1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само еднаш се сака или не ?

Дискусија во 'Врски' започната од Neytiri, 25 ноември 2010.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Некои луѓе веруваат дека само една е вистинската љубов. Дали е можно да се сака повеќе пати искрено и интензивно ? Верувате ли во сродни души ?

    Јас се согласувам со мислењето дека еднаш се сака вистински можеби се лажам,но искуството и времето ќе ми го покажаат тоа.
    Што мислите вие ?
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    секое сакање е разлиЧно се сака повеќе пати некого помаце некого повеќе :D :D
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Вистинската љубов сметам дека се случува САМО ЕДНАШ!
    Не велам дека таа љубов е последната, онаа за цел живот, но тоа е онаа што ќе ти остави најголема трага.
    Не можеш сите да ги сакаш исто. Секогаш ќе постои некој кој ќе отскокнува.
     
    На zaljubena18, Beauchamp, Thallia и 5 други им се допаѓа ова.
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Има многу случки кога некој е заљубен бескрајно и на крај не остане со таа личност, продолжи со друга и вели пак се заљубил. Можеби во споредба со првиот пат ова е вистинската голема љубов и сфаќа дека тоа со првата и не било толку големо. Затоа и јас би рекла дека може да се сака повеќепати, но само еднаш може да се почувствува она посебното на вистинската голема љубов. :)
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Не се сака само еднаш!!!
    Ама секојпат се сака различно, и никогаш нема да сакаш на ист начин некого како порано, бидејќи и самата друга личност е различна од таа претходната
    И да, верувам во сродни души, но не дека има само една сродна душа
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Само Ромео и Јулија се сакале еднаш и засекогаш!!!

    Али да живееле подолго и да имале проблеми а и раскин во врската сигурно и они ќе се заљубеле повеќе пати :lol:
    Сите луѓе може да сакаме и повеќе пати, секогаш со различен интензитет, ама битно се сака повеќе пати. Дури често некоја огромна љубов може многу лесно да премине и во омраза, границите се мали.
    Доволно се неколку грешки и повреди за да човек лесно се одљуби. А потоа да најде и друга личност која ќе ја сака.
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Се согласувам со gami до одреден степен. Не мислам дека само една е онаа вистинска љубов, туку така се осеќаме зашто веќе сме ја преболеле личноста што сме ја сакале порано и не ни изгледа толку големо....А сепак и тогаш сме сакале вистински и сме мислеле дека таа е таа вистинската....Значи конкретен одговор на твоето прашање....НЕ !!!!!! не се сака само еднаш ;)
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    само еднаш длабоко и вистински со целото мое срце и душа и никогаш повеќе не сакав никој како него никој...пробав но никој не успеа да ја пополни празнината што ја остави тој во мене да го следи некој друг мојот чекор како што го следеше тој да ме искара ако згрешам да ми пружи рака ако паднам никогаш никого послем него понекогаш и по толку време ми недостига за жал...
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  9. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    според моето искуство, само еднаш се сака вистински и искрено, а другите заљубувања не се до тој интензитет, Само една љубов е прва, другите се сите втори позз
     
    На ZoeRaivotar, Neytiri и Mila008 им се допаѓа ова.
  10. Mila008

    Mila008 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    само еднаш сакаш најискрено и најмногуу и тој цел живот ќе го памтиш без разлика дали ти било убаво со него или не .. не дека еднаш се сака .. еднаш се сака вистински !!! а другото е она пролазно :D
     
    На ZoeRaivotar, Neytiri и red им се допаѓа ова.
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    се пронајдов...за жал...
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас не се сложувам дека само еднаш се сака. Тоа го има во бајките. Си живееа среќно до крајот на животот, блаа блаа...
    Во животот нормално е да има падови. Еднаш имаш прекрасна врска и личност која ја сакаш, среќни сте, убаво ви е... но понекогаш ете доаѓа момент кога веќе не сте заедно, не ви било судбина да го поминете животот заедно. После тоа доаѓа разочарување, депресија.
    Разочаран си до максимум и многу работи не ти се јасни, но едно знаеш - дека веќе никогаш нема да засакаш друг/а. И ете, по некое време кога најмалку очекуваш се појавила личност со која ти е преубаво, заедно сте ја сакаш повеќе од се на светот, се венчате и водите преубав живот.
    Заклучок-може и втор пат да сакаш.
    Оној што тврди дека еднаш се сака, завршил со првата љубов и затоа мисли дека втор пат не се сака!
    Не може после некое љубовно разочарување да се затвориме, убедени дека никој/а повеќе нема да сакаме. Е така ќе си останеш сам. Дозволи животот да ти ја пружи другата шанса и пак ќе бидеш среќен.
    Оние кои тврдат дека не можат да се заљубат втор пат, не можат затоа што во главата психички им е врзано дека НЕ МОЖАТ, не сакаат да го заборават минатото. Се е во главата.
    Секогаш има нешто поубаво од она што сме мислеле дека е најубаво. :)
     
    На crazylady, A-j-a, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Не се сака само еднаш!Од никогаш не сум го мислела тоа,ниту пак ќе го мислам.Па кој заслужува цел живот да биде центар во мојот живот?Ако тој бил за тоа,ќе останел токму таму,во мојот живот и ќе бил човекот кој ќе го сакам засекогаш,а во спротивно не.Имам неуспешна љубов зад мене,човек кој сум го сакала повеќе од својот живот,а не требало.Беше тешко,ама го заборавив и сега одвај чекам да љубам повторно,можеби и повеќе од првиот пат..
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Нема врска.. Не е ова бајка па така.. Неможе само еден човек да ти се задржи во центарот на вниманието целиот живот. Ќе те повреди најверојатно, ќе го повредиш, ќе те остави.. Или едноставно љубовта кон него ќе избледне и ќе се појави нов. Јас за сите викам дека ги сакам вистински и најмногу, повеќе од претходните.. Па ќе засакам друг и ништо од тоа. Се замарав со еден дечко скоро една година, залудно потрошена, колку ми е жал кога го викам ова.. Ама сепак вистина е. Преку ноќ, работите се сменија. Некој нов влезе во мојот живот, и некако овој тотално го заборавив. А и тоа и го заслужува! Додуше ни овој не заслужува ни ронка од мојата љубов ама што да правам.. Има време, ќе дојдат и ќе си отидат уште многу. Затоа е животот. Љубиш, патиш, повредуваш, те повредуваат, оставаш, те оставаат.. Се надеваш на подобри денови..
     
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Можеш да сакаш и да се вљубуваш повеќе пати, но секој ќе го сакаш на различен начин, некој помалку, друг повеќе.. :)
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не мислев на вечна љубов од бајките.. и да точно е дека пак ќе се заљубиш и ќе сакаш и така повеќе пати, но онака ВИСТИНСКИ, најинтензивно мислам дека еднаш се сака.
     
  17. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Пак ќе повторам дека не мислам дека само еднаш се сака... Туку дека човек може да сака повеќе пати. Тоа не значи дека ќе заборавиш на претходните, тие поминале, си ги сакал/сакала, ама сега пак сакаш!!!! Како што кажаа претходно, оние што мислат дека нема никогаш така да сакат, или само што се излезени од врска или уште се држат за минатото и за спомени и имаат психичка блокада...Секој си има право на мислење нели :)
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    370
    Краток одговор на прашањето - како за кого, ама најчесто не!
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    46
    Искрено не се сака само еднаш. Едно е прва љубов што можеби ќе ја паметиме цел живот, а друг е вистинската љубов која ќе трае цел живот.

    Зошто би го сакала ако повеќе не е со мене, ако не ме заслужува, зошто да не дадеме втора шанса на некој кој можеби ќе ни го промени животот и ќе не научи што е тоа љубов.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еднаш еден многу паметен чичко таксист ми кажа: -Вие жените сте различни од мажите во многу нешта. Но најсуштинската разлика е тоа што мажот сака еднаш со цело срце и вистински, а вие жените сте така створени да можете неколку пати да се заљубите, и својата љубов да ја подарите на некој.

    Мислам дека е вистина тоа, за жената. (се држам до жената, за мажот би напишала во друга тема) Жената може после долга и да речеме завршена љубов, да се соземе и да остави се позади неа. И да почне одпочеток, со некој друг. И повторно да се заљуби, да има среќна и долга љубов.
    Меѓутоа, тоа најмногу зависи од самата неа. Колку жената ќе биде во психичка состојба да се помири со сегашноста, да ја прифати и да продолжи, зависи само од неа. А за жал, многу од нас жените не сме такви. И секоја наредна врска ја споредувме со претходната, и секогаш бараме нешто да не наврати низ спомените. Тука лежи проблемот, поради кој дел од нас мислат дека нема пак да сакаат некој, како што сакале порано.
    Неспорно е дека првата љубов секогаш се памети. Ама која жена останала до крајот на животот со својата прва љубов?? (да не ги вклучуваме нашите прабаби тука)

    И да....многу сакам паметни таксисти, расположени за добра концерзација, ама не досадни :D
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.