1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Саше Политико - Колумна за Трајче Дрварчето

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 15 октомври 2013.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Значи ко ја прочитав статијата бев крајно бесна!
    Не само заради фактот шо Игор Џамбазов ми е омилена личност од македонската естрада да не речам, општо од вкупниот шоу бузнис во Македонија туку и за смелоста на еден чоек да му досуди СМРТ на друг. Значи без разлика какви, луѓето имат право на живот уставно. Се дрзна јавно да му посака смрт на друг чоек?? Па ни на најлошиот непријател не би му посакала смрт :worried:
    Бев готова да го контактирам овај Саше кој и да е, и имав многу убај реплики да му вратам ама ај...

    Игор влијаел врз младите да го оправдуват алкохолоТ? Ами не... Пола од 8мо одделенките не ни знат шо точно е Игор ни пак дека имал книги напишано, па ене ги гледам повраќат секој викенд по вециња и по чикмаци... Срамота!

    Неможам ни да изразам со зборој колку имам почит кон Игор.
     
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ќе видиме, времето ќе покаже.
    *

    Инаку откако помина време од таа колумна, се ми се чини дека во договор меѓу нив двајцата е напишана.
    Звучи лудо но можно е.

    Еве го Саше сега се “кае“ за таа колумна, вели со право бил критикуван... хахаххаха.

    Гласам за забрана на маркетинг (негативен) ;) .
    Мангупи испаднаа и двајцата, како само се сетиле?
    Сашето ќе лапне некој процент за оваа реклама на Игор, гарант.
    Мора од нешто да се живее :D.

    Цитирам: Добро бе каде е сега сета таа јавност која со право се крена по мојата ступидна колумна за Џамбазов да реагираат и сега за ова.

    http://maktel.mk/kolumni-sredina/item/7 ... kata-pimen
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.446
    Допаѓања:
    120.737
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто толку ве погоди колумната на Саше за Игор Џамбазов, освен добро оној дел каде посакува смрт, момент кој не е ни човечки ни христијански но, толку му дал господ на тој што пишува.

    Реално да гледаме што направил Игор Џамбазов во последно време, освен што водел Бинго, и раскажува за неговите догодовштини како пијаница на телевизија, па сега се кае па бла бла.

    Игор Џамбазов според мене имаше капацитет да стане голем глумец, актер, уметник, шоумен. НО, факт е дека самиот си го зафркна животот со алкохолот, со коцката. Во друга земја да беше и да не беа тука грбот од мајка му Анче покојна, татко му маестро Александар Џамбазов и оставштината од дедо му Петре Прличко, никој немаше да знае за него, ќе останеше заборавен уште кога прв пат отиде во бардовци на лечење.

    Затоа ве молам, не го величајте толку, не си го земајте за ИДОЛ, зашто искрено мене да ми дојде утре дете и да ми каже дека идол му е Игор Џамбазов или некој како него би се замислила малку повеќе.
     
    На kjukli, Antula, iHeartVintage и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Во право си. За тоа дека не е пример и идол за младите и самиот си кажа. Баш синоќа го глеав кај Јанко и се зафати муабет за децата и тој самиот рече дека можеби изгубил со тоа што немал деца, но можеби и спасил минимум две невини души од промашен живот, затоа што со оглед на случувањата, под такви услови тој би ги израснал и воспитал тие деца на сосема погрешен начин. А дека од колумната на Саше фрчеа фрустрации, фрчеа и дека ми беше дегутантна за читање, ми беше.
     
  5. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Но тој свесно од актер за респект, интелектуалец, успешен и ценет човек прерасна во подвижен билборд за алкохол, коцка, разврат, недомаќинлак, несериозност..

    Oваа реченица ми западна во око читајќи ја колумната и баш не би можела да кажам дека Сашо политико не го цени Џамбазов како актер и како личност туку е против она во што тој се претворил. Поентата на колумнава е неговиот развратен живот и јас лично не би сакала овој лик да биде пример за моите деца. Мислам дека не греши многу и не требало толку да се дига прашина освен ајде оној дел каде е искажано дали и како да заврши Игор. Ако имате прилика прочитајте ја неговата книга ,,Гол човек,, каде он самиот себеси не може да се поднесе и ќе видите дека Сашо политико и не измислил нешто ново. А инаку неговиот портал баш ме бендисува од причина што едино он во оваа квазидржава има храброст јавно да ги каже работите без да се плаши од последиците.
     
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Саше не знае на кај тера, само една до сега колумна му имам зирнато, а имаше толку безобразен наслов и толку гадни зборови, па самиот од себе да ти стане незгодно да читаш.
    Значи со тој уличен простачки речник не би го ставила во никоја класа и никогаш нема ни да го читам.
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.600
    Пол:
    Женски
    Значи овој е најголемиот простак и деген на светот. Не вреди ни тема да има за него, дај избришете ја. Срам за Македонија е оваков простак да ни шета по нашата земја. Со какви грди зборови јавно се изразува :envy:

    http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=34118
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    Дечково во главна улога во темава, деновиве бил претепан од двајца други дечки. Фактот дека некој ќе дојде да му го „дотера“ умот, беше јасен како ден, и се очекуваше дека ќе се случи кај и да е.
    Неколку дена пред ќотекот, му се случи ова
    http://press24.mk/video-sashe-polit...ica-od-glavnata-urednichka-na-utrinski-vesnik
    и

    Човеков е неподнослив. Иритантен до бескрај. Одамна кажуваше дека се би направил за пари, па искрено, мислам дека не сум далеку од вистината дека сам се има мавнато некаде, за да изјави дека Владата пратила двајца да го натепаат :) Најмногу ме иритира што низ светот ќе се зборува дека НОВИНАР бил натепан, што е една страшна небулоза. Саше политико не е новинар, он е алапача. Не секој што му текнало да направи портал, пола саат работа, и да пишува колку се сите глупи, а он паметен, е новинар. Нема школо за новинар завршено, ниту пак бил новинар во медиум, освен водител во емисија каде враѓше гости, па ја прекунаа емисијата. Политичар во обид, со дури 200 гласа, кој направи портал за кој наплаќа 5 денари преку смс за да го читаат. Уште не сум запознала некој кој му платил да го чита.
    Немојте да напнете дека ми е ќеиф што е натапан, премногу е тажно да натепаш некој кого Господ го отепал. Не е за ќотек, за лечење е :( На крај, ве поздрави фустанот. [​IMG]
     
    На Elissa, ocicka2014 и Abeja им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.542
    Пол:
    Женски
    Не дека го сакам или го бранам Сашета, ама... ако веќе напаѓаш, барем биди објективна. Сето ова што го наброја погоре важи и за Миленко и Јанко. Ај сега и нив нека ги претепа некој :^)
    А за ова со фустанот, не знам што да ти кажам. Мислам... која ти е поентата? Чисто да излезеш интересна во очите на другарчињата со потсмевањето? Или...?
     
    На kukla21, lady.v, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    An-na, ако ти се допаѓа фустанчево, јас немам против... Различни вкусови имаме сите. Мене ми е смешно што цицките и се надвор и да, за потсмев е, барем за мене и ќе и се потсмевам. Извини ако те навредив, или ако се почувствува неубаво поради нашите различни вкусови.
    Темата е за Саше политико. Сакаш друга тема, отвори повели и коментирај. Не сум споменала никој друг, за да бидам субјективна кон некој или објективна кон сите. Темата е Саше. Извини што темата не ти се допаѓа.

    Модератор, ај да ја крстиме темава Јанко, за да и се допадне на Ан-на?
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.542
    Пол:
    Женски
    А цицките и фустанот на госпоѓата имаат врска со темата? Или само колку да се најде причина за потсмев? Абе како сакаш. Ако поубаво се чувствуваш, повели.
    Инаку... Јанко и Миленко ги споменав чисто да не заборавиш дека и од вашиот табор има такви “високоучени” новинарчиња кои според твоите нормативи заслужуваат дебел ќотек.
     
    На Kaley, kukla21, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    Наш табор? И во оваа тема политика? Саше е ваш потрчко? Хм... Не знаев дека ви е член. Извини што ви го навредив, ако ти е тешко што е глуп, или што јас мислам дека е глуп. Ти може мислиш дека е препаметен, ама нели вкусови. Ти се допаѓа фустанов, зошто да не и интелигенцијата на Саше.

    И ќе се потсмевам на жена му, оти таков ко него само ваква може да трпи. И се гледаат цицките.

    Јас никаде не реков дека заслужува дебел ќотек, нема потреба да ми ставаш зборови во уста, речита сум и самата. Реков дека не му треба ќотек, туку дека е за лечење. Јас немам нормативи за ќотек. Тоа е твоја измислица. Оди погоре и прочитај. И отвори тема за Мисленко, со радост ќе дискутирам и таму. Темата е за Саше, кој очигледно ти се доапаѓа, по тоа како го браниш. Да не работиш во Мактел?
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.542
    Пол:
    Женски
    Од целиот твој пост јасно се гледа дека ти е мило што е претепан. Не сме глупи де.
    Инаку... кај спомнав јас дека Сале е од нашиот табор (кој и да е тој) Јас само ги ставив Јанкота и Миленкота во вашиот табор, за кого ти до сега многу пати се имаш изјаснето дека го поддржуваш. Јас никогаш немам кажано дека поддржувам било кој табор. Само... ми смета необјективноста, па затоа ти реплицирав.
    А за потсмевот... уште еднаш ќе ти кажам... уживај си... бидејќи очигледно ваквите работи те исполнуваат.
     
    На kukla21, lady.v и Emy867 им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    О ти видовита Ан-на. О ти читачке меѓу редови, фала ти што ми кажа дека сум сакала да е тепан, а не сум знаела. Фала ти што ме просветли во моето незнаење, ти препаметна, што го читаш она што е ненапишано и го знаеш она што е непознато.

    Мене не ме исполнуваат такви работи, барем не колку што девојчево го исполнило фустанот. Да не ти е сестра оваа?

    Те молам, кога веќе си најписмена во светот на постовите, кажи ми каде пишав и со кои зборови дека сакам да е тепан, и ти пресветпла, просветли ме каде сум необјективна во тема каде само за Саше се зборува? И пречитана најчитна, О ТИ, каде, во кој пост, некаде, каде било, сум рекла дека го поддржувам Миленко? Еднаш од тие „многу пати“? Барем еден збор, ти најпаметна да пронајдеш?

    Уште еднаш извини ако ти се роднини Саше и жена му, прими сочуство...
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    ^
    Добро уште колку можеш да се понижуваш во име на партијата не ми е јасно? На видеата погоре што си ги поставила кој е за срам, новинар што поставува прашања или некој кој наместо -без коментар да каже ако не сака да одговори, лупа по камери и вреѓа? Која култура, не ми се верува, па уште луѓе се палат на вакви однесувања, многу јака еј шамар му лупнала. Ебате простотилокот.
    И на ваква тема ти ставаш слика од фустанот на жена му. Ок го знаеме сите, не е првпат, го видовме, искритикуван е, и што има врска со оваа новост за него?
    Стадо, племе, ќе ти речат овие ги сакаме, другите не и плукајте по нив на секаков можен начин.No comment.
     
    На Kaley, kukla21, lady.v и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    Која партија бе, шо ви е вас?! Ни спомнав ни реков, коментирав за ќотекот, и одма се испозапаливте и се фрлите во измислици и претпоствки што сум мислела. Арни сте? Во тема за кармини пак политика ќе правите муабет? Неверојатно до каде може да ви оди омразата. Каде виде дека ја оправдав гопожата од видеото, или и ти си од предвидувачките како погоре ан-на? И ти знаеш што сум мислела?

    А да си отвоте една тема за мене, онака да си плукате, да ви се намири душата? Ќе бидете среќни во животот?
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Ако навистина го истепал некој, мило ми е поради тоа. Таков вокабулар и неписменост тоа заслужуваат.
    Овој сељак не заслужува да се нарече новинар, без разлика на партии. Ама бидејќи партијата која тој ја поддржува е махер во монтирање и лепење, можно е да му монтирале и напад за пред пошироката јавност. А на жена му сликата е во тема која одговара, како што и во други теми се поврзуваат разно разни слики за потсмевање на оној со кој е поврзана сликата. Ако тоа е несоодветно, тогаш пола форум треба да се избрише.
    Кога случајно наидувам на негов наслов со простачки вокабулар, срам ми е што живееме во иста држава.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    ^^^
    Ај не се прави многу паметна, од каде сме знаеле што ти мислиш, од напишаното ебате, не треба да нацрташ за да знаеме. А и лајкот на Абеја кој го даде сега не потврдува што си мислела? Или ќе речеш лајк за фустанот дадов? Отвараш дискусија за човек кој бил претепан, еден збор во одбрана немаш а ако имаш здрав разум треба да кажеш кој има нешто против него и неговата уста може судски да го гони, плукаш низ цел пост за него, и на крај па уште наивна се правиш.
    Да сме отвореле тема за тебе, што ти е тебе, ти стварно мислиш дека си многу битна и трчаме по тебе да те цитираме оти си страшно интересна?
     
    На anakonda88, kukla21, lady.v и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Зошто мора сите да делат исто мислење и зошто некој мора да се брани за мислењето кое го дал?:x