.. .......дефинитивно ДА.. .. .. ..некои ја доживуваат а некои и ја немаат таа среќа да ја доживеат.. ...исто тие,што ја имале ја доживеале,на млади години а некои на стари ...... ....тоа е љубов на несебично давање и примање,полна со многу емоции и нежности,внимание,почит.љубов што ти го зема срцето,а ја заробува душата и телото.. .. . ..едноставно живееш и постоиш на овој свет само за една личност.... .......
Искрено не верувам дека само еднаш се сака. Можеби никого не сум сакала волку многу и на овој начин, ама не е дека може да сакаш само еден во животот
Мојата дилема, не ми дава мир денес, цел ден. Некоја нервоза вирее од мене... Првата моја љубов, пред 6-7 години, искрена чиста, неизмерна. Немаше ништо помеѓу нас, поделивме само еден прекрасен бакнеж. Тој не го направи првиот чекор, а јас срамежлива, средношколка, со никаки идеи за освојување. Толку време го сакав и го чувствував како нешто најубаво. Поради некоја причина, веројатно, не сакал да има ништо со мене. Сегашната, моја втора љубов, тоа е човекот за кој живот ќе дадам, што го сакам премногу. Но, нешто ме прогонува од минатото. Последниве 2 недели го сонував неколку пати, тој - мојата прва љубов. И после толку време го видов вчера. Беше оддалечен 1 метар од мене. Бев избезумена. Не знаев кај се наоѓам. Се присетив на моментите пред 6 години, кога седевме во друштво, сите правеа муабет, а јас се чувствував како да сум на седмо небо, не слушав ништо, единствено тишина и тој покрај мене. Вчера покрај сета таа гужва и галама во клубот, го имав истото чувство како пред 6 години. Се сеќавав на тие спомени, а мојата втора љубов беше покрај мене, додека јас се исклучив од сегашноста за момент... Што се случува, дали во животот имаме една и единствена љубов, или не? Дали ако се соочам со него и дознаам што бил проблемот, зошто не сакал да го направи првиот чекор, понатаму ќе знам дека не бил човекот што сум го сакала? Дека сегашната моја љубов е онаа вистинската? Целата сум збунета. Кога си сакал некој толку силно, цврсто, искрено, безусловно, а не ти било возвратено, дали е вистинска љубов? Или е само спомен од минатото? И дали може исто така повторно неизмерно да се сака, но вториот пат таа љубов да е возвратена? Некој нека ми каже???
Одговор на прашењево можеме да си дадеме единствено сами,кога сакаш некого искрено,безусловно,сметаш дека тоа е тоа,но од икс причини може да се случи нешто и таа љубов да прекине но не и да заврши значи ја чувствуваме сеуште а ако наиде некој кон кого ќе пронајдеме нови чувства тогаш можеби и ќе ги заборавиме претходните Вистинска љубов сметам дека е кога е обострана значи твојава невозвратена сега се појави пред тебе после толку време и те потсети на тие убави доживеани мигови и се прашуваш сега што ќе беше ако беше И моментот што те тера да преиспитуваш значи дека не си заборавила,меѓутоа сега имаш некој до тебе и самата кажа дека го сакаш премногу така да обиди се да останеш во сегашноста а не во минатото
Тоа се прашања од минатото за кои немало одговор, или за кои не сум успеала да најдам одговор. Друго е кога ќе се соочиш со тоа, ќе знаеш на што си, или ќе знаеш што е всушност вистината. Тоа е она што боцка и не ти дава мир. Барем јас така чувствувам. Да сум разговарала тогаш со него или нешто да било меѓу нас... вака сe' е во мрак. Минатото за мене секогаш ќе остане минато, живеам во сегашноста со личноста сега во мојот живот. Но, сеуште се прашувам, дали ако би имала нешто со него, ќе знам дали сум го сакала воопшто или не? Друго е кога си со некој, кога си разговарал, а друго е вака кога се' останало нерешено. Навистина голема дилема.. И во право си, што би било кога би било... не знам ни јас самата. Само го мразам тоа што наеднаш како ураган ми се врати времето и спомените...
Те сфаќам,освен опција да дознаееш некако нешто за него ама така па се почнува некоја ситуација шо не е баш симпатична
Драга Емма89 ( ова како драго другарче од наш свет ) Еве како гледам јас на твојата ситуација .. Се работи за прва љубов , јас мислам дека е идеализирање на таа личност од средношколските денови и додавање на особини кои не постојат . Млади кои не осетиле како е да те повредат па тогаш се сака без претпазливост и без кочници , нема граници баш мислиш се што лета се јаде Па кога животот ќе те научи дека не е се розово , всушност не ти фали таа личност , туку тоа чуство кога си сакала некој со цело срце и на се си верувал . Ти фали тоа невино детско срце кое не мисли со разум туку само сонува и му е убаво Многу такви врски се распаднале при судир со реалност , и реално да се запознале во некој позрел период ни 2 дена немало да се истрпат А ти бараш closure за нешто што не постоело . Па тоа не љубов кон тој дечко туку љубов кон детската љубов ( малку глупо се изразив ама така го сфаќам тоа ) . А си го поврзуваш со таа личност а баш не е така . А вистинската зрелост и љубов не е така розова , бара компромиси и многу труд за да останете заедно ... Колку порано се сфати тоа толку подобро Ако момакот до тебе те прави среќна , на спомените од минатото за првата љубов , насмевни се, слатки се , ама се нереални , па слатко е да се сетиш колку си била будалеста верувај нема врска дека тој дечко од пред 6 -7 години е вистинскиот за тебе туку те врзуваат убави спомени на твоето искрено и детско сакање . Тој што ти е дечко велиш дека го сакаш премногу , тој се докажал пред тебе , тоа е љубов за ценење . А не си ја расипувај сегашната врска со обиди да дознаеш што би било кад би било , не само сегашната врска туку и не го расипувај споменот за првата детска љубов . А на темава вистинска е љубов е таа спрема човекот со кој ќе го делиш животот и ќе створите потомство , кога покрај сите мани ќе се сакате , кога тој ќе те види во сите можни изданија и пак ќе му бидеш убава . А не некоја си тинејџерска фантазија тоа е само заблуда што ја носи тој период .Човек да сакаш треба да го познаваш целосно и да му ги прифатиш маните
^ Така е. Во право си. Реално ситуацијата, и општо животот изгледа далеку покомплицирано и потешко, од невин детски памет, и невина детска љубов. Ама тоа што ќе почне да те мачи, замисли, пак после толку време, ете тоа лично мене ме загрижува. Свесна, возрасна личност ќе размисли трезвено, сигурно нема да лета со мозокот, барем не јас. Нема ни под точка разно да ризикувам нешто во кое сум вложувала толку време, но некои прашања за кои не сум имала одговор почнуваат да ме мачат. Ко некои демони од околу да се вртат, па паметот ми е таму овој период. Ме мачи тоа што не сум знаела и дознала што се случувало со него. Но, веројатно е период, ќе помине ако потиснам или почнам да заборавам. Ако успеам Само ми требаше да видам друга глава како размислува, чисто да се тргнам од мојата точка на размислување. Фала ти драга mimiiiii. Твоето другарче, Emma89
Може да се сака многу пати. Зависи колку ти е отворено срцето за љубов. Ако сакаш да сакаш, можеш да сакаш многу пати. Љубовта е секојдневно доживување, не е нешто екслкузивно, што се случува еднаш, а може и да не ти се случи.
Некогаш мислам дека еднаш се сака, некогаш верувам дека не... Треба да ми помине целиот живот за на крај да кажам дали сакав ниеднаш, еднаш или повеќе пати. Сепак верувам во приказната на Notebook и посакувам и јас да ја доживеам.
Само еднаш е она јако и вистински. Се друго понатака може да буди некакви емоции, но едно е она најсилното.
ВЕРУВАМ И ТВРДАМ ВО ТОА ДЕКА САМО ЕДНАШ ВИСТИНСКИ СЕ САКА ! еве поминаа 2 години од како се скарав со дечкото и од тогаш какви не лепотани ми се нуделе, сум пробувала и во врска со неколку но не одело, затоа што на крајот кога ќе легнев, секогаш размислував за бившиот, али то е то, живот иде даље...
Тотално се пронаоѓам во ова што го кажа...пред две години го запознав мојот совршен и се беше супер...после некое време раскинавме..и еве сега со овој што идам се е ок и супер е и сакам да го чувствувам тоа што сум го чувствувала за него ама не иде ама не се предавам и се надевам дека ќе ми се вратат емоциите
Јас мислам дека еднаш се сака вистински...Се што поминало не е љубов..Еднаш помислив дека сакам,дека никогаш нема да заборавам но не беше така...Заборавив се,не се свртив назад а сега со гордост можам да кажам дека јас за прв пат искрено и безрезервно љубам!
секој пат секоја љубов се доживува поинаку...но и јас мислам дека само еднаш се сака со цело свое битие со цело свое тело и со сите свои чувства и емоции... се после тоа е само некоја си бледа слика или реприза...никогаш не е исто како првиот пат...
Секоја љубов си има своја посебна приказна!! Не верувам дека само еднаш вистински се сака, еве до сега сакав еднаш ВИСТИНСКИ, ама верувам дека после оваа љубов ќе дојде друга, а за да не биде реприза ќе гледам да уживам на милион поразлични начини!! Ако една љубов се знае да се одржува правилно правејќи те среќна секој ден различно никогаш нема да стане навика и никогаш нема да биде иста како претходната, туку подобра!!