Сигурно на сите или барем на поголем дел од вас ви е добро позната оваа емисија на Канал 5 која се емитува секој работен ден во вестите во 18 часот. Во оваа тема ќе се постира секој ден ново видео од емисијата, а вие ќе можете во темава да го прокоментирате излагањето на гостинот или гостите во емисијата во врска со политиката во државава. Еве како за почеток, ви го ставив видеото од денешната емисија. Ќе ве замолам да се држите до темата, т.е. да го коментирате само тоа што е кажано во емисијата од страна на гостинот или гостите. Колку според вас тоа што е кажано е вистина, бидејќи името на емисијата е „Само вистина“ па да видиме според вас колку тоа што го зборуваат политичарите е навистина точно и зошто сметате така. Доколку сакате да прокоментирате за нечие друго гостување во оваа емисија, ќе ве замолам во вашиот коментар да биде споделено и видеото од конкретното гостување на одреден(и) политичар(и) во емисијава.
Еве видео од денешната емисија Повелете кажете на кого повеќе му верувате дека ја говори вистината и зошто така мислите. Во оваа денешна емисија имаше двајца гости, за разлика од вчера. Кога ви е поинтересна емисијата кога има само еден гостин или кога има двајца?
Поинтересно е кога има двајца гости во емисијава. Интересен е насловот"Само вистина" но не верувам дека се кажува само вистина,всушност и не само во оваа емисија туку општо земено. Патем кој политичар,активист или било кој друг кој покрај државната работна позиција или служба,нема некои свои лични интереси со кои им пркоси и наштетува на обичните граѓани. Се ни е веч видено Во овие дебати не се знае нит кој јаде ни кој пие,интересни ми се некои препукувања меѓу гостите,но не ми се допаѓа што еден со еден не се ислушуваат соговорниците т.е додека едниот се мачи да објаснува другиот му влегува во зборот и се така се надвикуваат до недоглед Интересна ми беше дебатата со Влатко Ѓорчев и Мухамед Зеќири. Зекири не дојде до збор кутриот од Влатче,а упорно го викаше Влатко ова она,додека Влатче му персираше обраќајки се со господине,ама саглам го зеде под нозе Од страна на Зеќири ми се допадна што кажа дека го осудува пеењето на албанската химна во парламентот кога го праша Влатче И да не го мислел тоа искрено,барем јавно кажа
Ова не го гледам, ама онаа емисија на алфа Што не е јасно има многу дрзок наслов и постојано исти гости. Исто така на алфа вестите се најдосадни, шемата е една - струјата-бугарија-заев и секој ден реприза на непродуктивни критики.
Што сакаш да слушнеш на вестите на Алфа освен за струјата и сиромаштијата која се подлабоко навлегува во државата и народот е се посиромашен и посиромашен и јас да сум уредник на вести и јас истото би форсирала во вестите. За емисијата што не е јасно во целост се сложувам со тебе.