1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекор и девер

Дискусија во 'Брак' започната од eleonoramardzieva, 28 септември 2013.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Hикој не го напаѓа девојчето,само девојчето треба да си е свесно дека проблемот почнува од нејзиниот избраник (а не од девер и свекрва и што ако нив така им одговара,партнерот треба да пресече тука,негови се),а нејзиниот избраник и наметнува да се грижи како да е омажена за со двајцата,само со извинение уште " онаа" работа што не ја делат заедно со брат му...
     
    На Dentina и Daydream им се допаѓа ова.
  2. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Па што ако и тие им ја направиле куката,тоа не им дава право да се пикаат кај што не им е место,татко ми му даде пари на маж ми за кола па тоа не значи дека е негова колата не му дава за право кога сака да ги земе клучевите и да ја вози без прашање,ако помагаш помагаш на своите деца не на тугинци и ако даваш дај го и опрости се ако не ич не давај,а не да се однесуваш како да е твое.
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Не реков дека тоа им дава право да се однесуваат како сакаат со неа, само дека имаат право да кажат дека и другиот син ќе живее во куќата. Читај убаво. За другото ќе си се избори сама.
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.973
    Ова е смешно.Многу едноставно можеш да ја прекинеш цела фарса-едноставно прeстани да го правиш тоа што го бара од тебе.И толку,нема ама ,само,те молам,уште сега..изиграваш и негова сопруга или што?Во желбата да се прикажеш добра,многу паметно те насанкале..А тоа што си купил и како си купил,па уште невработен,претпоставувам парите од родителите му се,не е твоја работа..Е сега ако ти изигравајки слугинка отплаќаш некој долг што еве вам ви направиле куќа,не знам што да ти речам.Очигледно си безгласна буква таму,на која слободно може да и се ували цимер,на кого ке му изиграва слугинка..Можеби и кога ќе се ожени ќе продолжи да бара од тебе да му ги пеглаш алиштата,можеби жена му нема да знае убаво како тебе да го прави тоа,а можеби и таа ќе ви се придружи во куќата па и нејзините ке ги пеглаш,ако се погоди некоја поитра..
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Леа душо ,и двајцата под хитно да ги одтераш во три лепе материне,и мт и девер ти.
    Па како бе златна две години го трпиш и девер ти и мт?
    Како можеш да бидеш со некој кој не те цени ниту тронка?(мт)
    И додека ти му ги пеглаш алиштата на девер ти и му переш велкани гаќи,што прават мт и деверот за тоа време,гледаат утакмица со пиво во рака и навиваат?
    Кој и да ви го направил/подарил кровот што го имате над глава,не смее да бара некој на некого да му слугува.
    Разбирам деверот да држи една соба,ајде ,нели,ако неговите учествувале финансиски во градењето на куќата,ама да го перам,готвам,да чистам по него-мало морген.
    Тебе ти ја скршиле кичмата на време,како во бунило си,незнаеш што е исправно,а што не(сепак две години му слугуваш на деверот)
    Седни ги двајцата и кажи им дека ,,си мислела,си мислела и си смислила“ да викате 1 неделно жена која ќе пере,пегла ,чисти,а сите тројца ќе ја плаќате.
    За јадење,кој што купи и зготви тоа ќе си јаде.
    Излез друг не гледам за твојата ситуација.
     
    На Glasna и Dentina им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Имам некаде напишано по темиве, ама да си повторам-киријата СЕКОГАШ се плаќа. Освен ако си на свое што сам си го платил/направил, сметката ќе ти стигне и порано од што си мислиш. Деверот се вселил во семејната куќа, не во твојата, иако ти си направила сметка без крчмар дека ќе биде твоја т.е. твоја и на маж ти. Е па - не е. И има право да биде таму, колку и да е грдо тоа. А ти уште на почеток си се нафатила киријата да си ја плаќаш со правење услуги кон деверот и сега што и да направиш да го смениш тоа ќе имаш кавги и (евентуално) скандали. Некому и цел живот да му правиш услуги, еднаш ако речеш „не сакам“ настанува проблем, баш затоа што е навикнат на услугите. За готвењето, ако готвиш за вас, една чинија плус не треба да е проблем, да бидеме реални. Ако чистиш дома, чистиш за вас, пред се. А за пеглањето... Ми се допаѓа ова што ти кажа Стетоскоп, жена еднаш неделно викајте, па нека испегла и ваше и негово, евентуално и нека исчисти потемелно, ти да имаш само нешто тековно за другите денови.
    Ама кога ќе се фатиш на орото, тешко е да се пуштиш. Ја знаеш поговорката „Баба динар дала да се фати на оро, ама два за да се пушти“.
     
    На WORRIED.BT, artemidis и Dentina им се допаѓа ова.
  7. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    па то не ли е срамота да седи со вас деверо :o ако сте на разни спратови ок , ама ако сте на исти спрат тоа е срамота и без осет па нему е срам на него да седи со братот и жената божем дете е :| аии шо не се имало :|
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.