Смешен е се додека не премине тоа во директна навреда. ^^ Често сум саркастична, со секој и секаде. Некогаш знам да претерам ама... Никој не успеал да ме заќути, секогаш ми текнува нешто што ке го затне соговорникот (нормално ако е потребно тоа).
Многу често ми доаѓа да бидам саркастична, ама незнам зошто се пресекувам самата..Многу ретко сум саркастична.Пре употребувам дирекна навреда( некогаш соговорникот не ни ја разбира саркастичната нота во мојот говор)
Секојдневна употреба со најдобрата другарка Почна да ни станува навика А честа употреба за тие кои заслужуваат. пр: непотребно уфрлање во муабет,избацување ,бесмислено прашање итн..
Си поштувам сарказам. Посебно знам да се насмеам кога нема да го сфатат А пак ова фејсбукот какво сочно поле е, коа сум така расположена си добивам често бришење од пријатели поради вакви "испади" Има една во пријателките што става слики цело време такви напрчени, со цициња и моли за лајк. И ми пишува преска лајк да сум и оставела и и велам јас "тагни се на сликата, така повеќе ќе ја видат и ќе кликаат лајк" и девојката удира сопствен таг на сопствена слика за 10 секунди. Си се изнасмеав, не ни сфати она, али ништо, ова онака мал степен на сарказам, она за лајкови моли, не ни очекував да и текне ама така за лична зафрканција и пишав Некогаш знам и да претерам, па да ми се налутат. Ама некако неможам да се контролирам, мора да одвратам за се и сешто и дома цело време ми велат "ај биди малку по култура, воздржи се" дека цело време на се одговарам саркастично. Јазикот побрз од мозокот, ама неможам да си притраам бе во некои случаеви. Некои ептен си заслужуваат
Го обожавам сарказмот, ама признавам ретко го употребувам...не го сфаќаат луѓево во мојава околина...али интересно е кога некому ќе му удриш чврга со збор, а тој/таа бледо те гледа и не капира Или пак ќе те сфати дека си озбилен...е тоа е врв
Баш се фаци кога те гледаат трофазно и немаат абер што им збориш. Ама грев ми паѓа за таквите ,бе, нема дискусија со нив,ќе се посмееш малку и тоа е. Друго е да има некој попаметен да ти врати, па обострана примена ,така се надградуваш
Употребувам во одредени ситуации кога навистина е потребен саркастичен коментар На некои навистина им треба вакво вербално шамарење
Не го употребувам доволно често колку што е потребно: И да дадам некој саркастичен коментар,обично го претварам во шала. Ама па најмногу си љубам да го користам на некој што исмејува друг Мераци.
Овај, не, не сум саркастична. God no, that is like so 2006. Сум, и не знам да прекинам, а не е многу убаво ко што се чини дека е, ама во генетскиот код ми е впишано и нема бегање. И слатко-иронична и саркастична и фацијално експресивна и фаќам различни тоналитети, можам да заменам до 7 различни ликови во цртан филм (значи телетабиси ги покривам сите) и овај... да. Цел саркастичен пакет. Уат еј бич.
Кој, јас? Никогаш! Можам да го одговорам прашањево, ама тоа одзема време што може да се потроши игнорирајки те. Зборувам течно саркастично, втор јазик. Или сфаќаш, или те исмејуваат. "Sarcasm: the last refuge of modest and chaste-souled people when the privacy of their soul is coarsely and intrusively invaded." -Достоевски
Не е тоа - тоа, сите почнаа Хаус да гледаат и губи од убавината кога е толку распространет. Плус шо не е за секого, тук таму ко приподучени звучат некои со коментарите. Шtо е одлично за некој што разбира малце повеќе, па паѓа ремет. Сум, не пропуштам добра прилика да не истресам нешто, и морам да признаам дека послабо капираат жени него мажи, бар во мојот круг, а знаат каква сум и пак. Секогаш кога ми било побарано да објаснам, од девојка било. Ама не објаснувам, пак, не е во тоа поентата.
Ух, колку проблеми ми навеал тој сарказмот. Ама не сум јас крива, кога толку многу озбилни луѓе живеат околу мене, веднаш мислат си решила да се скараш со нив до крајот на животот. Хм, па што сум им јас крива што не гледаат подалеку од својот нос и не прифаќаат ништо што, според нивните сфаќања, е кажано против нив. Е такви ми го палат фитилот, а тој навистина ми е краток, не краток бе, догорел. И тогаш одам во напад.
Сарказам меѓу друштво и остали блиски луѓе веќе ми е секојдневие. Онака прописен сарказам кој го сфаќаш како навреда, а се смееш на него. За познаници фина сум, се додека не забележам дека некој упорно ми се прави попаметен отколку што е. Ми се случило два-три пати тоа и едниот момак не пројде баш добро. Онака индиректно го ебев до срж. Квази сарказам "тапа си, глупа си, грда си, хеахеахеах, многу си интересна, многу си паметна" ни малку не ми е смешен,а штом не ме насмее саркастична реченица значи нема употребено добар сарказам. Хвала.
Користам само некој ако ми го пукне филмот, инаку во секојдневен говор-не. Додуше не ни знам многу да го користам, немам некое искуство.Но не се замарам со тоа.