Форумџика на годината

Сапиосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Cka, 6 август 2014.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.969
    Допаѓања:
    133.468
    Не знам дали сте се сретнале со овој термин. Сапиосексуланоста значи вљубување кон некој само поради интелегенцијата и знаењето кое го има личноста, а не поради изгледот, местото во општеството, финансиската состојба или други работи. Чисто само поради тоа што е паметен.

    Зборот доаѓа од латнинскиот sapio кој значи умен, разумен, паметен. Сапиофил е некој кој сексуално се возбудува на паметни луѓе.

    Значи, да ја рашириме темава - дали сте сапиосексуалци, сапиофили, колку ви значи паметен дечко и што подразбирате под паметен дечко. Дали може некој да ве заведе само заради тоа што е паметен, или ви е битна неговата коса, заби, начин на облекување и сметка во банка?
     
    На Lolo5 и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Вистина прв пат го слушнав терминот:)
    Инаку лично јас сметам дека вљубувањето доаѓа од пакет особини а не само лепота, само пари и сл. На пр.мене ми се случило да ми се свиѓал некој дечко ама а отвори уста тресе глупости, памет нула, детско понашање- и одма го 'бришев':)
    Конкретно за темата, можно е такво вљубување, зошто да не (да се запримети убавината одвнатре што би се рекло) ама мислам дека претежно се гледаат повеќе особини, или барем јас така мислам ( така и го одбрав маж ми:) ).
     
  3. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Терминот прв пат го слушам. Не има секакви на планетата земја па можно е и да се вљуби некоја во таков тип.
    За мене не е пресудно како некој изгледа ако нема памет у глава. Убавината не ги решава проблемите кои доаѓаат подоцна. Точно е дека физичкиот изглед не привлкува меѓутоа тоа може да стане и одвратно.
    Јас не сум човек кој би се вљубил во некој заради пари интелигенциј... нели хемијата си го прави свото ;)
     
  4. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    џабе е надворешниот изглед ако има понашање на нула..ми се има случено некој да е убав ама чим отвори уста :puke: ...или пак обратно да не ме привлеква физички ама понашање баш на ниво :D
     
  5. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Баш љубов не, но со едно дете контактирав долго време само на интернет без да го видам воопшто, сме зближивме и навистина се приврзав со него и мислев како би било да сме заедно, бидејки главна карактеристика му беше тоа што беше навистина многу интелигентен и успешен - оваа пролет славеше, стана пилот!

    Се знаевме уште од 2004-5, чисто мали, се запознавме така еднашка и не беше воопшто тоа што го очекував - дефинитивно грд.. но мене сепак ми беше мил и не се промени ништо.. Минатата година се доселив во Англија блиску до неговиод град но тој е веке верен и секако го почитувам тоа, но иако надворешноста му е катастрофа сепак да не беше пред земање мислам дека ке пробав нешто :)
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Првпат го сретнувам овој термин и ми се допаѓа неговата дефиниција.Според мене убаво е да се вреднува интелегенцијата и знаењето на тој начин ќе имате доста теми на разговор ,да споделувате мислења искуства и да се надоградувате себе си преку врската.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Според она што го читам по форумот скоро сите сме сапиосексуалци, бидејки во темата какви машки ви се допагаат, или какви машки најмногу ве привлекуваат, скоро сите ги привлекуваат памети мажи, со карактер.... бла, бла, додека физичкиот изглед е на последно место. Но сите забораваат дека колку е човек по паметен се помали се шансите некој да те воодушеви со својата интелигенција.
    Значи тоа дали некој ќе те воодушеви со памет е обратно пропорционално на твојата интелигенција, што е човек по глуп толку се поголеми шансите да се вљубиш во некој кој е малкууу попаметен од тебе и обратно, колку е човек по паметен се помали се шансите некој интелектуално да те воодушеви.
    Јас не сум од оние кои се воодушевуваат на нечија интелигенција и не пагам на прва со два сврзани збора.

    Секако дека ми е битен и физичкиот изглед и сексуалната привлечност, инаку да се вљубам во некого само затоа што е паметен не. Сакам убави манири кај мажот немора да е научник.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Добро сеа ова само на форум го има , во живо е друга работа, поточно 90% од работите што ги пишуваат во секс/врски и сингл се едно а после во живо е нешто сосема друго и така да не верувај многу многу тука што пишат.
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Па не сум сигурна до која мера спаѓам овде. Ме возбудува интелигенција и остроумност, ама не и кога не е присутен добриот физикус. Ако не е убав дечкото, не можам да го гледам на сексуален или романтичен начин... тука паметот не му врши работа.
     
    На ADOKI, blonde_supergirl и Anon им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.528
    Убавината кај мене речиси секогаш претставувала релативна работа. Сум била со преубави момци, баш надвор од мојата лига што би се рекло, а сепак имало нешто заради кое не ми се допаднале, не сум се заљубила во нив, дали било тоа одредена нивна карактеристика, недостаток на шарм, харизма... А баш тој што најмногу го сакав не беше нешто убав, просечен дечко, ама јас искрено не му ја гледав убавината ни кога го запознав, имаше нешто друго што ме привлече.

    Е сега, нормално дека мора да постои некоја основа за било кој да те привлече кога ќе го видиш, но не би рекла дека тоа е стрикно убавина, туку некој спој на шарм, харизма, енергија, начин на кој тој некој се носи себе си... И нели подоцна кога подобро ќе се запознаете, следува вистинскиот негов карактер. Ама, јас секако не барам некој научник, зошто не сум ни јас :D ,не сакам да биде некој којзнае колку начитан и да е најдобар баш во сите полиња од животот, што некако не е ни можно... Туку, едноставно сакам да бидеме на иста бранова должина, да се согласуваме и надополнуваме на некој начин, а убавината понатаму не ја ни гледам толку.

    Имаше еден дечко што го знаев само од фејсбук, и кога почна да ми пишува, искрено воопшто не ми се допаѓаше физички, ама ич ич не ми беше убав, ни во лице, ни во тело... И колку и убаво да ни одеше муабетот, изгледа цело време тоа ми стоеше во глава и несвесно го одбивав. После некое време, сфатив дека изгледот воопшто не ми е важен, зошто одамна немав сретнато некој кој толку добро ме разбираше, се согласувавме, не интересираа исти работи, и ден денес да имам шанса со него би направила нешто.

    Според мене, не ми е главен фактор дечкото да биде манекен или Ајнштајн, има и некои други работи кои се во игра. :)
     
    На blonde_supergirl и Anon им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    First of all, what?

    Наводно, за да бидеш сапиосексуалец треба сексуално да те привлекува нечиј интелект.
    Ај вака, сексуалноста се одредува според полот, односно бројот на полови кои те привлекуваат.
    Ако те привлекува еден пол, или си стрејт или геј, ако те привлекуваат два, тогаш си би. Ако те привлекуваат нула, тогаш си асексуалец.
    Ако те привлекуваат повеќе од два пола тогаш си пан.

    За да се наречеш сапиосексуалец или демисексуалец или џинџерсексуалец или сини-очи-сексуалец мора прво да бидеш еден од оние погоре, а ако сакаш тоа да ти е основата на сексуалноста тогаш мораш да бидеш пансексуалец.

    Sapiosexual more like hetero-wanna-be-special-sexual.

    А и да бидеме реални, буквално никој од сапиосексуалците не би сакал да има секс со, што знам, Ајнштајн. Calm down. :lol:
     
    На Matotheja, kravce, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Akctschually, нaучнo дoкaжaнo е декa имa мaл прoцент нa луѓе штo вистински сексуaлнo се вoзбудувaaт нa изливи нa интелигенцијa, a не декa сaмo ги привлекувaaт убaви луѓе сo нaoчaри кoи имaaт oснoвни пoзнaвaњa oд филoзoфијa, aстрoнoмијa или литерaтурa, знaaт дa сoстaвaт слoженa реченицa кoјa сoдржи гoлеми збoрoви и имaaт хaризмa нa Илoн Мaск.

    Не мoжaм дa нaјдaм линк oд стaтијaтa кaде штo читaв, тaкa дa немaм друг aргумент oсвен pls trust me. 8-|

    Ја најдов статијата ама истражувањето се заснова на анкета и тестови за интелегенција на испитаниците, нема физиолошки докази дека некои луѓе буквално се палат на интелегенција. http://www.psypost.org/2018/01/stud...-really-sexually-attracted-intelligence-50526
     
    Последна измена: 16 јануари 2018
    На Читател, Gosh, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Тие луѓе се дефинитивно чудни. :D Ако сака некој да има секс со Стивен Хокинг, I mean... Попрво би го нарекла екстремно чуден кинк отколку сексуалност.
    Леле, дали сум сапиофоб? Oh how the tables have tabled.
     
    На Matotheja, Bender Rodriguez, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Чудно е ама човекот успеал два пати да се ожени, така да имал некој кинк, е сега дали за паметот или за парите си знае втората жена.. :sun:
     
    На Читател, Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @Lella да бидам искрена, со твојот пост ме потсети на една чудна и морничава случка која ми се има случено, можеби пред неколку месеци.

    Имено, бев повикана да ја презентирам мојата научна критика за еден познат концепт на Кули од психолошки аспект која инаку беше објавена во едно научно списание и откако завршив со презентацијата ми пријде едно момче кое беше неколку години постаро од мене и почна да ми зборува за тоа како феноменално сум предавала, како сум толку интелигентна, а многу млада, па не знам таму што... мислам нормално е некој да те пофали за трудот, и можам да ги препознаам овие комплименти ама ова беше навистина чудно и неповрзано, и тоа го забележав и по неговите изрази на лицето и говорот на телото. Не покажуваше знаци на почит кон мене, туку и знаци на страст :puke:
    Откако салата веќе се испразни, му се заблагодарив и му се оправдав дека треба да одам. Како што почнав лаптопот и книгите да ги ставам во торбата, момчево буквално се залепи позади мене и почна да ме гуши и сакаше да ме бакне! :worried: :x
    Навистина се налутив и се вознемирив истовремено и само што сакав да му се свртам да му удрам шамар, влезе менторот и за среќа го избрка, односно побегна од салата.
    Никогаш не го видов момчето повторно, и мило ми е заради тоа, ама во секој случај беше многу непријатно ...
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Од каде си сигурна дека бил сапиосексуалец, а не крипи типец кој пробувал да ти се пикне в гаќи? :D
     
    На Mishela, Читател, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.835
    Пол:
    Женски
    Мене па овој твој коментар ме потсети на еден крипи чиче од 60 и нешто години, со расипани заби. Ако кажам кај се случило, може ќе го познае некој, а не би да се замарам со идиоти.

    Како и да е, дојде, ми фалеше нешто што имав сработено, екстремно многу, а јас прво се израдував, затоа што беше важен човек на настанот. На крај заврши со тоа што ми кажа дека штиклите секси ми стојат и нозете ми биле добри.
    Татко ми стоеше до нас.

    Овој сигурно не беше сапиосексуален.
     
    На Matotheja, Gosh, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Претпоставував по тоа што сакаше по презентацијата да имаме разговори за наука, психологија, интелигенција, и ми рече дека го привлекувале екстремно интелигентни девојки.

    Ќе го разберев тоа да сака да научи нешто повеќе или да се интересира за она кое го проучувам, ама свесна бев дека не се работеше само за тоа.
    Мислам, можеби и тие разговори биле само изговор ама ова ми беше прво погодување што ми дојде на ум.

    Во секој случај, навистина непријатно ...
     
    На Lella и crimson им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Да! :doh: :devil: А и партибрејкер :lol: :*

    А бе, можеби терминов е gone too far со онаа форма -сексуалност, ама да не цепидлачиме сеа... :D Се знае дека не е поделба на ниво на она стрејт, хомо, би – туку се однесува на интелигенцијата како главна атрактивна карактеристика кај луѓе од полот што те привлекува, која дури и те „пали“. :D Исто, секако дека има и многу позери сапиосексуалци (врв на cringe ми беше кога тука некаде читнав дека Лајлица Грејс меѓу своите лигави редови спомнала сапиосексуалност или се декларирала како сапиосекшуал, не сум сигурна)... But this thing does exist :smirk: 8-|

    Поздрав со моето омилено мото на Ајрин (ова посебно за Лелка :P) :D

    [​IMG]
     
    На Yowannty, Читател, MagsDestiny и 7 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Можеби не бил сапиосексуалец, ама дефинитивно опишуваш типичен млад и неискусен манијак во своите почетоци. Ми се случило да налета таква будала, среќа не дошло до „гушнување“, оти имам познавање од карате, и рефлексите ми работат при првичен допир. Плус, гласна сум кога треба да се одбранам. Не мора љубезност кон секого, ако забележуваш дека е чудак, слободно биди неучтива.
     
    Последна измена: 16 јануари 2018
    На Someonespecial, Briar Rose и crimson им се допаѓа ова.