Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Само еднаш се сака или не ?

Дискусија во 'Врски' започната од Neytiri, 25 ноември 2010.

  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Најинтересни ми се маливе од 12-3-4 години. :D Тие сакале, тие биле заљубени. :rofl:
    Има многу голема разлика од допаѓање и сакање. И мене ми се допаѓале момчиња, сум си правела филмови итн ... Али тоа било далеку од љубов.

    Сега знам што е љубовта. Половина од неа е болка, страдање, плачење, солзи, љубомора, карање ... Другата половина е среќа, чувство на безбездност, на потреба, хемија што се случува во одредени моменти, нежни погледи, милувања, страст. Другава половина не одржува во врска и ради тие среќни моменти ни е полесно да ги пребродиме тие првите.
    Мене мојов ужасно ме нервира некогаш, сакам да го здробам. :@ Но, само тој знае да ме насмее искрено, но и најмногу да ме натажи. Само до него сум вистински јас. Некогаш мислам дека можам и без него, но штом дојде до таков момент, гледам дека во моментот не можам да се откажам толку лесно. Веќе 4 дена длабоко некаде осеќам физичка болка оти не е до мене. Пред некој месец, речиси се распаднавме. Цел месец се убедував дека ми е подобро без него, штом го видов знаев дека не ми е. Само сум чекала кога ќе го видам да го дознаам тоа. Поминавме тежок период, си кажавме многу работи, после си ги простивме тие работи. Јас тврдоглава до немај каде, научив да преминам преку некои работи и да се извинам и да продолжам да сакам. На некој мој начин. :D
    Тоа е љубов веројатно, нели?
    Забегав ... и тоа ептен. :^)

    Зборот ми е - сакам сега моментално. И тоа многу сакам. Дали ова ќе трае? Не знам. Дали ако не трае, ќе сакам некој уште повеќе? Не знам. Се надевам дека и на двете ќе има потврден одговор во секој случај. :)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Откако се изгорев добро, не мислам дека нема повеќе да сакам, таман работа, ако во нешто силно верувам, тоа е љубов, но мислам дека ќе бидам многу позатворена и внимателна со некој друг. Но, верувам дека пак ќе сакам, може не еднаш, туку и повеќе пати :lol:
    Го сакаВ многу, но знам дека ќе сакам некого уште повеќе, колку и во моментов да ми се чини
    неверојатно :)
     
  3. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    прочитав најразлични мислења али според моето искуство се сака повекје пати но вистинската љубов само еднаш во животот доаѓа вие можете пак да саката али коа кје подразмислите малку поубаво само така еднаш се љуби....
     
  4. portokalova

    portokalova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Се сака милион пати во животот. Ама само еднаш се сака ВИСТИНСКИ :inlove:
     
    На bojanalove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Од моја гледна точка да само еднаш се сака вистински и најмногу. Можеш ти и други да сакаш ама не на истиот начин на кој си го сакал првиот/та. Знам дека јас нема да можам никој да засакам толку силно, чисто, искрено и наивно како него што го сакам. Да уште си го сакам, многу, а знам дека и тој мене ме сака. Можеби со тек на време ќе дојде некој нов, со него ќе почне и некоја нова авантура, нова љубова ама НИКОГАШ нема да биде како старата :)
     
    На bojanalove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    јас несакам да се заљубам :|
     
  7. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Гледам велите еднаш се сака вистински. Потоа пак ке сакате ама никој како првиот.
    Јас како ,,вистинскиот маж на мојот живот,, го гледам оној последниот со кој ке решам да го поминам целиот живот... не би се омажила доколку тој маж го сакам помалку од првиот што сум го сакала... Зошто првата љубов велите дека е најголема? Сум сакала на 18 години прв пат(зборам за дечко со кого сум била во врска,за мене оние кои не сум ги имала се само симпатии) ,сум сакала потоа на 21 година,па на 23 . Првиот е нормално прва љубов,таа е една неможе да се повтори. Јас лично сум била многу затрескана,млада ,неискусна нормално сум се предала со целото срце. таа љубов завршила дошла друга. Ако јас се убедувам дека никогаш нема да сакам некој како првиот,па стварно нема ни да засакам. Во секоја врска се посветувам целосно,го сакам секој колку што заслужил и нормално со годините се менуваме она што на 18 години ми било поим за совршена врска , совршен маж, сега веке не ми е ... гледам на работите позрело имам други очекувања и отворена сум да сакам пак и пак,додека не се појави вистинскиот.

    Не верувам во тоа дека најголемата љубов е онаа која завршила несреќно, а цел живот ке го поминеме со личност што помалку ја сакаме... јас не го сакам тоа за себе... Верувам дека се што поминало, завршило затоа што така требало да биде,за да дојдат по него можеби уште многу погрешни, но на крај сепак да дојде ``вистинскиот`` :)
     
    На Miss.M5 и miss.ella им се допаѓа ова.
  8. mila.pp

    mila.pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не се сака едаш, на сите му се случува да се заљубат повеќе пати. Но јас сепак мислам дека првата љубов никогаш не се заборава и сите ќе ја памтиме по добрите моменти ! :)
     
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Незнам зошто сите толку се заглавиле со првата љубов. :D
    Луѓе мислам дека првата љубов се памети бидејќи е прва а не бидејќи била нешто подобра од останатите. Зарем вашиот прв дечко вредеше повеќе од вашиот втор или сегашен? Плус првата љубов се случува на помала возраст кога сме сеуште деца и незнаеме што всушност точно сакаме.
    Мислам дека сум сакала 2 пати во животот. После таа голема прва љубов дојде втората. И како што велат новата љубов ја брише старата. Но мислам дека дури и мојата втора љубов припаѓа донекаде на оние детски љубови...
    И не... Неможам да прифатам дека некое момче од минатото ќе ми значи повеќе и дека ќе го сакам повеќе од момчето со кое би го поминала животот.
    Според мене се сака повеќе пати но на различен начин. Номоже вие да споредувате сакање на 14 години со сакање на 24 години. :)
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Се сака повеќе пати , зборувам од искуство
     
  11. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Моето мислење е дека еднаш се случува правата љубов :inlove:
    После неа се е исто, исти работи се случуваат, исто се, некои работи биле правени со пеперутки во стомакот а сега повеке како рутина... Ама секој си има ралична приказна, никогаш не се знае. Може и втор и трет пат да засакаш, ама она вистинското еднаш само. Љубов не е само да го сакаш, и да вика те сакам (што може и да лаже) Вистиската е заснована на меѓусебна доверба која не е разнишана ниту еднаш, и во добро и во лошо сте заедно и надминувате се заедно, ти правиш се за него и он за тебе, знаеш дека никогаш нема да те напушти, прави се за да те види срекна, поврзани сте еден со друг на многу посебен начин, не се опишува, се осеќате кога нешто ви фали или ве мачи и многу други работи да не пишувам, само гледам дека кај многу парови фалат овие работи :?:
     
  12. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Повеке пати ... со различна јачина .
     
  13. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Не.
    Има различни љубови со различни емоции, но само една е првата љубов онаа платонската, и една е онаа вистинската реалната љубов за кого ќе дадеш се.
    Така да не се сака само еднаш.
     
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    повеќе пати...
    но никогаш нема да биди како првата љубов дефинитивно :$
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вистински со сета душа и срце еднаш ....
    Но првата љубов е нај посебна....
     
  16. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Можете да имате многу врски и да МИСЛИТЕ дека сте ги сакале , но кога ќе дојде вистинската тогаш ќе ви стане јасно дека е ТОА , ТОА!
     
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дефинитвно само еднаш кога ќе го запознеме вистинскиот и знаеме дека тој е човекот со кого би го поминале цел живот тоа е љубов а другите се само навика или умисла дека ги сакаме.
     
  18. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Едно единствено и незаборавно место си зафаќа првата љувоб, а за тоа понатаму не сум ни ваму ни таму мислам дека еднаш се сака она вистински ептен предадено ама и другите пати ако си значите премногу мислам дека ќе има љубов и почит ама не мислам дека ќе е како минатиот пат...не знам ...поделени ми се мислењава
     
  19. emily90

    emily90 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Само еднаш се сака се другото е РЕПРИЗА....
     
    На bojanalove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. slobodnacura

    slobodnacura Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Во животот само еднаш ли се сака вистински?

    Се вљубив, и мислам дека тоа беше вистинското , на некој начин ги исполнив сите " критериуми" на сакање. Нашата приказна кратко траеше, одтогаш поминаа 4 години, но сеуште никој не ми предизвикал такви или посилни чувства како што имав за него. На некој начин тој ми е почеток и крај на секоја моја нова приказна, секогаш кога сум со нова личност, на него се сеќавам, споредувам, and he's still number one. Со него е завршена приказна, немам надеж, ниту пак сакам да имам нешо со него во иднина ради одредени причини.
    Само се прашувам, дали навистина само еднаш се сака, и дали никогаш никој нема да ми предизвика уште еднаш такви вистински чувства?....
     
    На bojanalove му/ѝ се допаѓа ова.