Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само еднаш се сака или не ?

Дискусија во 'Врски' започната од Neytiri, 25 ноември 2010.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски

    Тој бил вистинскиот мила, затоа другите си ги бркала од себе и при најмала грешка. :)
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Вака ако се ограничувате богами и единствен ќе ви биде тој. Ве сфаќам и јас така сум размислувала некогаш, ама кога ќе сфатиш дека и вистинскиот всушност бил лажен, или ќе останеш разочарана цел живот и упорно ќе го бараш, или ќе се помириш дека не постои некој вистински и дека сама за себе си само вистинска и ќе му дадеш шанса на новиот да ти биде вистински. Вистински бе, другиве сите лажни се.

    Јас секој нареден сум го сакала повеќе од претходниот...или барем така сум си мислела, па вие видете дали се сака еднаш :D.

    12 поени за Ана Каренина, може да сакате милион луѓе ама никого не сакате исто. Исто ви е и со врскиве.
    И да не го сакаш сегашниот исто колку бившиот, не значи дека не го сакаш, туку дека интензитетот е различен. И дека некогаш таа кочница може добро да дојде.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Спред мене, може да се сака повеќе пати искрено.. барем јас имам сакано повеќе машки искрено.. :) но сепак, првата љубов не се заборава и никој неможе да сакаш како него.. Сум сакала и други, но никој како него :)
     
  4. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Човечкото срце има СПОСОБНОСТ ДА САКА ДОДЕКА ЖИВЕЕ. Гледав една емисија за старите луѓе во старскиот дом како стапуваат во брак иако знаат дека на едниот му преостанува можеби уште 6 месеци живот. Меѓу парот што го покажаа се чувствуваше многу нежност. Кога го пражаа старецот зошто се жени и дали ја сака невестата, тој рече: „Иако ме гледате стар со брчки на лицево, духот однатре ми е млад исто како кога бев младич. Телото старее, ама духот не“.
    Никогаш нема да ги заборавам овие зборови.
    Да, се сака секогаш. но на различни начини.
     
  5. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Само луѓето со "големо" срце се способни воопшто да сакаат во вистинска смисла на зборот , а оние кои за тоа се способни можат да сакаат повеќе пати--и тоа секојпат до бескрај. Само жалосно што баш тие особи се најчесто најповредени и чуствуваат болка--и тоа секојпат до бескрај.
     
    На eticka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Вистински - само еднаш! Од ден на ден се повеќе верувам во ова.
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Еднаш кога ќе се заљубиш вистински, секогаш ќе те боли. Само еднаш се засакува, онака вистински од се' срце. Другото е само опсесија. Барем јас така мислам.
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LittleGirl23

    LittleGirl23 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    14
    Да барем јас мислам така..Овој дечко ми е прв одиме 8 месеци и само него досега вака сум го сакала сум имаала и претоа некои неостварени мисии ама како к НиКоГаШ не сум сакала нема ни да сакам ...Мислам дека него му ја дадов најискрената љубов ...Неможам да се замислам со друг...Сепак прва љубов најискрена љубов.... :inlove: :inlove: :inlove:
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Апсолутно не :)
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Може немаш појма што е љубов, ама барем за седум години никнејмот ќе ти биде скроз исправен. :rock:
     
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Наравно да не.
    Сите мои бивши ги сакав (или скоро сите), повеќе или помалку.
    Пред некој ден видов дека еден бивши (кој од бившите најмногу го сакав :)) се верил и на прва се пресеков, некое чудно чувство ме обзеде, како да љубоморив на момент.
    После некоја секунда дојдов на себе и сфатив дека всушност ми е драго за него, навистина.
    Јас имам свој живот, тој има свој, мислам дека помеѓу нас секогаш ќе постои некое интимно чувство, ама ниеден од нас двајца не би го менувал својот партнер, јас мојот маж, тој својата вереничка, тие се центар на нашата љубов, тие се нашиот, барем мој, конечен избор :)
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Искрено јас мислам дека само еднаш се сака.
    Може и предходните дечковци да сме ги сакале ама најискрено и најмногу само еден. Мое мислење.
     
  13. Nina23a

    Nina23a Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Мислам дека постојат различни типови на љубов. Прва љубов, невозвратена љубов, забранета љубов, детска љубов и етц. Не би рекла дека само еднаш се сака, мислам дека со секој дечко што доаѓа се има различна приказна, различна љубов.. Различни моменти,чувства.. Така да верувам дека повеке пати може да се сака, само на различен начин :) .
     
    На Barbie20 и julie77 им се допаѓа ова.
  14. matejaaa

    matejaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    134
    Секој различно го сфаќа тоа. Според мене може да се сака еднаш искрено и најмногу се другото е некако пролазно.
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Мислам дека не..
    а и се сложувам со мислењето на matejaaа :)
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Само еднаш во животот можеш да ја почуствуваш онаа вистинска љубов,што ти буди пеперутки во стомакот некое чудно чуство и насмевка на лицето.

    Се другото е само лечење на незараснати рани,и потајно надевање дека си "вистински" заљубен.
     
    На bombona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Еднаш се сака вистински, а секое наредно сакање е различно :) Неможе сите да се сакаат на ист начин, не е возможно :)
     
  18. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Дефинитивно не се сака само еднаш. Можеме да се заљубиме многупати.
    Првата љубов е искрена, чиста. После првата љубов сакаме со помала мера, се додека не ја најдеме онаа вистинската љубов, во која се сака безусловно.
    Кога ке ги видам 14-15 годишниве деца што се сакаат најмногу, што "ке бидат" заедно засекогаш и што си ја "нашле" толку рано вистинската љубов .. :puke: :puke: :puke:
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Мене дечко ми ми е прва љубов и не можам да замислам друг да сакам, така да од лично искуство не можам да кажам. Но вчера баш го правев муабетов со девојката на брат ми и ми раскажуваше за својата прва љубов и вика не е точно дека само еднаш се сака, меѓутоа само првиот пат љубовта е најслатка, најнежна, најнесебична и со еден збор посебна, не знам како да ви кажам... Сигурно тие што имале искуство го знаат тоа а можеби и не е кај сите така но, ако се разочара човек јас мислам дефинитивно се менува, после гледаш прво тебе да ти е подмирено се и не веруваш толку. Знам дека има случаи каде што се омажиле со втора или трета љубов па се повљубени и посреќни од било кога... факт е дека се се заборава и дека може одново да се сака и сонува, ама ете таа така ми кажа а и јас мислев така и досега. Јас кога би се разочарала дефинитивно не би сакала толку несебично, посветено и искрено како мало дете. Мислам дека тоа парче од себеси човек го пружа само еднаш. Иако, не мора да значи дека првата љубов е и вистинска љубов. Јас така би го објаснила тоа што некои биле вљубени а подоцна наоѓаат вистинска љубов, затоа што јас сепак мислам дека вистински само еднаш во животот се сака. Поправете ме ако грешам. :)

    Да се надоврзам, јас иако го запознав дечко ми млада јас не можам одма да се заљубам и да летам во облаци. Јас ја стекнав љубовта запознавајќи го, јас пред се ја сакам неговата душа. Можеби би можела да сакам и некој што нема толку чиста душа, но кога знаеш дека љубовта е заслужена ти е безброј пати поголема. :inlove: Јас сум таков карактер, што не значи дека не сум заљубена до уши :wasntme: , но ми требаше време да си го дозволам тоа сакам да кажам, да стекнам целосна доверба. И сметам дека наредните љубови се повеќе спој на заеднички интереси и пред се одговарање во карактер, па потоа доаѓа и љубовта секако, но сакам да кажам еден што се изгорел еднаш не може да има иста толеранција или став „ма со него ако треба и во колиба би живеела“. :D Си гледаш и да ти е удобно и да ти одговарa едноставно... барем јас така мислам.
     
    На DELFIN-15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Еднаш само се сака искрено,од срце,наивно,премногу.Не знам како да објаснам.Тоа заврши.Сега имам друг дечко,мојата прва љубов остана во минатото.Барем така мислам.Некогаш си размислуваш "шта би било кад би било",ама ете така требало да биде.Како него што го сакав ,никогаш нема да сакам друг.Еве месец ипол сум со дечко ми,ама не е како што беше со бившиот.Беше многу убаво,многу..Не дека овој дечко не го сакам,ама не е тоа тоа :)Сепак ,сите ние сме различни,така да :)....