Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самохрани родители

Дискусија во 'Брак' започната од TinaK, 28 јануари 2010.

  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Болна тема, ама во исто време со многу нереални и нефер очекувања.

    Ако си самохран родител не си хендикепиран за да работиш со скратено работно време, да добиеш бесплатно живеалиште или привилегии при вработување.
    Темата е комплексна и верувам дека што и да се каже на истата ќе биде сфатена лично како напад.
    Ја сум за еднакви можности за сите, секој да има право подеднакво да се бори за место под ова сонце.
    80% кај нас работат во приватен сектор и пред 5 саат не се дома па и тие луѓе сакаат да си го видат чедото дома иако имаат маж/жена и не се сами. Грото млади се борат за живеалиште, за топол дом за оформување семејство и не им е полесно само затоа што не се самохрани родители. И нив ги чека отворена уста за леб, сметки на маса, кредит во банка. Истите тие се тресат пред огласи за работа секој ден и молат Бога некој да им се јави па макар за минималец да работат.

    Да живееме во идеална земја каде се ќе функционира како што треба и ќе има за сите исто, прва би дала привилегии. Ама вака јас да работам по 9 саати а друга да работи по 6 саати само затоа е самохрана мајка/татко извини ама не. И тие што не се сами подеднакво си ги сакаат децата и сакаат да поминуваат време со нив.И тие што не се сами сакаат да имаат свое живеалиште ама согласно можностите се стискаат или во заедница, или под кирија во туѓо или плаќаат кредити за стан ако се од "посреќните" да можат да си дозволат кредит.

    Би дала олеснување во однос на образование, здравство и други социјални погодности, ама ова што погоре се пишува е лежи лебу да те јадам.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  2. STELLA-LUNA

    STELLA-LUNA Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Бриџит ме насмеа
    Далеку од тоа дека некој со стапче ќе замавне и на сите ќе ни ги исполни желбите.
    Но апсурдно е тоа за прифатилишта ај ставете се на мое место и ставете ги вашите деца таму.Ја гледате таа слика?
    Епа во таква средина може некој дете да воспитува??Во запад тоа функционирало епа функционираат таму многу работи не се остаени луѓето на милост и немилост.
    А и тие што имаат не прават сеир со тие што немаат на запад е така е не како овде.
    Дај не мешајте баби и жаби.

    Читам мислења нелогични сами по себе.
    Точно што и да се направи и да се постави закон Македонска работа е ќе се злоупотреби секој ќе се разведи на хартија и ќе ги ужива придобивките од државата.
    Исти случај беше за социјалните станови.Луѓе доста имотни зедоја стан а луѓе кои што немаат каде да живеат си останаа пак на улица.
    Затоа пак ќе кажам дека освен што до утре можеме да плукаме во системот на државата најмногу е до нас.
    Не ни чади на сите оџакот како на повеќето што пишувате овде.

    Ако е превише сето ова Вие што сте двајца и земате 2 плати.
    Ајде кога е превише просветлете ме што е превише?
    Една плата за кирија сметки храна градинка.На двајца да се подели е многу полесно.Ако е превише тоа што го напишав кажете ја математиката да ја знам и јас.
    Сите знаеме колку се кириите сметките а колкави се платите.
    И одма со тој македонски менталитет зошто ти да не плаќаш градинка абе...

    Луѓе дај гледајте малку пред себе а не во туѓиот двор.
    Моите очекувања не се нереални,нереално е што денар државата не помага.

    Какви случаеви има на луѓе и уште нереално било што јас сум барала???
    А што барам да ве прашам?
    Да се замениме еден ден вие што живеете во розов свет и што се дрзнувате да пишувате вакви работи па да ве видам дали ќе стоите уште со вашите размислувања или во целост ќе се согласите со мене.

    Немам коментар.
     
    На buba4e89, zalosna, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.278
    Пол:
    Женски
    Прашање од братучедка ми ако сакаш со нив да се замениш.
    Двајцата се вработени и земаат по 8.000 . Имаат близнаци за кои до лани плаќаа 3800 градинка. Ќиријата им е 3000 ден за нешто како поголемо од дневен престој. Сметките 2000. Немаат кабловска,само еден моб за во зорт.Едното дете има хронично заболување за чие лекување месечно даваат 2500 ден. Мора еднаш месечно на контрола за Скопје -1000 ден.
    Како ти се чини?
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    @STELLA-LUNA
    Не кaжa aлиментaцијa дaли дoбивaш, пензијa зa мaж aкo е пoчинaт, сoцијaлнo нештo...никaквa пoмoш?
     
    Последна измена: 27 јануари 2018
    На CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    На оваа тема јас можам само да издвојам и да разберам вдовица со малолетно дете, едно или повеќе. Сите останати категории се далеку од ранливи. Зошто? Затоа што се работоспособни.

    Двајца развдени родители - во мои очи тоа се двајца работоспособни личности, што, како зошто? Нивно е, ниту на луѓето кои се во брак не им е лесно и пари не им паѓаат од небо. Речиси 80% од луѓето во оваа држава работат за минималец, имаат проблем со станбено прашање (мал стан, стара куќа, кредит итн.), работат од 8 до 4 и трчаат во градинка и по шалтери.

    Вдовица со полнолетни деца - сите се работоспособни.

    Со сигурност можам да кажам дека деца кои имаат еден починат родител ја земаат пензијата од родителот. Во моментот ми текнува на четири личности кои го користат ова. Другар запиша факултет баш ради бенефитот до 26 години и студираше додека другиот родител не доби право да ја користи пензијата. Две колешки останаа без родител во текот на студирањето и земаат повеќе од 7000 денари, а родителите нивни биле осигурани на минимална плата. Сосема трета личност зема три пати повеќе, родителот работел на добра функција со висока плата.
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Blessed ♥

    Blessed ♥ Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    428
    Мислам претеруваш, навистина.
    Зошто е лошо да престојуваш во прифатилиште на неколку месеци? Зошто е срамота?
    Знаеме што сака секое дете. Ама ќе се прилагодиш на ситуацијата, а и детето исто така, како и да звучи ова. Да имаше кај нас такви центри, прифатилишта (колку што знам нема) ќе беше од голема помош за многу луѓе. Помош е да имаш сигурен кров над глава 6 месеци и да не плаќаш сметки. За тоа време бараш начин, се снаоѓаш некако, се бориш и продолжуваш.

    Факт е дека државата не чини и ништо не функционира. Џабе образование кај нас ако немаш врски. Знаеме кој добива станови и помош од државата, ама па и барањата се претерани и нереални. Барај нешто поскромно, па можеби ќе добиеш, ова најдобронамерно.

    Инаку, јас сум од оние што беа спомнати погоре, имам двајца родители од кои едниот никако не придонесува за семејството (погодете кој) и сега? Кој ни помага? Никој. Сме оделе и голи и боси, по снег, по вода и да знаеш среќни ќе бевме да не згрижеа во овие центри што се за тебе срамота.

    Не е срамота да се бориш за своето дете, точно. А детето не се чува под стаклено ѕвоно, секогаш сум била против тоа и ќе бидам, немаш пари за чоколадо, ок, фино ќе му објасниш дека ќе купите нареден пат и ќе гледаш да те разбере па да порасне во разумна личност, а не да го штитиш од се наоколу па да не знае кај се наоѓа.
    Дете сака дом, сака двајца родители, сака љубов и хармонија дома, сака храна, шетање, играчки итн. Дете е, сака се’ ама родителот го учи да се прилагоди на ситуацијата, ако нема храна на маса, нема да купиме играчка и толку. Детето ќе биде благодарно за тоа кога ќе порасне :!:

    Можеби малку забегав од темата :?:
     
    На bittersweet, CameliaMiller, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. STELLA-LUNA

    STELLA-LUNA Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Bubce38
    Поздрави ја братучедати и кажи и дека искрено ми е жал што е во тешка ситуација.Какво прашање е тоа дали би се менувала зарем ќе си ги мериме маките?Ако е така нека биди среќна и задоволна повеќе не коментирам кога би ја кажала цела приказна ќе биди среќна што она не е на мое место.

    И така еден министер ја читаше темава таман се реши да се усвои закон за заштита на луѓе кои имаат потреба од помош.Ама виде дека македончето очите меѓусебе ќе си ги извади па се откажа.

    Сериозни ли сте луѓе?Како ги испревртевте работите од каде ви доаѓа таа злоба само не ми е јасно?До степен со споредби.
    Секој најдобро си знае како му е.Од страна да гледаш и читаш тука иди малку нереално.
    Од револт го напишав сето ова.

    Да ги разјаснам малку работите.
    Се додека некој не се најде во оваа ситуација незнае за маките.
    Така и јас.И јас порано да прочитав мислење од некоја немала кај да седи или сакала помалку саати да работи можеби и јас ќе се бунев.Затоа не ве обвинувам.
    Зошто да се работи помалку саати?
    Еве вака кога си сам апсолутно една минута немаш слободно време ама ич.Значи моето искажување не беше за јас дека не би работела и 24 саати ако треба.
    Туку што сите обврски кои ги извршуваат вашите мажи,родители, браќа сестри....јас морам сама и плус како што кажав морам и моето дете да го носам на минусни температури за да платам пример сметки,да испазарам на доктор итн....

    Друго во однос да не се плаќа партиципација во градинка.како што кажав а и вие што сте против тоа за вас очигледно не е ништо тој износ,ама за мене е и со тој износ би покрила една сметка.

    И трето и последно повеќе не коментирам.
    Каков народ сме значи како нас нигде нема.
    Како единство планини можиме да поместиме а ние меѓусебно се препукуваме.
    Ете затоа од нас држава нема да не биде.Оти никогаш не се ставаме на место на другиот како му е туку за себе само гледаме.
    И не ме чуди и ова да биде како закон усвоено со пароли луѓе ќе протестираат и тоа тие што имаат.

    Дали немаштијата не направи вакви нечовечни.Дали тие што имаат незнаат како му е на тој што нема.Незнам...

    Слободно нека се избриши темата нема потреба богатите да плукаат а тие другите да си ги мериме на кантар маките.
     
    На nevermet18, НаталиЛили и eli25 им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @STELLA-LUNA, не сакам да бидам погрешно сфатен - апсолутно сочувствувам со твојата мака и се сложувам дека нешто би требало да се преземе - меѓутоа, мислам дека работите ги гледаш малку еднострано, од аспект на самохран родител.

    Велиш, си се соочила со различни непристојни предлози и понуди на интервјуа за работа - со истото се соочува најголем процент од женскиот пол кај нас.

    Велиш, те избркале од работа затоа што си морала да земеш слободен ден - стотици луѓе се избркани од работа затоа што се разболеле, некој нивен близок се разболел или од некоја друга причина морале да отсуствуваат од работа.

    Велиш, која е таа весела математика со која се плаќа кирија, сметки, храна, облека и други основни потреби - па, тоа е истата онаа математика која ја прават илјадници семејства, во кои само едниот родител работи за минимална плата, а немаат решено станбено прашање или помош од страна.

    Поентата ми е - проблемите кои ги опишуваш не се проблеми кои исклучиво ги засегаат самохраните родители - тоа се проблеми со кои се соочуваат добри 90% од луѓето во земјава.

    Што не значи дека нешто од ова погоре е нормално, оправдано или дека така треба да биде. Но, за жал, таква е реалноста во Македонија.

    Многу работи не чинат и многу работи треба да се сменат - да, треба да постојат и подобри закони за ранливите категории на граѓани - меѓу кои и самохраните родители и нивните деца. Меѓутоа, во ситуацијава, ваква каква што е - морам да кажам дека сме светлосни години далеку од тоа.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, kukla21 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.278
    Пол:
    Женски
    @STELLA-LUNA ти самата прва напиша да си се заменела со некоја од овде која живее во розов свет. Затоа и те прашав ако сакаш па ти да се замениш. И таа кога плаќаше градинка за близнаците ( која чини дури половина нејна плата) и те како имаше потреба да биде ослободена .

    Секоја планина со својата тежина.
    Јас конкретно деца немам, финансиски дури и повеќе од одлично стоиме.Имам одличен брак. Не работам ,ама сум задоволена со се. Со здравјето сум добро. Ама да ти кажам па ич не посакувам да си во моја кожа. Ама баш ИЧ!!!!
    Дури мислам еве би се мењавала со тебе во овој момент, искрено.
     
    Последна измена: 27 јануари 2018
  10. Blessed ♥

    Blessed ♥ Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    428
    Не судам, напишав, ги знам маките и предизвиците, ама Македонија е. Во поразвиена земја има услови, ама овде не и тешко да се подобри ситуацијата.
    Не треба да се претерува со барања.
     
  11. STELLA-LUNA

    STELLA-LUNA Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Не ме сфати добро.
    Реков да се замениме за да видите со мој очи тоа што за вас е нереално како за мене изгледа реално.

    Секој си ги знае маките најдобро.
    Ниту јас од памет не би зборувала ако не ми горело под нозе.
     
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ама ти пишуваш како само тебе да ти гори под нозе. Ехее, да знаеш колку млади парови живеат со родителите (било на дечкото, било на девојката) и штедат за стан; колку само млади работат за минималец, па не само што немаат време, туку и преморени се јер работат физичка работа.
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.278
    Пол:
    Женски
    И јас за такво заменување мислев и пишав.
    И те како им гори под нозе на многу родители. Не само на самохрани.
    Само ти во сето ова образлагање не кажа, не примаш алиментација или некој додаток ако си вдовица?
     
    На CameliaMiller, buba4e89 и referentka им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Стела, жал ми е што овој начин си го избрала за твојата кампања без претходно да ги врбуваш „фаците“ на форумот или „фаците“ на социјалните медиуми кои да ја „наштимаат“ јавноста во интерес на групата чии права застапуваш. :) Требало прво убаво да го испиташ форумот и да видиш како функционираат работите тука, па...можеби и ќе ти текнело дека не му е местото тука.

    Да, треба да имате предност при вработување, право како и останатите ранливи категории ...на социјален стан...исто и за образованието. Но, не се согласувам со скратеното работно време. Така што, министерката нема причина да замижува на се' друго кое е реален проблем за вас. Треба да ви се помогне. И молимте, немој да се правдаш пред луѓето тука, не се вовлекувај во тоа да си ја раскажуваш приказната до детали. Нека да не те втеруваат у ќорсокак и да ти се присака да им прераскажеш.Оти ќе ти испукаат и нивни жалопојки и ќе бидеш само исмејана на културен начин.

    Разликата патем, помеѓу тоа што сите жени го минуваат во однос на сексуалното вознемирување на работа и сл. е што самохраната мајка, било разведена, било вдовица ...драгите мажи - предатори, ја сметаат за далеку полесен, очаен.. ранлив плен кој нема кој да го заштити. Има причина поради која овие жени се сметаат за ранлива категорија пред останатите.
    Не ги минимизирајте проблемите, само за да ги истакнете вашите фрустрации од се' што не функционира во државава.
     
    На НаталиЛили, m.i.g, evangelina.ina и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    @STELLA-LUNA знаеш, ти имаш проблеми за добивање работа откако ќе кажеш дека си разведена (во смисла те гледаат како лесен плен мажите претпоставени во фирмата), а другите па имаат проблем со прашањето - планираш ли да раѓаш во наредните х години? И кога да видиш, ни на тебе, ни на другата не им е лесно да дојдат до работа.
    Мене колега од факултет ми кажа од прва рака дека бараат кај нив нов работник ама ИСКЛУЧИВО машко, заради породилно...па сега ти види. И тоа фирма од висок ранг во Ск, па што би било за некое мало приватно претпријатие.

    Во Македонија нема да се сложам дека им е многу полесно на оние кои не се самохрани родители, со исклучок на еден момент кој според мене е донекаде од помош во брак кој добро функционира - психичката поддршка меѓу партнерите во борбата за егзистенција. Кај тебе тоа фали, па си уште послаба кога паднеш пред некои препреки.

    И пак ќе кажам, кога проблемот со висината на издршката би се средил, колку-толку би било подруго.
     
    На CameliaMiller, Rebecca_R, Bubce38 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Демагози како сте :^)
    Сте помислиле некогаш како изгледа тоа да не можеш сам креветот да го поткренеш за да избришеш под него? Сте помислиле како е да се трча да се промеша манџата, оставајќи ја косилката на сред двор? Како е да ти паѓа раката од дрвата кои ги м'кнеш, а при тоа се смешкаш за да детето не се секира? Или да возиш со летни гуми зошто нема кој да ти ги качи зимските? Да мораш секогаш ТИ да стигнеш да го однесеш детето на курс, тренинг, забар, роденден? Да правиш се сам? Да плаќаш се сам? Да носиш одлуки сам?

    Не, не сте помислиле.
    Се лигавите кога партнерот ви е отсутен 3 дена.

    Таман и да е се што пиша девојката со воведниот пост неприфатливо и нереално, болно е колку без размислување пишувате, небаре вашиот стан, работа, раат и егзистенција ќе ви ги земе. Сам и двајца, не е исто! Ако двајца живеат заедно со една плата, имајте на ум дека тие двајца си се поткрепа еден на друг. Ако тоа не ви значи ништо, не би знаела како поинаку да ви кажам дека сте нелуѓе.
     
    На Petros, nevermet18, НаталиЛили и 23 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    77.445
    Пол:
    Женски
    Испомешавте баби и жаби, од самохран родител до алкохоличари ја дотеравте.

    Со цела почит кон разведените, ама штом има детето жив татко, тој и те како треба да учествува финансиски во раснењето на детето. Сите кретени што не плаќаат алиментација треба да се затворат во соба и три дена ќотек да јадат, дури не поцрнат од него, а не да помодрат.
    Алиментацијата треба да биде барем во висина од минимална плата што е 12000 сега. Така нема да се разведуваат за да користат бенифиции.

    Децата на починат човек треба од државата да примаат пензија.
    Ние две земавме 3500 пензија, познат сам зимаше 11800, која со покачувањето на пензиите стигна до скоро 15000. Плус се вработи во фирма каде во кеш му плаќаа 20 000. Има се врски, може се.
    Мислам дека нема никоја да си го отрови сопругот за децата и да и земаат пари гага од државата. Ама и те како би се развела од него.
    Верувам никоја не сака децата сираци да и растат.

    Многу е лесно од страна да се каже какво е, ако не ти горело под нозе.
    Никој студент од арно не влече испити, ни пак туѓ леб зема.

    Кога бев мала, а богами и сега, секоја желба ми е, да сме си цела фамилија. Додека на празници сите си беа со фамилиите, ние бевме на гробишта, да го прославиме празникот со тато. Родендени, имендени, матурски, дипломски.
    Ама тоа е, секој за себе си гледа и на својот гроб си плаче. Не сте осетиле и не разбирате.
     
    На ferm, SV1911, Dadusicka и 12 други им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    @STELLA-LUNA

    Оваа порака ја упатувам само до тебе зошто реков дека нема да разговарам на оваа тема понатаму. Мислам дека донекаде е добро што ја отвори темава, ако ништо друго доби сега јасна слика од тоа каков е менталитетот на доста луѓе во државава. Инаку @malerozna, и мене ми е починат еден родител и знам какво ми беше детството само не сакав многу да општам на темава јер тука има на форумов ликови кои знаат дека се сигурни зад нивните профили и никој не ги знае и обожаваат да трачарат и да се потсмеваат поради тоа.

    Што сакав да кажам, а да.

    Стела-Луна треба да знаеш дека во државава многу ќе ти викаат дека „те сфаќаат“ а всушност не те сфаќаат зошто нели, на просечниот Фиромјанин (не на Македонец) му е важно да му е убаво на него и на никој друг. Жал, сочувство, ронка морал тука нема да најдеш кај премногу луѓе т.е. ќе видиш само тапшање по рамо. Така да, ова нека ти биде лекција за тоа што те чека во иднина. На таквите луѓе не им е важно тоа што има луѓе кои седат дома и трошат пари од буџет без да работат, важно им е што земале самохраните родители мизерни 50 евра за да скрпарат крај со крај. Важно ти злоупотребуваш, бла бла бла и.т.н.
    Така да, верувај дека уште многу тешки години те очекуваат пред себе, особено ако имаш мало дете дома. Јас сега на пример се грижам дома за својата фамилија и придонесувам, не оставам никој на цедило, работам и работата не ми зависи ниту од Зоки Поки ниту од Гвјуо тупвото како на многумина од тука.

    Ти посакувам искрено многу среќа во животот понатаму и секогаш да ги учиш децата да те чуваат тебе и твојата фамилија зошто во државава тешко дека ќе видиш помош од некој наш сонародник. :)
     
    Последна измена: 28 јануари 2018
    На НаталиЛили, buba4e89, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.255
    Пол:
    Женски
    Луѓе барајте реални права и бенефиции. Барајте задолжителна и редовна исплата на алиментација. Начин да остане во домот оној со кого се децата. Флексибилност на работно време и разбирање од претпоставените. Малце е невозможно барем во нашата држава да бараме некој стан да ни даде и плата над просекот само на сметка на тоа што немаме партнер.
     
    На Feminka22, CameliaMiller, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Темaтa не е првенственo oтвoренa сaмo зa секoјдневни прoблеми сo кoи се сooчувaaт сaмoхрaните рoдители и кoлку се дуплирaни вo oднoс нa семејствaтa сo двaјцa рoдители пa дa се нaпaѓa кoлку се без oсет oстaнaтите и не смеaт дa мислaт декa стaн, скрaтенo рaбoтнo време и oстaнaти бенефиции штo не ги дoбивaaт ни тие штo се вo уште пoзaгрoзенa ситуaцијa -бoлести и инвaлидитети, е мнoгу зa oпштетвo кoе сите гo пoзнaвaaт.
    Некa се бoри мaјкaтa зa уште пoгoлеми прaвa и придoбивки, пoгoлеми нaдoместoци, пензии oд пaртнер или aлиментaцијa, зoштo дa не? Амa кaкo oчекувaте дa јa пoддржи некoј штo рaбoти секoјдневнo зa 9000 плaтa пa уште тoј некoј дa е oкaрaктеризирaн кaкo клетo мaкедoнче штo сaмo зa себе си гледa, или кoј ќе ги слушa сегa жaлoпoјките нa oние штo рaбoтaт и ниту oснoвнo не мoжaт дa си приуштaт. Или пaк семејнo нaсилствo трпелa пa некa си oтвoри свoјa темa и тaму некa се жaли, јaс тукa стaн си бaрaм. Oк е.
    Срaзмер некaкoв требa дa имa oти пoинaку лoгикa немa. Финo би билo и сoцијaлнo дa кaчaт нa 9000 денaри, пa вo тoј случaј би oдел некoј нa рaбoтa зa минимaлец? Не, нoрмaлнo. Зaтoa првo плaти се кaчувaaт пa се oстaнaтo.
     
    На bittersweet, CameliaMiller, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.