Pa jas bi rekla deka definitivno ednas se saka vistinski.. i na poseben nacin.. a se drugo odposle e samo bleda kopija na toa sto bilo.. [mod-kirilica:23g5k095][/mod-kirilica:23g5k095]
Според мене, само еднаш се сака вистински...онака дури и до спобудалување Лично кај мене, имам сакано само еднаш и тоа многу...а со некој друг...може со него само да ми биде онака ептен убаво...па со тек на време ќе се навикнеш на него...ќе ти стане потреба
јас мислам дека се дури не ја најдиш вистинската љубов си мислиш дека сите претходно си ги сакала но кога ќе го сретниш вистинскиот тогаш сваќаш дека тоа е тоа,тоа е љубов а сите претходно биле само слични на љубовта но сепак многу далеку за да бидат тоа
Да се надоврзам на ова мислење бидејки делумно се согласувам. Само што мислам дека може повеќе пати да се сака со цело срце и дека може да се заљуби во голема мера повеќе пати и сите љубови ќе си остават свој белег, па ниту една не ќе може да се отстрани колку пати да се заљубиме после тоа
Jas mislam deka mozes poveke pati da sakas onaka iskreno i nezno,no prvata ljubov onaa vistinskata vo koja si ostanuvala budna do 2 na polnok mislejki na nego si gledala vo negovata slika do beskonecnost sekogas ke ti ostane v srce kako nesto najubavo,no sepak ne treba da vikame deka drugoto e lazno ne e kako sto bilo bidejki moze da bide poubavo no prvata vistinskata ljubov e sekogas posebna [mod-kirilica:31z32vxp][/mod-kirilica:31z32vxp]
И јас го имам истото мислење, јас сум била вљубена три пати, и сите тие личности ќе останат запаметени и ќе остават трага во мојот живот.... кога се навраќам назад во минатото сфаќам дека сите сум ги сакала различно.... И се уште сум вљубена во третиот, кој се надевам дека за секогаш ќе го сакам како и тој мене
Јас мислам дека само еднаш во животот се сака ( вистински ). Со големо патење, солзи, себеуништување. Се другото е дежаву, нештата сигурно се доживуваат поинаку. Колку повеќе чувствуваме болка толку сме похрабри. Можеби се си доаѓа после со искуството. Или сме презаситени од „повторно “сакање.
Не е дека сме презаситени од повторно сакање....Туку првиот пат ни е непознато тоа чувство, го искусуваме за прв пат......Следниот пат кога ќе сакаме, на еден начин знаеме што да очекуваме, познато ни е чувството, не е сосема различно или ново....Но тоа не значи дека не ја сакаме таа личност...Може и ја сакаме повеќе од претходната, но разликата е во тоа што до одреден степен ни е позната емоцијата и чувството....Дефинитивно НЕ се сака само еднаш...И НЕ нема само една вистинска љубов.......... Читам 17 годишни девојки пишуваат се сака само еднаш....Без навреда девојки, но мислам дека немате доволно искуство за да кажете дека се сака само еднаш....Не го кажувам ова за да ви излезам во пресрет или да бидам идиот итн, туку едноставно тоа се фактите....ќе дојдете 22-23, може ќе ви текне кога сте мислеле дека се сака само еднаш, па ќе си речете, да бе тој Мистери во право беше Ќе искусите доста ствари..Вашето време допрва доаѓа
Потполно се согласувам со Мистери, НЕ не се сака само еднаш, не постојат сродни души, јас во тоа не верувам. Постојат личности со кои едноставно имаш заеднички јазик, личности кои те исполнуваат во секој поглед, кои те надополнуваат и кои те прифаќаат таков каков што си, кои ти ги прифаќаш поради нешто посебно можеби само за тебе...секој карактер е различен, затоа и велат за секое грнче има капаче, оној што за тебе е совршен за некој е тотален промашај...И не постои само една вистинска љубов...На 17-18 год. возраст може да се доживее она што јас би го нарекла прва љубов, кога леташ во облаци, кога гледаш со поинакви -вљубени очи..Ако таа врска не успее, доаѓа еден период на емоционална барикада, кога мислиш дека нема пак никого да сакаш како претходниот партнер...Но, не е така, доколку се отвори срцето и се создаде место за нова љубов, може да се дојде до заклучок дека баш претходното било само љубовен занес, некоја си детска (тинејџерска) љубов, а сегашното е она вистинското...и така натаму, прекин, нова врска, нова љубов.....секоја љубов може да биде со различен интезитет, дури и со поголем од претходниот.
и јас верував дека само еднаш се сака ама потоа сватив дека не е така човек може повеќе пати да се заљуби и да сака искрено
Досега само еднаш вистински сум сакала.Иако сум уште млада и се надевам на друга таква љубов.Мене љубовта не ми беше возвратена,и замислете баш таа,од оној кој најискрено го сакав.И секогаш е така всушност.Другите сега само ми се допагаат,не го чувствувам за никој она што го чувствувам кога го гледам него (без контрола на баш секое сетило,очите ми блескаат,срцето ми заигрува,неможам збор да составам)и после 4 години.И тоа чувство на заљубеност колку што го сакам,толку и го мразам. И не верувајте дека времето ќе ја излечи првата љубовна рана,онаа највистинската и најневината. А за сродна душа,неможам да најдам дефиниција уште..
вистински можете да сакате секогаш кога ке се појави пред вас вистински човек. срцето знае само да љуби но не само еднаш
Само еднаш се сака вистински е веројатно најголемата ноторна романтична лага на целокупното човештво. Посебно па кога слушам ваква изјава од малолетници и одвај полнолетни, доџе ми да вриснем. Ние жените, зависни од драма и емоции, сакаме и тажното да го правиме потажно, а веселото - повесело. Затоа се храниме со вакви изјави, со поимот сродна душа, со непребол... Побогу, не се сака само еднаш во животот. Се сака неколку пати, 100 пати, 1000 пати ако му дозволите на срцето. Се сака различно, тоа е сосем точно, но Љубов си е љубов, разлика има во финеси, нормално, но чувствата се чувства. Сепак се тука, постојат. Некого сум сакала со посилен интензитет, некого со послаб, некого тажно, а некого пак лажно битно е дека сум љубела и сум била љубена, затоа што не верувам во вакви истрошени парадигми кои се обидуваат да не сместат со еден дводимензионален, затворен свет.
Ма се сака буквално онолку пати колку што и пати ќе налеташ на личност со која ќе ти се спојат антените на главата и точкаааааааааа. Па, ако 100 пати си налетала на некој таков, тогаш дефинитивно можеш 100 пати да се заљубиш и да сакаш најмногу на свет. И не само тоа, туку и секој нареден пат можеш да сакаш се повеќе и повеќе, што всушност ќе зависи само од тебе, од тебе и од никој друг = колку ти ќе си дозволиш себе си да сакаш !!! односно колку ти си била повредена претходно, затоа што ако си, тогаш дефинитивно нема да си дозволиш, а не дека проблемот е дека не можеш да сакаш, него ти е страв да не те повредат повторно па поради тоа, одма штом антените се спојат ти... ооо мама ви донт вонт дет.. рачна, кочи мајсторееее !!! И ова ви го кажувам макар што до пред речиси една година бев со својата една единствена ми моја ах „сродна душа“, али БОЖЕ сродна колку и омилените ми фармерки, кои ги носам и не се откажувам од нив, макар што пустите почнале да пукаат од што се излитиле ! Хелооу, побогу !!!! Значи ли тоа дека преку 80 отсто од жените се омажиле без љубов каков шок !!!! Ма ајде жени разведете се луди едни, се живее ли без сродна душа, при тоа дур смртта не ве раздели Ма в манастир сите до една, пор фавор упс и јас полека ќе се упатам кун таму Без навреда за девојките со поинакво мислење, но кога ќе стигнете на мојата возраст јас искрено се надевам дека поинаку ќе се осеќате и ќе заборавите на сродната душа од средношколските денови
Повеќе пати. Зависно од тоа колку пати ќе ја пронајдете таа личност. Секогаш е различно, секогаш со различна длабочина на чувствата и скоро секогаш не е само еднаш.
се љуби повеќе пати, но различно. секоја љубов за себе.. но никоја не е како првата, останува врежана во нашите срца до крајот на нашиот живот.. а онаа последната љубов, е онаа вистинската..
Јас мислам дека човек може да се заљубува многу пати, но тоа секогаш ќе биде различно од она претходното. Сметам дека онаа љубов во тинејџерските години, за која верувам дека малку се оние што не ја почувствувале, за која плачевме, коси кубевме, мислевме дека ке умреме ако ја загубиме, е детска, нереална, повеќе опсесија од љубов, занес, но во исто време и толку возвишена, невина...таквата љубов според мене само еднаш се доживува и чувствува и никогаш повторно...а сите после неа кога навистина човек се заљубува, тоа за мене е веќе реална љубов, приземјено чувство, каде најважни се довербата, заедничкото разбирање, поддршката, почитувањето...а и секоја понатамошна љубов е различна од претходната, во зависнот од човекот што е до вас, од тоа како се однесува и какви чувства ви предизвикува. Секако ова мое мислење прозилегува од мое лично искуство, а и од тоа што можам да го забележам од блиската околина, моите пријатели и блиски Ова не треба да значи дека и останатите треба да се согласат со мене