Јас се пријавувам во оваа тема. Имам супер однос со свекрвата. Не живееме заедно, но живееме во близина. Жената е сама (починат сопруг) но воопшто не е напорна, кај нас доаѓа исклучиво само ако ние ја повикаме, иако јас лично и имам кажано дека е добредојдена секогаш, да не чека ние да ја повикаме. Одиме еднаш/два пати месечно кај неа на официјален ручек, но бидејки сме блиску одиме почесто само на кафе муабет, најчесто сама одам. Нема никакви барања, очекувања, не се меша во ништо, буквално идеална жена свекрва. Финансиски ние и помагаме бидејки е со наследена пензија, но и со тоа што ке и помогнеме, таа обавезно купува и нешто за нас.. дали крпи, пешкири, чинии или не знам што ке види во моментот, но секогаш ми се јавува и ме прашува.. видела тоа и тоа, дали сакам да ми купи... Муабетите ни одат, со мене дури споделува се што не може или не сака со нејзините деца. Во новчаник носи слика и од мене, покрај нејзините деца. Моите многу ги почитува, што особено ми значи. За децата на брат ми купува подароци за родендени, а и подароци без поводи уште кога бевме само во врска, без да ги познава нив воопшто. Имаме отворена комуникација од старт, ако нешто ми смета имам слобода да и кажам и се разбираме на човечки начин. Така да, јас сум во оваа тема и сигурна сум дека тука ке останам до крај
Ретки сме, ама не има. И јас да си ја пофалам мојата свекрва, златна жена е. Не живееме во иста куќа ама во близина ни е. Секогаш е тука за да ни го причува детето ако има потреба, ни помага и околу ручек што многу ми ја олеснува работата. И благодарам за се.
Во темава се само оние што сеуште не стапиле во брак или првата година со свекрва. После неколку години нема задоволни снаа и свекрва. Освен ако не се во контакт. Исклучоци верувам дека има, еден пар по еден град во Македонија.
Колку и да е идеално па има нешто што ти смета кај некого, и они од нас како свекрви и ние од нив како снаи имаме замерки. Може на шала на смеа им ги плескаат а тука леле колку фина свекрва имам
И јас сум за овде. Мада, никогаш не сме живееле заедно, ни во ист град, а сега ни во иста држава. Ниту јас сум цвеќе, ни таа, но ја почитувам и ценам, премногу ми се нашла кога најмногу ми требала, без збор попреку. И ден денес кога и да ја видам и' го повторувам тоа. Плус не се меша и не ми се прави паметна, а тоа е бонус сепак. Љубов на далечина. Универзумот нека ја поживее, да се радува уште долго со внуките.
Ова е тоа што викам. Кога не си заедно сте совршен пар. И ние сме далеку и топ сме ама три месеци заедно пекол ми беа. Пред 9 години ама еве сеуште не сум заборавила во кој пекол живеев тие проклети три месеци. На крај си викнав такси, па автобус и си отидов со бебе. Во рајот. Години заеднички живот, само снаата ќе полуди. Подобро на улица да живее снаата отколку со свекрва.