1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сарказам

Дискусија во 'Психологија' започната од Rock-a-Fella, 1 мај 2011.

  1. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Од коа почнаа да ставаат слики од Хаус на фејсбук, сите почнаа да се обидуваат да изгледаат попаметно со тоа што наводно оставаат впечаток на дрски и саркастични личности.

    Не за џабе е тоа така, бидејќи мислам дека самиот Хаус на дрските и саркастичните луѓе им залепи етикета ПАМЕТНИ, па затоа сеа сите мислат дека сарказмот праи да изгледаат попаметни во очите на другите.

    Само што фала богу, има голема разлика и е многу евидентна.
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Сарказамот не е секој способен и доволно паметен да го користи,барем на правилен начин.

    Јас овака не користам многу,ептен некогаш кога не можам да се воздржам а да не одговорам саркастично :) .
     
  3. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    [​IMG]


    |( |( |(
     
    На butterfly.93 и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сарказмот беше интересен се додека не стана одбранбен механизам и заштитен оклоп на некои.
    Сарказам? Благодарам не. Ако сакам да те навредам ќе го сторам тоа директно, или ќе ти кажам што ми смета на културен начин.
    И да надополнам, освен за строго меѓусебни зафрканции во друштво, го исклучив од употреба.
     
    На Hipster, julie77 и MandyLane им се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    http://www.youtube.com/watch?v=mjerTgyb700

    Учат од саркастично употребен сарказам и го прават втор странски јазик што го зборуваат.
    Сарказам.
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Иронија -да (и тоа најчесто самоиронија), сарказам-не (освен за општествени појави).

    За мене сарказмот значи бруталност, зајадливост, прикриена агресивност. На секого му се случува понекогаш да каже некој саркастичен коментар, но луѓето кои се константно саркастични кон се и секого, навистина не ги разбирам. Освен за уметничкиот впечаток и најверојатно себезадоволството, друга поента не гледам. Абе ако нешто сакам да кажам, ќе го кажам директно, јасно и гласно, очи у очи.
    Навистина мене лично повеќе ме вреѓа саркастична забелешка, одколку кога некој директно ќе ми се обрати па макар и поостро.

    Не ја разбирам и поентата дека сарказмот е одговор на нечија глупост. Тоа ти е како како она, да фрлаш бисери пред свиња...
     
    На livert, Moira, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Погоре некој го спомна Хаус.
    Мене неговата појава ми е иритантна до бесконечност, но за жал ќе кажам некои луѓе се преоптоваруваат да бидат налик него искористувајќи го неговиот талент за сарказам и неговата употреба во секој контакт со општеството. Тоа па уште повеќе ме иритира. Дали човеков постави некои размери на сарказам што премина во безобразие - не знам, но знам дека сарказмот никогаш нема да ми биде мерило за нечиј IQ на некоја личност. Напротив, создаваат контра ефект.

    Сарказам во некоја дадена ситуација за да исмееш некоја општ. појава која е актуелна, да речеме некоја личност но во некоја нормала за мене е ок.
    Но да користиш сарказам и притоа да се затскриваш позади него за да некого навредиш и омаловажиш дополнително придонесува за мојата антипатија кон прекумерната доза на сарказам во говорот.


    Ах, па сарказмот овде користен чиниш саде мозок сее! :^)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  8. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Sarcasm - because beating the s*it out of people is illegal. :D
    Сарказамот за мене е тајно безопасно оружје. Сакам да го користам сарказмот само кога е потребно и не сакам да преувеличувам ставајќи слики од Хаус (како што веќе спомнавте) и незнам кои други. Штета што сарказмот полека го губи своето значење бидејќи се почесто е употребуван од дечишта кои не ја сфаќаат неговата улога и кои мислат дека се важни ако кажат некој погрден збор и кажат дека тоа е сарказам.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    постојано употребувам сарказам
     
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Јас? Саркстична? Никогаш! :D
    Сарказмот стана кул пред неколку години. Најчесто е употребуван од лејм фаците (кои се срамежливи irl) и тоа исклучиво виртуелно, како заштита, а и како шанса да изгледаат попаметни. А пак откако стана популарен Хаус, сликичката со него како држи мозок во раце и вели "Use it" им е водилка во животот.
    Всушност немам ништо против иронијата и сарказмот и ги употребувам понекогаш. Ги наследив од татко ми затоа што тој отсекогаш така одговарал на глупави прашања. Да се дообјаснам - да, немам ништо против иронија/сарказам, но само во соодветни ситуации и со одредена мера. Дечиштана деновиве ги употребуваат пречесто и веќе не ни ми се смешни и ми ја губат поентата,
     
    На anneyy и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Сарказмот е цинично исмејување на некоја личност со тоа што се наведуваат особини спротивни од вистинските. На пример кога за некој што има голема глава, велиме дека има главче и сл.
     
  12. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    :D Јас сум саркастична на моменти.
    Кога ќе слушнам глупост и кога сум лута.
    Еве пример:
    Идам дома целата нервозна (се нервирав зашто имав добиено и се испокарав со сите дента :lol: ) и брат ми дојде после мене и ме прашува „шо има за јадење“ а ја целата бесна „КАМЕЊА СО РАСОЛ! САКАШ? |(
    :rofl: :rofl:
     
  13. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Обично не сум саркастична, но мојата најдобра пријателка е таква, и обично ние и така на зафрканција си збориме, но никогаш не сум се лутела, ниту таа на мене. Исто така и некој друг кога ќе ми речел така не сум се лутела, искрено јас никогаш не се лутам, само памтам и си го знам тоа за таа личност.

    Секогаш се смеам на такви шеги, затоа што обично се многу креативнии :) :rofl:
     
    На Delta2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rhapsodia

    rhapsodia Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Sarcasm - The brain's natural defence against dumb :!:
    По природа сум озбилна личност, но саркастична сум само со глупи луѓе. А и со пријатели, онака на зафрканција. Сакам кога некои ме сваќаат озбилно кога сум саркастична. Мили тие :lol:
     
  15. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Sarcasam - because beating the shit out of people is is illegal!
    Знам да бидам многу саркастична кон некои луѓе кои тоа го заслужиле, особено кога сум нервозна. Често знам и да се покаам зошто не сум им ја треснала вистината во лице.
    :D
     
  16. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    51
    Лошо го разбирате сарказмот. Односно, како и да го разбирате, треба да научите да го користите правилно.

    Сарказмот може да биде многу навредлив и да ви даде чувство на моќ над соговорникот. Ако го почувствувате тоа, знајте, дека сте идиоти, зашто има илјадници начин секој човек да ве стави под своето ниво и да ве навреди. Некој со пари, друг со стил, трет со ум, четврт со сарказам итн итн...

    Единствениот сарказам кој ми се допаѓа е интелигентниот, шеговит. Како оној на untachableGirl со камењата. Ако го користиш за да навредиш некого, тогаш си глупав, а мислиш дека си паметен. Полоша комбинација - здравје.
     
    На faye и mimiiiii им се допаѓа ова.
  17. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    па да често знам да бидам саркастична кај оние што го заслужуваат тоа па морам да се спуштам со интелектот и говорот за да ме разберат-инаку за оние кои не заслужуваат НИКАКО,знам да се шегувам онаму каде се прифака шега!
     
  18. Ilovetaylorlautner

    Ilovetaylorlautner Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    што е всушност разликата меѓу сарказмот и иронијата ? :^)
    Исти ми се искрено..
     
  19. AlalVera

    AlalVera Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    51
    Сарказам е претерана иронија, вака лаички кажано.

    На пример, иронија е кога ќе кажеш „Ќе спијам со тебе, на 30 февруари“. А сарказам е „Ќе спијам со тебе, кога следниот 29 февруари ќе направиш лоботомија, а на 30 сепак ќе можеш да си ги врзеш врвките“.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Почнува да ми оди на нерви искрено. |(
    Сите се во филм дека се саркастични и следбеници на д-р Хаус, боли, жално и патетично е, како и слепо и сакато, мисли дека е голема ѕверка - ако е саркастичен.
    Јас со тек на времето сум се помалку ... едноставно си треба време и место за употреба на сарказмот.
    Не сакам ова новокомпонирано лудило да ми е обележје на мојата личност...
    ми недостигаат воспитани, фини и културни луѓе. :(
     
    На A.Fenty, Hipster, tinan и 1 друга личност им се допаѓа ова.