...иако на другата тема прочитав по некои фрагменти од мислења дека свекрвата е ок, сепак не е доволно... ...оваа тема ја отварам за да може да се напише некој пример за таква свекрва, инспириран од искрите на светлоста од неколку реченици во претходната тема во врска со свекрвите...каде што позитивните особини на свекрвата срамежливо се прозиркаат низ општиот мрак што ја обвива нивната аура... ...ако има некој пример каде што свекрвата ( со свекорот ) помогнала да се најде работа,. да се купи кола, стан, платила за одмор, чувала деца, поканилана ручек за викенд, дошла да зачисти малце на гости...и слично... ...ај повелете...поделете...
свекрвите и снаите-задоволни на оваа тема слабо дискусија, јас мислам дека тие свекрви се во изумирање абе луѓе свекрва/снаа и од злато да е пак нема да чини.
свекрвите и снаите-задоволни Еве ме прва, свекор ми ми најде работа наредниот ден откако ме отпуштија од работа, не можам да му се заблагодарам никогаш ми се чини. Кон мене секогаш имал фер однос, впрочем кон сите има. Дома сите велат дека откако сум дошла бил многу сменет, на подобро се разбира. Со свекрва ми си имав фер однос и претходно, не е некоја промена тоа, но од свекор ми навистина не очекував да се заангажира толку многу за мене, ми најде човекот работа за која многумина све би дале Минатата година свекрва ми ни даде пари да си купиме за на одмор све што ни треба, храна што понесовме, средства за хигиена, за сончање, ни даде картичка жената и вика трошете колку сакате. И двајцата се сложни дека треба да не остават сами да си поживееме додека сме млади и без деца па прават се да се сместат што поскоро кај дедото за да ни остапат простор на нас. Свекрва ми готви, уклучува машина, чисти средува и никој не ја ни разбира дека го прави сето тоа, не се жали никому, не бара помош од никого, кога си доаѓам дома многу ретко ме замолува да направам нешто, обично ми вика иди одмори малку, уморна си. Од мерак седам со нив и пијам кафенце, се смееме, сега организираме свадба сите заедно, вереникот често знае да каже дека си добиле уште едно дете со тоа што сум дошла да живеам со нив
свекрвите и снаите-задоволни За помагање околу дома од свекор и свекрвата не ни очекувам. Живееме одделно, а сме многу блиску. Ручаме кај нив, откако тргнав на работа свекрвата готви и за нас. За празници имендени и сл. ми измесува тон кифлички и солени теста, и нешто друго што ќе и текне или шо би ја замолила. Проблем не прави, напротив е самоиницијативна. Куќата каде што сега живееме ни ја купија заедно со свекорот. Јас и мм си го купивме мебелот, ја опремивме. Продадоа стара недвижнина и сите пари ги вложија во нашиот нов дом, и напорно работеа за да ја доплатат разликата. За себе шо се вика влечки не си купија. Свекрвата не може многу да го гледа детето, но затоа свекорот е тука секогаш. Се обожаваат взаемно дедо и внук. За роденден секогаш ни прави торта на сите, и за неа, за свекорот, за деверот, за маж ми, и за мене. (за синко мој не прави оти сакаме нели поголеми пошарени понаџиџени ..) Пелените ги купуваат тие. Ако сме на зорт за пари- се позајмуваме од нив. Тие не би ни ги ни барале назад- но со мм не се согласуваме за така. Кога можеме им ги враќаме.(шо не е било подолго од 2-3 месеца). Во некакви без везе ситуации со мм, свекрвата е секогаш на моја страна. Да не излезе дека луѓево се богаташи или слично. Се задржани- да, но имат широко срце.Да не излезе дека ги фалам до небеса, нормално е дека има непријатни моменти понекогаш,( како шо е нормално д аги имаш и со родител) но тоа не би го дефинирала како проблем, затоа што културата, толеранцијата и разбирањето се најважни од се. Ете такви се моите свекор и свекрва. И искрено посакувам така да бидат засекогаш. И со мерак си пијам кафенце со нив скоро секое попладне.
свекрвите и снаите-задоволни Еве и јас да си ја испофалам свекрвата.Имаме супер однос.Наместо да одам по куќи и да ја оговарам свекрвата јас со неа седнувам и ги оговараме заедно другите хехеххх (се смеам ).Си го имаме муабетот. Живееме одделно но многу често е кај нас бидејќи живееме многу блиску.Секогаш ми помага за се што може.Посебно за чистење и нема рамен хехехе.Уште од самиот почеток ме прифати како нејзина ќерка бидејќи има само еден син .Ја сакам и многу ја почитувам.Тоа е во кратки црти за мојата свекрва
свекрвите и снаите-задоволни еве ме и мене во темата. задоволна и од двајцата. не ни помогнале финансиски ништо мислам само дека имаа дадено малце пари кога купувавме кола бидејќи и на брат му претходно помогнале. нормално сме се заблагодариле и сме се одолжиле. свекорот посебно си го сакам мирно и мило човече, јас таму спијам до никое време и секој пат кога станував ме чекаше топол појадок он се тепаше да ми свари кафе (на почетокот сега не дозволувам срам ми е ) или ако бевме мамурни со мм од претходната вечер ни спрема иљачи. свекрвата е исто супер искулирана, нормално различни генерации различни мислења и сваќања но никогаш во ништо не се меша ниту пак некогаш ми/ни направила нешто. ретко доаѓаат, кога доаѓаат се обидува да помогне да измие садови од ручек да зготви итн. не звони не не контролира, не замара воопшто така да немам никаква мака од неа. немора само финански да ви помагаат за да ги сакате. битно е да ве почитуваат и да ве ценат. моите свекор и свекрва не се имовити така да ниту барам нешто од нив ниту очекувам. можам само д аим помогнам. да ни се живи и здрави и вака да ни продолжи односот ќе бидам најсреќна.
свекрвите и снаите-задоволни Нит ни помогнала нит ни одмогнала. Немам свекор само свекрва. Сами си направивме свадба, средивме куќа, купивме кола и остало. Само Господ нека и дава памет како што е сега и нека си тера работа. Сигурно е задоволна од мене, од кај да знам не слушам маалски муабети од неа за мене али шала на страна до сега се немаме за нешто закачено освен за еден проблем кој го решивме заедно на маса со ферски муабет. Нема лице правење и слични работи. Одвај се качува по скалите нагоре накај мене така да не ми се мотка пред очи но и јас поштуем нејзин мир и спокој . Незнам дали некој повеќе од неа чита книги (како проф. во пензија), мирот го наоѓа во книгите а јас сум задолжена да набавувам некоја литература за да се забавува
свекрвите и снаите-задоволни Искрено ме израдува твојот пост браво за тебе и за свекрвата твоја . Секоја ЧЕСТ
свекрвите и снаите-задоволни jas od pocetokot malce krsev klecki posto mazmi e mamino since,no podocna svativ deka nema fajde da se kozam,koga svekrvami ne e kriva sto mazmi e mamino since, i sega koga jas imam sin znam kako e,toj e po mene samo za sveki nemam zboroj,mn mi pomaga za sinmi.mi go vardi denski i navecer do kasno koga sme izlezeni.od pocetokot koga se zedovme tie ni davaja pari za setanje.koga se porodiv posto so carski bev ne me ostavi sama 40 dena.zaedno ziveeme zaedno se.kafence so muabet,sovet ako mi treba taa etuka
свекрвите и снаите-задоволни Е женички, морав да прокоментирам на темава . Прво, драго ми е што имате убави зборови за родителите на вашите сопрузи, што ви се нашле во многу работи, впрочем така треба и да биде, нели, но имам да искоментирам една работа. Зошто сето ова што овде се смета за плус како финансиската помош од страна на родителите на мажот, помошта околу децата, готвењето, чистењето од страна на свекрвата, додека во темата свекрви и снаи-проблеми, сето тоа некој го осудуваше како неспособност од наша страна, сме биле паразити што сме очекувале некој да ни помогне па дури и финансиски ако сме имале потреба од тоа, а сите знаеме нели дека и не е така лесно да се најде работа и застане на свои нозе (иако секој го сака тоа)?! Фрчат ли фрчат лајкови овде, која повеќе ќе си ја пофали свекрвата колку им помогнала, каква куќа, кола им купиле, додека во другата тема кога некој ќе кажеше дека никаква помош не добиле, уште па и животот пекол ти го правеле да наидеш на осудување како сам си си крив што очекуваш некој да ти даде нешто А од кого ако не од родителите да очеуваш? Секој сака да има своја пара, да не зависи од никого, ама не секогаш оди како што ние сакаме, нели? Ништо срамно во тоа да го издржуваш детето свое додека најде работа, дошло внуче, па кој ако не бабата и дедото да му купи по нешто? Да го причува, да им помогне кога им е најтешко на своите деца? Верувам истото многумина од нас ќе го прават утре. Ете така, сакав едноставно да прокоментирам зошто не сфатив како една иста работа може да се гледа на два начина, ма да знам дека сега ќе фрчат осудувачки коментари и слично како што беше и во другата тема секогаш кога некој ќе си ја кажеше маката своја, ама пред да почнете со дрва и камења, ја само да си кажам, ни сум сакала некој да ме издржува, ни сум го барала тоа, сум сакала само мир во куќата каде што сум дошла. Бидете сите поздравени и викајте си Бог да ми ги поживее свекорот и свекрвата, затоа што во денешно време има се и сешто. А ти мастеру, читај овде и уште сега спремај ги твоите што ќе треба да и овозможат на идната снаа инаку маф ти е работа Да не биде после и женичката твоја да ја читаме во онаа, другата тема Шала на страна ама некако окрени обрни изгледа најзадоволни се сите кога ќе шушне ќесето
свекрвите и снаите-задоволни Cliona, сето погоре кажано ти е точно. Јас го разбрав како човек да не може ни да се пофали ни да се пожали- секогаш е напаѓан. Можеби се пронаоѓам во твојот пост со обезбедувањето, решавањето на станбеното прашање. Јас се согласувам дека родителите треба да помагаат, се разбира кој колку може. Не секој има можност да ги обезбеди децата со се- коли, куќи, станови, па и деца гледање и пари давање, и готвење и се. Но и не секој сака да помогне. Можеби мојот пост беше прегледан низ финансиска призма, Воопшто не ми беше тоа цел (иако можеби така излезе). Мене ми е битно да си имам мир во куќи. Та ако не можеа да ни купат куќа, јас сум излезена од куќа од 250 м2, и прашањето пак ќе ми беше решено.Мислам, во денешно време со вакви плати и нестабилни работи, ќе беше научна фантастика сами да направевме нешто. Можеби по многу години да. За почеток- невозможно. Зборот ми е дека луѓето се питоми, разбрани, си го имаме муабетот и се вљубени во синко мој. Па ритуалот на ручање и пиење кафе заедно, муабетење ни е на обострано задоволство а е секојдневно. И пак ќе кажам, не сите свекрви и свекори се разбрани, но и не сите снаи се разбрани. Секој си носи свој карактер и воспитување. Јас верувам дека постојат жени - снаи кои имат вистински проблеми со свекрвите, а кои не се однесуваат на помагањето и непомагањето на младите, туку на одмагањето. Е тоа е веќе проблем. Постојат и свекрви кои не се множени со нула од нивните снаи- исто како да не постојат, а свекрвите им помогнале со се со што можеле. И тоа е проблем. Некогаш и среќа треба да имаш, покрај мажот, да ти е погодена и фамилијата, што не првенствено, се разбира, но е во прилог нели? (сето ова е во контекст на оваа тема и претходните постови, да не излезе сега напад во стилот- мене мажот ми е битен они не ми се....е не на... мене мажот не ми е битен....)
свекрвите и снаите-задоволни Задоволна сум, ама да не го викам Марфи, зошто секогаш кога ќе се пофалам - нешто одма се изјаловува (генерално кажано, не само за темава ). И ДА, битна е фамилијата на мажот, зошто таа го израснала, го направила човекот со кој сме решиле потомство да правиме (значи детето наше ќе ги носи и нивните гени) и инвестирала во него Х години. Почит само заради погоренаведените причини (ако за ништо повеќе) и одма имате супер старт на однос! Е сега, секакви луѓе има....и нелуѓе. Од двете страни. Се согласувам дека ако на дете не се помогне - на кој? Ама НЕ и да се очекува тоа, притоа негодувајќи со мрка фаца, као Еј што родители сте вие, на сопственото дете не можете да помогнете. Боли тоа, посебно кон родител, вие не знаете каков живот тие луѓе поминале и на што ги потрошиле парите, и ние (се ставам и јас, и јас сум снаа) не сме тие кои треба да им исправуваме криви Дрини. Никаде не цутат ружи, секаде едната страна повеќе се залага од другата, ама почитта не смее да се изгуби никаде по пат, оти тогаш веќе гледаме низ призмата на парите, а не фамилијата. И СУМ задоволна од свекрва ми, не затоа што дале дел од парите за станот во кој живееме за да му помогнат на синот во независниот живот (уште пред да се запознае со мене) туку затоа што не не` замараат, се гледаме кога сакаме и сакаат, без стеги и морални правила. Затоа што без збор ја земаат малата на чување кога имаме неодложна работа, затоа што доаѓаат дома да ја чуваат додека спие, а ние шетаме по кафани, затоа што во меѓувреме ми чисти и средува и никогаш ништо нема кажано околу тоа. Затоа што збор му нема речено на мм во врска со мене, а сигурно нешто и` засметало во некој момент, луѓе сме, гарант и јас некоја глупост имам кажано/направено итн итн. И мислите дека сега ви мачкам очи за да ми љубоморите? Добро - реков и го исклучив форумот, враќајќи се во реалниот ми живот
свекрвите и снаите-задоволни офф топик ама да се објаснам јас мислам дека сите оние што имаат пишувано во темава немаат пишувано во другата тема каде што се жалат од свекрвата,поправете ме ако грешам. на клиона сакав само да и кажам зошто овде за таа помош фрчат лајкови а на другата се смета за недостаток. според мене бидејќи овие овде се свесни за се и се благодарни и имаат заедничко разбирање. а оние што отишле во туѓа куќа очекуваат секаква помош од старите и финансиска и околу децата се пак незадоволни и пак се нешто им фали. (генерализирам не сваќајте лично) јас го имам тој став, незнам зошто се очекува по секоја цена родителот да му обезбеди на детето дом??? или пак да го издржува? ако имам ќе му дадам ако не нека се снајди сам бе. ќе речете аа немаш деца незнаеш како е . можеби така е ама како што сакаме да се правиме западњаци за работа за шетање за понашање итн тогаш дајте да бидиме западњаци и во таа гледна точка. ако бил маж да склепа дете нека биде маж и да си одгледа или да го абортираат. а не ааа знам мама и тато работат имаме собичка ајт ќе биде животов. родителите треба да си живеат мирен живот во пензија слободни од обврски и да помогнат кога ќе можат а не кога вие ќе сакате. се надевам искрено дека утре нема да одгледам дете кое ќе мисли дека моја обврска е да го издржувам цел живот. ако имам ќе му дадам сигурно со цела душа и срце ама ако немам тоаш тие ќе бидат млади и способни што ќе трба да заработуваат а не душата да ми ја бара.
свекрвите и снаите-задоволни Читајќи ги постовите на оваа тема..сума сумарум може да се изведе модел на идеална свекрва кој изгледа вака: -ја третира снаата како сопствена ќерка,секогаш има фер и коректен однос,не прави кавги и сплетки,не ја оговара по комшии зад грб. -свекрвата чисти,готви,пере и не го очекува тоа од снаата,свесна е дека не и е таа лична слугинка на која може да и наредува и да си лечи лични фрустрации. -секогаш е тука да помогне финансиски или помогнала во решавањето на стамбеното прашање или во стекнувањето на друг имот на пример кола. -секогаш се на готовс кога треба да се причуваат внучињата. -на крај може и да не помага толку но,битно е и да не одмага. Сигурно има да се наведат и други нешта за подобрување на заедничкиот соживот но,доволни се и овие.Се надевам дека некоја свекрва ќе ја отвори и прочита темава и ќе почне да ги применува горенаведениве точки и упатства како да ги сака снаата. Па,доста е веќе пишување во другана тема,ете како можело да се решат проблемите.Редно време е и ние незадоволните снаи да покажеме доблест, разбирање и да бидеме благодарни од свекрвата.Се разбира доколку го применува она што е погоре напишано во спротивно ни останува да си пишуваме во другана тема,да си ги кажуваме маките а,кој разбра,разбра кој не ,не е ни битно.
свекрвите и снаите-задоволни Многу е важно и едните и другите да си бидат на чисто со тоа дека едната не е дојдена да и` служи на другата. Нема привилегирани членови, едно семејство се и сите се важни на свој начин. Да има помагање, додека е со договор, разбирачка и без злоупотребување и да се има разбирање кога едниот не е во можност да помогне. Нема принцези и слугинки. Има членови на семејство кои како такви се должни да дадат (ако не ист) барем речиси ист придонес. И факт, не постои човек на кого нема да му најдеме некоја маана ако не се потрудиме. Но, се` додека е во тие граници и нема скриени и зли намери, би требало да постои толеранција за различноста на другиот и да се одржува баланс и од двете страни. Конечно, идеално нема. А нема малку снаи кои не го бараат тоа. Знам многу такви убер и хипер-искомплексирани “принцезички“ кои поставуваат критериуми на тинтрање бетер него ли мајка им шо ги тинтрала по дома. После кога реалноста ќе ги тресне со сета сила и паѓаат на задното дебело месо (ко шо викаше Колозов у македонски приказни) ги боли. Како што знам и искомплексирани свекрви коишто мислат дека ставањето на снашката на местото на слугинка ќе ги искачи повисоко во очите на нивното синче. Се` додека сме со нормални очекувања и желба новиот дом да функционира како што треба, без колосални очекувања, најмали се шансите за евентуално разочарување, дури може и пријатно да се изненадиме.
свекрвите и снаите-задоволни Теси апсолутно се сложувам со твојот пост. Јас да си кажам за мене лично не бев од тие снаи кои очекуваа да имаат идеална свекрва како онаа што ја опишав низ точките од претходниот пост.Мојата приказна е друга...сосема спротивна и имам доста пишувано за тоа во другата тема.Јас само дадов пресек на мислењата во оваа тема и извлеков логички заклучок врз база на искуствата од другите феминки како би требало да изгледа една идеална свекрва за нашево поднебје(сметам дека во реалноста тешко може да се најде таква,скоро невозможно). Мене ми е чудно нешто друго. Како може да се прокламираат некои западни вредности,независен живот,да не се очекува никаква помош од родителите, ни од сопствените ни од тие на мажот(ама ова се кажува исклучиво само кога се работи за друга личност,за нив ова правило не важи)а, истите тие го прават спротивното и потоа се удираат во гради колку биле способни и западњачки ориентирани личности .И многу лесно е така да бидеш благодарен и полн со разбирање за разлика од другите несреќници кои ја полнат со постови онаа другата тема.Нели е тоа дволичност од нивна страна? Јас ако сум вистински западњак нема да очекувам ама нема ни да прифатам ничија помош. Само далеку сме ние од запад не само во социо-економска смисла туку и во ментална што се рефлектира и во семејните односи. Не верувам дека некоја свекрва од Запад би го правела она што го прават свекрвите кои добија најмногу лајкови на темава па,адекватно на тоа ни снаите не се некои со западни ставови и размислувања кои гласно ги прокламираат ама лично не ги спроведуваат.
свекрвите и снаите-задоволни Потпис. Напиша се што сакав да кажам. Нека ми каже некој дека ако отиде во друга држава и нормално сака да работи ама неможе затоа што нема ни државјанство ни ништо, сопругот и е сеуште студент и работи кај својот татко кој не го плаќа за тоа туку само му го одзема времето што треба ако ништо друго да го посвети на учење за што побрзо да си дојде до диплома и застане на свои нозе, му го отежнуваш животот дополнително со кавги, не му направиш, ниту пак дојдеш на свадба поставувајќи услови или јас да ги земам парите што ќе ги добиете за свадба или свадба нема зошто наводно синот сам си ја правел свадбата а за ќерка е тогаш се финансирала истата (што ајде ќе речеш е во ред доколку сме со мм вработени), не дојде на свадбата овде, која си ја прави мојата страна нели за гостите овде, наводно бил лут затоа што таму немало свадба, само венчавка и уште многу други работи со кои не би сакала да ја полнам темава, постои друга за тоа нели, нека ми каже дека не би се пожалил, би ги сфатил и повторно, би бил паразит доколку очекува помош. Еј, па јас никаде не кажав дека дека сум барала куќа да ми купат или незнам што, сум сакала мир да имам ако ништо друго, и да, сум очекувала дека ќе се јават да прашаат дали ни треба нешто за бебето, значи да прашаат, чисто од култура па и тоа не се случило. Читајте луѓе кога сакате да прокоментирате нешто прво, а не прочитај една реченица и тресни си некој коментар колку да се биде паметен, кога веќе посочуваш прст во некој и го напаѓаш, прочитај ги неговите претходни коментари па кажи си го мислењето. Убаво кажа Етернити баш она што и ми беше поентата, двојни аршини кога се работи за некој друг, ама, 100 стапа по туѓ грб не болат Извинете ако бев офф-топик, ајде еве и јас да кажам една позитивна работа за мојата свекрва во темава, се јави пред некој ден да ме праша дали сум се породила, кога ми бил терминот и дека ќе сум поминела со лесно чим до сега сум на нозе. Ете, браво и за мојата свеки
свекрвите и снаите-задоволни незнам дали јас бев повикана во вашите коментари бидејќи прва го спомнав западњачкиот живот и не очекувањето ништо од сите родители и стојам позади тоа и така живеам ама како и да е не мислам да се препукувам. јас си го кажав своето и на оваа и на сите друго поврзани теми. јас верувам дека секој сам си ја креира судбината. Посебно да и се обратам на клиона ги прочитав и твоите други мислења низ темиве и искрено сум запрепастена. како прво вие со маж ти воопшто не сте мислеле, ако веќе си толку свесна како што кажуваш незнам како си успеале да дојдеш до ова дереџе. не е мое да ти водам сметка ама ти очекуваш да те гледаат твоите и неговите. посебно ме шокира тоа кога си напишала дека кога требало да правите свадба во странство и свекорот ви побарал пари од поклоните за да ги покрие трошоците ти си се навредила. јас да сум како тебе да немам леб да си купам и да чекам од моите или да се лутам оти неговите не се јавиле да прашаат дали имате пари оти нели парите не паѓаат од небу туку некој треба да ги заработи (а не да ти ги даде) ќе се скријам во некое ќоше од срам и ќе се клањам на се што ми дале. знам дека ќе биде избришано мислењето ама нека јас само си го изнесов моето мислење односно размислување на таа тема. и за крај само ќе додадам дека јас вака размислувам: ако некој размислува на тој начин да родителите треба да му обезбедат дом и издржување во случај нели да нема работа (оти кај нас нели нема работа) никогаш нема да го мрдне газот да створи нешто. а ако знаеш дека треба сам да створиш за да имаш и тоа како се наоѓаат начини да се заработи барем колку да се нахрани фамилијата и нормално е еден поттик во животот да створиш и нешто повеќе.
свекрвите и снаите-задоволни Се, се, ама Господ златен нека ме чува од барање пари од било кого, мои или негови! Не барам од свекрва ми ништо, ама луѓе тотално ништо! Освен една и единствена работа, да ме остави на раат. Под тоа не подразбирам да не разговара со мене или пак со Вие да ми се обраќа, туку да не ме гњави со разноразни глупоштии. Ниту барам пари, баш напротив-давам. Ниту барам утре деца да ми чува кога ќе ми прдне, - има градинки, а ако не дај Боже е болно, имам боледување. Не се погаѓаме ни во кујната, далеку од тоа дека и јас не изводам, ама си имам и мака. Значи, не очекувам од неа ниту ручек да ми готви, ниту слава да ми спрема, нииииишто! Ако сака да ми помогне што и да е, фала и многу. Ако од мене и треба помош, нема проблем ќе и помогнам веднаш. Ако можевме вака да функционираме ќе беше комплетно совршено. Да дремам дома и да чекам пари од нив, немаше толку да се чукам во гради сигурно. Како независна, баш ми е гајле за се, во секој момент можам да се завртам, детето во раце и кај ми очи таму ми глава. Нејсе, свекрва ми не ми дала ни една пара, ни едно крпче. Јас немам никаков проблем со тоа, не ми е затоа лоша или незнам што. Мајка ми ми даде две бањарки и една постелнина. Се друго што ми требаше излегов и си купив. Ништо повеќе не ми требаше ни од едната ни од другата. Куќа сами ќе си куќиме. Убаво ќе беше да можеше некој малку да ми помогне, ама нема и тоа е. Нема сигурно да ги мразам заради тоа. Нека се живи и здрави уште 100 години, а и ние за да можеме да се отсредиме, па ако успееме малк повеќе барем со нешто да им помогнеме на нашите деца утре. Толку. Инаку, свекрва ми е срце кога сака да биде, колку и да ме вади од такт, милион пати ми згрешила, има нешто што сепак не ми дозволува да ја замразам. Можеби што ме вика ќерко? Можеби што ја познавам од дете па знам дека е 90% добра и 10% лоша, иако не се труди да ја открива многу добрината. Којзнае. Знам само дека многу повеќе ќе ја сакам кога ќе се преселиме на страна, со Господ напред!