Дали машките сакаат само еднаш вистински а женските два пати Ме интересира какво мислење за оваа тема има и машката популација не само женската затоа што јас не знам што точно би одговорила,како првин сум била вљубена повеќе пати во животот,но дали тоа било вистинско сакање или некоја заблуда?! Не можам да кажам зошто секој сум го сакала на различен начин,но премногу, додека сум била во врска.Сегашниот мој дечко премногу го сакам и ова ми е најдолгата врска и најубава,исто така и тој мн ме сака...Но еднаш ми кажа дека човек вистински сака само еднаш т.е машките, а тој имал 4годиншна врска со женска која премногу ја сакал но таа го изневерила и тоа така завршило,после 7 год мене ме запознал и јас сум единствената што му ја излечила старата рана и што го препородила,но ме мачи тоа дали мене ме сака исто како неа или пак повеќе,со сигурност дека неа не ја поднесува и не ја сака,но...не знам зошто се јавува некој сомнеж кај мене едноставно најмногу што мразам во животот е да бидам споредувана со некоја друга,или да бидам третирана исто како таа некогаш,знам дека ова е проблем кој треба сама со себе да си го решам но мислам дека кој и да е на мое место нема да биде рамнодушен спрема ова зошто тие биле пред земање,а јас сум со него 1 год само,ви благодарам однапред,очекувам мислења и совети,позззз
ова искрено баш и не ми е од помош,само ќе кажам дека почитувам сечие мислење но не значи дека се согласувам со тоа,исто така сакам и моето мислење да се почитува без вреѓање,се разбира.
Не се согласувам со тоа дека само еднаш се сака. Се сака секој пат различно. Различни карактери, со еден си правела ова, се однесувал вака, другиот има друг карактер со него се однесувате на друг начин, правите различни работи. Сето тоа ја донесува динамиката во врската.Го сакаш поради тоа што е. Секој пат мислиме дека предходната љубов била најсилна, но не е така. Секоја врска си има своја динамика и секој пат сакаме на различен начин. Плус тоа кога сме помали сме по незрели, во следните врски понатаму позрело размислуваме и постапуваме, учиме од грешките од предходната врска.. Неможе да кажеме дека само еднаш во животот сме сакале.
зависи колку љубов имаш во тебе толку пати можеш да сакаш ?) се шалам , ама сепак моето мислење е дека можеш да сакаш повеќе пати дури некогаш многу повеке одколку си мислела дека можеш
Како не,еднаш се сакало.....Со секој нареден,се преболува претходниот,стануваш позрел,станува љубовта подруга.
Според мене само еднаш вистински се сака, а тоа е од 16 се до 20 години тој период, бидејки тогаш не ти е важно дали работи, какви се неговите, туку сакаш со цело срце, односно само на него размислуваш, што ке облечеш итн, бидејки немаш никакви други проблеми и обврски, додека кога си позрел размислуваш на посериозни работи.
Само еднаш се сака и други такви романтични реченици одма ме потсекаат на шпанска серија Значи не сум за тоа дека само еднаш се сака.Можеш да сакаш 20 мажи или жени во животот,но секој на свој начин ке си го сакаш.
Порано верував дека еднаш се сака.. тогаш бев премногу заљубена и мислев дека никогаш во мојот живот нема да сакам друг, за жаал или пак за среќа не успеав да имам ни едно мување со него па за неколку год успеав да го заборавам и да засакам друг можеби дури и посилно од претходно.. Нее битно колку време ти треба да го преболиш 2 месеци 2 години или 5 години ке дојде тој ден и ќе продолжиш со животот..
Љубов? Што е тоа? Според мене љубовта постоела некогаш а сега луѓето во трката по пари заборавиле на неа и сега постојат само личности кои се разбират во одреден период , слично размислуват . убаво им е заедно и почнуват врски диодека трае тоа, но љубов како порано нема
Теоријата ,,само еднаш се сака вистински,, одамна падна у вода ! Се сака повеќепати,но со различен интензитет! Верувам дека секој може да засака повеќе од еднаш, и верувам дека секогаш ќе биде со различна силина на тие чувства! Кон некого ќе сме наклонети со посилни чувства, кон друг пак со послаби чувста но тоа не значи дека не станува збор за љубов! Секогаш некој ќе ни биде најспецијален и најпосебен, ваљда станува збор за најсилна љубов!
Точно е дека секое тенџерче си има свое поклопче, но не значи дека за секое тенџерче одговара САМО ЕДНО поклопче..... (а некој се родил ѓезве, па нема ни потреба од поклопче ) Како што велат: Првата љубов е опасна, ако е и последна. Јас не сум од оние што веруваат дека само еднаш се сака во животот... Љубовта е нешто неописливо... Да сакаш, да бидеш сакан, да даваш и да добиваш, да љубиш и да страдаш, да научиш да губиш, а сепак да се надеваш... зашто никогаш не знаеш што доаѓа... Мора да продолжиш понатаму зашто никогаш не знаеш што те чека зад следниот агол...а ако не отидеш дотаму нема да го дознаеш тоа... Според мене, луѓето кои само еднаш сакаат, се оние кои поради една или друга причина ( загуба, разочарување, неверство) престанале да веруваат, дозволиле тагата и болката да ги столчи и се плашат да продолжат понатаму... Спомените од минатото не им дозволуваат слободно да зачекорат кон иднината.... Жално е тоа... зашто на овој свет има кого да сакаш, и секако има кој да те сака тебе... Животот е премногу краток за да го поминеме плачејќи по она што веќе не е наше, по она што не ни било судено... Секогаш постои утре, секогаш постои надеж, секогаш постои љубов... само треба да имаме сила и храброст... да ја откриеме и да и се препуштиме.
ДА според мене еднаш се сака онака НАЈчисто,НАЈискрено,НАЈсилно,НАЈнаивно........!но се согласувам и со тоа што погоре го пишаа некои феминки дека се сака повеке пати но со различен интензитет но само еден ке сакаме со НАЈСИЛЕН!а после може пак да се вљубиме но се е веке дежа ву сепак ова е мое мислење немора да се согласувате...
јас сигурна сум дека се сака повејче од еднаш за мене лично можам да кажам дека се имам затрескано и тоа она до уши точно 5 пати .мислам по рано се заљубувале само еднаш само заради тоа што и многу мали се мажеле/женеле,и така немале шанса за да се заљубат повејке од еднаш,баш ми е жал за нив
Тоа секој пат си го помислував кога се вљубував...за поранешните љубови велев „тоа не е она вистинското, но ова сега е“ Така што во фразата „Само еднаш се љуби“ сум била барем 5 пати. Или можеби 3 пати,сум заборавила, одамна беше...се поминува, па и тоа (освен во песните, романтичните комедии и мелодрамите) Со математичка индукција можеме да докажеме дека бесконечен број пати се љуби! Сите ние имаме по еден куфер кој со себе го носиме....
Дефинитивно мислам дека може да сакаме повеќе пати во животот..но исто така ова е индивидуална работа..некој се заљубува само еднаш во животот а некој може и 3-4 пати. и во двата случаја може да биде вистинска љубов.