^^Same here!!^^ Многу често ми излетува тој стил, понекогаш и непланирано. Им смета на одредени луѓе , сепак се обидувам да се контролирам. Најчесто. И за жал ретко успевам во тоа.
ми иде од рака, особено кога сум лута нервозна или кога треба да се карам со некој,, секогаш успевам во тоа
Си го употребувам доста често, некој сфаќа некој не, некој се смее друг се лути, а мене едно сеедно ми е... Ич уво не ме боли, нивни проблем ако не сфаќаат нималку мој, неможам јас заради таквите да се контролирам што зборам . Ме довел и во непријатни ситуации овој мој сарказам, ама само ќе им трепнам едно 3-4 пати, и ќе се насмевнам така малце киселко и пак по старо.
Го користам, најчесто во пријатна атмосфера, и на моја сметка и на пријателите. Некогаш им смета, некогаш се смееме. Порано премногу често бев саркастична, не ме разбираа, морав да се објаснувам ми прекипе и прекинав. И има право гадес оф кеос Сите го напнаа Хаус, сега секој втор е мајтап. Ма ајде. Многу ме иритира личност што често прави муабет со мене и ми фура сарказам. ВИРТУЕЛНО. Во живо е маче.
Сарказам вреѓаш идиот колку сакаш, тој смета дека тој те вреѓа и на крај го оставаш во заблуда и не знае што се случило хахахаахааа
Порано многу бев саркастична, па луѓето не ме разбираа.Сега сум помалку саркастична и тоа на поедноставен начин.За кратко време почнаа да ме сфаќаат и сега си го носам прекарот-Evil Bitch
Често го користам. Онака, при кавга е најприсутен. И кога се шегувам нормално, ама постојат одредени личности со кои можам најдобро да се разберам И... морам http://www.youtube.com/watch?v=s-QkSNzN ... re=related
God bless America and God bless Sarcasam. Едноставно нели.. Поради суфицитот на (сакам,кажам,да не навредам некој,неможам) проста маса,шо би рекла една моја колешка,сарказмот е уметност. Па е уметност да го употребиш а дотичната особа да не се осеќа навредена или тебе да ти се налути. Да,го користам скоро секаде,но не со секој. Секој според заслуженото нели?
Сарказам . Не секој е способен да го употреби и примени , уште потрагично е кога некој се обидува да биде саркастичен а не го бива во превод сакајќи да спушти друг се спушта себеси . Го употребувам не да не , но понекогаш на некои во одредени ситуации . Имав пријателка која беше поим за САРКАЗАМ значи го имаше усовршено и специјализирано . Нажалост беше претеризам и одамна ја помина границата на нормалното . Едноставно беше невозможно да се истера муабет без таа да спушти некого најчесто непотребно .Уживаше во вниманието кое го добиваше на тој начин , најчесто тие од страна во смисла еј алал да ти како го/ ја спушти . Сарказмот според мене од досега виденото знае да делува и како одбрамбен механизам.Да знае да биде добро освен ако не се забега. За да бидам саркастична во реалниов живот личноста треба да се потруди , ептен треба да го заслужи ова . Зошто ете се погоди да сум сведок на тоа колку грдо може да изгледа од страна, затоа внимавам . Еве еден совет за оние саркастичните . Не секогаш е добар не секогаш тоа е правиот начин да испаднете кул , интелегентни или не знам какви . Понекогаш може само несвесно да се спуштите користејќи го .Користете го внимателно , по малку на одредени персони и во одредени ситуации .
Јас би напоменал и се извинувам ако некој пред мене го кажал тоа ... Сарказамот не е работа што треба да се гордееш и тоа е лошо без разлика дали било некакво си оружје против глупите и тамо сл. НЕ! Искорени го пред да е доцна , бидејќи најсаркастичните на крај ќе завршат со сарказмот против нив ...
A подобро е кога некој те навредува да паднеш на негово ниво и да пцуеш? Или па можеби да заќутиш,да си наведнеш глава и да климкаш?
Сарказам демек не паѓаш на ниво и го навредуваш со друга перспектива ... така победуваш нели ... исто е на сите начини како и да гледаш само проблемот е што некој го користат тоа претерано и кога нетреба и кога нетреба
Па такво пцуење и вреѓање е секогаш бесцелно,и никогаш нема крај. Со сарказам ако има бар 2 функционални мозочни ќелии,ќе размисли малце и ќе заќути. Пошо у голем дел у ситуациите ќе нема што да каже.
Кога некој употребува сарказам пред мене, не сакам да ме прави будала, а ниту да се спуштам на негово ниво, па отворено му/и` велам: Ај, престани со сарказмот! И крај! Не ја разбирам поентата на саркастичните луѓе, мислат дека се фаци, факмени?? Многу негативна енергија ми шират и не ги сакам покрај мене.
Ах,сарказам. Го користат доста,но ретко кој правилно. Ама Доктор Хаус е крив за се. Јас лично,го употребувам со блискиве со кои се разбираме и тоа на шала. Не го употребувам при кавги,бидејќи тоа ми со сила,како да немам аргументи,па ајде сега ќе бидам саркастична и веднаш сум кул. Познавам луѓе кои промовираат сарказам,а и себе се сметаат за способни на тоа поле, само затоа што напишале таков некој топик на фејсбук. Да де.
Почнав почесто да го користам кога сфатив какви дволични личности имам околу себе, за да им се заблагодарам за лицата што ми ги прават . Сега сум професионалец Најчесто со 2-3 другарки што ми се поблиски се зафркаваме на овој начин и не се навредуваме од кажаното. Но, има моменти кога некоја дотична личност ми соли памет, а нема појма од тоа што го зборува. Е тогаш неможам да се воздржам... Сепак, најинтересно ми е кога ќе употребам сарказам а нема да бидам сфатена. Е тогаш.......