Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само еднаш се сака или не ?

Дискусија во 'Врски' започната од Neytiri, 25 ноември 2010.

  1. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Порано сум мислела дека сакам :?: (не мислам за детска љубов) ама во сегашнава врска сватив дека тоа не било сакање . Јас уствари не сум знаела какви чувства постојат односно во некои моменти сум откривала ново чувство. Сега сум сигурна дека ова е тоа вистинското сакање, мислам дека нема да сакам никој друг во животов повеќе од сега. Незнам дали еднаш се сака во животот пошто мене ми е прв пат да сакам и се надевам вака ќе си остане. А доколку се скараме и бидам со друг незнам дали ќе го сакам волку. Мислам дека со секој што сме биле го сакаме на различен начин. Секој пат е подруго а само еднаш е вистински. Но, ако на некој му се има случено да сака вистински повеќе пати, тогаш ... можно е да се сака само еднаш.
     
  2. U-N-A

    U-N-A Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Човек само еднаш вистински сака,понатаму со било кој и да бидеме ќе го нема тој жар,таа страст.... како порано,можеби ќе ни биде некој мил но никогаш нема да сакаме како првиот пат... :?:
     
  3. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    zarot i strasta koi gi cuvstvuvame sprema nekoj ne se ljubov zatoa sto tie eden den ke pocnat da bledeat i da se gubat,ljubov e nesto mnogu posilno od toa.porano sum imala strast,zar,no toa pominalo ona sto ostanuva e ljubov za mene.ljubovta e nesto sto go cuvstvuvas dlaboko vo dusata,grizata za nekoj,neznosta,razbiranjeto ..
     
  4. vita17

    vita17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Немам некое којзнае колкаво искуство, но сепак мислам дека само еднаш се сака. Секако дека може да се сака повеќе пати но не онака како вистинскиот. Еве јас кога бев со бившиот мислев дека сум во облаци, бев спремна на се, можев се да направам за него.. Сега не сум со него, секако дека не раскинав јас со него туку тој со мене и долго време не знаев за што сме раскинале. Тој ми кажа дека не бил спремен за долга врска иако вистинската причина беше тоа што ме изневерил со бивша негова. Сега се кае за тоа но... Сега јас имам друг дечко го сакам и тој ме сака и убаво ни е но некпгаш помислувам на бившиот, како е, каде е, што прави, ме мисли ли некогаш,... Иако знам дека ме изневерил и мислам дека тоа не треба да се прости .. но сепак кога би дошол сега би му простила се, се би заборавила, можеби и би била пак со него. :)
     
  5. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    секогаш се сака на посебен начин
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.434
    Допаѓања:
    91.658
    Пол:
    Женски
    Моето срце е како автобус има место за сите :rofl:
    Сум сакала неколку пати, верувам дека ќе сакам повторно. Колку пати се сака не може да се знае. Можеби има некој кој цел живот ќе ми остане мил и при срце, ќе ми трепери телото кога ќе го видам, но не врувам дека се сака само еднаш.
     
    На miss.ella, Hipster, La.Reina.Del.Sur и 2 други им се допаѓа ова.
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    6.570
    само еднаш
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Има разлика од сакање до сакање.
    Имаш т.н привидно сакање, ти мислиш дека си го сакала, а кога си раскинала одма во друг и се заљубила. Тоа кај мене беше чест случај, сите ги сакав, уствари никој не сум сакала. :D
    Ова што трае веќе доста долго време, е според мене сакање, ама сакање, со големо С. Сум опишала во друга тема што е за мене љубов, а тоа се случува само еднаш, мене еднаш ми се случило тоа досега.
     
  9. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Секој е спосебен да сака повеќе пати,но двајца различни луѓе не може да се сакаат на ист начин.Сметам дека постои една вистинска љубов за која си спремен на се,а се останато е само потреба и желба за да не се биде сам.Нормално дека и спрема таа особа ќе гаиш некои чувства,но не е тоа тоа.Сега за сега само еднаш сум сакала вистински,таа е баш онаа искрена и несебична љубов :)
     
  10. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Само еднаш се сака вистински!!! Ако тоа прекине.. цел живот ќе луташ и ќе бараш замена иако знаеш ништо нема да те направи да се чувствуваш како порано, како со него. Вистинската љубов само еднаш се случува. Мене ми се случи и ја изгубив.. моментално сум во врска ко без врска.. не чувствувам љубов, не чувствувам потреба да го гушнам, да го бацам, да имам било што со него.. не чувствувам потреба ни да му кажам душо, сонце, ТЕ САКАМ??? ни под разно.. а на бившиот би можела сето тоа да му го кажам и после толку време.. таа љубов не се опишува.. тоа е онаа љубов кога тој ќе направи нешто што тебе ти пречи чувствуваш дека срцето ти се кине, плачеш, се расправаш и за банални работи бидејќи сакаш, бидејќи те боли курот... кога сте среќни ништо не може против вашата среќа, едноставно летате!!! Постојано се смеете, сексот ви е прекрасен секој пат кога го правите тоа, секое негово те сакам е нешто што духовно ве храни, само да ве гледа во неговите очи можете да ја видите цела љубов на светот. Таа љубов.. едноставно си спремен на се за него, се можеш да направиш, едноставно не можеш да си го замислиш животот без него.. се прашуваш што после него??? ПОТОП!!! Нема ништо.. се е без смисла, без врска..

    Вистински се сака само еднаш.. само еднаш срцето може да сака толку многу. Откако ќе се скрши.. таа болка никогаш нема да заврши.. таа пукнатина во него нема да дозволи љубов за некој друг, секогаш ќе сака само еден. Без оглед на се, го сака само него. ;(
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Глупости. Се чудам на твоите години. Се додека продолжуваш да мислиш така никогаш нема да го отвориш срцето за да засакаш некој друг и цел живот несреќна ќе си бидеш, само затоа што ти си убедена дена се сака само еднаш.
    По раскинување на долга врска најдобро е да бидеш сам некое време, додека само од себе не ти помине тоа чувство дека ти е потербен бившиот парнет, а не да влеташ одма во некоја врска наводно за полесно да ти помине и да не бидеш сама, ама тоа е многу погрешно и не помага воопшто.
    Штом не го сакаш сегашниот дечко раскини со него и помирисе дека никогаш нема да бидеш ни со бившиот. Среди си го животот девојко, се однесуваш многу нездрело за твоите 29 години.
    Секако дека се сака повеќе пати, зошто да не? Зошто да си го ускратуваш тоа задоволство да сакаш некого повторно само заради тоа што имаш една пропадната врска?
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    воживотот можеш да сакаш повеке пати ама само еднаш вистински и коа ке дојде тој вистинскиот тогаш знаеш дека тоа е вистинското :)
     
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост од ова немам прочитано..
    Да само еднаш се сака, и никогаш повеќе само тогаш еднаш и никој друг не постои, нема боље од тој претходниот |( |(
    Ма дај ти се молам .. Да бил тој толку добар и совршен би биле уште заедно, така требало да биде и идеме даље.. Секогаш постои некој подобар од претходниот, некој што ќе те сака цени и почутува повеќе .
     
    На miss.ella и chocolate.chick им се допаѓа ова.
  14. stanojovskam

    stanojovskam Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Вистинска љубов се случува 2пати: првата изгубена љубов, и онаа за целиот живот, се дуго е фарса и силна привлечност. :)
     
  15. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не се сопгласувам со тоа еднаш се сака ... На некој го сакаш се додека тој некој ти дава причини за да го сакаш ... Тоа е мое мислење :)
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога еднаш вистински ќе засакаш, а потоа ќе бидеш повреден, тешко е да го отвориш срцето на друг.
    Но, тоа не значи дека љубовта се доживува само еднаш, таман работа да е така. И се додека очите ви се преврзани со таа мисла дека „само еднаш се сака“, никогаш нема да најдете нова љубов. А љубовта не се случува само еднаш во животот.
     
    На m.m.5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Не знам од која причина неколку страни наназад сум напишала стих од една песна... Можда ме мавнал некој период. |(
    Но не е вистина дека само еднаш се сака. Може да се сака и повеќе пати, ако ние самите сме свесни дека секогаш треба да се проба, па макар била неуспешна...

    И марама кажа добро, може некој ќе ми е мил цел живот ама гарант нема да го сакам :D
     
  18. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Не се сака само еднаш и тоа си го знам по мене.
    Порано , пред 3 ипол години бев во врска 7 години. Бевме заедно цели 7 години. Секој ден „те сакам„ „не можам без тебе„......Еден ден , нормален ден :D и тоа не во Македонија туку во Германија, нормален ден на работа ни најмлаку не сум мислила дека нешто ке се случе. Пред да одам на работа на тогашниот дечко му се јавив му реков те сакам.......
    Тај ден го запознав мојот сегашен маж. Полека со текот на времето, како минуваше секој ден, како се запознававме подобро јас се заљубуваше во него. еден ден станв и ми беше јасно дека дечкото со кој сум била ѕаедно 7 години НЕ ГО САКАМ, туку САКАМ ДРУГ.
    Како што рекоа повеќе цуруци на форумо....не се сака само едншка.
    НИКОГАШ не знае што ке се случи во иднина, можеп да се колнеш дека само ТОЈ ке го сакаш и никој друг. Ама може да дое некој и да ти го украде срцето за миг.
    Сигурно кога сте бле 13 или 14 сте мислиле сте сакале некој, 2 месеца врска и толку. После некој 1 година или две или повеќе....после моќеби некој друг...
    Додека не ја најдеш сродната душа нема да можеш да кажеш „те сакам„. Не е само до убавина и време тепање со некој.
    Битно е се слагате, доверба, и да имате заеднички работи.
    Ако се има слога, и доверба и радост дека се буде секој ден до тебе , може да се каже ДА ТЕ САКАМ.
    Ај ојде малку офф топик занесе се јас пишувајки :D

    Шо сака каже авторо со овоа :D Не се сака само еднаш, ама само еден ке биде правилен!
     
    На La.Reina.Del.Sur и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Се сака повеќе пати. Се сака еден во основно, па еден во средно, па на крај Мистер Засекогаш. Секако, Мистерот Засекогаш може и да е оној од основно. Но, сакаме. Сакаме повеќе пати, интензивно, сигурна сум.
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    :clap: и јас бев от тие што мислат дека се сака само еднаш,имав предходно прилично долга врска (па беше 1 лјубов и мислев единствена затоа што никогаш не почувствував нешто слично за сегашниот ми дечко) :!: но еве по 7 годишна врска со сегашниот јас се влјубив во друг :tmi: Што значи точно е се сака повеќе од еднаш... :$ Само ако се појави вистинска личност :*