1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сарказам

Дискусија во 'Психологија' започната од Rock-a-Fella, 1 мај 2011.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Јас сум саркастична 24/7. Така израснавме со другарките и до ден денес има луѓе што не ни го сфаќаат сарказмот. -.- Дури и понекогаш меѓусебе се прашуваме "Oва беше саркастично, така?"
    За некој да ми биде пријател, мора да ми го сфаќа сарказмот, иначе ништо не праиме :D
    Дечко ми исто така многу пати ми се лути дека сум саркастична.. ама тоа е, таква сум. :D
     
    На biGirl и sonce10 им се допаѓа ова.
  2. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Некој што кажува дека мрази сарказам мислам дека едноставно не го разбира ни како поим ни па знае како да го сфати...за погоре споменатите коментари за Хаус, треба да се има памет за да се разбере неговиот начин на обраќање и неговиот сарказам, значи ако некој незнае да го разбере неможе да соли памет како не чини и слично. Јас искрено се восхитувам кога го гледам и кога ќе одлепи некоја саркастична забелешка која секогаш е на место, ама тоа е мој вкус, некој се смее на тоа, некој се смее на Ранко Рангелов нели? Бидејќи не секој има смисла за хумор...Исто како и со делата на Оскар Вајлд - некој го сфаќа некој не. Саркастична сум да, не секогаш ама често :)
     
  3. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563

    Многу ме интересира како ТИ би реагирала кога брат ти ќе ти одговори некад така!
    Ова не е ни сарказам ни иронија.... ова, според мене, е идиотштина излетана преку уста.
    Упс, пардон, да не те навредив?! :wasntme:

    :o :o :o А да не сум саркастична сега? 8)
    оуу јее :dance:

    Понекогаш сум претерано искрена и ладнокрвна, а тоа не е сарказам. Не е ниту иронија, туку е поштен начин да потенцираш негативна особина. И не бидете горделиви ако сте саркастични. Тоа не е доблест ниту позитивна особина, ниту пак те прави посебно интересна и привлечна особа.
    Јас сум само претерано искрена и ладнокрвно дискутирам. Ок, наречете го слабо иронична тоа, да, така можам да признаам дека се однесувам.
     
    На iveflower и Anouk им се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    За мене сарказамот не е позитивна работа , а и колку стана модерен да се чудиш , тинејџерите го користат на големо а всушност лупаат глупости ... Не секој знае да користи сарказам и најважно кога е прикладно тој да се користи ..
    Мене ме нервира користење сарказам во расправија , јас сум човек кој сака да ги расчисти работите а не да се надмудрува
    Ценам сарказам кога е креативен и на место .. На моменти знам да се насмеам убаво на саркастични досетки ..
    Го користам за интерни шеги со другарки кои ми се блиски ама во никој случај со цел да навредам туку да се шегуваме ..
     
    На biGirl, Love...music и A.Fenty им се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Дека стана модерен тоа е факт. Многу не знаат ни да го употребат правилно, ама битно е да се користи. :swear:
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Мене сарказмот ми е еден вид на одбранбен механизам. Го користам кога сум лута или изнервирана. Маж ми многу го мрази тоа, он не е таков човек, посебно кога се расправаме за нешто, а јас не можам да се изјаснам без саркастични коментари. Исто го користам кога ќе слушнам некоја глупост па плаче за некоја саркастична забелешка.
    Ама денеска е и те како употребуван, стана еден вид мерило за интелегенција кај младите. А благе везе нема.
     
    На Scar.Tissue и Hipster им се допаѓа ова.
  7. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Сарказмот се обидувам многу ретко да го употребувам бидејќи може да навреди доста и притоа те прави да се чувствуваш моќно да ,но за џабе кога си испаднал голем идиот.Мразам кога некои своите фустрации си ги лечат кога саркастично ќе навредат некого.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Сарказам за мене е начин на вечење комплекси со игра на зборови...
    Го практикувам понекогаш да,но сметам дека е навредлив.И сум доваѓала до судири поради саркастични статуси на фејсбук,многупати...
     
  9. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Знам да сум саркастична, особено при расправии. И најчесто ништо добро не ми носи тоа во тие моменти... :|
     
  10. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Има позитивен и негативен вид на сарказам.

    Првиов го користам коа сакам да се пошегувам без да навредам некој, а вториов во ретки случаи коа ке ми пукне филмот, и мирно и сталожено си давам саркастични коментари за да го изнервирам соговорникот, како тој што ме изнервирал мене.
    Знам да бидам прилично гадна коа ке се случи тоа. Оти јас сум една од оние љубезни луѓе кои ке те трпат еднаш, два пати.. три пати, е веке на четвртиот пат, станувам сосема друга личност. И после се чудат, аман што и стана на оваа? :^) Ке видиш ти што ми стана ако ми го пукнеш филмот. |(
     
  11. rosalka

    rosalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Сарказам да, ако имаш богат речник и фонд на зборови, и да знаеш како да го употребиш во ВИСТИНСКАТА ситуација и на вистински начин, а не да коментираш на се` и сешто со копирани фрази од др. Хаус и чичко интернет, за другите да мислат дека си паметен. |( Подобро земи прочитај некоја книга, да можеш да зборуваш како што треба како прво, а потоа прави се „паметна“ и саркастична личност.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Саркастична сум со некои насмевки или коментари така поблаго саркастични. Ќе му го доловам на соговорникот убаво нештото со злобен коментар онака не многу нападно и чао пријатно :D понекогаш и по дома се смеам саркастично и често ме опоменува татко ми :D
     
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Знам да бидам саркастична, и тоа највеќе со луѓе кои мислат дека знаат да бидат саркастични, а го немаат тој саркастичен речник, туку само 2 исти збора на се како одговор, и тогаш следат моите 2-3 збора, секогаш различни, саркастични и благата насмевка доволно да ги запечатам. Некогаш некој и може да не ме стави ама тоа е јакото :D
     
  14. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Море се во лице им плескам на ваквите, саркастични од навика или од мода. Зборувај како човек кога човечки ти се обраќаат!
     
    На A.Fenty, MorbGoth.666 и Daydream им се допаѓа ова.
  15. RedButterfly

    RedButterfly Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Најчесто сум саркастична кога сум лута и сакам да ги нервирам другарките (тоа многу ги нервира) :)
     
  16. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Го употребувам,е сега дали помалку кај некого дали повеќе,сето тоа зависи од личноста,што се вели како ти со мене така јас со тебе ;)
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Доста често сум саркастична. Камо сите да разбереа.
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Знам да бидам саркастична кога некој ќе ја помине границата на толеранција.Но,не секој ме разбира.Мудрите се проникливи и ги препознаваат таквите моменти.Нашите блиски добро не познаваат и треба да знаат во дадени ситуации како реагираме,но и тие треба да научат каде е поставена црвената линија.
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Не знам зошто некои го перцепираат сарказмот како навредлив и како метод за исмевање и навредување. Тоа е стил на разговор и не мора да значи дека ако некој реплицира со таков коментар дека има намера да навреди некого. Секако доста е важно кон кој го упатуваш и дали таа личност е способна да се прави разлика меѓу иронија и сарказам. . Мене баш симпатичен ми е разговор каде има уфрлен некој соодветен саркастичен коментар. Само штета малку се умешни луѓе кои знаат да формулираат сарказам, оние останатите се некоја лоша варијанта на движечи излитени фрази кои не се употребувани во соодветен контекст. Тој вештачкиот и простачки сарказам ми пречи, но овој другиов (ајде да го наречеме интелегентен :) ) сарказам ми е мерачки за уво и му дава на разговорот едно повисоко ниво :) Се согласувам дека потребен е голем интелект за тоа совршено да го склопиш и да го изнесеш саркастичното без да навредиш некого.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anne.B

    Anne.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    51
    У последно време сите пробуваат да бидат саркастични, ама ретко кој успева во тоа. Има луѓе на кои им „лежи“ сарказмот и има такви кои слушнале за сарказам, ама не сфатиле до крај. Е сега, првите ги ценам и уживам кога ќе направат саркастична забелешка, а вториве ги презирам додека се прават важни дека биле саркастични (затоа што јас не знам што е сарказам... |( ). Јас ретко кога сум саркастична, обично на разговорот додавам специјален „зачин“ кога некој ќе ме извади од кожа.