Не е само еднаш. И јас мислев така но не било точно. Колку и да мислете за некој дека ке го сакате секогаш само него, не заборавајте дека никој неможеш да сакаш повеке од самиот себе. Секогаш ке се појавува некој кој ке те научи да веруваш во љубов повторно и повторно.
Не. Се разбира дека не е само еднаш. Многу пати сум била заљубена, многу пати сум се разочарала и сеуште верувам во љубовта. Знам дека постои. И не се разочарувам од љубовта само затоа што некој ме разочарал. Сум сакала и сеуште сакам. Различни луѓе, на различен начин. Секако дека постои разлика во чувствата, не е секогаш исто, но не се откажувам заради некое разочарување.
Досега само еднаш сум сакала, тешко дека пак би се заљубила, а и не верувам дека е можно тоа, останува времето да го направи своето.
Жив доказ сум ви дека не било се само еднаш штом јас, конзервираниот човек со една предолга врска зад себе успеа пак да летне во облаци, значи можело. Без очајување. Ако до сега не се случило, не налетало она што ви е потребно. Сепак, за да се случи, оној наредниот треба да е подобро нешто од претходното доволно добро да го заборавите претходното
Значи не е вистина дека само еднаш се сака... Во VIII одд. имав едно момче кое до пред една година несакав и неможев да го заборавам..:// Сепак се појави човек кој смени се во мојот живот..) И сега несакам да помислам колку глупо тогаш сум се чуствувала..P(Се надевам дека свативте што сакам да ви кажам..))XXX
Прва љубаааав, још је волииииим.. Не, ама јас мислам дека во првата љубов најискрено се сака, после тоа се' е проследено со разум, а кога се меша и разумот љубовта не е тоа-тоа
Мислам дека еднаш се сака силноооо не дека после таа љубов нема да сакаш ке сакаш ама не како тогаш шо си сакал/а
Можеш да сакаш ако психички си подготвен да се посветиш на тој што е со тебе. ако се замараш со бивши .. нема крај може нема на ист начин пошо секој човек за различни нешта го сакаш. затоа тие што ги сакате не ги испуштајте од раце!
Јас ќе кажам не се сака само еднаш. Може да се заљубиш повеќе пати во различни личности, прицот на бел коњ доаѓа само во бајките. Сепак верувам дека некоја личност може да ти остави така некој белег, некое убаво чувство малку повеќе од другите, но само толку.
се сака многу пати но ниедно од нив нема да биде како првата љубов таа ее онаа вистинската сите останати се наналик исти
Се сака онолку пати колку што ќе си се дозволи! Не верувам во единствена љубов ,пошто и јас самата сум сакала барем 2-3 пати ...Мислам дека во секое време некој може да ти се пикне во срцето и тогаш веќе не броиш по кој пат си се заљубила.
Се сака онолку пати колку што ќе дозволиш чувствата да завладеат со тебе. Некои велат дека се сака само еднаш можеби заради тоа што биле повредени па не сакат да ризикуваат уште еднаш да ја доживеат таа болка, што пак не мора да значи дека пак ке бидат разочарани.
само еднаш се сака искрено - се друго е реприза секогаш постои само еден кој ќе остави траги во нас со кој ќе останите засекогаш или на жалост ќе го памтите засекогаш. барем за мене е така повеќето сум ги „сакала“ но само во ЕДЕН сум заљубена и сеуште си го сакам најмногу
Во животот се сака повеќе пати , ама еднаш се сака најмногу како да кажам вистински од срце....секогаш постои некој за кого срцето ќе ти чука побрзо....
Според мене ова е една голема заблуда ништо повеќе. Типичен тинејџерски муабет, на повреден/а тинејџер/ка сече вени и вели дека никогаш повеќе нема да сака некого како него/неа Убаво е додека трае, но кога ќе прекине една врска треба да се заборави. Значи се е до психата, ти ако не си дозволуваш да го заборавиш бившиот и цел живот се потсеќаш на него нормално дека никогаш нема да го заборавиш и секогаш ќе ти биде во глава ко твоја најголема љубов. Сега ни на крај памет не ми текнало на некој си бивши што сум го сакала... сум се заљубила пак и пак и пак, и секој пат е различно... не го носам минатото во нова врска тоа останува таму каде што завршило. Треба самите да си дадете шанса за повторно да сакате некого, ко да растат децава со погрешни вредности... ма дај.. 16 годишна само еднаш во живот ќе сакала, што не ќе видиш во животот. Ништо не трае вечно и никој не е незаменлив. И што корист од тоа само еднаш да сакаш некого, а да не бидеш со него
Мене не ми беше тоа замислата за темата. Не дај боже еднаш само ако се разочараш и готово после. Сум сакала многу пати и никогаш не сум се разочарала. Ниту па сум боледувала после раскинувања. Муабетот ми беше дали мислите дека еднаш ќе сакате онака најсилно, најинтензивно, вистински. Инаку порано си мислев леле колку го сакам, ќе раскиневме, ќе дојдеше некој друг па лелеее и него го сакам. Ама вистински ниеднаш не сум сакала и дури сега тоа го сфакам, се направив многу рамнодушна па си се прашувам дури и дали би можела некој да сакам лудо, затоа што секогаш разумот ми рбаоти повеќе од срцето. Ама сепак мислам дека само еднаш се сака вистински и најинтензивно, најлудо. А останатите секако дека ќе ги сакаш некои и не ама не е секогаш она вистинското.
Не...мислам дека ова важи само за оние послабите, кои неможат да продолжат со животот, живеат во сеќавањата и во сите наредни си го бараат својот бивши.