можеби има улога висина на плата, стаж, немам прочитано нешто повеќе околу тоа.
Ете, сега знаеш. Значи на тој што му починал родителот не е тој виновен. Тоа што некој посегнал по алкохол сам си е виновен. И за такви работи постојат стручни центри кои пружаат помош. Ако тој не е доволно свесен дека треба да побара помош е негов проблем и тој самиот си е виновен.
Па јас не ги ставам во иста категорија луѓето кои не се работоспособни со нас. Работата е тоа што вие ги ставивте фамилиите со по двајца родители со овие кои имаат само еден родител во иста категорија. Тука настана спорот. Јас не негирам дека има и полоши случаи од нас ама да се стават двајца родители на исто рамниште со еден родител е без врска и неосновано.
Знаеш што, ајде да не ја шириме темава, болна е и за тие без родител и за тие со родител алкохоличар. На тој што му починал родителот знае каде е, ама оној со алкохоличар ем не знае по цели ноќи каде е, ем кога ќе се прибере знае дека сите ќе ги измлати. А за тоа кој е крив... ни знам, ни сакам да знам. Детето СИГУРНО не е криво.
3000 за двајца студенти. Ма и благодарница требаше да им испратам. Факт е дека тука различни случаи се измешаа и факт е дека спорни се сите и дека во оваа земја апсолутно никој не е заштитен. Тешко тој што не може сам да заработи.
И ние земавме 3000 од дете. За сите тројца 9000 вкупно. Не знаевме што попрво со парите. Ни следуваа до 26 години. Кој како завршуваше со студии, така прекинуваше семејната пензија за него. Не знам врз основа на што зависи големината на сумата. Тогаш, не баш дека ме интересираше тоа. Ама, дефинитивно сметам дека финансиската помош треба да е поголема.
Оти? Ако некој стекнал со брачниот партнер солидно живеалиште и едниот почине додека некој пар се влечка по кирии кој е во подобра позиција?
Има разлика. Човек кој посегнал по алкохол сам си е виновен. Тешко им е и на тие фамилии ама тука си е виновен самиот родител кој посегнал по алкохол. Има и други родители во државава кои имаат проблеми слични на тие со некој кој е алкохоличар ама гледаш, тие не посегнуваат по алкохол. И си постојат стручни центри за помош.
За држава во која партијата на власт не се грижи за ниедна група граѓани, туку само за партиските војници и гласачкото тело, ниту едно од барањава (за жал) не е реално - особено во последно време, кога практично партиски војници = гласачко тело. Дури и по некое чудо да се донесе закон кој ќе опфати барем една од наведениве точки, истиот ќе биде злоупотребен, па помош и олеснувања ќе добиваат врскаџии или борци за „каузата“ и партијата. Најверојатно ќе има и голем број на фиктивни разводи, само за да се ќари некоја бенефиција - како на времето што беше со општествените станови. Во држава во која ни постоечките, најосновни закони не функционираат и не се применуваат, за жал, реалноста е таа.
Досаден си, знаеш?!!! Се повтараш само непотребно безброј пати! Ти зборуваш од твој аспект, јас од мој. Не мора да се натегаш и твојата да е последна. Секој со искуствата!
Имаш и самохрани родители кои се под ќирија. Ти мислиш дека на сите самохрани родители им се скоцкани работите во животот. И како можеш сега ти овие самохрани родители да ги ставиш во иста категорија со двајца работоспособни родители кои имаат поголеми шанси за преживување зошто имаат прилив на пари од две страни?
Знаеш што, ако не знаеш да разговараш како што треба и ако сум ти досаден игнорирај ме едноставно. И толку. Нема потреба тука да ставаш извичници.
Па како кога си мислиш дека само ти си во право на темава? А луѓето споделуваат животни искуства и факти од нивни случувања. Ама не, ти пак по твое. Некој не знае да дискутира...
Да а, а од каде се најде работава да се дискутира за алкохоличари во темава? Тука колку што знам се говори за самохрани родители. Си ја промашила темата. Отвори тема за алкохоличари и ќе зборуваме таму.