Која е вашата дефиниција за сарказам? Дали мислите дека е навредлив, или пак ви е смешен? Дали го користите често и кога? Јас лично имам почитт кон некого што знае уметнички да го користи сарказмот. А мојата дефиниција е оваа:
Ах, мислам дека сарказмот го засакав заедно со Чендлер (од Пријатели) Најчесто сум саркастична кога сум лута, некако природно ми доаѓа. И не се карам и расправам , ниту пак викам... но некако од уста ми излегуваат иронични и саркастични зборови. Не сум била отсекогаш таква, но некако со текот на времето се сменав. И да, дефинитивно најсладок сарказам е оној што нема да биде сфатен од страна на соговорникот
Немам некоја посебна дефиниција, но сарказмот е една од оние работи кои и те како ми одат од рака. Најчесто го употребувам кога ќе ми постави некој некое ептен глупаво, бесмислено прашање, ми претставува некој вид на оружје за да ги елиминирам глупостите околу себе. Го користам и кога сакам на луѓето да им кажам нешто од околу, најчесто нешто лошо, а сметам дека заслужиле истото да им го кажам на доста лош начин, поразличен од директниот. Како и да е, го сакам сарказмот, во многу ситуации ми помогнал за да се извадам од нешто и ми претставува нешто слично на иронија..само некој малку потежок степен.
Сарказмот го користам ептен кога морам.Единствено кога некој очигледно ме предизвикува го користам како одбранбено оружје,а во поголем број случаи гледам да се држам до иронија.Таа ми е некако посоодветна со карактерот.
Го сакам сарказмот,признавам и го употребувам често,дет‘с ми експресинг мај дарк сајд . Сарказмот е појачана иронија,т.е.постарата мин вич и ивл бич нејзина сестра и баба на ова самајли !!! Зошто го употребувам-најчесто како гард против глупоста(основана) или преценотоста(неоснована) кај одредени индивидуи. Понекогаш употребата на истиот прави јаз меѓу упатувачот на истиот и оној кон кого е упатена ,а нема да го разбере хуморот во неа. Од друга страна сарказмот меѓу две индивидуи со моќ за употреба на истиот е нешто вредно да не се пропушти по никоја цена :geek: . Сарказмот е микс на хумор кој има навредливи тенденции да си признаеме,иако не е во ред да се навредува некој онака од простиот принцип демонстрирање моќ над понемоќни,ама има луѓе кои плачат да им го покажеш местото-јуз ит он дем филс грејт,оу јеа .Само што баш истите тие немаат слух за него и најчесто ќе помине незабележано кај истите.Пр.опасен си како медуза (се состоиш 98% од вода и практично без мозок си ). И да нагласам дека сарказмот според мене во пишана форма е само бледа копија на оној применет во живо,зачинет со права експресија на фаца,поглед во очи и полунасмевка,кој просто го обожувам,кога морам да го применувам.
When I hear something really stupid, I am obliged to give a sarcastic comment Моја девиза. Значи кога ќе чујам глупости поготово од човек кој се мисли дека е ужасно многу интелигентен а во суштина треска не зелени, туку виолетови, нешто одвнатре ме тера да поткашлам и искашлам некоја саркастична забелешка. Да се разбереме, незнаење не ме нервира, и јас многу работи не знам и никогаш не се срамам да прашам и да научам, и наспроти ова баш ми се симпатични луѓето кои знаат да си признаат дека нешто не знаат, отколку да се прават сосила паметни. Исто и да не речам прости коментари зарад икс фактори толерирам. Си викам епа - тоа е батка, и си молчам. Ама живец ми голицаат оние wannabe интелектуалци кои капак на се уште и ми солат памет и зборуваат за невидени тривијалности на начин небаре ја откриле Америка. Па уште и ти проповедаат, а јас молчам и сигурно си мислат - еј види ја оваа, ѓуле - ништо не знае. И после како да не бидеш саркастичен со нив?! Не иде Оскар Вајлд на нивна глава и за мојата саркастична природа која во моменти кога сум извадена од нирвана состојба и те како излегува на површина. А сакам сарказам, о колку сакам. Понекогаш уживам да ги слушам оние кои го владеат. Имам неколку такви пријатели и толку сме соиграни кога сме заедно, што крај му нема на нашиот муабет...се разбира можеме да си го дозволиме тоа без да се навредиме затоа што премногу долго и премногу добро се познаваме. А да не се лажеме, сарказмот често пати знае да е навредлив, доколку не е употребен како што треба или со мерка
Како и остатокот од интелегенцијата, која шета по белиот свет и јас неретко го практикувам... ма кого лажам?!? Себе, али себе?!? I use it and abuse it и баш ми е ко оние излитени фармерки, или износени чевли, кои сите ми велат, „ма дај џитни ги, им поминал векот“, ама дарлинГ, кога, нешто добро ми стои, ми стои, факТ и има да го носам дур не умре скроз на мене ! Често во коминакицијата, дали писмена, дали орална и си останувам недоразбрана, тоа е така приметливо, кога оној до мене, макар бил и мој претпоставен со години начукани во задничето искуство, пак и со седи влакненца, што му штрчат од тоа носето, за од глава и да не збориме, но, ќе му видиш еден израз „3м9,?љ4улагмбнархарнфа“ - превод: луд, збуЊен, НЕнормален. Но, и како би ме разбрале де, ходајуча саркастична бубуљица, лик неко невино биќе, осмех дете, вејка над вејките, која и самата себе си не си се разбира понекад, не пак персони, кои од мене очекуваат да им трепкам со убавите ми очиња и да напупам муцето. Секако, потценување на противникот е причина за поразот во многу битки. А, сарказмот ќе му дојде како скриено оружје, ќец у ќец, зец у печ, ово-оно, ар ју фоловинг ме. Разбира се дека не, повеќе и не очекував. Just chill darlin', и биди среЧан што мојата магија не се познава врз твоето лице, иначе, ко што знам да стегам со тоа четкичката, душата да и ја вадам, има секое влакненце да се познава... пак и професорот по уметност во средно ни имаше речено, дека така не требало, е ајде де, затоа, ете сега правам невидливо да е за око, nada de nada, niente, ЗЕРО, а сега дал имаш уво да видиш, мозок да чуеш хм... прашање е сега.
Некако тенка е линијата помеѓу сарказам и ароганција и често некако се мешаат.И глупо ми е кога некој се труди да биде саркастичен,а е арогантен и онака ти намига,сеа ќе видиш шо ќе му кажам,а тоа шо го збори е толку отворено,директно,на моменти и безобразно,ма арогантно и тоа неиздржано,епа као да не ти иде после да бидеш саркастичен со нив?!И увек застанувам на страна на жртвата. Го употребувам,често.Дали ми е смешен,ми е.Дали ме навредува,не ако е издржан.Не сакам некого да навредам,ама некои едноставно си го бараат,па уште ако се од оние плачковци и дужебрижници или оние што мислат дека знаат се или патолошки лажговци,а ја знам вистината...епа не знам за стоп и така,некогаш жал ми паѓа кога ќе помине ситуацијата.А саркастична сум и со оние кои се истрчуваат за дадена ситуација,а не се ни запознаени со тоа што се случува и уште те убедува во нешто и ти као,чекај човече да ти објаснам,ма не,чекај јас тебе и вака си ... ,шта ти је бре?!И мора тоа да се санира со саркастична досетка. Има луѓе кои се незапознаени со нештото,меѓутоа културно прашуваат,а има такви кои се или сезнајковци или досадни прашувачи,е тука,за овие,епа нема милост! Поштувам во било која форма.Кон личности ми е малце понедраг,ама тоа е сеа,сакам и ситуации,случувања да ги коментирам со доза на сарказам,поигрувања со животецов и така. Моментално пијам кафе... Салут!
во главно сум директна и искрена личност и сум алегрична на сарказам .минатата година бев заљубена во едно момче кое не знаеше да кажи два збора без тоа да го кажи саркастично, толку претера со тоа што не знаев дали е искрен кога навистина. за жал ме зарази со тој сарказам, што и јас станав саркастична , и навистина ми беше многу жал кога го забележав тоа кај себе, бидејки навредив многу од моите блиски луѓе не свесно. па затоа сметам дека сарказмот треба да се држи подалеку од нас и да го „употребуваме“ најретко што можиме. тоа е моето мислење.
Акордин ту навредливоста А акордин ту објаснувањето, што ли сакаше опонентот да кажe ФакАт, не можеш со секого да разговараш, уште помалку да си саркастичен. Ама едноставно не ме држи срце бре. Абе телово ми се буни и не ме остава да премолчам. Прости ми Боже, грешна сум. Си играм мајтап со глупавите другарчиња. Си грешам и себе си. Се земам на мајтап после глупав потег. Плавуша. „Don't blame yourself. Let me do it.“
Употребувам таму кај што треба,кај тие што заслужиле,и ич око не ми трепнува,без ни малку да ми заигра совеста. Но саркастични забелешки од Low IQ Персони,кои притоа имаат одредени комплекси ,е од тоа ми се .И тогаш сум немилосрдна.
Сум саркастична кога сум лута, и не го сметам за нешто лошо и плус кога имам глупи личности околу мене ако сум присутна во муабетот саразмот е неизбежен.
Уфф обожавам сарказам и иронија... Само ги применувам на особи кои го заслужиле тоа, поточно оние кои на културен начин не можеш ништо да им докажеш или пак оние кои се со сите бои премачкани и лукави, а глумат доброта иако се проѕирни до максимум...Со таквите само саркастичо и иронично, а често и арогантно... П.С. Не ми воопшто криво кога така се однесувам...
Некогаш едноставно морам да сум саркастична, со луѓе кои го заслужиле тоа. Си го бараат, и човек неможе да се воздржи. И немам грижа на совест воопшто.