Бидејки јас немам свекрва одамна е почината нека и е лесна земјата , а имам само свекор и девер еве тема и за сите кој имаат проблеми или добро се разбираат со свекорот и деверот. Јас со свекор ми и девер ми добро се разбирам немаме проблеми . Можеби затоа што долго време немало жена во куќата , но сепак имаме разбирање не ми се мешаат во ништо секогаш пред се велат „КАКО КЕ КАЖЕШ СНАО ТАКА НЕКА БИДЕ„ . На сите им посакувам ваква среќа со свекор и девер.
Свекор и Девер Да се надополнам и јатрва имам и таа исто нема проблем со девер и т.с мм и свекор ни. Ние 2 те жени како ке речеме така е . За среќа немаме проблеми меѓусебно и ние жените.
Свекор и Девер Мојот свекор е посебна приказна.чуден човек,почитуван во заедницата и според мене неосновано величен во својот дом.дома свекрва ми му е слуга,дури му мачка маргарин на лебче,пошто он е господин и он заработува. кон мене е коректен,освен што мисли дека јас ке му родам само нему внук, а не дека тоа е првенствено син на мајка и татко. и збори на свекрва ми како бебето со нив ќе спие,како ако плаче она можела да му даде цицка...и други простаклуци... најтажно е што маж ми го обожава таткоѓси,и никогаш не му враќа збор,дури и кога човекот 100%грешии.. откога дојдов јас веќе не е единствениот кој носи пари,и тешко се помирува со тоа.. ама ете успеа,си најде компензација..се повеќе вложува во нови кондури,додека јас и маж ми ја храниме куќата...
Свекор и Девер Добро се согласувам и со свекор ми и со двајцата девери. Само што едниот девер (најстариот брат) понекогаш знае да ме изнервира со неговите зафрканции. Ама нема лоша душа.
Свекор и Девер свекор немам... а со девер ми се согласуваме супер, не е женет, поголем е од мене 6 години, но имаме скоро исти мислења и исти карактер, можеби затоа и можеме зборуваме за секакви теми е сега за понатака што и како ќе е, не знам, се надевам дека ќе останаме така согласни...
Свекор и Девер И јас имам и свекор и девер,добро се согласувам и со двајцата, девер ми е 4 години помал од мене , оди на факултет во друг град така да не го ни гледам често
Свекор и Девер здраво феминки Со деверми имам проблем од денот кога се зедовме со мм тој дојде да живеј со нас. Ајде ок реков за атер на мм но тој ја претерва. Си мисли дека е некој и нешто 30 год има и уште не ни мисли за да се жени. Едноставно чоеко си мисли дека јас него слугинка му сум Леа дај да јадам,Леа испеглајме Леа ова она,на свекрвами ич немуе гајле за синму ке си дојди кај нас ни собата да му ја среди ништо. Епа денес ми пукна филмо :'( појке немозам да издржам вака. Сношти алиштата шо му беа за перејне му ги однесов на мајкаму нека му ги испери та јас веке 2 години го тантелам и пак лоша сум и ко разбра денес почна да ми вика на тлф . Се ми прај за инает јас ке исчистам тој со чевли влегва дома само да се изнервирам јас, ке му текни во 12 навечер испеглајме утре сум на пат и ми носи цел куп да му пеглам ок ај си велам ке ги испеглам со памето ама тој нема осет. Многу мие тешко појке неможам да издржам вака и се решив прво да пишам тука а вечер ке му кажам и на мм,нека се разбери тој со братму јас неможам
Свекор и Девер Ау, јака ти душа што си го истрпила ова две години, јас да бев уште првиот пат кога ќе ми речеше да му испеглам нешто а камоли друго, бунт ќе кренев. Ти немаш никаква должност него слугинка да му бидеш! Не, не, имаш секакво право неговите барања да ги отфлиш, не си ти лошата во случајот, тој е себичен и користољубив и веќе ги има надминато сите граници.
Свекор и Девер Со родителите живеше од ко се зедовме ние и дојде си се смести со нас и само ме малтретира
Свекор и Девер Не е ни вработен си шета чоеко си ужива во живото ке си се дотера и цел ден не е свртен дома. Плус то си купи и нова кола 40 илјади евра а кога ке ни треба нас нешто бунт има дома
Свекор и Девер е ,напиши нешто за ситуацијата,немој зборовите со клешти да ти ги вадам од уста. Каде живеете,под кирија?Кој ја плаќа киријата,старите? неможам да те советувам ништо со волку штура слика која ја даваш. Се зависи од околностите под кои сте и како деверот дошол да живее со вас.
Свекор и Девер А каде е маж ти во целиов проблем? Тој не гледаше дека ти се утепуваш од работа за брат му, па сега мораш формално да му кажуваш? Не знам зошто нервозата си ја фрлила на девер ти, свекрва ти... Тие воопшто не ти се виновни. Девер ти сигурно не ти ставил нож под врат. Ти рекол еднаш, ти си прифатила, ти рекол втор пат, ти пак си прифатила и тоа очигледно си отишло до недоглед. Треба на маж ти да му се лутиш што дозволил жена му да изиграва лична помошничка на брат му. И тоа што девер ти ти се развикал преку телефон исто така е маж ти крив, штом он дозволува секој како сака да си се однесува кон неговата жена, тогаш треба да претпоставиш кај кого е проблемот. А за тоа каде оди девер ти, колку шета и зошто уште не е женет тебе не треба да те интересира, негов живот, негово право. Можеш да се лутиш само ако на вас лично ви бара пари за неговите екскурзии, тука секој би се налутил и со право ама и тоа треба маж ти да го реши, а не ти.
Свекор и Девер Не во наша куќа си живејме пред свадбата ја направивме. Пред свадбата одам јас дома за да однесам некој работи и оп го гледам иди тој со куфери се зачудив никој не ми спомна дека и тој ке седи со нас, ок си реков нека седи,е сега мн мие мака со прекутив тогаш и не реков ништо. Ова се беше испланирано од свеки не сум јас со тебе ама еветиго синми.
Свекор и Девер Куќата веројатно свекорот и свекрвата ја направиле па затоа го пратиле и другиот син. За тоа не можеш да се буниш, можеш само да се поделиш во однос на храна, сметки и други трошкови оти не е дете, а и да е, не е твое дете па да се грижиш за него. Можеби не си сакала кавги на почеток туку добри односи помеѓу вас тројца, па затоа си прифаќала да чистиш и средуваш по него, но очигледно некој ти се качува на глава. Изјасни се, престани да го периш и пеглаш, гледај си ги вашите работи, а тој од инат ќе почне да прави работи што знае дека не ти се по ќеиф, но не реагирај на провокации, биди ок со него, само не превземај негови обврски. Ќе види, невиди, ќе сфати како е работата сам.
Свекор и Девер Секако дека гледа но не му вели ништо пошто тој му бил постар брат . Неколку пати му имам речено сега неможам зафатена но тој не разбира.Секако дека нервозата ке је исфрлам на свервата и деверот,свеки се навикна и секој викенд е кај нас и синму кога треба да се спреми со мали прст немрда, сната е тука за шо е дојдена да седи цел ден ова е мислењето на свеки и деверми. (((А за тоа каде оди девер ти, колку шета и зошто уште не е женет тебе не треба да те интересира, негов живот, негово право. Можеш да се лутиш само ако на вас лично ви бара пари за неговите екскурзии, тука секој би се налутил и со право ама и тоа треба маж ти да го реши, а не ти.[/quote] )) Ме интересира оти уште не е женет пошто тој се однесува како јас да му сум жена а ен снна цел ден сум на работа уморена па плус и по него да собирам губрина е неможам оти и јас си имам душа и се обидувам да створам сега мое семејство, не да се замарам со него по цел ден.
Свекор и Девер Секако дека не сакав кавки сакав да си живејме во хармонија но тој ја претерва.Лани се изјаснив мн добро дури и од дома заминав сакав да се разведам пошто не можев да издржам појке,се разбравме тогаш се но по неколку дена пак се почна по старо.Се обидувам да не се нервирам но неможи ова вака појке. Како шо ми прат вака ке ме разделат од мм
Свекор и Девер И јас не би издржала ке речам не можам имам друга работаи готово,што си му ти на него ако мора мажот ти да го спремаш па не мора и брат му,ок ајде живее со вас ама ти не си му мајка на него па да го слушаши гостуваш,ако ти побара ручек речи му има во релната и тако даље,или пак уморна сум не можам и легни си,ако мажот ти нешто ти каже кажи му ако не му се допага нека го пере и нека го чисти он брат му не си ти должна ц ц ц какви луге има бреее е акл во глава да се немало.
Свекор и Девер Епа јас пак ќе ти кажам, маж ти е крив. Колку и да не сакаш да прифатиш, тој е единствениот виновник. Тој треба да те заштити, тој треба да има карактер и да каже "таа ми е жена и има да се почитува". Разговарај со него, ако се караш со девер ти и свекрва ти ништо нема да решиш, тие така си се навикнале и ти ќе излезеш само лошата снаа. А и не знам што воопшто си чекала до сега? Требало уште одма да пресечеш и да си кажеш. И нема да се виновни тие ако се разделите, виновен ќе биде маж ти што нема свое Јас и како што гледам уште не може да се одвои од мама и бато. Во него барај го проблемот и решението, се додека него го браниш, а нив ги напаѓаш нема да решиш ништо.
Зошто го напагате девојчево тие самите треба да си имаат осет дека не оди тоа така,ај еднаш двапати трипати да помогне не иде да одбие а башка што нема подршка од мажот и многу од нас немаат,нека зборат тие ти накриви си јакапати и ич ништо не факај рече дека одиш на раб вади се со тоа уморна си и готово ништо нема да направиш ако се караш или речи не ти е добро па ако сака куката и нека прооди јас да сум на твое место така би направила и јас се карам со мажотми што ете така расфрла и се ние да собираме ама жена тоа ти е да црнчиш цел ден и никој ништо не ти признава