1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саше Политико - Колумна за Трајче Дрварчето

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 15 октомври 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    http://maktel.mk/kolumni-sredina/item/6 ... hen-zhivot

    Саше Политико се надмина во идиотизмот кој го шири.
    Може да не ти е допаѓа некој и да му го кажеш тоа во пригодно време и место, ама да го злоупотребуваш медиумскиот простор за вакви бљувотини...?
    Колку треба да си нечовек да го изнапишеш сето ова макар и за некој кој не ти се допаѓа? Кој си ти да кажеш каков е животот кој некој го изживеал? Кој си ти да му ги ловиш грешките од личнот живот освен ако не ти е пријател, непријател кој ти згрешил, ако не си бил прашан, ако случајно било на агенда на дискусија?
    Тој бил тој кој ќе праќал некого на оној свет, затоа што тој се бори против алкохолизам? Пф...нездрав!
    Ова суштество наречено Саше (или што би рекол Боки, како год) го надминува Латас по степен на одвратност.

    Згадена сум.
     
    На s.T.e.F.i, femina90, zhap4e и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Македонските јавни фаци

    На овој или фалинките му се посериозни отколку што мислев, или ова му е единствен начин да привлече внимание. Ај што нашол жртва да се препукува, ама да се осмели да му посакува смрт јавно во колумна, не знам што да кажам. Има овој некаква лиценца за новинар или за сајт, за нешто? Време е да му ја одземат. Ова е доказ какви психо ликови се дочепуваат до медиуми и работат на тоа да го креираат јавното мислење.
     
    На Bozica1980 и Ordinary им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.247
    Допаѓања:
    124.534
    Македонските јавни фаци

    Искрено се надевам дека ке трба лиценца за некој да има сајт, па дури и да не е новинар. Само да има документ со кој се обврзува дека нема да биде идиот и дека ќе работи како што треба, етички, и дека ке пријавува данок.
    Саше политико, а и останатите сајтови, немаат вработени луѓе, статиите им се во огромна мера преведувани од странски сајт, а во последно време препишани од други сајтови, па неретко и без линк од местотот каде го украле, им даваат по 50 евра на студенти да препишуваат статии, па затоа има толку многу грешки, неточни инфомации, правописни и печатни грешки оти лектор е мисловна именка за нив.
    Ама, ке дојде ден, и сите како Сашенце, што имаат пристап до интернет, да им се затнат муцките и да пазат што ке пишат. И да плаќаат данок за рекламите кои ги имаат на сајт, оти ние го кликаме сашенце денеска а он си брои кликови и маструбира. После кај него се рекламираат, оти е „читан“ сајт. Ех...
    А он баш би сакал да го види Игор умрен од цироза, Боки наденат на колец, а вие само кликајте. Помагајте му на Саше во полнењето на џебовите.
     
  4. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Македонските јавни фаци

    ^ Епа јас кога велев за вакви „новости“ пред да се наведе извор да се ископира статијата тука за да нема толку многу кликови барем од форумот, ама испадна дека ретко кој размислува така.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Македонските јавни фаци

    Знаете што, премногу употребувани се тие шаблони од типот - не кликај, не го читај, не го слушај, не гледај вести. Секогаш од другата страна ќе има маса на народ која ќе го прави тоа и можеби ќе го поддржува. Игнорирањето не го решава проблемот. Борбата за кликови нема ништо да му значи кога ќе го добие негативниот углед.
    На неговиот веб сајт се рекламираат многу јаки компании од кои добива пари. Ако он може да си пишува што си сака и си има една константна бројка на кликачи кои го сакаат и сакаат да го читаат, а оние кои ете не го сакаат не го кликаат за инат, он ќе продолжи да добива средства. А вака кога маса на луѓе реагира со негативности и вика дека Саше е емотивно нестабилна и незрела личност (што е жив факт, ако баш се фаќаме за личниот живот на Саше како споредба во оној на Игор, Саше не е ништо подобар. Он направи дете на многу помлада девојка со сомнителен морал и извадени гради на мегдан на сопствената свадба и него тоа нели го прави реализиран, по некоја негова лоша логика, неможејќи да си ги согледа своите длабоки слабости) и дека не е интелектуалната класа која ги заслужува парите за да се рекламираат големите компании кај него за да он опстојува. Компаниите кад-тад (ако се паметни се разбира оние кои им го работат маркетингот) ќе разберат дека тоа за нив е НЕГАТИВНА реклама, а не позитивна. Никој не сака да има никаквец и неранимајко за партнер и никој не сака да биде поврзан во негативна конотација! Автоматски, кој ќе му даде пари на Сашето за реклама на неговиот веб сајт? Ќе му се намалата средствата и сајтот полн со глупости нема да опстои.
    Дури и било кој да го плаќа да пишува и да прави,да биде мегафон, не би сакал да продолжи затоа што го прави на лош начин и создава отпор, а не афирмира.

    Инаку зима странски пари за сајтов, на ниво на проект му е добиен,ама работата е што секој проект бара одржливост и оправданост. А тоа во случајов не му оди најдобро. Оваа информација не ми е сигурна, но тоа се зборува.

    Така што кликањето и коментирањето има две страни.
     
    На tessie, MiloMalo, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Македонските јавни фаци

    Колку повеќе кликови, толку повеќе средства. На компаниите многу не им е гајле за тоа со какви си имаат работа, да им било гајле немало ни да ја фаќаат со него како прво. Ова вака функционира долго време и нема никакво подобрување во јавната сфера, само се множат вакви ликови. Џабе и критики и зборување кога ја остварува целта. Еден ден и на нас ќе ни се смачи да зборуваме, тешка будала е и што се може тука кога не постојат правила? Ова не важи само за Саше туку и за сите како него.

    Јас не верувам дека ќе дојде таков ден, веќе секој прави што сака и од ова враќање назад нема.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Македонските јавни фаци

    Баш пред малку наидов на статија во која ја пишува реакцијата на Игор за глупостиве на Саше.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Македонските јавни фаци

    Ти така мислиш. ;) Не е тоа така површно. Ако немаш искуство на дадената тема, нема да го знаеш тоа. Не е сеедно кој ќе кликне и кај се рекламираш. И те како им е гајле!
    Не се согласувам дека остварува цел, освен ако е целта му е да биде будала.

    А Саше колку сака нека се извинува сега. Ова е едно од ретките нешта кои не смеат да бидат извинети, туку трајно осудени и санкционирани. И да Саше, ти СИ лош човек! Кој си ТИ преку желба за смрт да влечеш поента за алкохолизам, дрога и коцка? Да бидеме јасни, сите сме порочни на различни начини. Некои се порочни на евтини жени, други на многу колачиња, трети на диета од емоции, четврти заглавени во ирационални стравови. Сите сме од крв и месо.
    Може да не ти се допаѓа некој и да му кажеш зошто, не поздравувам секаква либералност кон се, да бидеме реални, сите ние имаме свои вредности и убедувања зад кои мораме да стоиме. Не можеме да бидеме бесконечно отворени за се само за да бидеме улулкани во својата удобност и можност да правиме што сакаме (не критикувам,за да не бидам критикуван, тогаш бате имаш проблем од друг карактер), затоа што тука некаде светот оди во бестрага и се губи секаков морал, а колку што се сеќавам сите патиме и зборуваме дека денес светот пропаѓа заради немање морал и вредносни системи. Ќе започнеме буквално да делуваме по закон на џунглата. Бескрајна слобода е најлошото робство. Мислејќи дека олабавуваме стеги, впрочем се фрламе во други, посилни. Бесконечниот свет е целосно забегување, та дури и можеме да отидеме до точка каде што на вагата можеме да речеме - ДА, Саше си ја има слободата да го каже тоа и тоа и нема никаков проблем. Нели е така? Нели е мач со две острици?
    Разводенив,ама сакав да си ја изнесам поентата.
    Овој човек во случајов не бил инсприран од ништо конструктивно. Неговава "колумна" е нешто кое треба да носи вредно за читање, нешто кое ќе му помогне на општеството за нешто. Колку што знам јас луѓе не пишуваат колумни за чисто да им плескаат работи во лице на други луѓе. Сашко ги помешал брзините.
    Во дадена прилика и место, со даден повод можат да се искажат ставовите (па дури и на лична основа) на културен и конструктивен, па дури и шармантно шеговит начин, како сакате. Ама ничега изазваног да пишуваш толкава колумна во која дури и од запирката извира омраза и да посакуваш СМРТ со цел да извлечеш поента?!? Мора да имаш некоја фалинка. Та дури и за немањето деца откако човекот изјавил дека е едниственото нешто кое не може да си го прости!
    НО, за било што и било каде и во било кои услови некому да посакуваш смрт од ЦИРОЗА и да тврдиш дека му е време да умре?!?!?! Сееееериоооооооозно треба да се запраша дали е време тој да посети психијатар.
    Срамно! Сериозно ќе бидам разочарана ако овој човек не добие соодветна санкција за ова, без оглед на извинувањето затоа што не му е прв пат да направи ваков испад!
     
    На GeoDidi, tessie, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Македонските јавни фаци

    Мактел мењале, сервер, жити мајка. |(

    Баш сакам да ја прочитам таа колумна на Игор Џамбазов. Не ми е јасно зошто го напаѓаат, мислам дека Игор е еден од оние ликови по кој колку и да се пцуе никогаш нема да го замразиме. И зошто воопшто да се напаѓа, ништо не прави човекот, толку мирно си живее, ниту се тепа да го има по телевизии или театри, очигледно се пронашол во пишувањето и сега на тенане си спрема концерт.

    Пред некоја недела имаше одлично интервју со него во Вест, ако го немате прочитано да го најдете.
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Македонските јавни фаци

    А ти мислиш поинаку, ќе излезе понатаму кој е во право. Ај баш ќе видиме колку не им е гајле. Не дека досега не се покажало доволно. Состојбата во целиот македонски медиумски простор е доволна за да се донесе заклучокот ;) .

    Ова не е прв пат Саше да направи будала од себе, како досега да не знаевме кој е и каков е. Други цели освен финансии и да биде центар на внимание (макар и како будала ама позната будала) тој нема. А двете ги остварува, особено втората.

    И ако недостатокот на аргументи прави да се повикуваме на годините (не знам, можеби ти на 17 не си имала доволно развиена свест за работите, па оттаму овој заклучок) тогаш нема ни јас што да продолжувам да ти објаснувам.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Македонските јавни фаци

    Твоите 17 години прават да мислиш така. Немам намера да ти докажувам повеќе.

    Игор е талентиран, исклучително талтентиран за она што го работеше порано (а за да си таков со неговата професија, мора и да си малку ирационален, од ирационалноста произлегува креативноста е сега за правците не е предмет на муабет сега) и не е виновен што времето се промени и неговата генерација остаре. Ние сме тие некои нови клинци кои сакаме други начини на хумор и имаме други начини на забава. Не е он крив за можеби неговата неинтересност за нас. Времето е и тоа е сосема ок. Но неговиот талент е неоспорен и она кое порано го правеше и стои зад него како негови дела!

    Ако Саше мислел дека Игор е лош пример, требало да му го каже на Игор ако веќе сакал во време и место кое дозволувало и на начин кој е џентлменски и културен. А не да фрла ракавица преку колумна на највулгарен и безобразен начин, па после да се извинува... Фала ти Саше, ама твојата грижа за да не станеме пијаници заради ете влијанието на Игор на нас младите е сосема непотреба. Те замолуваме Саше да се изгубиш од листата на новинари и колумнисти зошто ти си само една бедна црна дамка на истата.
     
    На MacenceEna, Filiposka и teddybear им се допаѓа ова.
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Македонските јавни фаци

    Ја одлично ја сфаќам целата приказна околу бљувотиниве што он ги постира. Сака луѓето да имаат впечаток за него т.е да го помнат како Саше контроверзниот, оној без влакна на јазик на кого луѓето му се плашат да седнат тет а тет за да не ги изруга јавно.
    Нели приметивте дека после емисијата со Боки следуваше она масовно воодушевување како добро он го средил, и веднаш сфати што ја пали јавноста па еве продолжува со исто темпо, само уште повулгарно.
    Поинаку е сега кога има грб зад него, појаки спонзори, си отвори сајт на кој меле вакви срања.

    Он не може да ме исплаши да седнам на маса со него, зошто на простачки начин прибира внимание, а не на интелектуален, затоа пар души го одбиле.

    Го имам приметено во една емисија искоментира како мас медиумите во Мк биле страшно досадни, и он се наметнува во цела приказна како бум што ја дрма јавноста. Не сфаќа дека влијанието од америчките ток шоуа на кој тој се пали ко млад мајмун го инкорпорира на толку погрешен начин што повлекува повеќе хејт отколку воодушевување.
    Сега откако нели се оформи ко човек (затрудни осумнаесет годишна, онаа со балоните на свадба, подалеку не одам) си зема за поголемо право да ги вреѓа животните стилови на луѓето (сега на Игор, претходно на свештено лице).


    Он е стварно нестабилна и незрела личност, и го жалам затоа што дојде до дереџе да се извинува за работи што он може и не ги мисли, али бед ес впечатокот мора да го форсира.
    Али бранува јавност и на тоа мастурбира.
     
    На Libera, kravce, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Македонските јавни фаци

    Секогаш ќе има луѓе кои ќе го сакаат или нема да го сакаат Игор, тоа е факт, ама да му прогнозираш на некој дека ќе умре од цироза од чиста мира е навистина мизерно и злонамерно.
    Можеме да збориме се за Игор и да го критикуваат затоа што и самиот си ја има отворено душата до коста и си ги има раскажано сите лоши работи кои ги направил ама тоа не им дава за право вака да му фрлаат да не речам клетви. Ова е под сите кодекси на етичко новинарство, ако може да е каже новинар.
    Не знам од каде па се префли на Игор, нели беше Саше политички новинар? Игор не е политичар па да земе него да го профилира и караткеризира.
    Игор сам си е крив што настапи толку отворено и искрено за своите мани и грешки,затоа што сега сакакви ќе му се потсмеваат и ќе се дрзнуваат да го судат и учат. Да ти пукне п**на жила од ваквите како политиково...
     
    На lolyta777, kravce, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Македонските јавни фаци

    Хипстер, тој со самото тоа што се отвори сакаше да се посочи себе си сам како лош пример. Та нели за неговата прва книга рече дека е роман за сите алкохоличари...
    Игор и да се отвори и да не се отвори, сите знаеа што се случува и поголем беше срамот од претпоставките и трачевите. Секако ќе го мереа и премеруваа, тоа е во човечката суштина и не можеме против тоа.
    Што има сега Саше да млати празна слама...? Тоа е целата работа што го прави Саше глуп. Никој не го ставил Игор на пиедестал за неговите пороци, па дури ни тој самиот, што го прави голем човек.

     
    На Filiposka, teddybear, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Македонските јавни фаци

    Лилит јас сосема го сфаќам и Игор и не го сметам тоа за грешка, лично за мене беше нависитна храбар и смел потег, да се разголи до коска и да им стави крај на сите трачеви за него и да ја споредели вистината. Не сум ја читала цела книга, само извадоци и сметам дека да беше некаде во некоја друга земја ќе беше уште поголем хит и уште за поголема почит. Ама тоа сме ние Балкан, балканчиња, гледаме само во дворот на комшијата заборавајќи си ги соптвените мани и грешки.
    Јас не му го сметам за грешка лично, али ако гледаме вака од надвор и како сите се осмелија да му судат а се бетер вошки од него, само прекриени со маски како за 1 Април навистина е жално и штета. Докажано е дека кај нас не се цени искреност, само будала ќе те нарават, а истите се бетер гниди. Не мислам дека Игор е светец, да де логично не е, и убаво кажа ти- сам е голем човек што си го кажа тоа искрено и отворено, ама гледајте како му се враќа и бетер ќе му се враќа, и тоа од кој, од Саше, немам зборови навистина.
     
    На Trendafilka и ilipili им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Македонските јавни фаци

    Што кажал Сашко за Игор, ко да ние не знаеме кој е Игор. Ама не ни е гајле. Го сакавме едно време, ма го обожававме сите, млади, стари, се лепевме на тв кога ќе го видевме неговиот лик. Дали на емисија, шоу, квиз некаков, на сцена со микрофон или театар...не можеше а да не го сакаш. За идол не дека беше, повеќе како пријатен и интересен лик за гледање на тв. Толку. И Кили ми беше интересен да го гледам што не значи дека ми е идол и дека ќе тргнам по негови патишта. Непотребна колумна, или барем малку пофино напишана би била ок, вака со клетви и безобразлоци...јок.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Шутракот Саше иако половично има право за некои работи во колумната е толку глуп и полуписмен што не знае да одбере зборови и пристап. Штом толку сакал, можел да напише некаква критика за Џамбазов воочи најавуваниот концерт, негово право, ама смрт од цироза? А и се јавил човек за пример на внимателно одбран начин да прозива за морални деградации. Џамбазов каков и да е, пак е неколку скалила погоре од Саше и професионално, и во јавниот живот.
    Посветив време на ваква глупост и кликнав на сајтот, а криви се овие што споделуваат и што пола држава се потресува за небитни ствари. Се огласиле ЗНМ, Ванковска.. оф.. ауу и Боки најново, каква сензација (во право е де инаку, во право)

    едит А гледам и мислењава заслужиле да бидат преместени во нова тема, и тоа во политика и настани. Добро, навистина, за кој ѓавол темава?
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да бидеме реални, Боки е во право. Без разлика кој е Боки и што тој прави, кога се работи за одредени мерила и вредности, тој е дефинитивно во право.
     
    На anuskaNESTLE, zhap4e, Silver.E и 5 други им се допаѓа ова.
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Му давам максимум уште 5 години опстанок на сцена. И тоа е многу, ама ајде.
    Сам ќе се изеде, ќе си ја ископа пропаста лично. Кариера не се гради на таков начин.
    Уште сега велам амин за него.
     
  20. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Не знам за пет ГОДИНИ ама Саше политико си ги живее петте минути слава кои како и обично вие ги овозможувате на таквите фаци. Македонче.

    Е во право е, сега сите истото го зборуваат, ама не ви текнува на време.

    И Боки не си фер, не те плукавме сите тогаш. Јас бев повеќе на твоја страна :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.