1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само еднаш се сака или не ?

Дискусија во 'Врски' започната од Neytiri, 25 ноември 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски

    Тоа ќе го мисли жената се додека не најде некој со кој ќе и биде преубаво. Тогаш тој што го сакала нааааајмногу на светот, е заборавен. Јбг, такви сме ние жени. И подобро.
    Кога ќе се венча со некој, ќе се сакаат, ќе имаат дете, тогаш ќе биде најсреќна, нема ни да и текне на некоја си врска од минатото. Едноставно тераш понатака, имаш маж што го сакаш, детенце, тоа ќе ти биде најважното тогаш. И нема вистинска невистинска љубов. Да не навлегувам во детали, ама како прво ни љубов не постои. Тоа е само онаа таканаречена хемиија, којашто можеш повеќе пати да ја почувствуваш со неколку, е понатака зависи дали би се споиле карактерно, разбирање, слога...Ете тоа е.
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека не се сака само еднаш.Се сака повеќе пати само секој на свој начин.
     
  3. Muchacha

    Muchacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Сигурна сум дека се сака повеќе пати во животот, но мислам дека сепак ќе има некој човек, кој секогаш ќе ни остане мил...
    Јас лично до сега сум сакала само 2 пати, со едниот имав платонска љубов која траеше 4 години и беше најчиста, а со другиот болна и безнадежна...
    Со првиот пораснав во жена, со него научив многу работи за животот и покрај тоа мислев дека не е тоа доволно да останам со него цел живот, зошто бев ДЕТЕ...
    Потоа се појави и човекот за кого мислев дека тоа е тој, вистинскиот, мислев дека го сакам повеќе и од животот, и токму тој човек, тој принц ми го сруши светот...

    Го преболев него, се „заљубував„ и во други, но сепак по долги 8 години, јас сфатив дека колку и да сакам некој, колку и да бидам заљубена, платонската љубов никогаш нема да ја заборавам, зошто таа е нешто најчисто, почисто и од солза...
    Мислев дека ќе заборавам но дури сега сфатив каква љубов сум потиснала во себе!

    Сега чувствувам огромна празнина...Го излажав и него дека сум го заборавила, го повредив, го тргнав од мене, направив да мисли дека сум човек без душа ама успеав да го излажам и него и сите, само себеси НЕ!!!!
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Не се сака само еднаш. Мислам дека повеќето сте се нашле во ситуација кога сте кажале - овој е ВИСТИНСКИОТ, и кога таа врска ке се заврши, во наредната следува муабетот - леле колку сум била во заблуда, е ОВА е тој што го чекам цел живот, итн. Не верувам дека има само една вистинска љубов, има прва љубов, па втора, па трета...ама не мора да значи дека првата е ТАА вистинската-можеби е најискрена, најневина и сл. затоа што сепак е прва, ама не мора да значи дека е таа една вистинска а другите да ги наречам лажни или неспоредливи со ТАА.
     
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Мислам дека еднаш веќе се изјаснив на темава, ама еве пак ќе го дадам моето мислење. НЕ, НЕ СЕ САКА САМО ЕДНАШ. Но сепак секоја врска е различна - тоа е факт. Во некоја врска може сте биле заљубени во физичкиот изглед на партнерот и кога сето тоа е завршено сте мислеле дека веќе партнер со таков физички изглед нема да најдете. Во друга врска може партнерот изгледал доста добро, или да речеме над просечно, но сте биле повеќе заљубени во карактерот отолку во физичкиот изглед итн. Значи поентата ми е дека секоја ЉУБОВ е различна од претходната а тоа е така зашто луѓето не се исти, не будат исти емоции и не реагираме и не комуницираме да ист начин. Тие што викаат дека само еднаш се сака, се биле толку многу повредени што се додека не го преболат тој период ќе го имаат тоа мислење- (кажувам од лично искуство), но сепак не е така. Се сака многу пати, само секој пат различно, но ЉУБОВТА Е ТУКА; И СЕКОЈ ПАТ СМЕ ЗАЉУБЕНИ !!!! Точно е и тоа дека онаа ПРВАТА е нај невина, зашто во неа сме најслепи, па и од таму е фактот дека најмногу боли. Во неа даваме се од себе, безусловно и без резервно, така да што кога ќе заврши чувствуваме како да сме изгубиле дел од себе. Другите што следат после таа доаѓаат то ист тој степен и интензитет, само многу поспоро и постепено, зашто сме многу по предпазливи после првата, без разлика дали го правиме тоа свесно или несвесно. Значи да не навлегувам длагоко во психата и инстинкти и бла бла бла кратко и јасно НЕ СЕ САКА САМО ЕДНАШ, НО СЕКОЈА ЉУБОВ Е УНИКАТ!!!!!
     
    На miss.ella и Night.Star им се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па во сродни души верувам секако. А тоа дали еднаш се сака навистина незнам да одговорам. Сум сакала и сакам само еден и сеуште сум со него. Незнам што би правела без него. Ќе ми се сруши целиот свет. После него дали ќе можам да сакам незнам, не ни сакам да знам затоа што сакам целиот живот да го поминам со него :)
     
  7. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    ДА,можно е да се сака повеќе пати искрено и интензивно. И не е точно дека само еднаш се сака вистински,тоа од искуство ти го кажувам :hai:
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    еднаш се изјаснав но еве уште еднаш на темата
    "samo jednom se voli svi drugi su sledeci"
     
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Миме па и не се баш согласувам со тебе...сори :$ ...според мене еднаш се сака се додека не се преболи....од кога ќе се преболе се сака повторно....и тоа повторно ќе ти изгледа дека е многу повеќе од тоа што си сакала претходно
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Се сака повеќе пати, но вистински само еднаш, барем јас верувам во тоа. Сакам многумина но само маж ми го засакав ВИСТИНСКИ. Па еве сме заедно среќни , па така да си ја продолжиме ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ до крајот на животот
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  11. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Само једном се воли,сви су други следечи..Така би рекла и јас,само еднаш може човек да сака вистински и поразлично,а секој следен го сакаш на друг начин.
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Во животот на жената постојат двајца мажи, љубовта на нејзиниот живот и човекот со кој ќе се омажи. Често размислувам колку вистина се крие зад ова.Вистинска среќа е кога и во двата случаи станува збор за ист човек.
    Чувствата се чудна работа.Секоја љубов е посебна на свој начин.Но сепак еднаш се сака со целото срце и душа..можеби ќе сакаш повторно но само еднаш има душата сила да се вљуби до таа мера што таа љубов засекогаш ќе остави белег,кој ниедно наредно љубење нема да може темелно да го отстрани :)
     
    На wolf4e, senjorita-v, Nine25 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Се сака повеќе пати а тоа е така бидејќи еден период од животот итаме кон подобро и по различно од претходното ;) Тоа е потрагата до она за кое мислиме дека е "тоа е тоа" такви сме по природа, истражуваме и се интересираме.
    На крајот го наоѓаме човекот со кого спремни сме да го поминеме целиот свој живот, со кого сме нашле заеднички јазик, се почитуваме, цениме, сакаме и тн. и тука ја завршуваме нашата потрага! :D
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    дај боже да го доживеам тоа дај боже и јас сакам во фаза сум на почеток на нова врска можеби сега ќе успеам да сакам како тој прв пат никогаш не се знае :) но сеуште седам на мојот став од лично искуство
     
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    И јас така мислев, се додека не се појави друга ;) така да иднината ти е безбедна хахахха....ќе дојде момент кога ќе си помислиш дека таа (прва љубов), не е ништо во споредба со тоа што го чувствуваш сега
     
    На miss.ella, gami и mime87 им се допаѓа ова.
  16. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Првата љубов секогаш е и последна.

    Еднаш се сака искрено, вистински...другото е се површинско задоволство, пополнување на време и разбивање на монотонија.
     
    На SexyLady и yawn им се допаѓа ова.
  17. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се сака повеќе пати, не само еднаш... Не верувам во ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ, мислам дека само во бајките и во шпанските серии само еднаш во животот се сака...
     
  18. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Мое мислење е дека по првиот пат секој следен пат бараме некој со кој што ќе бидеме послободни, поприродни,кој што ќе не прифати какви што сме, а тоа еднаш мислам дека и не сме биле слободни, сме биле срамежливи, неискусни. А за тоа еднаш јас мислам дека тоа ни била прва љубов, па мислиме дека тоа е и најдобра личност бидејќи можеби не сме нашле друга личност со која ќе ни биде убаво и во која што ќе се заљубиме. Јас многу тешко се вљубувам, а можеби и заради тоа мислам така, но можеби и ни треба време од една до друга врска/љубов. Мене ми помина тоа еднаш и сега гледам дека се не било така добро, дека сме биле незрели, дека многу нешта не ни биле познати(мислам на мене и мојата прва љубов), дека сме биле неискусни, но сега мислам дека се раѓа нешто ново, нешто поубаво, нешто кое ме прави попчитувана, позадоволна, посреќна. :) Конечно да одговорам на поставената тема мислам дека не се сака само еднаш, туку повеќе пати. :)
     
  19. ma4e-94

    ma4e-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    42
    само еднаш се сака вистински...смртна љубов...
    ти можеш да мислиш дека можеш да сакаш секој ама само од навика...а вистинската љубов е само една и единствена и тешко се открива :) !!!
     
  20. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    мислам дека може да се заљубиш по втор пат. тоа ти го кажувам од лично искуство. секаде постои втора шанса па и во љубовта