Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само еднаш се сака или не ?

Дискусија во 'Врски' започната од Neytiri, 25 ноември 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Еднаш се сака.... и после тоа ти е памет за друг пат. :rofl:

    Шала. Нашите „љубови“ е невозможно да се споредуваат затоа што се различни. Не е само интензитетот различен туку и самите чувства. Тоа зависи од поврзаноста со личноста, од возраста, ставовите и принципите (кои се менуваат како што растеме) и тн.
     
    На glosipgirl, Barbie20 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    зависи за какво сакање правиме муабет...имаш заљубување, имаш заљубување со ептен затрескување ...после па имаш заљубување...ама веќе претходно си ја научил лекцијата!

    Мислам дека не се сака само еднаш, туку човекот односно личноста, со текот на времето созрева и на секоја следна романса поинаку и пристапува. Ако некогаш, како помлад и позелен, си се затрескал, до преку глава, со многу многу страст, понатаму знаеш дека тоа нема да се повроти..па и самиот не би си дозволил до толку пак да се изгориш, но тоа не значи и дека не сакаш некого.

    И мислам дека е многу добро, секој еднаш во животот така да се заљуби, тоа е драгоцено животно искуство и „памет“ за понатаму.
     
    На LaraSolare и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Зборот „љубов“ е преценет, односно, треба да се укине зашто не означува ништо конкретно. :tmi:

    Она кое го познаваме како љубов, а се случува меѓу 15 и 25 години, уствари е таков страотен коктел од хормони, што создава вистински хаос во умот. После тоа почиња да отупува мозок, па веќе „младичот“ нема сила за исти заљубувања, не дека е неспособен, него старост е у прашање, како што откажуваат бубрези, успоруе метаболизам, белат влакна, така си одат тие работи.

    На крајот, завршуваш (надежно) во врска со некој кој ти е многу драг, многу мил, многу ти е битен, сè би направила за него и тоа исто така го викаш љубов. Затоа зборот е преценет, зашто различни чувства се поврзуваат со ист збор. :inlove: Не дека не го сакаш, напротив, повеќе го сакаш, само различен е односот кон врската.

    Во првиот пример за љубов, задоволувањето на чувствата се насочени кон себе, односно, заљубен си, ама ако почувствуваш дека се заљубуваш во некој друг, онда автоматски втората љубов е посилна, повистинска и пооправдана, а првичниот партнер - кој го ебе.
    Во вториот случај за љубов, насоченоста е кон партнерот, па своите чувства и потреби се директно поврзани со оние на партнерот. Битна ти е неговата љубов, исто колку и твојата, неговите чувства исто колку и твоите. :!:
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Само еднаш се доживува тоа чувство за прв пат, па веројатно затоа првата љубов никогаш не се заборава. Секогаш е интересно кога ќе ни се случи нешто на емотивна основа, што претходно не сме го искусиле.
    Но, тоа не значи дека љубовта се случува само еднаш и никогаш повеќе.
    Луѓето се вљубуваат и одљубуваат, нема тука никаква потреба од водење статистика. Некого сакаме повеќе, некого помалку, некого на еден, некого на друг начин.
    Ама ако го затвориш срцето под изговор дека вистинската љубов веќе ти се случила, тогаш никогаш повеќе и нема да ја доживееш.
     
    На glosipgirl и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Само еднаш се сака вистински и тоа првпат, се понатаму е copy/paste. :) Еднаш се љуби и глава се губи и после доаѓа паметот. :D
     
    На gelkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Не бе. :!:
    Ќе видиш. Млад си, т.е. тазе си у работава
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    аха да бе еднаш. [​IMG] хахах :rofl:
    неее, искрено се сака само два пати, толку :!:
     
  8. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Се сака толку колку што си спремен да сакаш,ако тргнам од фактот дека секој сака да прими и да возврати емоции,мислам дека само една размена на чувства не би задоволила едно срце,се додека не надминеш некое искуство,не можеш да знаеш што те очекува во наредното,и кое ќе биде со посилен интензитет,нема потреба човек сам себе да се оградува од искуствата кои се неопходни за емоционално созревање и сознавање на сопствените потреби.
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.426
    Допаѓања:
    91.526
    Пол:
    Женски
    Често пати кога се разговара на оваа тема знам да кажам дека срцето е како автобус, има место за повеќе :lol:

    Кога ќе се вратам наназад и сум мислела во некој момент дека сум сакала некој, ондак сум сакала повеќе пати. Секогаш со секој било различно и посебно на свој начин.
    Кога знаеме дека некој е вистинскиот? Јас мислам дека не знаеме се додека не созрееме вистински, се додека не помине добар дел од животот, па ќе си речеме- Имав среќа, останав со вистинскиот или се би дала да се вратам назад и да останев со Петко или Трајко...


    Не, не мислам дека се сака еднаш, верувам дека еднаш љубиме некого вистински, но дали знаеме во моментот дека тоа е она правото?
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    И јас мислам дека еднаш се случува таа вистинска љубов...останатото- залажување :) ;)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Што би било ако само еднаш се сака? Не, животот знае секогаш да даде нова шанса, да не потсети дека колку големо срце имаме, толку во него има место за непресушниот извор кој го движи светот -љубовта. Ако се затвориме во оклопот и велиме дека само еднаш се сака, а сме ја изгубиле таа љубов, тогаш самите се осудуваме на празен живот.Гледај напред, утре нов ден се раѓа!
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Само еднаш лудо се сака, а другите љубови се приземни и ако не ни е возвратено се трудиме да што побрзо да преболиме.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    54.985
    Пол:
    Женски
    Значи тврдам дека еднаш се сака нај нај вистински , ако сакате и отепајте ме на тоа ќе си останам 8) 10 год сакам иста личност, не ми суфлирајте да млади се допрва ќе запознаваш други НЕ не е така, сум запознала и пробала и со други ама не е тоа тоа :D
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Јас 5 год лудо сакав еден дечко. После сфатив дека тој никогаш нема да ме сака како јас него. Имаше и други потоа со кои сум била во врска, ми се допаѓале, ама штом ќе згрешат нешто, штом ќе им видам една лоша особина ми стануваат одбивни. А за дечкото што го сакав 5 год имав некако толеранција и сите мани негови со други очи ги гледав.
     
  15. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    За секој различно, незнам што ќе ми донесе животот па затоа неможам со точност да тврдам.
     
  16. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Мислам само еднаш. Кога ќе доживееш еднаш преубава љубов, сите други некако "избледуваат". (сега за сега сум со овој став, ама никогаш не се знае... :angel: )
     
  17. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Според мене еднаш се сака вистински и силно, сите други можеби би ги сакале понатаму доколку не сме со првата веќе ,но не со тој интезитет,начин исто како првата љубов :)

    Прва љубов си е прва љубов :wasntme:
     
    На ЕденЧлен и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Ако од прв пат се сретне вистинскиот, тогаш еднаш се сака. Се зависи и од човекот - јас сакав некој и кога видов дека не е за мене, си отидов и никогаш не се свртев назад. Тоа мислам дека ми отвори простор за да се заљубам повторно и да видам каква е љубовта навистина - несебична и која ти дава простор да се развиваш.
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Сметам дека повеќе пати се сака.
    Ретки се тие што можат веднаш да најдат соодветен партнер.
    Другите,по неколку врски,мењање партнери,се додека да најдат компатибилен.
    Повеќе пати се сака,само со различен интензитет.
     
    На eticka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас веќе си го искажав мислењето во темава, само поминувам да оставам една убава мисла :)
    [​IMG]
     
    На Elena69221, LaraSolare, Gioia и 4 други им се допаѓа ова.