Ако баш зборувам за себе, право да ти кажам и тогаш си бев на страната на Боки, а мислам дека и тука имам пишано. Така што пиши нешто за исклучоците. Ти си некоја твитерџика, те осеќам. Мислам...стилот.
Koj si ti koj slusnal za tebe Saso Politiko jas denes prvpat slusnav za tebe od kako se osmeli da go kritikuvas covekot koj go obozavam i so kogo sum rastela gledajki Bingo i gledajki negovi pretstavi,slusajki negovi pesni covekot koj dolgi godini mi e idol,znaci prvo razmisli koj si ti i sto si postignal vo zivotot ili na vakov nacin probuvas da bides Nekoj da se probies kon slavata zalno Prijatele si se izgubil nekade na vakov nacin ne se stanuva slaven,slaven se stanuva so sopstven trud,ljubov i bez da plukas po drugite togas ke kazeme deka si nekoj i nesto do togas si NISTO...
Пред малку го пронајдов ова, сега сум веќе сигурна дека се помалку од 5 години слава, дефинитвно. Кога заседава Совет на чест , јасно е колку претерал. Прво би се помолила за Саше, отколку за гревовите на Игор. Реакција на Советот на честа на текстот на Саше Ивановски објавен на 15 .10.2013 година на порталот Мактел Објавено во Среда, 16. Октомври 2013 - 14:24 Зарем има нешто човечко кога на друг му се посакува смрт ? Ништо етичко и професионално нема во текстот на Саше Ивановски со наслов „Игор Џамбазов – Трајче Дрварчето кое никогаш не порасна и не стана човек, туку се претвори во најсилната реклама за алкохол и промашен живот“ објавен на 15. 10. 2013 година на порталот Мактел, во кој авторот му посакува смрт на актерот Игор Џамбазов. Всушност, текстот е неновинарски, без оглед на мотивите што ги имал авторот. Но, зарем има нешто човечко кога на друг човек му се посакува смрт ? Изнесени се низа грди квалификации, навреди и осуди во обидот да се направи анализа на начинот на живеење на актерот. Прекршени се повеќе одредби од Кодексот на новинарите, најдиректно одредбите 10, 11, 15 и 16. Уште еднаш – Советот на честа смета дека текстот е неновинарски, нецивилизиран и дека до максимум ги нарушува угледот и достоинството на новинарската професија. Советот на честа најостро го осудува ваквиот начин на практикување новинарство. Реакцијата на Советот на честа на ЗНМ се темели на одредбата од Правилникот за избор и работа на Советот на честа на ЗНМ, од каде произлегува можноста за самостојно јавно реагирање и изнесување вредносни мислења/судови во случај на повреда на начелата и одредбите од Кодексот на новинарите на Македонија. 16. 10. 2013 година Совет на честа Претседател : Илија Стефановски извор:http://www.znm.org.mk/drupal-7.7/mk/node/678
А дали има некој човек во државата за кој дотичниов нема јадено гомна? Ах да, полтронче е на Заев и Шекеринска, да ги изоставиме нив двајцата. И најмногу од се мразам луѓе кои што плукаат па лижат. Ете таков е тој. Се брани сега демек не му посакувал смрт. Епа извини Саше, целата македонска јавност е ретардирана. Ти уствари си му посакал што побрзо да ги победи пороците а не да умре од цироза, ама нема врска напишаното бе, читајте малку меѓу редови, не мислел он така! Епа кога јадеш гомна, барем јади ги до крај, застани цврсто позади своите ставови и престани да цмиздриш по твојот скапан портал. Престани барем еднаш да бидеш пи*ка, и да почнуваш нешто за кое не си ни достоен а ни доволно храбар за да го изнесеш твојот став до крај. И подеднакво ми пречи плукањето по Боки, по сестра Макрина, по Јохан, Бранко или по било кој друг. Ме интересира дали воопшто постои некој на кој му е интересна оваа амеба и го поддржува во било што. Новинар бил ? Ништо подобар од Латас, Ивонче и остала компанија. Ама ти овојпат го допре дното и ништо живо нема да те извади од овие гомна, до гуша ти се. Прво погледни си ја жена си па потоа размисли колку си достоен за да напишеш такво нешто.Редно е некој и тебе да почне да те бомбардира со ниски удари. МИЗЕРИЈА!
Боки 13. Кој е Боки бе? Што талент има тој? Зошто упорно се брцнува во македонскиот јавен живот како да е најбитната фаца и постоење во земјава? Скраја да е смрт да му посакаш на кој и да е, ама... немојте бре ве молам... сожалување? Нека се научи македонски да пишува и нека не се гура кај што не му е место. Со сила изведена слава. Јас Сашево не го читав, читам ниту ќе го читам, а и вие не знам што си трошите енергија. Спомнав еднаш, ние сме тие кои ги креираме овие луѓе, било со лошо или со добро за нив. Време е да исчезнат од јавниот живот и да не глумат глас на народот или разумот или на сопственото повредено его.
За многу работи има право Саше Политико во текстов за Игор... Ама ептен е дрво недоделкано и затоа и ако каже нешто ОК, тоа паѓа во вода, затоа што веднаш после тоа ќе тресне нешто што ќе шокира секого што не е со неговиот ментален склоп. Дали Игор е разгалена ѕвезда? Да. Дали добил едно чудо шанси во животот на тацна? Да. Дали Игор уште добива место во медиумите како „заслужен граѓанин“ и грчевито се држи за старата слава? Ептен Да. Дали Игор доби народни пари за проект кој беше заглавен во (во најдобар случај) осумдесеттите години на минатиот век? И тоа за после да плука дека тоа било одвратно шоу? (Таман да им плукне во лице на сите оние кои го гледаа и себеси се убедуваа дека шоуто му е добро). Оф, за жал, да... Ама дали тоа значи дека Игор треба да умре што поскоро од цироза?! Е тоа секако не. Може некој да е девалвирана личност, девалвиран уметник, самобендисан талент, ама сето тоа не смее да биде причина да се посака нечија смрт. И ако Саше има(л) доволно ум, осет и човечност, овој дел не смеел никако да биде напишан, а камо ли објавен, а од друга страна и текстот така ќе имаше шанса (по)реално да биде протолкуван. А за тоа кој и како смее да суди за нечиј живот, па, јавните личности се свесни дека, да употребам клише, „се под лупа на јавноста“ и дека за секој нивен потег може и да се дебатира и да се озборува и да се тема за на кафе... Тоа е факт со кој мора да се знае да се носи секој во јавниот живот.
Една новинарка на СДС, ја заборавив како се вика, некоја непозната, веќе спин имаше уште вчера дека овој бил грујовист и дека вака се понашал за да станел вмровец Настрана политичкиот муабет, овој не вреди да биде во ничија уста и пост. Само со максимално игнорирање на идиотчево, ке се постигне целта - настрана од видик и давање популарност и пари на овој.
И јас првпат слушнав за Саше политико..или како и да е по колумната за Игор..и сметам дека такви морончиња не заслужуваат да им се коментираат изјавите... а посебно не да се отвара тема на Фемина за такви.. Тука на Фемина треба да зборуваме за корисни, целисходни,издржани теми..а не за некои дебилни анонимуси и нивните гнасни повра..ници.
Колку тинејџерски и исфрустрирано звучи колумната од некојси што го учи Игор како треба, а како не треба да се живее. О Боже! И отече со тоа п**ињата. Де Игор “работел“, де Бетмен пишувал за да “работи“. Абе работат! Им се може! Има млада жена, не знам зашто туѓата “работа“ го фрустрира толку. И статусот на Боки ептен е на место. И баш претпоставував дека ќе се огласи за случајот.
Па овој Боки колку ми е смешен, што тој во ист кош со Игор се става? Као демек ете ви, се гледа кој е сељакот, а и вие сте како него што го подржувавте. Не бе Боки тебе уште пет пати да те понижат и избркаат од емисија нема да ми е криво, мочко...
Никаков речник, неелоквентен, дрзок и простачки безобразен. Во ред е, имаш право на свое мислење, но имај секогаш малку почит кон личноста, која и да е, каква и да е, кон искуството и годините. Биди човек. Ова е само доказ дека покрај необразованоста и арогантноста, станува збор за нечовек и злоба во најчист облик. Јас се згрозив од текстот, настрана фактот дали го сакам или не го сакам Џамбазов. И не се согласувам дека и негативниот публицитет е - добар публицитет. Затоа побогу има претставка негативен.
Не се сеќавам кој му беше гостин во емисијата на која му пишав коментар на YouTube, ама се сеќавам точно што ми одговори дотичниов. Имаше дебата со некој гостин, а јас под видеото културно му пишав некои аргументи зошто не е во право (нели, затоа стои тој comment box под секое видео). Се запрепастив кога видов што ми вратил... Тоа не беа никакви контра аргументи, тоа беше збирутина од пцофки и погрдни зборови. Не му вратив ништо, ама добив некоја слика за психологијата на неговата личност. Не знам како опстојува, кој го чита, кој го гледа и кој го поддржува. Ама едно знам - на сите ќе ви го најде крајот!
Баш така. И мене ми е многу глупаво кога некој клевети некој, а користи лоши зборови. Сам си дава слика за себе, дека не е ништо повеќе вреден.
Ова ми беше интересно за муабет, а е причина зошто веќе не отварам македонски сајтови, освен, очигледно Фемина. Значи дечкото, има 1500 шерови на колумната само преку неговиот сајт. Плус, сите други агрегатори кои водат кон него, како Тајм, Грид и компанија, плус Фемина, плус СИТЕ на ФБ, Твитер, Блог, меил, чет... уште у сандуче линкот што не ми стигна... сигурно само од оваа колумна има преку 50 илјади кликови. Уште баба ми што не ми рече дај да прочитам што напишал тој некој си Саше. Згора на тоа, сите што не знаеја, ако е тоа возможно, сега сакаат да знаат кој е тој Саше Политико. Значи, како да завртиш, дечкото на сметка на квалитет, ако може така да го наречеме, доби мега популарност, односно многу КЛИКОВИ. Најголемите компании каде се рекламираат? На Пулс24, на Курир, ПлусИнфо. По што се познати овие сајтови? По неквалитет. Зошто ги бираат токму нив за да се рекламираат? Зашто не им е гајле за квалитетот, туку за кликовите. Фала многу, пријатно.
А зш темава у политика, па не е Игор политичар или политички критичар, новинар, ни експерт? Оваа категорија Полиитка и настани ми е најкаша попара заедно со правни совети, се и сеште се наоѓа тука што нема врска со политика или право...
На човеков со ваков живот како што опишува http://maktel.mk/kolumni-sredina/item/7 ... ipan-moral, на кариерата од 5 години му додавам уште една 0, значи 50; уште долго време ќе биде присутен на сцена. Браво за издржливоста.
Па овој живот не му е никакво оправдување за неговото недлочно однесување. Ако лошите услови за живот за време на студентарија, и средношколките денови, па подоцна цела плата давање на кирии и сметки, се доказ дека ке има 50 години кариера, тогаш, мојата кариера, ке биде уште 100 години. Ама за разлика од него, сеуште не сум станала идиот и не сум повредила никој, дури ни мравка, буквално. Ова не е издржлив човек, туку живот на секој сиромашен провинцијалец во големиот град, а еден од друг се разикуваме во тоа какви луѓе ќе израснеме, во што ке се претвориме. А тој...очигледно во нешто лошо...