Сарказмот е супер за со луѓе кои ти се блиски и со кои си секој ден . Одговараш со некој интелегентно смислен саркастичен одговор и сите си се смеете . Или кога некој и да не ти е близок ама мнооогу ти досадува и те напнува па му враќаш со сарказам. Во сите други случаи е НЕКУЛТУРНО И ПРОСТО, очаен обид да се направиш интересен, посебно ако некој најкултурно нешто те прашува или ти кажува а ти сарказмот на најјако го пушташ.
До пред некоја година, не на толку свесно ниво знаев да употребам сарказам, но кога размислив колку неубаво изгледа кога други луѓе им го прават на трети, престанав. Сега би била саркастична само кон саркастичните, иако попрво директно би ги направила бербат доколку налетам на таков третман. Сарказмот е интересен за тинејџери кои дома не ги забележале и не ги опоменале, но кога се среќава кај повозрасни луѓе дури од 40-50, навистина наликува на зло. Имам едни вакви подалечни роднини, гледаат прилика да кажат нешто обратно од тоа што го мислат со цел да ги исмеат луѓето. И така сега кога ќе се сетам, прва асоцијација за сарказам од детството ми е просто и некултурно маќедонче. Кај мене дома уште од мали нозе зборот имал негативна конотација. Кога за некого ќе се кажело саркастичен, тоа подразбирало нешто лошо. Некои пак си го сметаат за дарба и талент. Whatever.
Неќам сарказам и не го користам, преагресивен ми е, често оваа злобна крактеристика знае да биде злоупотребена и да се препише на повисока интелигенција а всушност се работи за злоба.
Некогаш и несвесно сум саркастична, но пробувам да се контролирам затоа што можам некого (ненамерно) да навредам. Но, моите блиски и луѓето со кои се гледам често знаат дека не мислам ништо лошо, така што сум немала проблеми.