Знаеш од каде се најде?! Да ти кажеме на тебе дека некогаш и со двајца родители можеш да се чувствуваш како со еден и истиот никако да не придонесува за семејството! Ете од таму.
Ако ти имаш искуства такви во твојот личен живот јас навистина жалам за тоа и немој да мислиш дека ти се потсмевам или нешто. Далеку од тоа. Ама еве на пример мојот самохран родител имаше проблеми еден куп во животот па никогаш не посегна по алкохолот како решение. Како и родителите на многумина други. Сите имаат избор кога се живи што да прават и како.
Е убаво... Ќе живеат двајца невенчани за да жената падне во категорија самохрани мајки,па државата да ја згрижи. Нека има Закон.. Ама условиве напишани во уводниот пост како преоптимистични ми се чинат. Зошто да има скратено работно време? ..не сме ние свесен народ.Сакаме да ги користиме бенифициите до бескрај. Ако ти следи-ок..земи си,ти се пружа прилика,искористи ја,не крадеш туку Законот ти дозволува. НО..знаеме сите дека не е така. Еве пример: дете на колешка од работа се влечка со последниот испит на факултет ради пензијата што ја прима од починатиот татко. Значи ја терети државата и не остава место за друг.
Сесил, во ред е, си застапуваш свое мислење. И нема да одам понатаму веќе да дискутирам во врска со ова. Зошто ќе се натегаме до бескрај а и ќе ја трујам темата само со мои коментари. Но те охрабрувам да пробаш да живееш како самохран родител па тогаш би сакал баш да го споделиш своето искуство од сето тоа. Да видам што ќе излезе од твоето искуство. Понатаму нема да дискутирам на оваа тема. Ти посакувам секое добро.
Во идеален свет каде и двајцата сопружници си работеле, ќе работат и после развод. Наместо две плати во буџетот ќе има плата и издршка. Односно плата и пензија каде што починал брачниот партнер. Таму каде што починал брачниот партнер, тој што работел ќе продолжи да работи, од другиот пензија. Таму каде што сопружниците имале куќа/стан, сеедно спечалено или добиено во наследство, ќе си имаат и после разводот или смртта на едниот брачен партнер. Мислам дека тука тука треба да се заостри законската регулатива во однос на она што во практика често се случува. Мајката(може и татко де) и децата само со алишта да напуштат домот во кој се живеело и инвестирало со години. А таму каде и во текот на бракот немало сопствен дом или сопствени примања...да, нема многу што да се дели а таа алиментација е мала. Оти прва врата на која се чука треба да е родителот на тоа дете, тој кој го створил, после од државата. Затоа треба да се дадат некакви олеснувања за тој кај кого се децата да дојде побрзо до работа а другиот да дава достоинствена и фер издршка.
Вака ќе ја напишам мојата ситуација па вие проценете дали е премногу амбициозно ова што треба да се спроведе,само тој што е во ваква ситуација би разбрал...кој не бил бадијала би коментирал едно е да го доживуваш секој ден ова, а друго е да седиш во втор ред да си грицкаш пуканки и да плукаш 1.Работа-државно невозможна мисија. Приватно-Секој ден одење по интервјуа.Прво прашање дали си мажена кога ќе кажеш дека си разведен или добиваш пуштање од тако званите директори бидејќи важиш за ,,лесна жена" или следно прашање кој ќе ти го чува детето кога ќе се разболи. Автоматски не си примена освен ако не се согласиш на такви понуди. Идеш на милиони интервјуа со надеж дека ќе најдеш нормална работа за да го прехраниш своето дете бидејќи помош било каква од никаде не добиваш.А притоа знаеш дека си квалитетен но тој епитет ,,разведен" му пречи.Така да сум кажувала и на интервјуа дека сум мажена и полесно сум поминувала.Бев приморана да лажам за да ги избегнам тие надофрлања.И полесно поминував. 2.Скратено работно време Добив отказ бидејќи немаше кој да ми го чува детето кога ми беше болно.Имаш исмејување од типот да го носиш и на работа кога е болно.Го однесов детето на болница и следно добив отказ. Еве вака е мојот ден на сабајле треба да станеш многу рано да го однесиш детето прво во градинка и последно да го земеш.Други поточно учителките ти го воспитуваат детето бидејќи се убиваш до 5 на работа за да имаш да поставиш за јадење на маса. Минимално во денот сум со моето дете.Бидејќи од сабајле до вечер е во градинка.Нормално е некој тоа да ми каже? А потоа трчам од работа да го земам детето бидејќи секогаш останува последно.На тоа дете психолошки гледано како му е? И јас сакам повеќе време да поминувам со моето дете јас да го воспитувам но тоа е невозможно. И да се молиш да не се разболи бидејќи тешко некој слободен ден дека ќе ти даде. Скратено работно време бидејќи на пазар на лекар по шалтери секаде треба и твоето дете да иде со тебе и на -20 с бидејќи немаш ниту 1 минута слободно време да ги извршиш сите обврски на маж и жена.Ете затоа не од ќеф. 3.Стамбено прашање Ајде некој нека ја направи таа весела математика и ќе ми каже како е возможно да платиш кирија,сметки,храна,партиципација за градинка а притоа да не заборавиш дека твоето дете не знае дека се нема пари па да не можиш да му купиш едно чоколадо и да го натераш да го врати во продавница.Ова е пример од многуте работи кои мораш да му ги скратиш. Абе луѓе читам читам и не можам да си поверувам не дај боже некој да се најди во ваква ситуација дури тогаш ќе види низ каква мака секој ден се поминува затоа не јадете трици тие што не сте бидејќи не дај боже да знаете како е.
@STELLA-LUNA извини што вака директно ќе прашам, ама каде е таткото во целата приказна? Не дава никаква издршка, не го зема воопшто детето на посети за да се завршат административни обврски, не помага со бејбиситинг или слично кога истото е болно уствари и општо, на редовна база? Однапред се извинувам доколку истиот е починат. Едит: си пишала разведена, сега прочитав.
Многу малку имаме избор во државава. Јас ти ги разбирам негативните побуди кои ги гаиш кон државава, истите ги делам со тебе. Од различни причини можеби, ама сепак такви се. Перспективите и на млади, и на самохрани, и на двородителски семејства си виделе аирот овде.
Имам роднини со 6 годишни близначиња. Живеат во 22 квадрата под кирија, и двајцата работат за минималец ( за 8000 ден), на работа се од 08-17 ч . Време за деца - оскудно. Ако државава "реши" станбено да ги згрижи самохраните родители , ако самохраниот родител има право на пола работно време за цела плата, ако нема да треба да плаќа градинка, јас навистина не гледам причина зошто овие двајца да останат во брак. Нека се разведат, државата " нека ја спастри мајката " со стан ,работа и и све, па тие нека си продолжат после со љубовта вон брак. Пошто состојбата во државата ни е мислам дека не ретко би се правело ова.
Сваќам sesil i referentka и други што сакате да кажете.Потполно разбирам како што беше случај за социјалните станови кој зеде???Сите освен не тие што навистина им треба. Што ако некој навистина нема каде да живее и родителите му се починати или се болни ? Па некој стварно нема услови кој да му го почува детето? Дали и во тој случај би рекла ма нека работи ко црнец и дома и сегде? Никогаш за никој не се суди.Секој си има своја приказна.
Темата е многу комплексна, а се оди од крајност во крајност, со мешање на политика и сите институции во државата. И јас сум дете на самохран родител. "Дете", веќе сум полнолетна личност. Ама знам како функционираат некои работи. Не може никој да бара некој (дражавата) да ти обебеди стан/куќа во која ќе живееш со години. Но може да се изградат центри каде што ќе има сместување за родителот и детето/децата, при што ќе им се обезбедат барем три оброци, со престој од шест месеци. Некој член претходно ја спомна идејава. За тие шест месеци, родителот нека бара работа и нека работи. При вработувањето, не треба да има отстапки во квалификациите, работното време и платата, но може да се издејствуваат олеснителни околности во вонредни ситуации за да нема пречки родителот да биде таму каде треба да биде во одреден момент. А самиот родител да биде свесен дека нема голем избор или простор да чека, како и секоја друга личност која се бори за работно место. Државното образование, не зборувам за градинките, е скоро бесплатно. Освен 100 ден. годишно за здравствено осигурување. И партиципација за натпрвари по одредени предмети. Не ги сметам трошоците за другите потреби. Немам починат родител па не можам да зборувам за додатоци кои ги плаќа државата, но ќе пишам збор два за алиментацијата. Мислам дека таа се одбива по даден процент од платата на другиот родител. Иако примерот кај мене е поразличен затоа што разводот на моите беше спогодбен и сумата беше договорена. Сепак, сумата не е значителна за да биде доволна за живот. Дури ниту за издршка. Освен ако родителот кој плаќа нема добра работна позиција и плата над 15000-20000 ден. Сумата не е доволна за да се остане само на неа. Моралната позадина е друга тема и тука е менталитет во прашање. Како народ имаме многу стереотипи и заблуди кои треба да ги надминеме. Плус фактот дека сѐ зе зема здраво за готово и се сфаќа лично. Општо земено, ние немаме "удобен" стандард на живеење на државно ниво. Според тоа, не може да има очекување дека некои посебни категории ќе имаат нешто повеќе од она што е над стандадот, а државата да го обезбеди и пружи. Секој мора да се труди да најде сопствено решение за да ја има комфорцијата која ја сака.
А да предлогот што беше спомнат за центри за згрижување А што велите сите родители и деца да не стават во еден бункер како во времето на Хитлер. Ионака тие деца се соочуваат со доста проблеми што ќе му е нив да знаат што е ДОМ??? Срамота. А во однос за работата мојот револт беше изразен бидејќи сум и повеќе од доволно образована и бидејќи рековте да нема отстапувања од критериумите за вработување. За жал имаше со средно влегуваа на работа. Не е срамота да се бориш за своето дете. Срамота е некој да суди да кажува било што како би било добро или не ако не бил во таа ситуација. Тој што бил и што е знае што сакам да кажам а за другите има други теми. Ние не чиниме затоа и државата ни е до овај степен.
Баш оти не срамота да се бориш за своето дете скоро па секој кој се наоѓа во ситуација како што го наведов семејството во мојот пост , секој би постапил така како што пишав. И во тоа семејство мајката има високо образование ама еве работи во оранжерии по 9 ч. Пак ќе кажам , треба да има олеснувања и некоја поткрепа за самохран родител( и тоа во случај ако едниот е починат) ,ама решавање на станбено прашање, бесплатна градинка, пола работно време....... Превише. И нивното дете сака да осети ДОМ, ама за жал нема ни бања во " станчето" во кое живеат.
^^ Па не ќе е лошо и ти малку во реалноста да ѕирнеш, тешко верувам дека е, ама нема добра вила што ќе ти купи стан, ќе ти најде добра работа со скратено работно време и плата доволна за удобен живот без нервози. Така сите ќе се разведат, верувај дека толку им е лошо и на многумина околу тебе, со партнери или без.
Оти срамота? Такви центри функционираат низ цела западна европа и се дом на стотици мајки и дечиња додека застанат на свои нозе. Колку дамо мајки на полноќ биле извлечени од домовите каде биле со насилни сопрузи и биле згрижени во секаков смисол на зборот.
Ne znam za drugi, znam za mene deka jas ne dobiv nikakva pomos od drzavata iako majka mi pobara.... Od druga strana pak mazot na tetka mi koga pocina i ostavil golema penzija zosto rabotel drzavno... (Tuka ne spagja nikakov nadomestok za dete) A tatko mi cel zivot rabotel privatno i nisto....
Ако починатиот бил во работен однос и се плаќале даноци и придонеси,тогаш на детето му следува надомест.
Bas koga soomna vakvo nesto edna razvedena majka ziveese do nas i zimase nekoe socijalno od drzavata, Dodeka nie ne zemavme nisto... Edinstvena razlika gleda vo toa sto taa stom e razvedena dobivase pari za decata sekoj mesec od razvedeniot partner i plus socijalno i plus rabotese... Dodeka nie ni ednoto ni drugoto.... Zosto e toa taka vo nasata drzava?