1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сапиосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Cka, 6 август 2014.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ајнштајн бил опасен заводник, и тоа успевал со прилично паметни жени :D
    Инаку шо знам, не ми делува веројатно постоењето на ваква сексуална привлечност...
     
    На Yowannty, Matotheja, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски

    Oh no you didn't. :D

    Is brainy the new sexy or is Benedict Cumberbatch a snack and a half? :D Шелдон Купер е побрејни од Шерлок, но никој за него не вели дека е секси. :(
    Туку, дали Ајрин на ист начин би му се нафрлила на Шерлок ако изгледаше вака:
    [​IMG]
    Ова е актер кој ја има глумено истата личност. :wasntme:

    Шала настрана, океј е главната карактеристика кај потенцијалниот партнер да биде интелигенцијата, ама не и да се тврди дека е примарната.
    Бидејќи секако дека нема да бидете привлечени од партнер кој е ист пол ако сте хетеро, а го има истото ниво на интелигенција кое би ве привлекло кај личност од спротивен пол. Затоа реков дека само пансексуалци можат да бидат сапио, ама и тие не би сакале да имаат секс со типчето погоре, колку и да е интелигентно.

    Затоа нема смисла ова да се нарекува сексуалност, бидејќи важи само ако претходно се исполнат сите критериуми за физичка привлечност (на пр. да биде стрејт маж, висок, слаб, облечен во црно, сериозен изглед... океј, сфаќам дека го опишувам Бенедикт Камбербач :lol:). Она што сакам да кажам е дека харизмата е она што привлекува, а не самиот степен на интелигенција. :)
     
    На Читател, kravce, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Од една врска со човек кој беше помалку интелигентен од мене сфатив дека многу внимание и предавам на интелигенцијата. Имено, никако не можев да сфатам како тој човек не разбира некои работи кои за мене беа едноставни, и уште повеќе ме мачеше помислата дали јас би се обвинувала себе си за својот избор на партнер ако потенцијалните деца "наликуваат на татко им" (не дека двајца интелигентни родители мора да имаат интелигентно дете, ама нејсе). Оваа врска заврши трагично, и целосно ме трогна тоа што секој пат се обидував да го насочам кон некој разумен пат, тој не можеше да сфати зошто тоа е најразумното решение за проблемот.
    Од тогаш сфатив дека никогаш нема да бидам среќна со партнер кој не може да ми парира или да ме надмине интелектуално, критериум кој го исполнуваа сите мои парнери од тој момент натаму.
    Дали тоа би го нарекла сапиосексуалност? Не. Се соглaсувам со Лела дека целата фрка околу сапиосексуалноста е hetero-wanna-be-special-sexual. Од друга страна, оној страв "потенцијалните деца да не наликуваат на татко им" не ми дозволува да стварам никаква привлечност кон човек кој не може да ме заинтригира со неговата интелигенција. Така да, не е се така црно-бело...
     
    Последна измена: 16 јануари 2018
    На eliesaab, Dust, Читател и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Да бев женско или геј можеби соодветно ќе можев да ти одговорам. Штета стрејт сум ... :lol:

    Во одредени моменти на предходните коментари Сапиосексуалнста се извади од контекст како некој екстрем.
    Јас се декларирам како Сапиосексуалец, и сум стрејт ако има некоја врска да го напоменам тоа. Тогаш да го сметаме како подгрупа на секоај главна група за определба на сексуалноста како што наведе @Lella

    Еве го мојот поглед на целината.


    Прво ништо не е 100% како фактор за нештото, тоа е цел пакет со елементи. Еве и ти што си класичен геј сигурно не те привлекува секое машко што шета на улица само поради тоа што е геј или со самиот факт дека е машко. Истото се случува и со сапиосексуалноста. И не те возбудува секој што има некоја си одредена интелигејција. И не сечија интелигенција е прибвлечна како што и не сечија убавина е привлечна. ( понастрана од ова, што е интелигенција ? )
    Еве јас во мојот случај не ме приблекува сечија интелигенција. Јас конкретно барам одреден вид на остроумност во даден сегмент, тоа ни со зборови не можам точно да го опишам.


    Еве што е разликата:

    Кога си сапиосексуалец голем дел влијае интелигенцијата за дали тоа некој навистина ќе ти е привлечен. Ама тоа е примарниот дел од 60-70% од тој пакет, а останатите 30% ги делиш на изглед, од каде е како е, што прави. Ако не си сапиосексуалец кај тебе примарен ти е изгледот 60:70% односно физички привлечни партнери а другото интелигенција, знаење, што прави и сл ти е во останатите 40% како секундарен елемент.


    И тука има мала разлика иако се да речеме истите потребни елементи.
    Безразлика дали си сапиосексуалец или не си тие остатокот секундарни проценти 30-40 ти се врз база на рационализирање и логички поврзувања на нештата подоцна.

    Секој ќе каже дека бара интелигејција во партнерот. Абе ајде ? За да бараш нешто од некого, треба и да го имаш истото. ( изглед, интелигенција и сл.). Тоа под дифолт што демек сите бараат интелигенција е непрецизно. А тие што не се сапиосексуалци, да и они бараат ама во тие 40% и мисламдека тука произлегува од општеството како фактор кое диктира што да бараш кај лугето или од дома им рекле најди си си умен/паметен/образован пратнер .. он ќе заработува ова она успешност да не редам се.


    Исто така треба да се направи разлика помеѓу само привлечност како чин и одлука за кој ќе ви биде партнер на подолги стази. У воторото има рационализирање.


    Note: И не треба да се мешаат интелигенција со знаење; меморирани факти. Во овие времиња постарите сметаат дека младите се поинтелигентни од старите демек многу знаеле, цела напредна технологија ја имаат. ТОа не е точно. Најголемите изуми се од пред 100 години па сега се надополнуваат. И младите не се поинтелигентни у генерала туку само имаат повеќе меморирани факти читајќи на интернет уште од мали. И тоа не е исто.


    Нема потреба да ја негирате сапиосексуалноста. - Ако не си сапиосексуалец не можеш да разбереш како е да си сапиосексуалец исто како што ако не си геј не можеш да разбереш како е да си геј.


    ПозЗ3³ ®
     
    Последна измена од модератор: 6 февруари 2018
    На VoodooGirl, blonde_supergirl, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Едноставно кажи си дека бараш да има харизма која тебе би ти била привлечна. Тука може да спаѓа бројката поголема од 100, а може да спаѓаат и обични очила.
    Сега ако интелигенцијата претставува како што велиш, да речеме, 60% од харизмата, некој може да тврди дека е сапиосексуалец, ама сепак не е тоа сè. Вистински сапиосексуалец би сакал да има секс со Ајнштајн и со кој било друг грд интелигентен човек (that is, ако навистина интелигенцијата е примарна за сексуалната привлечност).
    Ама знаеме дека не е, освен кај тие што имаат чудни фетиши.

    Зборуваме за сапиосексуалците, тие што тврдат дека сакаат да имаат секс со интелектуалци.
    За да стапиш во брак со некој не ни мора да ти е сексуално привлечен.

    Сериозно? Овој аргумент изгледа засекогаш ќе ме прогонува. :D Ако не си верник не можеш да знаеш како е да се биде верник. :lol:

    Настрана ова, и јас можам да се дефинирам во она што го нарекувате сапиосексуалност, но никогаш не би се нарекла сапиосексуалец. Само уште една непотребна етикета, како што кажав, за стрејт луѓето да се чувствуваат уникатно.

    Ви кажав, можете да се нарекувате сапиосексуалци само ако би имале секс и со луѓе кои не ги исполнуваат другите ваши критериуми, како на пример пол, висина, старост.
    Знам како звучи ова, и не, ако сте стрејт не треба да сакате да имате секс со сите можни жени или мажи, но тука лежи разликата.
    Најважниот критериум секако ќе остане полот.
     
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Ако си ти вистински стрејт, зошо немаш со секој стрејт човек ? ( у твојот случај маж )

    Ај прво синхронизирај ги критериумите па после суди.

    Велиш, ако си стрејт не мора да имате секс со секој можен човек ( маж - жена ) за да знаеме дека сте стрејт, ама ако сакате да сте Sapiosexual тогаш за да ми го докажете тоа, мора да имате секс со секој што што е интелигентен. Да, баш си сапиофоб.


    Инаку мислам знам каде тебе те боли најмногу и ти пречи во размислувањето. Самиот збор сапиосексуалност. Да би имало друг термин немало да ти ствара проблем. Тргаш од тоа дека сексуалноста е само стрејт и ( ЛГБТ ), а сапио не е.



    Дали си сериозна ? Примеров ти нема врска со поентава.

    Образложи што е верник ? - Али алудираш на религиозен верник. Јас како неверник знам како е да се биде верник у тој контекст затоа што и јас како неверник ( тоа се вика атеист ) имам други верувања спрема кои сум исто така фанатик.

    Инаку не постојат неверници понатрана од религиозноста. Сите сме верници. Сите имаме систем на одредени верувања, дали присвоени или создадени од самите нас.

    Така да не знам што ти е поентата тука. ;)
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На Someonespecial, zhap4e, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Убаво потенцирав во заградата, ако интелигенцијата е примарна за сексуалната привлечност, како што велиш ти, 60%, тогаш сапиосексуалците би сакале да имаат секс со високоинтелигентен човек, без разлика кој пол е, колку е стар и како изгледа.

    Ова е доволен доказ дека интелигенцијата не ви е примарна карактеристика за сексуална привлечност. Можеби е одлучна, не велам не, ама до неа стигате откако ќе се осигурате дека човекот е од вашиот префериран пол, возраст и изглед.
    Па тогаш, од каде правото да се нарекувате сапиосексуалци?

    Па не е, тоа пробувам да кажам. Не е сексуалност туку preference.
    Тоа што го викате сексуалност имплицира на тоа дека првото нешто што ве привлекува кај партнерот е интелигенцијата. Знам дека еден куп луѓе ќе рипнат викајќи да, точно, така е, јас прво приметувам колку е паметен партнерот. Не, океј? Не приметуваш прво колку е паметен, туку кој пол е и како изгледа, а кога овие критериуми се исполнуваат му го мериш паметот. Calm your tits. :D

    Океј, не верници, мајки.
    Додека не родиш, никогаш нема да разбереш.
    I get it Susan, you're special. :D
    Сè уште не ја сфаќаш поентата? Аргументот you'll never understand е слаб.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки

    Пак се навраќаме на истото кое го кажав уште во првото мислење.

    Ќе се цитирам сам себе:


    Така да, ако несапиосексуалец атракцијата ја бара у физичка појава и е доволна а интелигенцијата кога рациоанизира, кај сапиосексуалецот е интелигенцијата а физичкиот изглед кога рационализира, да драга физичкиот изглед не ме пали на прв план. Туку го барам кога рациоанлизирам.



    Јасно е де. Знаеме дека полот е прв. И тој што е геј, прво го гледа полот ама тоа не значи дека под дифолт го пали.



    Ова е у друга насока од темата ама ајде. Нема да ги бранам тие што ти го рекле " Додека не родиш, никогаш нема да знаеш" и се во право и не се во право. А и ти како негатор на тоа и си во право и не си во право.

    И 2те страни можам да ги поддржам во различни ситуации. Се е тоа релативно.
     
    На Someonespecial и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    @Читател

    Сè ова ти паѓа во вода ако негираш дека си сексуално привлечен од страна на Алберт Ајнштајн, но потоа разумот ти вели дека не би требало да сакаш да го легнеш бидејќи е маж и, нели, физички непривлечен.

    Мислам дека треба да се согласиме дека единствениот критериум кој мора да биде исполнет за да има сексуална привлечност е полот.
    Како што веќе напоменав, ова не значи дека треба да сакаш да имаш секс со секој од тој пол, туку дека сите други критериуми се игнорираат ако полот не е компатибилен. Ова логично го става полот над интелигенцијата, а ти колку сакаш тврди дека интелигенцијата е основата работа што одлучува дали некој сексуално ќе те привлекува или не.

    Друго што можеш да кажеш е дека сапиосексуалноста е гранка на другите сексуалности. Немој молим те.
    I call bullshit.
     
  10. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    @Lella


    Да финишираме со дискусијава со потенцирање на оној дел каде што најмалку се разбираме.


    Јасно е дека полот е прв во сексуалната определба.

    Изгледот, интелигенцијата и полот се различни работи. Не ги ставај во едно полот и изгледот. Знаеме вреќе кој е факторот на полот. И полот не е клучен фактор за сексуална привлечност. Ќе се повторам, и секој геј го гледа полот ама не го пали тоа под дифолт, можеби за привлечност бара изглед, интелигенција или крофни.


    Не сум експрерт за јазици, лексилогогија и сл ама како што кажав може Sapiosexual да е подгрупа на сите главни групи стрејт ( лгбт ). А може и ќе треба да се измисли термин за сексуална привлечност спрема физички атрактивни особи. Може постои ама не го знам сега.



    Па добро, еве ако зборот сапиосексуалност не може ни да се смета како подгрупа според тебе пошо доста специфична ајде измисли нов збор што ќе има такво знаечење ама да го нема сексуалност во ствојата конструкција. :lol:


    Толку од дискусијава, ми се допадна во целост и ти благодарам затоа.

    Инаку што се однесува лично до мене, како сапиосекшуал тип, не ни барам да тој термин биде официјално признаен или стаен под некоја класификација. За тоа има кој да се замара :)


    ПозЗ3³ ®
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Тебе ти е клучен. Да не ти беше, веројатно ќе сакаше да имаш секс со Ајнштајн. :)

    Glad you asked.
    Наместо да кажете јас сум сапиосексуалец и да звучите фенси, едноставно ќе кажете сексуално ме привлекуваат интелигентни луѓе. Doesn’t really roll off the tongue, does it?

    Е сега, и тоа би значело дека сексуално ве привлекува Ајнштајн, ама ќе ве оставиме да си живеете во филмот. :D
     
    На Joi и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    1.png

    „Сапиосексуалец“ е поим кој самобендисани луѓе, кои најчесто ја прецениле сопствената интелигенција, го користат за да индиректно му објават на светот дека (мислат дека) се многу паметни. :D

    „Толку сум интелигентен што добивам ерекција само (и исклучиво!) на исто толку интелигентни особи.“ Give me a fucking break. :smoke:

    Зашто луѓе мислат дека ако додадат -сексуалец на рандом збор тоа автоматски станува „a real thing“?


    [​IMG]
     
    На Joi, Matotheja, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  13. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Ми се има десено, ама во следниот момент бев "фак дет шит, ружен е". Да не се лажеме, сите сме "сапиосексуалци" на некој начин, ама никој не би бил со некој роштиљ, само затоа што е паметен.
     
    На Joi и Lella им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    I have hots for Жижек и неговите тикови :$
    На Елон Муск, му изгледав едно дооооолго, ама предолго видео во кое дрндаше нешто за поима немам што, ама толку секси беше што мораше да се слуша цело тоа паметно дрндање:$
    Малку ЕПП на темата.
    Ама, нема врска со мојата сексуалност. Само со чудните ствари кои ме привлекуваат - луѓе кои инаку ме привлекуваат и на поинаков начин, ама имаат и нешто екстра - знаат ствари кои јас не ги знам и сакам да им ги ... ај културно, испијам од мозокот.:bug:ќ
    Доаѓа и со она... зборење македонски со шпанска ритмика и динамика. Или руска, или француска или...:rofl:

    едит: ама ова аргументов ваш со...„не би секој/-а интелегентен/-на“. Па вие не би и сo секој маж/жена или нешто измеѓу, па не ви ја менува сексуалноста or? :D
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На DAngel, Joi, Читател и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Неодамна случајно разбрав за овој термин, дотогаш не ни знаев дека сум сапиосексуалец.

    Ме привлекуваат исклучиво емоционално-интелегентни луѓе, без разлика на пол. Сега малце можеби ќе забегам од рамките на дадената тема, но морам да се изјаснам. Кога станува збор за физичко привлекување, нормално дека на прв поглед е битен изгледот, но доколку машкото нема никаква интелегенција, автоматски интересот згаснува за него и убавината губи смисла затоа што не е сѐ во надворешниот изглед. Еве на пример се случува да се запознаеш со некој кој не е толку привлечен на прв поглед, ама пука од интелегенција. Во тој случај колку и да не е привлечен, самата интелегенција која ја поседува ми го менува начинот на кој го гледам, така што постојат големи шанси да се заљубам.

    Е сега да не бидам сфатена погрешно, затоа што погоре спомнав без разлика на пол.
    Поентата ми е дека, многу е ирелевантно тоа дали личноста со која комуницирам е од машки или женски пол. Битно ми е тој/таа да не тресе глупости, затоа што сакам да се восхитувам на интелегенцијата, сакам да постои разбирање во случај да имаме различни ставови, сакам да учам нови работи. Сакам убаво да го потрошам времето со луѓе на исто интелектуално ниво.
     
    Последна измена: 1 март 2018
    На RoseRain, Anon, Vitaly и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се восхитувам на интелигентни мажи, ме привлекува и женската интелигенција но не сексуално. Доколку девојката е интелигентна тоа би допринело да се заљубам но интелигенција не ме возбудува на тој начин како што стои во насловот на темава. Љубовта и сексуалната привлечност за мене се два различни поими.
    Љубовта не е секс, сексот не е љубов. Ќе се сложите многу со фактот дека едно е чувството кога ќе се заљубиш а друго кога некој само физички те привлекува.
     
    На alexa_dimoska и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Машки
    Според мене на сите други карактеристики кои ги поседува личноста и придаваат приоритетно значење, одсем на интелегенцијата. Некого го привлекува интелегенцијата, али тоа е мал број. Тоа е од едноставна причина што карактерите на интелегентните лица се многу поразлични од другите луѓе при што потешко се прави спој меѓу различни личности.
     
  18. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Охоооооооооо колку ги има вакви жени што го сакаат мажот само ради тоа што е паметен
     
    На saren_petel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нема појак сексуален орган од мозокот.
    Се палам на интелигентни луѓе. Физички не мора да биде кој знае што, ама ако знае да ми прави 'ментална гимнастика'... толку од мене.
     
    На eliesaab, Bronx Gang, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bronx Gang

    Bronx Gang Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2022
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Многу ме пали интелигенција :rain: значи никогаш не би можела со глупав или прост човек да идам, е сега и изгледот е многу битен. :cash: